Американски фудбал - NFL лига

Prime

Оптимус
Член од
4 јули 2010
Мислења
6.010
Поени од реакции
7.721
И јас мислам дека Линч ќе издржи 2-3 текми у кои ќе добие и уште поголем хајп и ќе прегори.

Сигурно :kuracc:

Таа конференција може да биде најизедначена. Фалконс се пак фаворити ама не верувам дека ќе имаат над 10 победи, Тампа Беј се во upside, Дру Бриз ќе ги влече неговите, Кем има подобри услови во тимот (шо би рекле америве: Има повеќе талент) ама мислам дека ќе ја утупи пак.

Џетс и 49с мислам дека ќе бидат убедливо најслабите екипи сезонава, а Кливленд ќе има бар 4-5 победи.
Ќе видиш дека не е можно толку малери да го следат колку лани, уште на првата утакмица со бронкос како се сјебаја после се наудолу му тргна, очекувам барем плеј оф реално, а фалконс мислам нема логика од лани играта да ја повтори, напротив очекувам напредок на тампа во таа дивизија, брис стандард ќе биди плус поени за играње со игра во воздух претежно..
 
ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.959
Поени од реакции
57.695
Да, со Бортлс можат да мрднат ама само надоле
Па убаво ти пиша, малку да мрднат, не до финале. :D

Со овој Форниет што го драфтуваа може да бидат ко Билс лани, до 7 победи да стигнат.

Ќе видиш дека не е можно толку малери да го следат колку лани, уште на првата утакмица со бронкос како се сјебаја после се наудолу му тргна, очекувам барем плеј оф реално, а фалконс мислам нема логика од лани играта да ја повтори, напротив очекувам напредок на тампа во таа дивизија, брис стандард ќе биди плус поени за играње со игра во воздух претежно..
Затоа пишав, голема веројатноста таа дивизија да биде најизедначена.
 
Newton'

Fapstronaut
Член од
25 јули 2015
Мислења
322
Поени од реакции
290
Fly Eagles Fly !!! NFC-East наша е сезонава
 
dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.892
Поени од реакции
84.253
Уште месец негде до пред-сезона а? (лол кој гледа пред-сезона уопште)

Ај пошто гледам се развива дискусија...онака рандом да си пишам предикции за топ екипии по дивизија :D

AFC East - Patriots лагано, нема ни муабет тука, да сум фан на било кој од другиве 3 екипи во дивизијава до сега ќе се убиев од доминацијава на Петс

AFC North - Стилерс. Пејтриотс за луѓе што не се шупаци и не сакаат да навиваат за досадни екипи (сајдноут: Ако навиваш за Петс најверојатно на времето си навивал за Барса/Реал, Шумахер и Лејкерси со Коби). Мислам Браунс се во апсајд, па што знам ако продолжат вака за 2-3 години може до 5-6 победи во сезона да стигнат али сега за сега и со 2-3 нека се задоволат :D Бенгалс и Рејвенс го немаат менталитето на Стилерс, а во случајот на Бенгалс богами ни квалитетот :D

AFC South - Тексанс. Ептен ми се свиѓа дивизијава пошто сите екипи ми се тука негде... лани бев оптимист за Џагс ама максимално разочараа.... така да...сега не знам што да очекувам од нив. Хјустон некако стандардни си станаа добра екипа така да очекувам они со некаков ~9-7 рекорд да бидат први. Мариота му е време да се крене на следно ниво а колку остатокот од екипата ќе го следи не знам...ама може и Тенеси да изненадат со добра борба. Колтс ако не успеат да влезат во Вајлдкард годинава... не знам, би рекол дека ги чекаат долги години на медиокритет од слично ниво како и лани... ако не влезат во Плејоф можеби треба сериозно да размисли франшизата каде ќе оди понатаму... што знам, кога дојде Лак премногу беа оптимисти ама сега за сега не сум импресиониран

AFC West - Рејдерс. Фак. Ова е зезнато. Чарџерс лагано ќе бидат последни. Ама мислам другиве три екипи ќе се борат...лани Рејдерс ми беа ептен пријатно изненадување и играа фудбал за мој мерак :D Имаа многу мечеви каде што изгледаа непобедливо или ако ништо друго барем како Сиетл за помалку богати (а не сиромашни! :D) Така да со Линч годинава..ќе бидат уште поопасни. Најсимпатична екипа од АФЦ ми се се надевам далеку ќе стигнат.

NFC East - Далас. Лани беа супер, годинава ќе бидат добри. Ептен ги препохајпаа лани, така да мислам годинава така млади а хајпани како што се ќе почнат топло-ладно. Сепак тоа е и подобро за во плејофот после, али тоа е друг муабет. Иако го хејтам тој хајп за Каубоиве, и поради тоа сакам да флопнат...реално одличен тим имаат и очекувам добри да се и годинава. Секако стандардно најдобра дивизија за гледање е ова, и пак нема да се спие во доцните недени часови пошто екипиве од дивизијава = рејтинзи, па ќе ги ставар повеќето дерби мечеви во тој лудиот термин. Хаос ќе биде и годинава, али сепак Далас се малкуцка над другиве. Лани ептен ме импресионира Венц со Иглс, така да се надевам и Иглс ќе стигнат далеку. Ме освоија лани, не знам што им се деси што флопнаа ептен јако после али... се надевам научиле за новата сезона.

NFC North - Пакерс. хахахахаха ви текиња на Вајкингс лани? хахахаха Каков чоук само.... Како и да е...Пакерс освајаат ова, убедливо најглупа квалитетна екипа се и не знам зашто...значи имаат тим за СБ....и никако да стигнат до таму а камо ли да освојат.... тој Арсеналовски менталитет им се раѓа веќе и мислам дека ако и годинава не стигнат до СБ ментално ќе се затворат и никогаш нема да стигнат до СБ. Интересна дивизија е и ова секако. (лол АФЦ колку е само потапа од НФЦ од аспект на квалитетни екипи..)

NFC South - Пантерс. Болд предикшн. Шо знам.. навивам за Тампа а ги бирам Каролина...е ајде де.. :D Очекувам Фалконс да не ни играат до Плејоф. Онака со болд предикшн си почнав секако па да си кажам... мислам Кам нема да биде како Каперник и после една одлична сезона нема да стане никој и ништо во играчка смисла. Имаат солиден тим Пентерс, изгледа лани психички им беше проблемот...што знам... можда ќе утнам ова ептен али ете.. Сејнтс нема шанса исто за плејоф да играат ќе паѓаат и они, мислам уште една сезона како лани ќе имаат, а Тампа има тежок распоред за да се надева на ептен добар рекорд максимум 8 победи им давам.

NFC West - Сихокс. И тука мислам нема да имаат проблеми Сиетл. Лани покажаа неколку знаци на уназдување можеби...ама мислам ќе си ја освојат дивизијата. Ариозна би требало исто добар скор да има. Ремс топ5 пик не им бега :D

И ондак то...

Ќе биде интересна сезонава, мислам полека ќе гледаме како се менува парадигмата во НФЛ, мислам од оваа сезона полека ќе го гледаме тоа, ете лан Оукленд нешто најави, ама ете, пак истите стандардни екипи си го играа орото во плејофот.
До кога ќе биде едно исто? 15+ години се Петс и Стилерс на пример... Брис до кога планира да растура со бројките? Очекувам полека Петс, Стилерс, Сихокс да паѓаат, и за 3-4 години од сега да си бидат екипи што нема ни плејоф да играат можеби... еве уште едно болд предикшн :D
И во НХЛ и во НБА видовме ситуации каде што ете во финале не играат стандард екипи на кои што сме навикнати... уште во НФЛ фали од нигде никаде да се појави некој "Стеф Кари" :D
 
Член од
16 јануари 2009
Мислења
2.731
Поени од реакции
1.063
До кога ќе се замајува јавноста дека АФЦ е послаба конференција од НФЦ.... :D Еве и доказ дека е обратно.
За другиве екипи не знам, ама НЕ сум сигурен дека нема да престане да биде топ 5 тим се додека Беличек е на чело. Со Брејди моментално се секоја година контендери, без него ќе бидат во најмала рака плејоф екипа. НЕ е машина од франшиза, поставена на тотално различни вредности од другите. Се додека се одржува тој ред, сигурен сум дека ќе имаат што да кажат. После Беличек, се е можно.

Искрено мислам дека Питсбург додека не го сменат кловнот, т.е. тренерот, нема да победат против НЕ. Поголема шанса им давам на КЦ и Хјустон, отколку на нив.
 
Leo Bonnie

Кад се врате скитнице
Член од
20 декември 2008
Мислења
4.444
Поени од реакции
5.441

Исто и КЦ додека не го сменат Смит не можат да победат
 
Член од
16 јануари 2009
Мислења
2.731
Поени од реакции
1.063
Исто и КЦ додека не го сменат Смит не можат да победат
За да ги победиш НЕ, треба да имаш предобра одбрана, поготово дефанзивна 7ца. Смит ако ја изменаџира утакмицата како треба, можат да добијат 20-17 пример или нешто така.
 
И НЕ има одлична одбрана, посебно сезонава се уште подобри на корнер така да ти треба добра офанзива која ќе постига поени и ќе го држи Брејди што подолго на клупа. Смит може да менаџира долг напад но не можи да фрли ТД. Не можиш да се надеваш дека на 17 поени ќе ги задржиш Брејди и Гронк, кога тогаш ќе се распукаат.
 
Newton'

Fapstronaut
Член од
25 јули 2015
Мислења
322
Поени од реакции
290
До кога ќе се замајува јавноста дека АФЦ е послаба конференција од НФЦ.... :D Еве и доказ дека е обратно.
За другиве екипи не знам, ама НЕ сум сигурен дека нема да престане да биде топ 5 тим се додека Беличек е на чело. Со Брејди моментално се секоја година контендери, без него ќе бидат во најмала рака плејоф екипа. НЕ е машина од франшиза, поставена на тотално различни вредности од другите. Се додека се одржува тој ред, сигурен сум дека ќе имаат што да кажат. После Беличек, се е можно.

Искрено мислам дека Питсбург додека не го сменат кловнот, т.е. тренерот, нема да победат против НЕ. Поголема шанса им давам на КЦ и Хјустон, отколку на нив.
Конференциите во квалитет се менуваат секогаш благодарение на драфтот , зависи од драфт класата и каде Беличек е тренер. АФЦ има повеќе успех во Superbowl , но факт е дека НФЦ е дивизија на постари тимови и долготрајно ривалство со многу тимови 50+ години кој играат во иста дивизија . Во АФЦ повеќето тимови се формирани многу покасно и имаат помалку инволвирани фанови ( секако не зборам за NE , Steelers ,Chiefs , Dolphines ) разликата во квалитет и огромна помеѓу тимовите , NE во својата дивизија е ко Баерн ,Steelers исто неможе никој не блиску до нив да стигне , НФЦ натпреварите се далеку поинтересни за гледање заради тоа што од година во година шампионите се менуваат и тимовите се под притисок од фановите да бидат успешни. NFC-East , NFC-North , NFC-South се за уживање кога играат екипи од иста дивизија , NFC-West ќе биде многу јака дивизија за некоја година . Titans , Jaguars, Chargers ... и компанија целата конференција ја влечат доле .[DOUBLEPOST=1501062500][/DOUBLEPOST]
Исто и КЦ додека не го сменат Смит не можат да победат
И не драфтуваат некој WRs и OLB , се надевам ќе му дадат шанса на новиот QB што го драфтуваа
 
Последно уредено:
Член од
16 јануари 2009
Мислења
2.731
Поени од реакции
1.063
И НЕ има одлична одбрана, посебно сезонава се уште подобри на корнер така да ти треба добра офанзива која ќе постига поени и ќе го држи Брејди што подолго на клупа. Смит може да менаџира долг напад но не можи да фрли ТД. Не можиш да се надеваш дека на 17 поени ќе ги задржиш Брејди и Гронк, кога тогаш ќе се распукаат.
Ретко се случува да имаат под 20 поени, ама единствен начин тоа да се случи е пас раш на Брејди. Со Хјустон тежок натпревар беше претходниов плејоф и тоа збориме за тим со Брок Освајлер и без ЏЏ Ват. Претходно имаа огромен пораз од КЦ, сезоната кога го освоија прстенот против Сиетл.

Конференциите во квалитет се менуваат секогаш благодарение на драфтот , зависи од драфт класата и каде Беличек е тренер. АФЦ има повеќе успех во Superbowl , но факт е дека НФЦ е дивизија на постари тимови и долготрајно ривалство со многу тимови 50+ години кој играат во иста дивизија . Во АФЦ повеќето тимови се формирани многу покасно и имаат помалку инволвирани фанови ( секако не зборам за NE , Steelers ,Chiefs , Dolphines ) разликата во квалитет и огромна помеѓу тимовите , NE во својата дивизија е ко Баерн ,Steelers исто неможе никој не блиску до нив да стигне , НФЦ натпреварите се далеку поинтересни за гледање заради тоа што од година во година шампионите се менуваат и тимовите се под притисок од фановите да бидат успешни. NFC-East , NFC-North , NFC-South се за уживање кога играат екипи од иста дивизија , NFC-West ќе биде многу јака дивизија за некоја година . Titans , Jaguars, Chargers ... и компанија целата конференција ја влечат доле .[DOUBLEPOST=1501062500][/DOUBLEPOST]

И не драфтуваат некој WRs и OLB , се надевам ќе му дадат шанса на новиот QB што го драфтуваа
Според линкот што го постирав, АФЦ има подобар скор кога игра против НФЦ 27 од 47 години, од кој 15 години по ред од 1996 до 2010. Ако е НФЦ цело време неизвесна, не значи дека има многу квалитетни тимови, туку дека сите се тука некаде, додека во АФЦ има 2-3 тима што се подобри од другите, што и се потврдува од линкот погоре каде АФЦ има подобар скор од НФЦ. За што е поинтересно за гледање, неможам да спорам, прашање на вкус е. Историјата дефинитивно е на страна на НФЦ, ама ривалството на нашата генерација беше во АФЦ, Брејди-Менинг. Во тоа време на НФЦ имаше помали ривалства (во споредба со ова), како на пример Сиетл-СФ. Лично мене ништо не ми значи дербито Чикаго-ГБ, зашто од кога пратам НФЛ поактивно, 80% од натпреварите се добиени од ГБ, а доминантноста на Чикаго пред 50 години не сум ја доживеал да ја почитувам. НФЦ исток ми е најомразена дивизија, убедливо најфорсирана од НФЛ, со најдебилни тимови внатре како Далас и Џајнтс. Цело време зимаат прајм тајм термини, поготово Далас, а се толку не релевантни во лигава веќе 10тина години (освен the catch на Дез).
Од новиве тимови, мислам Тајтанс не се на ниво на Џегс и Чарџерс, мислам баш Тајтанс ќе бидат доста потребни во АФЦ север после очекуваното повлекување на Биг Бен за некоја година. Искрено не гледам кој е тој следен добар тим во НФЦ запад, по падот што следи во Сиетл. Рамс ми делуваат како медиокритети, вечен 7-9/8-8 тим, СФ има време за 4 години може ќе направат нешто, Аризона ќе паѓа, Палмер е пред пензија и имаше голем пад лани, Сиетл реков, ќе си доминираат уште некоја година, ама нема да бидат никакви фаворити за Супербол настап.
 
Newton'

Fapstronaut
Член од
25 јули 2015
Мислења
322
Поени од реакции
290
Ретко се случува да имаат под 20 поени, ама единствен начин тоа да се случи е пас раш на Брејди. Со Хјустон тежок натпревар беше претходниов плејоф и тоа збориме за тим со Брок Освајлер и без ЏЏ Ват. Претходно имаа огромен пораз од КЦ, сезоната кога го освоија прстенот против Сиетл.

Според линкот што го постирав, АФЦ има подобар скор кога игра против НФЦ 27 од 47 години, од кој 15 години по ред од 1996 до 2010. Ако е НФЦ цело време неизвесна, не значи дека има многу квалитетни тимови, туку дека сите се тука некаде, додека во АФЦ има 2-3 тима што се подобри од другите, што и се потврдува од линкот погоре каде АФЦ има подобар скор од НФЦ. За што е поинтересно за гледање, неможам да спорам, прашање на вкус е. Историјата дефинитивно е на страна на НФЦ, ама ривалството на нашата генерација беше во АФЦ, Брејди-Менинг. Во тоа време на НФЦ имаше помали ривалства (во споредба со ова), како на пример Сиетл-СФ. Лично мене ништо не ми значи дербито Чикаго-ГБ, зашто од кога пратам НФЛ поактивно, 80% од натпреварите се добиени од ГБ, а доминантноста на Чикаго пред 50 години не сум ја доживеал да ја почитувам. НФЦ исток ми е најомразена дивизија, убедливо најфорсирана од НФЛ, со најдебилни тимови внатре како Далас и Џајнтс. Цело време зимаат прајм тајм термини, поготово Далас, а се толку не релевантни во лигава веќе 10тина години (освен the catch на Дез).
Од новиве тимови, мислам Тајтанс не се на ниво на Џегс и Чарџерс, мислам баш Тајтанс ќе бидат доста потребни во АФЦ север после очекуваното повлекување на Биг Бен за некоја година. Искрено не гледам кој е тој следен добар тим во НФЦ запад, по падот што следи во Сиетл. Рамс ми делуваат како медиокритети, вечен 7-9/8-8 тим, СФ има време за 4 години може ќе направат нешто, Аризона ќе паѓа, Палмер е пред пензија и имаше голем пад лани, Сиетл реков, ќе си доминираат уште некоја година, ама нема да бидат никакви фаворити за Супербол настап.
Не викам дека не си во право , особено за тоа дека Далас е најдебилен тим :D се е до вкус секако . Мене секогаш ми биле посимпатични тимовите од НФЦ и натпреварите ми се далеку поинтересни . Плус работев во Пенсилванија во спорт бар каде што се собираа фанови на Еаглес , па таму научив за американ фудбал и зошто НФЦ е правата коференција . Ме однесоа два пати и на отворен тренинг на Еаглес ( не дека знаев некој играч ) :oleee:
НЕ ми е најдосаден тим за гледање ( без навреда на фановите на НЕ , лично мислење) , и скоро никогаш не го гледам . Толку е доминантен во АФЦ што е иритирачки , за плеј офот хајп со нетрпение ги чекав со Хјустон и Питсбург и нормално испаѓаше да гледам blowout . Titans сезонава имаат интересен тим ама не верувам дека ќе ја освојат дивизијата , Хјустон и без QB е подобар , се збори Luck па не е фит а без него Колтс се нон фактор , Јаguars може да изненадат , конечно некој што знае за фудбал вработија Tom Coughlin , па треба да изгледаат како професионален НФЛ тим ако ништо друго . Stееlers се сигурни во нивна дивизија . За NFC-West , 49с од Superbowl на кое дереџе ги донесоа , веројатно нај не талентиран тим пред драфтот беа , Rams исто ке им требаат неколку години да се транзитираат , ама според имиња сите се големи тимови , таа дивизија мислам за неколку години ќе биде многу интересна . Пре сезонските натпревари за некоја недела почињаат па ке видиме кој каде е .
 
dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.892
Поени од реакции
84.253
Друга недела hall of fame game Аризона-Далас... полека почнува пред-сезонава....хајп, хајп!
 
ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.959
Поени од реакции
57.695
It's game time! :D

Започнува предсезоната денеска. Туку ќе играме ли фантази? Мислам дека би не имало бар 10 души за во лига.

Дека добар дел од нас што пишуваме во темата веќе имаме искуство со НБА фантази. Така да нема да биде ништо комплицирано. Кажете кој е за па да креирам лига.
 
Член од
16 јануари 2009
Мислења
2.731
Поени од реакции
1.063
Нинкович се пензионираше, НЕ губи еден ветеран на позиција каде се тенки. Од ова што го пратам до сега од тренинг кампов, Бортлс пак пропаѓа.. А таман добра одбрана склопија. Исто и секондерито на НЕ игра топ на кампов, се степале Еделман и Гилмор, зашто вториов тотално го покрил Еделман цел тренинг и пукнал братот на крај :D
Инаку за фантази, НФЛ бара помало време потрошено, зашто се игра само преку викенд и треба 2 пати во неделата да се уклучиш, пред утакмица за да си наместиш тим и во среда за вејверите ако сакаш да собереш нешто. Јас сум за.
 
Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.278
Поени од реакции
17.958
Јас немам играно фантази, ама ако има интерес, јас би да направиме една лига.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom