Американски фудбал - NFL лига

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.811
Поени од реакции
83.992
Од сега натаму планирам секоја недела да правам Power Rankings.

Значи ова се субјективни листи базирани на резултатите на екипите и не значи дека тоа е распоредот за тоа која екипа е фаворит за титула или слично, туку едноставно рангирање на екипите до сега.

Ок, а сега објаснување за скоро сите екипи на кратко во спојлер за што вака ги ренкував...нели само мое мислење е ова :D

И заебано е ова да се прави бе..секад ќе има некоја екипа што ќе ја подзаборавам..

Али ќе пробам ова неделна работа да ја направам

1. Канзас - Три релативно лагани победи сите против и те како солидни екипи а една од нив Пејтриотс. то е то

2. Атланта - На климави нозе до 3-0 али битно се непоразени и се освен ставање на второ место со ваков рекорд би било глупо...ама при следен пораз...мамата им ја ебав :D

3. Пејтриотс - Пошто се Пејтриотс и им се може

4. Детроит - Судија, мене ли најде, судија мајмунеее....ќе беа 3-0 али...то е..

5. Пакерс - Не дека покажуваат некојнадреален фудбал али ете..2 победи имаат битно од кои една над сихокс..можда малце ги преценив али..то е

6. Стилерс - Исто ко и за Пакерс. Ги тепаа Минесота лагано али се мачеа со Браунс и изгубија од Чикаго...лол бе...не знам, и нив ги преценувам али тоа е, не е лесно да се праваат листиве :D

7. Иглс - Мене ми се крајно симпатични новиве Орли на чело со Венц. Играат забавен фудбал башка 2-0 се со дивизиони противници. Еден пораз имаат и тоа во компетитивен меч со Чифс..можда требаше погоре

8. Рејдерс - Исто симпатична екипа што изгледа како да знае што прави и да ќе игра сигурен плејоф. Очајни против Редскинс ама доминантни во првите 2 меча. Ќе треба да се докажат против поискусни екипи дали заслужуваат да бидат сметани како поголема екипа сезонава

9. Денвер - Победата против Далас спикс ит ол. Ама па пораз од Бафало и тоа лесен пораз е малце заебана работа.. имаат потенцијал секако

10. Далас - Не импресионираат нешто ептен али ете некако до 2 победи. Тамам им е местово, малце зарѓани изгледаат али не се лоши секако очекувам пак во плејоф да ги гледаме

11. Каролина - Кул ми се и пантериве годинава, изгледаат солидно и очекувам да скокаат во ренкингов мој во следниве кола

12. Минесота - Штом тепаа лесно со втор КБ...нат бед. Рисивериве им се он поинт, одбраната им е солидна. Нат бед

13. Вашингтон - Шо ги знам..не се лоши али некако изгледа како да е рано да знаеме што екипа се..дали ќе бидат сериозни или не...шо ги знам...

14. Тенеси - Види 13

15. Бафало - Види 14

16 - ЛА Рамс - Види 15

17. Сиетл - Види 17. Малце сум им строг можда ама ептен очајни изгледат Сихокс, како ништо да не функционира...малце одбраната уште си е солидна али...ќе се мачат за во плејоф да влезат, нешто како Пакерс лани.. ова е последна солидна плејоф година за Сихокс и прашање е и дали ќе влезат до плејофот....

18. Тампа - Мех, два меча имаат играно, рано е за зборење

19. Џексонвил - Види 16. А исто така и...Џексонвил бе...трол екипа, појма немам што да очекувам од нив....лани мислев бољи ќе се али....терсене екипа ептен..

20. Мајами - Види 18

21. Сејнтс - Хмм.. Тешки противници имаа до сега богами...реков пред почеток на сезона дека не очекувам да имаат 8-8 или подобар рекорд и уште стојам на тоа. Победава против Каролина им носи шанса за дигната самодоверба можеби али...не е тоа тоа, уопште не е ова Плејоф екипа

22. Џајантс - А бе...ако се 0-3...имаат играчи имаат искуство и имаат квалитет...компетитивни пораз против Иглс имаа...кој знае што се дешава во соблекувална после стартов...после мечот со Тампа во недела ќе видиме дали е зрел тимов да се врати на некое просечно ниво барем да брка сезонава или се е отидено во курац...а секако има квалитет екипава за МИНИМУМ 6 победи сезонава ама ако почнат 0-4 онда....

23. Рејвенс - Можда ги потценувам али до сега имаа ептен слаби противници. Дур не се покажат со посолидна екипа ќе стојат под 20ката кај мене

24. Чарџерс - Хех..а компетитивни се али...џабе...македонска работа :D 0-3 се а сепак ги ставам над некои 1-2 екипи пошто стванро не заслужија 0-3 бе..со Мајами и Денвер се држеа до крај (што се две потенцијални плејоф екипи)

25. Кардиналс - Ауууу што кур се дешава со Аризона? Очајни ми се сезонава, цела среќа не се 0-3....за многу малце фалеше и тоа да се случи

26. Колтс - Види 16 со таа разлика што "не се лоши" замени го со "не се нешто ептен добри"

27. Чикаго - Е сега влагаме у овие обиди за екипи. Обид за екипа, ќе се борат за топ 3 пик.

28. Тексанс - Види 27

29. Џетс - Види 28

30. 49ерс - Види 29

31. Браунс - Види 30

32 - Бенгалс - Види 31

Можев да допишам пар реченици и за последниве 5 екипи зашто вака ги рангирав и што им мислам...али поинтересно е вака :D
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.959
Поени од реакции
57.695
Ама пауер ренкинг ми е глупо у НФЛ бе каде што имаш само 16 кола, за во НБА кај шти има 82 текми, да. :D

Чарџерс беше смешно кога ги ставаа у „сигурни кандидати“ за плејоф стручњаците. Филип Риверс ми е најпреценетиот „класа“ квотербек после Менинг џуниор а исто и Џои Боса не гледам дека е толку добар колку што го фалат. Мислам дека ќе имаат скор како ланскиот.

Џексонвил нареднат ја играат против Џетс, мислам дека ќе тепаат лагано.
 
Член од
14 декември 2013
Мислења
4.157
Поени од реакции
10.994
Џои Боса е играчиште, DROY беше и тоа не играше 4 утакмици :D
 
Член од
16 јануари 2009
Мислења
2.731
Поени од реакции
1.063
Прв трејд во фантази лигата, Кем Њутн и Бак Ален за Карсон Венц. Уште мислам дека Њутн ќе биде добар сезонава, ама повредата на Џонсон не ми остава простор да чекам некој да се разигра. По мене трејдот е добар за двата тима, зашто на Bag end Hobbits му фалеше замена за РБ, а Бак Ален е добра замена. Он има време да го почека Њутн да се разигра, зашто има топ3 QB како стартер :D
Инаку мојов тим не го сметам за никаков фаворит моментално, така да поразот идната недела нема да ме изненади :D
 
Член од
30 јануари 2008
Мислења
13.825
Поени од реакции
23.031
Ја мора да размрдам нешо, па ако ги сака некој Мет Рајан и ЛеШон МкКој нека тропне на врата
 
Член од
30 јануари 2008
Мислења
13.825
Поени од реакции
23.031
Ќе ми каже некој нешто лошо за Шерман после.
На ова копилево Треватан треба да му се забрани да игра више!
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.959
Поени од реакции
57.695
Ќе ми каже некој нешто лошо за Шерман после.
На ова копилево Треватан треба да му се забрани да игра више!
Пак Тони Ромо коментираше текма на Роџерс, глеј хајлајтс со него, доминира братот.

Гленон повторно ужасен. Го правдаа дека немал асални ресивери, ама после ова вчера се докажа дека не е до ресиверите, батето фрлаше топки директно у противничкаат одбрана, плус катастрофалниот снеп коа му удре у колено. А офанзивната линија му е сосема солидна.

Мора веќе да го стартуваат Трубиски, греота е да не игра ради овој флегмава.
 
Член од
30 јануари 2008
Мислења
13.825
Поени од реакции
23.031
Пак Тони Ромо коментираше текма на Роџерс, глеј хајлајтс со него, доминира братот.

Гленон повторно ужасен. Го правдаа дека немал асални ресивери, ама после ова вчера се докажа дека не е до ресиверите, батето фрлаше топки директно у противничкаат одбрана, плус катастрофалниот снеп коа му удре у колено. А офанзивната линија му е сосема солидна.

Мора веќе да го стартуваат Трубиски, греота е да не игра ради овој флегмава.

Кј ги гледаш, пошто ја го имам цел СК пакет дома и глеам на ТВ.

Иначе го имам Иван Ивковиќ на фејсбук коментаторот од СК Хрватскиот, имаше добра дискусија за квотербековите кај него на профил пред почеток на сезона, и се расправав со еден тип, као кој е најлош стартен квотер, и одма им реков Гленон, будала ме правеа.

Џош МекКаун е Пејтон за него :icon_lol:
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.959
Поени од реакции
57.695
Кј ги гледаш, пошто ја го имам цел СК пакет дома и глеам на ТВ.

Иначе го имам Иван Ивковиќ на фејсбук коментаторот од СК Хрватскиот, имаше добра дискусија за квотербековите кај него на профил пред почеток на сезона, и се расправав со еден тип, као кој е најлош стартен квотер, и одма им реков Гленон, будала ме правеа.

Џош МекКаун е Пејтон за него :icon_lol:

на реддит има увек ХД стрим од амерички тв

https://www.reddit.com/r/nflstreams/

а ги имав и линковиве постирано, не се хд, ама мене ми е океј за глеање:

https://www.firstonetv.watch/Live/United-States-(USA)/NFL-Network-56

NFL Network, има симулкаст у неделите

https://www.firstonetv.watch/Live/United-States-(USA)

NBC, CBS, FOX и остали (Ромо е коментатор на CBS)

Иначе и ја глеав на СК прво со Иван, после глеав хајлајтс со Ромо на мобилната апликација.

Мене Иван малку ме нервира некад со форсираните предвидувања кои не му испаѓаа често (задњо на Џајнтс - Иглс форсираше дека Иглс ќе флопна), али е доктор за НФЛ, со Хрвоје се „факат“ добар тандем, едино нешто што вреди од хрватскиве СК коментатори. :D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom