Американскиот амбасадор Пол Волерс ни порача промена на идентитетот

Член од
8 јануари 2012
Мислења
9.953
Поени од реакции
14.709
Волерс директно зборуваше за прашањето за идентитетот

25/11/2013 20:44:00
Големина на текст:

Американскиот амбасадор Пол Волерс за прв пат директно зборуваше за прашањето за идентитетот. Тој јасно покажа на судирот на менталитетите во Македонија околу начинот на самоопределување и самоидентификување на граѓаните. Според него, идентификувањето не треба да се прави врз основа на културните, верските и етничките референции, туку со визионерски вредности за една подобра заедничка иднина. На предавањето пред студентите на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, Волерс рече дека идентитетот не може да се изгради гледајќи наназад во историјата.
„Некои луѓе се обидуваат да создадат идентитет со враќање назад во историјата. И како што реков, ова е опасен начин да пристапиш кон тоа, бидејќи некои ќе се чувствуваат исклучени и многу луѓе во моментов се чувствуваат запоставени од овој пристап. Значи, имајќи ги како цел или визија вашите вредности, поуспешен и долгорочен начин, исто така многу визионерски и многу поздрав е гледањето во иднината отколку да гледаш назад во историјата“, рече Пол Волерс, амбасадор на САД.

Тој дури повлече паралели со дефиницијата на идентитетот во САД. Според него , таму сите се чувствуваат американци, без оглед на верската припадност, националност или потекло, бидејќи сите ги прифатиле визиите во основачките документи на државата кои гарантираат еднакви права за сите граѓани. За кршењето на Балканските стереотипи за самоидентификување тој предложи сеопфатни дебати на сите засегнати страни, како и поголемо будење на граѓанското општество.
„Вие сите сте од различни етнички групи и ако погледнете околу, вие сте од секаде, бидејќи ова е мултиетничка држава и тоа речиси е исто како во САД. Ние не можеме да го градиме својот идентитет како американци, врз основа на вероисповеста, какво е нашето минато, затоа што дедо ми бил Германец, баба ми била од Данска, па што сум јас? Германец или Данец? Јас сум од третата генерација во Америка, моите родители, моите чичковци се родени во Америка и можат да се нарекуваат американци. Па Македонија е во иста ситуација, мора да решите како ќе се дефинирате себе си. Значи вие треба да најдете што имате заедничко . Тоа треба да бидат ваши вредности, она што ве држи заедно. Па мислам дека за ова треба повеќе дебата“, изјави Пол Волерс – амбасадор на САД.
Ова е прв пат амбасадорот на САД да изнесе ваков став, во времето кога Македонија се чини дека ја загуби шанса да добие датум за почеток на преговорите со ЕУ. Од друга страна, не се гледа ни искра надеж во преговорите меѓу Македонија и Грција со посредство на ОН.
Башким Сулејман
http://alsat.mk/index.php/vesti/od_zemjata/5955-волерс-директно-зборуваше-за-прашањето-за-идентитетот.html
 
?

..........

Гостин
Изјавата е дадена во Тетово, каде најголем дел од рајата се со албанско етничко потекло и муслимани....

Многу добро кажано.... прочитајте подобро овој дел
„Вие сите сте од различни етнички групи и ако погледнете околу, вие сте од секаде, бидејќи ова е мултиетничка држава и тоа речиси е исто како во САД. Ние не можеме да го градиме својот идентитет како американци, врз основа на вероисповеста, какво е нашето минато, затоа што дедо ми бил Германец, баба ми била од Данска, па што сум јас? Германец или Данец? Јас сум од третата генерација во Америка, моите родители, моите чичковци се родени во Америка и можат да се нарекуваат американци. Па Македонија е во иста ситуација, мора да решите како ќе се дефинирате себе си. Значи вие треба да најдете што имате заедничко . Тоа треба да бидат ваши вредности, она што ве држи заедно. Па мислам дека за ова треба повеќе дебата“, изјави Пол Волерс – амбасадор на САД.

Сите во македонија се македонци, без разлика на нивното потекло и вера...
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073
Многу добро кажано, незнам што има тука не јасно, во Македонија има само Македонци.
 
Член од
27 мај 2013
Мислења
719
Поени од реакции
537
Чекај чекај. Читај убаво
Волерс директно зборуваше за прашањето за идентитетот


25/11/2013 20:44:00


Големина на текст:




Американскиот амбасадор Пол Волерс за прв пат директно зборуваше за прашањето за идентитетот. Тој јасно покажа на судирот на менталитетите во Македонија околу начинот на самоопределување и самоидентификување на граѓаните. Според него, идентификувањето не треба да се прави врз основа на културните, верските и етничките референции, туку со визионерски вредности за една подобра заедничка иднина. На предавањето пред студентите на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, Волерс рече дека идентитетот не може да се изгради гледајќи наназад во историјата.
„Некои луѓе се обидуваат да создадат идентитет со враќање назад во историјата. И како што реков, ова е опасен начин да пристапиш кон тоа, бидејќи некои ќе се чувствуваат исклучени и многу луѓе во моментов се чувствуваат запоставени од овој пристап. Значи, имајќи ги како цел или визија вашите вредности, поуспешен и долгорочен начин, исто така многу визионерски и многу поздрав е гледањето во иднината отколку да гледаш назад во историјата“, рече Пол Волерс, амбасадор на САД.

Тој дури повлече паралели со дефиницијата на идентитетот во САД. Според него , таму сите се чувствуваат американци, без оглед на верската припадност, националност или потекло, бидејќи сите ги прифатиле визиите во основачките документи на државата кои гарантираат еднакви права за сите граѓани. За кршењето на Балканските стереотипи за самоидентификување тој предложи сеопфатни дебати на сите засегнати страни, како и поголемо будење на граѓанското општество.
„Вие сите сте од различни етнички групи и ако погледнете околу, вие сте од секаде, бидејќи ова е мултиетничка држава и тоа речиси е исто како во САД. Ние не можеме да го градиме својот идентитет како американци, врз основа на вероисповеста, какво е нашето минато, затоа што дедо ми бил Германец, баба ми била од Данска, па што сум јас? Германец или Данец? Јас сум од третата генерација во Америка, моите родители, моите чичковци се родени во Америка и можат да се нарекуваат американци. Па Македонија е во иста ситуација, мора да решите како ќе се дефинирате себе си. Значи вие треба да најдете што имате заедничко . Тоа треба да бидат ваши вредности, она што ве држи заедно. Па мислам дека за ова треба повеќе дебата“, изјави Пол Волерс – амбасадор на САД.
Ова е прв пат амбасадорот на САД да изнесе ваков став, во времето кога Македонија се чини дека ја загуби шанса да добие датум за почеток на преговорите со ЕУ. Од друга страна, не се гледа ни искра надеж во преговорите меѓу Македонија и Грција со посредство на ОН.
Башким Сулејман
http://alsat.mk/index.php/vesti/od_zemjata/5955-волерс-директно-зборуваше-за-прашањето-за-идентитетот.html
Е сега да се паметни "нашиве", па да си искористат на готово. Нека ги користат НЕГОВИТЕ зборови. А кога ќе се бунат од Европана, слободно нека покажат со прст кон него и нека одговорат: "Тој рече."
--- надополнето: 25 ноември 2013 во 22:01 ---
Многу добро кажано, незнам што има тука не јасно, во Македонија има само Македонци
Точно (y)
 
Член од
11 ноември 2009
Мислења
2.809
Поени од реакции
2.630
Уште со формирањето на САД во 18 век,Американците се дефинираат себеси не врз основа на нивниот расен,религиски,и етнички идентитет туку врз основа на нивните заеднички вредности и верба во индивидуалните слободи.Така да нивното поимање на идентитетот е сосема различно од она по кое ние се идентификуваме
 

MamaLover

Admiral
Член од
2 март 2013
Мислења
296
Поени од реакции
304
Ние не можеме да го градиме својот идентитет како американци, врз основа на вероисповеста, какво е нашето минато, затоа што дедо ми бил Германец, баба ми била од Данска, па што сум јас?

Ма немој да ме је..ш бре,па зошто тогаш се нарекуваш Американец? а го оспоруваш моето право да се нарекувам Македонец на територија која од секогаш се нарекувала Македонија и каде живееле Македонци.

3начи тој може да се нарекува Американец но нема врска што неговите дошле од пичку материну и уништиле све домородно што затекле.
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Да си го јади газо!

Што се замараат со нас, нека си гледаат таму за себе. Нему да му речеме да си го смени името има војна да крене...... туку тоа не е ништо ново, политика и се можно.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom