Амстердам

Член од
12 јануари 2015
Мислења
2.150
Поени од реакции
3.419
Се надевам дека веќе некој бил во Амстердам тука од форумов и би сакал да ми даде некој совет, идеја, што да се посети,проба,види во еден ден (вклучувајќи ја и вечерта). Верувам дека 24 часа (толку имам на располагање) се многу малку за посета на еден таков град, но барем да се осети дел од духот на градот :D Совети за локации (не мора музеи, освен на пивото :D), градби некои интересни, да се возиш со бротче низ каналите, јадење кај да се проба некое типично :D За транспорт гледам лесно е има многу линии поврзани и се доста чести. Секое мислење и искуство е добредојдено :cool:
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Јадење типипно за Амстердам сем кроасанот, кашкавалот и картофелн, тие компирите што ги шиткаат на улица како крофните кај нас, колку што знам, не забележав :D

Премалку е еден ден ама зависи сега што те интересира. Мене музеите па ми се најинтересни кога одам на некое место, може да го посетиш тој на Дали и Бенкси, обавезно оди во Heineken музејот на Heineken experience турата, негде 15 евра беше, имаш и три пива :D
Од пивници и места од таков тип мене ми се допаднаа Tapzuid зошто е апла за фанови на пиво, имаа некаде 50 врсти пиво, T Pakhuis за пиво и скара ама ќе најдеш на секое ќоше и секое уличе различни, јас само ги препорачав овие.

Тура по реката не знам дали би ти препорачала ова време зошто ветер може да дува, да носи по каналите, ќе видиш сам какво е времето, мислам дека околу 10 евра се турите.

Други места за посета и сликање се знае кои се стандард, буквите IAmsterdam (ако одиш сега 100% е смрзната фонтаната пред буквите и се користи како лизгалиште), лево од буквите по уличката е Costers продавницата за дијаманти и секако Red Light District и Булдог кафичите кај што се служат познатите "зелени" cupcakes :icon_mrgr: можеш и да изнајмиш точак и да го возиш цел ден, багателна сума беше некоја и воедно пази на тие со точаци зошто секаде имаат предност, ако те собере на негова патека, ти си крив. Земи и мапа, има на секаде по градот а и лесен е за снаоѓање, цело време се вртиш во круг.
 
Топче

Арсеналиста
Член од
18 септември 2010
Мислења
9.180
Поени од реакции
14.434
што да се посети,проба,види во еден ден (вклучувајќи ја и вечерта). Верувам дека 24 часа (толку имам на располагање) се многу малку за посета на еден таков град, но барем да се осети дел од духот на градот
 
Член од
18 јануари 2012
Мислења
619
Поени од реакции
947
Се надевам дека веќе некој бил во Амстердам тука од форумов и би сакал да ми даде некој совет, идеја, што да се посети,проба,види во еден ден (вклучувајќи ја и вечерта). Верувам дека 24 часа (толку имам на располагање) се многу малку за посета на еден таков град, но барем да се осети дел од духот на градот :D Совети за локации (не мора музеи, освен на пивото :D), градби некои интересни, да се возиш со бротче низ каналите, јадење кај да се проба некое типично :D За транспорт гледам лесно е има многу линии поврзани и се доста чести. Секое мислење и искуство е добредојдено :cool:
Јас кога бев пред некоја година, од Heineken музејот имаше мало крстарење низ Амстел, 10 минути некаде траеше, но бесплатно(спаѓа во картата за музејот), и колку толку да се повозиш.
Rijksmuseum, Madame Tussauds, Van Gogh преубави музеи, куќата на Ана Франк - ама таму има многу гужва многу време ќе изгубиш а само 1 ден си таму.
Vondelpark преубав парк во близина на I Amsterdam и музеите.
 
Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
За еден ден само и да оди во Heineken? @Ilumious you sure?

За еден ден ништо не се гледа ни во Македонски Брод, не па во Амстердам.
Јас би го свртел делот околу Дам плоштадот, Ред лајт е блиску, секако. Тоа е стариот дел од градот. Јас сум бил одамна, градот е прилично раштркан (новите делови) и е сигурно поубав во лето, пролет. За со точак во овој период не знам колку е можно пошо многу е можно во 10 дена сите 10 да врне, не па во еден. Во еден ден би се насочил кон стариот дел на градот кој е и најкомпактен и не ти ни треба многу јавен превоз, метро или трамвај. Во тој дел имаш и навечер фини местенца, мали клупчиња, кафичи и кофи-шопови такозвани со грас и хашиш (ако си по тие спортови).
И старата и новата холандска архитектура се супер, така да време поминато надвор е баш пријатно (би требало да биде). Мене, на пример, ми се останати во сеќавање некои фантастични lounge барови покрај заливот (устие, река/море што и да е тоа) - немаш време за такви работи.
Во музеј не би одел дека може сериозен ред да има за чекање (посебно во тој на Рембрант), за после внатре трчанка да праиш и да не видиш ништо.
 
Не знам што му е целта на посетата и не знам каков тип на човек е. Некои луѓе одат по музеи, некои по паркови, некои сакаат кафичи и пабови, затоа така пишав. Мене од три дена ми остана време само за оние два паба што ги набројав, затоа во вакви градови кога се спрема посета, план се прави однапред :)
 
Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
Не знам што му е целта на посетата и не знам каков тип на човек е. Некои луѓе одат по музеи, некои по паркови, некои сакаат кафичи и пабови, затоа така пишав. Мене од три дена ми остана време само за оние два паба што ги набројав, затоа во вакви градови кога се спрема посета, план се прави однапред :)
За еден ден, реално ништо не се праи. Нека си сврти кругче и у хотелче. А дека ќе му/и влезе чивија за одење пак - сигурно. Јас многу би сакал одам пак. Тогаш само кратко ги видов Ротердам и Амстердам и ми се останати во многу убаво сеќавање. Ротердам додуша е повеќе со индустрија и некои бизнис дистрикти со „даунтаун“ облакодери-фазон, а Амстердам си има некој дух. Прилично е искомерцијализирано све тоа, ама во сопствена режија и убав план мислам дека може да е супер искуство.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
За еден ден, реално ништо не се праи. Нека си сврти кругче и у хотелче. А дека ќе му/и влезе чивија за одење пак - сигурно. Јас многу би сакал одам пак. Тогаш само кратко ги видов Ротердам и Амстердам и ми се останати во многу убаво сеќавање. Ротердам додуша е повеќе со индустрија и некои бизнис дистрикти со „даунтаун“ облакодери-фазон, а Амстердам си има некој дух. Прилично е искомерцијализирано све тоа, ама во сопствена режија и убав план мислам дека може да е супер искуство.
Исто и мене ми се оди пак на повеќе дена, од кои еден ќе земам, ќе седнам на клупа, со весник и само ќе чмаам, ќе гледам во далечина. Смируваат вакви градови, колку и да има гужва и од туристи и од велосипедисти.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.365
Поени од реакции
68.029
Ако посетиш некое место од музеите или куќата на Ана Франк, ќе ти отиде цел ден.
Особено ова важи за куќата на Ана Франк.
Така да, веројатно треба да одбереш едно од понудениве места и остатокот од времето помини го во шетање.
Јас го прошетав цел град за седум дена, којзнае колку километри изодев :D
Убаво е да земеш некое крстарење, има милион понуди.
Они немаат некоја традиционална кујна, така да ќе се разочараш на тоа поле. За вечерно време имаш еден куп места за посета, каде што се плаќа некој минимален влез. Во глобала, транспортот е доста скап (веројатно најскап во Европа), а и местата за седнување не се ништо поефтини. Во Арапските квартови имаш цени како кај нас :icon_mrgr:
Вечерно време ќе сретнеш само туристи по улиците, нормално распоредени околу red light district. Местово сигурно ќе го посетиш, без разлика дали ќе ти го препорачаме или не :D
Дури и да не користиш услуги, интересно е да се разгледа.
За еден ден би посетил едно место по избор (куќа на Ана Франк или некој од музеите), остатокот од времето би се шетал низ цел град. Имаат убави места за седнување на кафе, убави паркови и прекрасна глетка со каналите. Можеш да го посетиш и местото каде што сите се сликаат со знакот Амстердам (јас не успеав ни да се докопам до знакот). Во околината продаваат добар хот-дог :D
Вечерта би поминал низ red light district, а во зависност за што си отишол таму, тоа и ќе добиеш :D
Марихуана, колачиња, печурки и триста срања имаш на секој чекор. Ти нудат сомнителни црнци по улици, купуваш во секое можно продавниче за сувенири итн.
Холанѓани навечер скоро и да нема да видиш. Повеќето што ќе ги сретнеш по улиците се мажи (воглавно туристи), од Британци што мочаат на секој чекор, Азијати што сликаат, тури од Италијани и Шпанци и нормално Арапите што кружат со мотори.

Ќе ти препорачав и изнајмување на велосипед за разгледување на градот, ама во оваа доба од годината има бајаги дождови. Мада, таму возат како мрднати. Во 7 саат сабајле, среќаваш милион велосипеди на улица, дали врнело или не, не им менува многу. Паѓаат на земја, си се качуваат пак и да ги нема. Пази се да не те прегази некој :icon_mrgr:
 
Член од
12 јануари 2015
Мислења
2.150
Поени од реакции
3.419
Фалa нa сите зa oдгoвoрите, ќе oдберaм некoлку местa и тoa е, зa еден ден дa извaдaм мaксимум. Инaче кaкoв тип сум, зa спoрт, дoбрo пивo, и дoбрa хрaнa. Ќе рaзгледaм некoи идеи, пa ќе видиме кaкo ќе испaдне. :D За музејoт Хaјнекен мoже ли ден двa унaпред дa се резервирa или фул е?
 
Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.858
Поени од реакции
34.889
Ако си по тревката гледај од лиценцирани овластени кафе шопови да зимаш, имале мало знакче на менито шо потврдувало дозвола и чистота на продуктот.
Не сум бил ни јас ама во план ми е летото еден викенд, најмногу заради мостот кај шо трчаа Родни дел бој и Алберт кога ги бркаше полицијата а уствари го бркаше тој стариот :LOL:, и нормално тревка и да разгледам излозите. :cool:

хул.jpg
 
macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.717
Поени од реакции
1.469
Искрено градот корне на марихуана брат што да ти кажам. Што вреди да се види дефинитивно музејот на научна фантастика Немо нешто појако немам видено ама за еден ден баш таман е да го поминеш таму л Единствен музеј каде те тераат да си играш со експонатите. Вечер се знае ред лјт дискрит ,кокос бар ми се допадна ама ја не би одел пак многу е грд воздухот.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Е де, ќе умреш од воздухот ебате.. :tapp: што го направи ќе помисли дечкото во Пекинг иде. Еве јас сум непушач, димот од цигари страшно ми е одбивен ама тоа не ми сметаше.
 
Последно уредено:
Член од
12 јануари 2015
Мислења
2.150
Поени од реакции
3.419
Е де, ќе умреш од воздухот ебате.. :tapp: што го направи ќе помисли дечкото во Пекинг иде. Еве јас сум непушач, димот од цигари страшно ми е одбивен ама тоа не ми сметаше.
Па ваљда не смрди толку колку нашава трева маалска, затоа што нашава е ужасна и не се поднесува. Нема да ми смета којзнае колку сигурно, ќе бидам под импресии и онака, на такви пива :D Tapzuid е класична пивница со врсти на пиво и да седнеш да кснеш, или е нешто како музеј?

И уште нешто, колку се отприлика цените, за еден нормален оброк во тие како киосци за скара+пиво, не планирам да седнувам во ресторан, влезниците на поедини ствари ги разгледав, по 10-15 евра се, зависи што. Ме интересира цена на пиво 0.5 во кафич/пивница, и некое интересно сувенирче од таму што го препорачувате да се земе. Тие зелените cupcakes , вреди ли да се пробаат или? Одам во Февруари, така да времето ќе биде како сега или уште малку поладно :D
 
Последно уредено:
Член од
8 јули 2008
Мислења
4.419
Поени од реакции
7.757
Амстердам е туристичка дестинација која што може да ги задоволи сите туристи. Има што да се види и за љубители на уметноста, има што да се види и за љубителите на пиво, за уживателите на архитектура и тн и тн. Си има традиција и богатство градов, како што рече некој погоре - се тоа искомерцијализирано.
Ако добро го испланираш патувањето, 2 дена се океј. Не е цела недела, ама може солидно да се помине.

И да, отидов сам, бидејќи бев у близина на Амстердам летово и си викам why the fuck not. Се испостави као Најдобро искуство ever.
За едно попладне се поминуваат 8 кофишопа притоа шетајќи низ Амстердам, си пушиш сативче и си шеткаш, навечер си зимаш kush и лабаво си ја поминуваш вечерта :D
Зелените cupcakes ВРЕДИ да се пробаат, ја посебно уживав у нив. АМА, тоа не е играчка за човек што нема никакво искуство со канабис, пошто хајот е многу далеку поспецифичен.

Луѓето се прелабави, посебно оние што ги запознаваш у кофишоп. Буквално тамо запознав луѓе од цел свет со кои ги поминав тие 2 дена. Млади од сите континенти. Женските беа скроз лабави и позитивни (барем ја оние што ги запознав), не се вообразени егоцентрични говна ко нашиве овде, и сите се отворени за дружба позитивна енергија и good times.
Запознав екипа индијци со кои и ден денес сме во контакт, со двајца американци кои ги запознав у хостелот (еден црнец и белец lol) со кои праевме тури низ кофишоповите каде што буквално не престанавме со зелените авантури тој ден... Со сите нив сум у контакт и ден денес, се заебаваме на социјални мрежи, дури дојдоа да ме посетат 1 ден кај што бев на работа летото (германија) :D
Во еден кофишоп мислам дека беше дампкринг запознавме шпанки кои ролаа боље од мене, си викам ќе ви влетам па што сака нека биде :D Ја така им пријдов викам ајде ќе се зезаме. ЛАБАВИ СКРОЗ. Останавме заедно до крајот на вечерта, штета што не испадна ништо тамо...

Прејак град, преубава архитектура, пун к.р музеи. Има што да се види за сечиј вкус. Ама мене најубав впечаток ми остави vondelpark, колку е добро таму страшна работа. Млади луѓе од цел свет, буквално.

До оние што немаат искуство у конзумација на канабис - тревата не е заебанција, уште помалце колачињата. Ако веќе сакате да пробате, пробајте jack herrer или white widow, или евентуално pre rolled joint. Почнете од послабите. Не препорачувам колачиња за почетници. Сепак мора да се биде реален дека на сите нема посакуван ефект тревата и не сите знаат да уживаат во истото. До оние што се уживатели на канабис,стварно многу кофишопови и трева поминав тие 2 дена и ќе ви препорачам да си пробате G-13 од сатива (препорачливо преку ден) и OG KUSH за навечер (мислам дека го купив од The Green Place) . Обавезно да тркнете до Easy times, budtender-ките се од Источна европа и се прејаки. :D
Greenhouse и булдог се стварно да речам култни кофишопови и премногу гужва има у тие, и квалитетот на тревата не е иста како у другиве помали и понеискомерцијализирани кофишопови (од аспект на тоа што тревата не беше "свежа"). Иначе можете да си побарате да го помирисате гането, да си прашате што како ефекти јачина... само не смеете таму да го пипате .

Што се однесува до ред лајт, има девојки што се стварно прејаки. Е сеа, мене тоа ми е ГАДНО и не би имал секс со проститутка. Тоа е мој став. Ако знаете колку луѓе поминуваат кај нив у една вечер преку лето, реално на сите би ви било гадно. Дури ми е жал за ку*вите, искрено.

Прејако искуство, прејак град...кога бев тогаш беше мн гужва (пошо лето, и имаше пун к.р австралијци и амери и разни студенти од европа). Времето преку лето - класика променливо, навечер скоро секоја вечер врне, преку ден пече сонце.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom