Анализа: Тато носи, мама меси, детето лежи – зошто младите бегаат од работата?

Член од
28 декември 2015
Мислења
3.377
Поени од реакции
5.838
За првиот параграф се согласувам целосно - она што е генерално кажано. За примерот, што повеќе освен - сам си е крив човекот што се вплеткал у такви заврзлами?

Зошто баш се бараат келнери, чистачи, градежници, текстилци или касиери? Бидејќи (во најголем процент) само таму останало тоа робовладетелското и има ненормално непочитување на правата на работникот и никој млад не сака да влегува у тој сектор (освен ако не мора или не е финансиски принуден). Може и од тој аспект да се анализира муабетов. Младите секојдневно се соочуваат со овие проблеми на работно место и затоа ги избегнуваат овие сектори. Но веројатно никој не ја размислил вака причава, туку преку некаков измислен "конфликт" базиран на наводната мрзливост на младите - бара читаност, што и е основата на "анализава".

Секако дека приказнава е многуслојна и комплексна и веројатно многу параметри имаат врска со ова прашање. Не се само работодавците криви, има удел и државата и глобалните трендови, самите вработени и културата на едно поднебје како и милион др. фактори.

Дека сме Африка - тотално се согласувам. И ајде еве, убеди ме како жените што работат у маркет им треба 5 минути за да укуцаат 6 бројки у мочан компјутер заслужуваат повеќе? (СО ЦЕЛОСЕН РЕСПЕКТ КОН НИВ КАКО ИНДИВИДУИ И ЛУЃЕ И ОД КАДЕ ПОТЕКНУВААТ И КАКОВ ЖИВОТ ИМАЛЕ И ТН). Како можеш ти како работодавец да дадеш пример 500 евра плата за таков работник со толку ниски квалификации и способности (без дисреспект кон тие луѓе или фурање од моја страна)?
Па маме му ебам и работниците треба да покажат минимален степен на самоиницијативност.
Некој треба и тие 15/16.000 да ги изработи, ме разбираш.

Јас реално многу ретко сум видел некој да покаже иницијативност и да преземе одговорност повеќе од што му е доделено. Милион пати сум слушнал "тоа не е моја работа", прашај ваму или таму, иако знам дека дотичниот МОЖЕ да ми помогне, ама пошо не му се замара си игра пинг понг со мене.
Океј е да не се покажуваш ептен со цел да не те "исцедат", но со тоа што ќе преземеш некоја одговорност +, ќе научиш нешто ново, утре може баш тоа ќе ти се најде во животов. Далеку од тоа дека утре ќе бидеш унапреден пошо си останувал секој ден +2 саати да работиш (знаеме кај нас како идат овие унапредувања и promotions), ама така ти учиш работи кои утре и те како ќе ти се најдат во друг сектор.
Или недај боже ако им се каже да останат после работа да доработат нешто. Пер така учиш, како да ти кажам. Секако дека најчесто тоа нема да биде адекватно испочитувано од газдите, но на тоа треба да гледаш како усовршување и учење нови нешта кои во иднина и те како може да ти се најдат. Кај нас највеќето се на став "ме боли кур ја да му останувам плус 1 саат" или "нека кршат глава, не им помагам на дечките од другиот тим". Што во основа е тотално погрешно и лошо. Не викам дека треба животот да го посветиш на фирмата, ама не е лошо да покажеш мал степен на желба за умствен напредок.

Овој муабет го правам да не испадне дека целосно за лошата ситуација во Р.М се криви газдите и работодавачите. Да, секако дека стојам зад фактот дека ја имаат најголемата одговорност за муабетов, ама и работниците сами по себе си сносат ( далеку помал, но сепак значителен) дел од одговорноста.
Сигурно не биле 5 минути, но и да биле, треба да си задоволен и пресреќен што не биле 15 минути. Не знам во кој свет живеете, но на континентот познат како Европа, во 2018 година некој да очекува било што кое наликува на пристоен однос кон клиенти за плата од 200 евра треба да е во сериозна делузија.
Правиме муабет за квалификации, способности и иницијатива. И за 200 евра. Ок. Со 200 евра не може да се одржи работоспособност без да се компромитира физичко и психичко здравје, среќа што сеуште фамилиарни врски и врски со родбини по дијаспора се јаки, па така некако теретот од работодавецот се извезува на потесна и поширока фамилија, ќе се снајдат, ќе преживеат некако.

Сериозно нешто не е во ред со очекувањата на луѓево, јас сум презадоволен од услуга во услужен и малопродажен сектор со оглед на околностите. Исто би бил презадоволен доколку сум во Либерија и водата која ја пијам не е загадена, значи треба да се живее во реалноста.[DOUBLEPOST=1540380499][/DOUBLEPOST]
За живот не се ни потребни 100 евра...има луѓе што живеат без пари.
Види пробај без воздух едно 10 минути, после врати се и напиши искуство. Ако пак не се вратиш, супер :)
 
Последно уредено:
Член од
17 мај 2016
Мислења
3.653
Поени од реакции
4.142
Според мене, човек возврасен од 18-24 кој нема фамилија, сам што живее , доволни ќе му се 400-500евра.
Додека фамилија со 4-5члена ( Маж, Жена и 2-3 деца ) ќе им требаат 1000-1200евра вкупен приход од платите на мажот и жената.
 
Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
Според мене, човек возврасен од 18-24 кој нема фамилија, сам што живее , доволни ќе му се 400-500евра.
Додека фамилија со 4-5члена ( Маж, Жена и 2-3 деца ) ќе им требаат 1000-1200евра вкупен приход од платите на мажот и жената.
Не развојно. Под услов да има барем стан од неговите и кола некаква. Земање кредит за стан, летувања, коли, тешко со овие пари што си ги напишал. Прашање е и "густината" на културно-рекреативниот живот му е во смисол некој викенд надвор од град, театар, кино, кафана. Да не зборам за заштеди исл.
За Скопје зборам, животните трошоци и не се баш ефтини процентуално гледано. Овие "додатниве" активности стануваат се' потешко достапни.
 
Член од
17 мај 2016
Мислења
3.653
Поени од реакции
4.142
Не развојно. Под услов да има барем стан од неговите и кола некаква. Земање кредит за стан, летувања, коли, тешко со овие пари што си ги напишал. Прашање е и "густината" на културно-рекреативниот живот му е во смисол некој викенд надвор од град, театар, кино, кафана. Да не зборам за заштеди исл.
За Скопје зборам, животните трошоци и не се баш ефтини процентуално гледано. Овие "додатниве" активности стануваат се' потешко достапни.
Во право си, овие 500евра ги ставив ако има сам стан.
Пр. Ако изнајмува стан испод 200евра нема да е кирија, сметки најмалце 70-80евра, 100евра кредит за кола . од 500евра месечно ќе му остануваат 120евра за летувања, културно-рекраетивен живот итн..
Заклучок: За човек што нема стан и кола, 500евра се премалце. Би му требале +250е, фактички 750евра ( 46,000 денари )
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.631
Поени од реакции
4.931

Можеш да ставиш и 100 евра за мобилен месечно
Можеш да ставиш и 100 евра за курсеви (сликање, грначство, јапонски)
Можеш да ставиш и 200 евра за облека
100 евра за козметика и шминки (ако си жена а ако си маж за најнови игри, минијатури, книги итн)
За јадење во кафана 200 евра
За секс и жени 300-400 евра (скупа забава :) )
200 евра за концерти театар уметност
100 евра за администрација
100 евра за поклони
100 евра за спортски настани
Итн...
Но може во свој стан без кола...50 евра за сметки и 70 за јадење и да си бидеш ОК и со 120 евра. А може и испосник во манстир тогаш 0 евра ти требаат.
Се е релативно...
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073

Па ти работи за 120е, а може и за без пари што ќе седиш така дома, утепај го денот некаде. Ако е некоја услужна дејност, не се нервирај ако некој те погледне попреку и ти рече дека треба да си ја работиш работата ионака си да го утепаш денот, пошто дома нема што да правиш
 
Сум работел и за под 120 евра и за без пари :) ама јас не сум темата. Ако некој сака искуство може и за безпари или ако има друга корист покрај парична од работата.
 
Член од
16 мај 2016
Мислења
428
Поени од реакции
582
Сум работел и за под 120 евра и за без пари :) ама јас не сум темата. Ако некој сака искуство може и за безпари или ако има друга корист покрај парична од работата.
Неможе секој да си дозволи да работи безпари.
 
Член од
17 август 2009
Мислења
3.598
Поени од реакции
5.102
Европски цени а афрички стандард, лоша комбинација.
Со моменталниве цени на гориво, струја, вода, комуналии, м2 на станбена површина, телефон/нет/тв, храна ( и со тренд на секојдневен раст ), а плати од 15до 20.000 просек за 80% од радници у државава.... резултатот е, и ќе биде да мин 50% од овие 80% или од прилика 600.000 државјани од тие 1.200.000 што се од запослени у државава да се сериозно незадоволни од квалитетот на живот, и да со тек на време тоа да се се насобере и се бара чаре кај што за истите работни часови добие мин дупло од платата што ја добива моментално
 
Hurin

Pokerface bastard
Член од
3 јуни 2009
Мислења
8.536
Поени од реакции
14.669
со @Darling се согласувам дека не треба да се чека и да се живее на туѓа сметка а си наполнил 26 години.

Но интересен е фактот што со визнава либерализација и со големиот број бугарски пасоши што ги има во државава, Голем одјеб му направија на Олигарсиве и на експолататориве во државава.
ако до пред една декада, Работодавачите си играа маде и буквално ги уценуваа со "ако не работиш ти, ќе работи некој друг". и со тоа работникот си седеше мирен и си трпеше неправда и експлоатација пошто друга опција тогаш немаше.
Но сега кога голем број можат да заминат во странство наеднаш Газдиве изненадени дека нема работна сила во државата као демек, што се деси, се беше супер и одеднаш вака испадна и па без срам и перде воопшто не ни обрнуваат внимание на фактот дека алтернативата во странство е се поприфатлива и зема се поголем замав. младинава порадо ќе чисти нужници во странство отколку да работи тука за мизерни 200 евра и со никакво здравствено и пензиско покритие.

Втора исто така работа, поради опцијата странство, Младите не се замараат и си ги пребираат работниве позиции, не ти трпи срање и секогаш ќе има опција плус да му ја кидне некаде. моменталната состојба е дека сите работни позиции во МК се гледаат како привремени се додека не добијат виза или БГ пасош. а нема друг кривец освен Приватниот сектор кој лапаше дури имаше и сега одма запрепастен бидејќи освен ефтина експлоатација тој незнае како да го турка бизнисот и како да менаџира на отворен пазар со многу конкуренција.
 
Shahbaz

Транс Шиптaр
Член од
15 октомври 2013
Мислења
515
Поени од реакции
1.016
Слушај го стрико ти бе ајван еден!
Ти бидна учен човек додека он крпел во Пуста Река, ден за ден. Само што стрико ти видел луѓе во село, прашувал и пред све, слушал - па после многу слушање, станал мудар. А не бива мудрост само со математика и тие симулации што ги правите во град.
Не го храбри, сега ќе каже како преку мудроста има пристап до вистината, ко Јордан.

Не ми се доволни овие аргументи, мора да запрашам дополнителни квазислучајноизбрани сојки:

@Agda Beata, откако ненадно истапи од твојата крајно нехетеронормативна, неконформистичка, родово, сексуално и класно егалитарна, домаќинска заедница; колку пари се доволни за благосостојба на твојот палав дух и вајаната ти става?
 
Член од
6 мај 2018
Мислења
1.140
Поени од реакции
2.734

Не можеш да праиш математички модели што работат и се изведени од симулации поради комплексноста на таа проблематика. Предвидувачката моќ на таков модел е слаба поради низа од фактори поврзана со географско подрачје, социоекономски статус, менталитет, индивидуални варијации и ред други работи.

Можда може да се извлече некој генерален модел со анкети во едно подрачје, ама и тоа не се аплицира за работи вон тоа подрачје.
 
Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.701
Поени од реакции
24.161

Те спука страв, па се снајде да ме прашаш наводно во склоп на темата?
Без гајле, трошам колку што заработувам, не требају ми твоје доларе.

Во врска со муабетот, се согласувам со Ботко, тука станува збор за статистички податоци, не за потрошувачката кошница на една анти-конзумеристичка поединка.
 
Shahbaz

Транс Шиптaр
Член од
15 октомври 2013
Мислења
515
Поени од реакции
1.016
Не можеш да праиш математички модели што работат и се изведени од симулации поради комплексноста на таа проблематика. Предвидувачката моќ на таков модел е слаба поради низа од фактори поврзана со географско подрачје, социоекономски статус, менталитет, индивидуални варијации и ред други работи.

Можда може да се извлече некој генерален модел со анкети во едно подрачје, ама и тоа не се аплицира за работи вон тоа подрачје.
Затоа и ја прашав агда, имам намера информациите да ги интерпретирам низ низа феминистички и квир читања, за да оформам еден мутицентричен и интерсекционален увид во оваа проблематика
 
Kajgana Shop

На врв Bottom