Human
Explorer
- Член од
- 10 октомври 2009
- Мислења
- 12.065
- Поени од реакции
- 4.715
Добро, сепак се работи за нашите генијални новинарчиња, далеку попрецизен термин би бил "валкана" бомба.
Изворот е од викиликс, од овие кои се против владите и нивните лаги.
Да видиме што кажува:
Исламската терористичка организација “Ал Каеда“ се обидува да искористи нуклеарни материјали и да ги регрутира научниците од т.н одметнички земји за да направи “атомска бомба“, пишува во документите објавени на “Викиликс“.
Томиро Танигучи, заменик директор на Интернационалната агенција за атомска енергија, неофицијално ја предупредил Америка дека на светот му се заканува опасност од “нуклеарен 11 септември“, доколку не ги обезбедат складиштата на нуклеарните материјали од терористите.
Во доверливите документи се нагласува дека групите кои ја водат светата војна Џихад, се на работ да произведат ефикасно биолошко и хемиско оружје кое може да усмрти повеќе илјадници лица.
“Викиликс“ открива детали за меѓународната борба на глобално ниво да се спречи криумчарењето на нуклеарен, хемиски и биолошки материјал кој би можел да се употреби во производството на оружје.
На состанокот на НАТО во 2009 година, шефовите на безбедносните служби известиле одреден број земји дека “Ал Каеда“ планира да спроведе програма на подметнување на “радиоактивни експлозивни направи“ и импровизирани нуклеарни бомби на патиштата каде се движат британските војници во Авганистан.
Во документите кои биле испраќани од амбасадите на многу земји во Вашингтон, исто така се опишува како разбојничките и терористичките групи криумчареле огромни количества на радиоактивен материјал низ Европа, Африка и Блискиот Исток.
Извор