Американ Колеџ или Фон

The Wild Boy

љепотан
Член од
26 декември 2017
Мислења
1.549
Поени од реакции
931
Епаа, дојде тоа време каде што треба да му ја мислам.
Да, средно сум 4 - та и ќе пријавам државна матура. Оваа година ќе мора да се стегнам и тоа доста. За учење како ученик не сум некој нај нај, ама може да се каже дека кога треба да учам учам.
Прва ја минав со четворка, Втора и Трета со тројка. Ама оваа година ќе гледам пак да биде со четворка, и ќе гледам да се посветам повеќе на матурава и да се загреам, пошто иднината зависи од мене, а не од некој друг. Од мене зависи дали ќе работам за некој друг, или дали ќе бидам шеф.
Океј ајде да скратиме. Проектна отидов информатика, бидејки тоа највеќе ме влече.
За оваа работа сум се консултирал одамна, и прво мислев на Финки ама сите ми викаа дека е тешко, а мене како што не ми иде математика тоа ќе биде проблем.
Дојде еден човек и ми кажа дека од многу ученици професорите немале време да објаснуваат на сите, и дека било многу заебано.
Па друга опција ми беше Американ Колеџ. Со Англискиот ме бива, компјутери сум океј, па се распрашав и ми рекоа дека добар универзитет бил, а и доста признаен. Плус нудат многу можности и за патување: Work n Travel, Erasmus +, Волонтирање во други држави, итн... Ама сепак јас ако отидам таму ќе гледам да си учам по ред, да си исчистам тоа се што треба со испитите и дури после кога ќе може да патувам.
Кај мене во зграда има една комшивка и таа моментално мислам трета дека е и она се изнафали. Со неа се консултирав у глобала, и ми кажуваше работи како на пример: Колку побогато CV толку подобро, итн итн...
Е сега, мајка на една другарка и рекла на мајками дека Американ Колеџ се топ, ама поскап бил од Фон (тоа да нормално), но и дека било потешко и барале учениците да бидат редовни, и ако не сум го завршел факултетот ќе сум морал да плаќам казна. Дали е ова точно??? А за Фон ми викаше дека едно што е поевтин, туку и дека е многу полесно.
Мене не ми е за парите, туку сакам да отидам да научам, некаде каде што ќе има нешто врзано со Англиски Јазик и Компјутери, и секако Work n Travel да ја видам таа пуста Америка.
А да, заборавив и да напоменам. Минатата година полагав FCE и успешно положив. (Ако тоа важи за нешто у опште..)
Ајде да дискутираме, кажете што мислите, ваше искуство, како што,итн...
 
Член од
27 септември 2010
Мислења
5.041
Поени од реакции
7.062
Имав 2 колеги на ФИНКИ. До 3та година скоро ништо немаа исчистено (само најлесните предмети), па едниот се префрли на ФОН, другиот на Американ. И двајцата дипломираа пред неколку месеци, и тоа со просек ~9. А јас се уште сум студент. Ама, откако дипломираа, едниот работи во казино, другиот во кафич. Дрва се и двајцата, 100% сум сигурен дека никогаш нема да станат програмери.

Верувам дека и на двата факултети можеш доста да научиш, но кога ќе видиш колку лесно се положува, ти тврдам дека нема да се мачиш да учиш непрестано и ќе си останеш со истото знаење од пред запишувањето. За да станеш програмер, стварно треба да имаш капацитет во главата :)
 

The Wild Boy

љепотан
Член од
26 декември 2017
Мислења
1.549
Поени од реакции
931
Имав 2 колеги на ФИНКИ. До 3та година скоро ништо немаа исчистено (само најлесните предмети), па едниот се префрли на ФОН, другиот на Американ. И двајцата дипломираа пред неколку месеци, и тоа со просек ~9. А јас се уште сум студент. Ама, откако дипломираа, едниот работи во казино, другиот во кафич. Дрва се и двајцата, 100% сум сигурен дека никогаш нема да станат програмери.

Верувам дека и на двата факултети можеш доста да научиш, но кога ќе видиш колку лесно се положува, ти гарантирам дека нема да се мачиш да учиш непрестано и ќе си останеш со истото знаење од пред запишувањето. За да станеш програмер, стварно треба да имаш капацитет во главата :)
Не ми е во глава зацртано програмер, ама тука негде во тој предел, со Компјутери, Игри, Англиски, Интернет.
 
M

Macedon1um

Гостин
Реалноста е дека во Македонија факултетиве многу малку скоро ич не те спремаат за реална работа

Сепак дипломата е мала предност, ако имаш финансиска можност оди на приватен (полесно да поминеш) а сепак признат факултет пр Американ
А во меѓувреме користи го секое слободно време за учење на страна она што те интересира + користи ја секоја прилика за пракса/волонтирање итн
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.514
Поени од реакции
34.557
Епаа, дојде тоа време каде што треба да му ја мислам.
Да, средно сум 4 - та и ќе пријавам државна матура. Оваа година ќе мора да се стегнам и тоа доста. За учење како ученик не сум некој нај нај, ама може да се каже дека кога треба да учам учам.
Прва ја минав со четворка, Втора и Трета со тројка. Ама оваа година ќе гледам пак да биде со четворка, и ќе гледам да се посветам повеќе на матурава и да се загреам, пошто иднината зависи од мене, а не од некој друг. Од мене зависи дали ќе работам за некој друг, или дали ќе бидам шеф.
Океј ајде да скратиме. Проектна отидов информатика, бидејки тоа највеќе ме влече.
За оваа работа сум се консултирал одамна, и прво мислев на Финки ама сите ми викаа дека е тешко, а мене како што не ми иде математика тоа ќе биде проблем.
Дојде еден човек и ми кажа дека од многу ученици професорите немале време да објаснуваат на сите, и дека било многу заебано.
Па друга опција ми беше Американ Колеџ. Со Англискиот ме бива, компјутери сум океј, па се распрашав и ми рекоа дека добар универзитет бил, а и доста признаен. Плус нудат многу можности и за патување: Work n Travel, Erasmus +, Волонтирање во други држави, итн... Ама сепак јас ако отидам таму ќе гледам да си учам по ред, да си исчистам тоа се што треба со испитите и дури после кога ќе може да патувам.
Кај мене во зграда има една комшивка и таа моментално мислам трета дека е и она се изнафали. Со неа се консултирав у глобала, и ми кажуваше работи како на пример: Колку побогато CV толку подобро, итн итн...
Е сега, мајка на една другарка и рекла на мајками дека Американ Колеџ се топ, ама поскап бил од Фон (тоа да нормално), но и дека било потешко и барале учениците да бидат редовни, и ако не сум го завршел факултетот ќе сум морал да плаќам казна. Дали е ова точно??? А за Фон ми викаше дека едно што е поевтин, туку и дека е многу полесно.
Мене не ми е за парите, туку сакам да отидам да научам, некаде каде што ќе има нешто врзано со Англиски Јазик и Компјутери, и секако Work n Travel да ја видам таа пуста Америка.
А да, заборавив и да напоменам. Минатата година полагав FCE и успешно положив. (Ако тоа важи за нешто у опште..)
Ајде да дискутираме, кажете што мислите, ваше искуство, како што,итн...
Јас имав цимер на Европски на Информатика, имаше направено трансфер од ФЕИТ на Европски поради што заглавил на првиов. Дечкото беше прилично бистар и за разлика од тебе екстра математичар, само беше страшна мрза и затоа го заебал првиот факултет. Ретко одеше на факултет, најчесто само за полагање, а учеше недела дена пред колоквиумска и заврши со просек над 9. Од тоа што го гледав дека учи не ми изгледаше ни тешко ни пак нешто што ќе ти користи во иднина, имаше и предмети кои ги полагаше од комбинации со по 50тина страни материјал.

Програмер нема да бидеш ни со ФИНКИ ни со останатите факултети, туку само ако седнеш самиот и да потрошиш саати и саати во учење. Програмски јазик не се учи преку ноќ, логиката за програмирање уште побавно, чист код ќе научиш да пишуваш после години програмирање и колку повеќе учиш толку повеќе ќе се плашиш дека ништо не знаеш.
Математиката можеби не е пресудна, но корист ќе имаш ако го загрееш столот и почнеш да учиш, а ќе имаш бенефит и во логиката.
Математика имаш секаде, векторската и линеарната алгебра на пример ќе ти се најдат ако сакаш да влегуваш во свет на гејминг, низи, статистика, функции ќе ти се најдат секао. Како и да е во најмала рака програмерот е софтверски инженер, а инженер без математика ебати инженерот.

Е сега на страна од се, ако одиме со разумно размислување ти не си ни за на факултет, но тоа држи вода во некоја понормална држава каде ќе ти дадат да полагаш приемни или SAT како во САД, па ако немаш добри поени нема да можеш ни да се запишеш тоа што сакаш. Кога може Арачиновци да живеат со мислата дека ќе станат пилоти, тебе ништо не смее да те спречи дека ќе станеш програмер ;)
 

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.823
Поени од реакции
6.346
Брат ми ФИНКИ уште не го заврши, а веќе на 24 години е продукт менаџер во Хамбург во една IT фирма. Така да удри математика колку ќе те направи добар програмер факултетот. 90% од работата е што ќе научиш сам вон факултетот.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Фон нигде не е признаен.
Сериозно мислите дека во IT се гледа дали ти е признаен факултетот? Ти даваат тест пред да влезеш на пракса да искуцкаш неколку алгоритми да видат дали ти фаќа црпката или пак ќе те оптоварат со таскови. Никаде не влагаш по автоматизам само затоа што си завршил на Електро.
П. С. inb4, на Електро имам завршено.
 
Последно уредено:

mr wednesday

We're soldiers. Soldiers don't go to hell.
Член од
24 јуни 2017
Мислења
1.649
Поени од реакции
7.997
Не бе кој фон врска нема, ако имаш кинта иди американ колеџ - тркни до кај америте напраи некој кеш плус, врати се заврши го и убаво ти спомнаа пракса пракса пракса пракса пракса пракса вежбање ван факултетот и шеф си у најава
 

LepiDzoni

Profesionalen ulichen cigan
Член од
25 јули 2014
Мислења
1.321
Поени од реакции
3.171
Ako ne ti fakja crpkata za FINKI (najlesen fakultet od matematickite) bolje ne se ni zamaraj so fakultet fati nauci nekoj zanaet i shtedi si gi parite da si kupis nesto za vo idnina ili da gi investiras vo nekoj biznis. Koga ne bi odel na amerikan za 4 godini bi zastedil ~10.000 evra.
 
Последно уредено:

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.514
Поени од реакции
34.557
До 10000 евра ќе поминеш и курсеви и ќе платиш сертификати за c#, javascript, Mssql, Microsoft server и ќе вредиш 100пати повеќе на пазарот на труд од сите со диплома на информатичките факултети.
 
Член од
13 април 2021
Мислења
10
Поени од реакции
1
Сакам да прашам дали имате некое искуство или мислење да споделите за Архитектура на ФОН ?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom