НЕ му понудија договор на Блант, ама со оглед на тоа дека е 30 годишен, не е логично да направи попуст кога ова ќе му биде најголемиот договор во кариерата. Иако е многу likeable guy, не е ништо посебно како РБ, би рекол солиден стартер во добар тим. Поголем дел од ТД му беа од <5 јарди, не е способен да помине прво и второ ниво и да го заврши цел плеј со ТД (способен е ама многу ретко).
Оваа година НЕ потроши на РБ највеќе пари од кога ги пратам, Гилисли топ изигра лани во Бафало кога Шејди Мекој беше повреден, Буркхед бил најдобар спешл тимер во синсинати (Беличек ептен се пали на спешл тим играчи и на лајнбекери) и ваљда виделе потенцијал како тркач зашто зима 3 мил годишно.
Дион Луис верувале или не е најверојатниот кат летово, со оглед дека Вајт потпиша голем договор, а Болден кој исто така е во рб групата е еден од најбитните спешл тимери. Повеќе од 5 рб нема да има во финалниот тим, така да Болден, Вајт, Буркхед, Гилисли се скоро сигурни + Девелин фулбекот тоа се 5 играчи.
За рисивери исто прилично стакнат е тимот, Кукс, Еделман, Амендола, Мичел, Хоган се сигурни + Слејтер кој го рачунаат како рисивер, ама игра спешл тим. Сепак не би ме изненадило некој од овие да лета, зашто понудија голема сума (мислам најголема на undrafted rookie) на некој рисивер, така да ако изненади може некој од овие ќе лета.
Како најголема дупка во тимот е лајнбекер, ама Беличек знае добро да ги тренира и послабите играчи, така да веројатно нема тоа да биде преголем проблем низ сезоната.