Abe covece,zosto EU i NATO ne ja napagaat Turcija,evo turskite vooruzeni sili se tamu vo Kipar,a Kipar e clenka na EU?
Evo Papandreu sto veli za ova
Папандреу: Турција да ги повлече трупите од Кипар
Новиот премиер на Грција Јоргос Папандреу побара Турција да ги повлече своите трупи од Кипар за да им се помогне на преговорите за обединување на поделениот остров.
„Или ќе го решиме прашањето за да не обедини, или ќе останеме поделени“, изјави Папандреу во Никозија по разговорот со кипарскиот претседател Димитрис Христофијас.
„Не може да им се дозволи на окупациски трупи да постојат во земја членка на ЕУ, особено не трупи на земја која е кандидат за членство во Унијата“, рече Папандреу.
Христофијас ја повтори поддршката за турското зачленување во ЕУ, но додаде дека тоа е неприфатливо пред да се постигне решение за Кипар.
Членка на Европската унија е само грчкиот дел од островот.
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=115193