Ал Каеда подготвува атомска бомба

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
11.159
Поени од реакции
3.486
Добро, сепак се работи за нашите генијални новинарчиња, далеку попрецизен термин би бил "валкана" бомба.

Изворот е од викиликс, од овие кои се против владите и нивните лаги.

Да видиме што кажува:


Исламската терористичка организација “Ал Каеда“ се обидува да искористи нуклеарни материјали и да ги регрутира научниците од т.н одметнички земји за да направи “атомска бомба“, пишува во документите објавени на “Викиликс“.

Томиро Танигучи, заменик директор на Интернационалната агенција за атомска енергија, неофицијално ја предупредил Америка дека на светот му се заканува опасност од “нуклеарен 11 септември“, доколку не ги обезбедат складиштата на нуклеарните материјали од терористите.

Во доверливите документи се нагласува дека групите кои ја водат светата војна Џихад, се на работ да произведат ефикасно биолошко и хемиско оружје кое може да усмрти повеќе илјадници лица.

“Викиликс“ открива детали за меѓународната борба на глобално ниво да се спречи криумчарењето на нуклеарен, хемиски и биолошки материјал кој би можел да се употреби во производството на оружје.

На состанокот на НАТО во 2009 година, шефовите на безбедносните служби известиле одреден број земји дека “Ал Каеда“ планира да спроведе програма на подметнување на “радиоактивни експлозивни направи“ и импровизирани нуклеарни бомби на патиштата каде се движат британските војници во Авганистан.

Во документите кои биле испраќани од амбасадите на многу земји во Вашингтон, исто така се опишува како разбојничките и терористичките групи криумчареле огромни количества на радиоактивен материјал низ Европа, Африка и Блискиот Исток.


Извор
 

Принцезичка

courage is contagious
Член од
12 декември 2008
Мислења
1.556
Поени од реакции
348
Валкана бомба и атомска бомба се две различни работи , валканата бомба содржи радиоактивен материјал плус експлозив а атомската си знаете :) . Џихадистите планирале да го употребат во авганистан , покасно ќе го ставам оргиналнит кабел чим ќе го најдам .
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
11.159
Поени од реакции
3.486
Валкана бомба и атомска бомба се две различни работи , валканата бомба содржи радиоактивен материјал плус експлозив а атомската си знаете :) . Џихадистите планирале да го употребат во авганистан , покасно ќе го ставам оргиналнит кабел чим ќе го најдам .
И атомската бомба содржи експлозив, со цел да ги упати неутроните кон ураниумот или плутониумот. :)
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.977
Поени од реакции
5.723
За тие АЛ Каеда што не се изнаслушав, се подготвувале они...
Што се они некоја менаџмент компанија ?
А организираат ли музички настани ?
 
Член од
1 март 2008
Мислења
1.396
Поени од реакции
1.050
a Osama dali vsusnost ne e Obama ???? Hmmm .. interesna koincidencija na tipovi so ista boja na kozata i nogu slicni iminja .... love em how they play this game :*

 
  • Ми се допаѓа
Reactions: fmi

Македонец

мразам патетика во натпис
Член од
12 февруари 2007
Мислења
3.928
Поени од реакции
3.807
И после Викиликс не биле дело на ЦИА...хаха абе ај...вака бркаа вештерки во време на Буш,сега мораа пософистицирано,па го измислија Викиликс...браво за америте:vozbud:
 

pumaval

Дрвен Адвокат
Член од
5 септември 2008
Мислења
1.479
Поени од реакции
598
Шче го пукамо у америкооо...
ќе имаме среќа да го гледаме вашинготн у пепел?
 
Член од
12 април 2010
Мислења
1.602
Поени од реакции
888
1.Информирајте се што е Џихад и света војна.
2. Џихад не се води на овој начин.
3. Секој просечно интелигентен човек без разлика на верска и национална припадност знае дека Ал Каеда е американска измислена институција за создавање непријатели во светот,вистинската Ал Каеда е многу поразлична од оваа што е медиумски создадена

Поздрав.
 

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.442
Ал Каеда не постои.
Следствено на тој едноставен факт, не може да подготви,скува,свари или снесе никаква бомба.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom