Моментално максимумот на Бенгалс го одредува офанзивната линија. Не знам каков е драфтот за о-лајн играчи во прва рунда, ама дефинитивно им треба. Плус треба да соберат по некој ветеран кој ќе игра за помалку пари, има уште да даде од себе и сака прстен - горе доле во сите линии од одбраната, поготово лајнбекер.Мене јунак на вечерта ми е кикерчето на Бенглс. Кој кул лик. Целиот беше бизнис, демек треба 50 јарди да се погодат, нема проблем, бум на средина. И така неколку пати. Многу симпатична екипа, ама мислам дека ова им е апсолутниот максимум. А оној квотербекот на Тенеси, одамна немам гледано онаков антиталент. Со онаа дефанзивна линија која ја имаат, плус и Хендри, мораше да ги добијат Бенглси.
Битното за нив е што имаат франшизен QB, Chase, Mixon, прилично добра и млада екипа.
Од друга страна, Тенеси со Танехил не можат повеќе, толку му е капацитетот, на моменти ја допира Стафорд скалата, но конкретно против Бенгалс беше на Далтон скала, ако не и под таа скала.
Грин Беј во оф-сезоната имаат две главоболки: Роџерс и договорот на Адамс. И да, Роџерс го поседува Чикаго, но Сан Франциско го поседуваат него.
Последно уредено: