Vartolu
1897 Fighter
- Член од
- 29 декември 2007
- Мислења
- 14.637
- Поени од реакции
- 5.317
Дали се заоструваат односите меѓу САД и Русија?Последните инфоримации од светот се дека Русија најавува дека можно е воено да одговори на инсталирањето на Американскиот ракетен систем во Полска, со која држава пред една недела беше потпишан договор меѓу Кондолиза Рајс и Претседателот на Полска за градење на ракетниот систем на територијата на Полска..Русија се чувствува загрозена, и прави напори со петни жили да го спречи тоа..Вчера проструи информација дека Медведев не се плаши од нова Студена Војна, а денес проследуваме информацијава , на нет.пресс
Медведев: Воен одговор на американскиот ракетен штит
Рускиот претседател Дмитриј Медведев изјавил дека Русија ќе одговори и со воени средства на распоредувањето на американскиот противракетен штит блиску до нејзините граници.
„Тие ракети се блиску до нашите граници и претставуваат закана за нас. Тоа ќе создадае дополнителна напнатост и ние ќе мора на некој начин да одговориме, природно користејќи воени средства“, рекол Медведев за ТВ-станицата “Ал Џазира“.
САД и Полска минатата недела потпишаа договор за распоредување на 10 американски ракети пресретнувачи на полската територија како дел од противракетниот штит на САД, потсетува Ројтерс.
Автор на веста: Нетпрес
Објавена на 27.08.2008 09:17:36