Алфа статус (Read only)

Статус
Затворена за нови мислења.
L

Lu

Гостин
Како се станува АЛФА

“Моето куче само што се обиде да ме гризне! А само му реков да се потргне за да можам да седнам до него на каучот.”

"Мојата кучка се нафрли на кантата за отпадоци и кога ја искарав, р’жеше на мене. Што не е во ред со неа? Мислев дека ме сака!”

"Нашето куче многу не' сака и нежен е према нас, ама кога ќе се обидеме да го придобиеме да направи нешто што не му е по ќејф, чкрапа со забите и се обидува да не гризне”

Што е заедничко за овие три кучиња?
Дали се лошковци или се навистина зли?
Не – тие се “алфа”. Го превземале водството во семејствата. Наместо да ги слушаат наредбите на своите луѓе, овие кучиња даваат наредби!
Вас вашето куче може многу да ве сака па сепак да се обиде да доминира со вас или со останатите членови на семејството.

Кучињата се општествени битија и веруваат во општествен поредок. Општествениот систем на кучињата е “глутница” со точно утврдена хиерархија. Водачот на глутницата е алфа, поглавица, главен шеф. Тој (или таа) добиваат најдобро од се` – најдобрата храна, најдоброто место за спиење, најдобрата играчка, итн. Водачот е исто така прв во се` – прв јаде, прв заминува и прв го придобива туѓото внимание.
Сите останати кучиња во глутницата ги почитуваат желбите на алфа кучето.
Секое куче кое ќе го предизвика авторитетот на алфата добива брза опомена како подсетување кое е навистина неговото место во глутницата.

Вашето семејство е “глутницата” на вашето куче.
Повеќето кучиња лесно се вклопуваат во пониските хиеарарсиски нивоа на своите човечки глутници и не “подигаат бранови”. Го прават тоа што ќе им се каже и не го предизвикуваат авторитетот. Останатите кучиња не се вклопуваат баш така добро. Некои од нив се родени водачи и секогаш ги предизвикуваат своите алфи во човечки облик. Други пак кучиња не се искачуваат на општественото скалило – тие секогаш бараат начин како да се качат малку погоре на семејното скалило. Овие природни водачи и качувачи на општественото скалило можат да станат проблем на семејството кое ништо не сомнева и не е свесно за природниот глутнички инстинкт на кучето.

Некои семејства ги потикнуваат своите кучиња да ја превземат “глутницата”, а да не се ни свесни за тоа. Према своите кучиња се однесуваат како рамноправни на себе, а не како на подредени. Им даваат посебни привилегии, како што е дозволата да спијат на креветот или каучот. Не ги тренираат своите кучиња и им дозволуваат неказнети да се извлечат од ситуација кога не ја послушале наредбата. Во вистинската глутница на кучиња таков третман не би имал никој сем алфа кучето. Алфата нема никаква врска со големината на кучето. И најситното кученце од расата чивава може да биде кучешки Хитлер.
Всушност, што е кучето помало, се почеста е тенденцијата луѓето да ги третираат како бебиња и да ги размазуваат со храна – што на кучето му овозможува да се чувствува уште подоминантно и да своите луѓе ги има под уште построга контрола.

Алфа кучињата се често многу добри домашни миленици. Доверливи се, попаметни од просекот и многу отворено ја покажуваат својата љубов. Можат да бидат прекрасни према децата и добри према непознатите луѓе. Изгледа дека е се` во најдобар ред со нивниот однос према луѓето – се додека некој не ги налути или ги принуди да направат нешто што не сакаат. Тогаш, одеднаш, тоа прекрасно куче ќе почне да р’же или ќе се обиде некого да гризне и никој не разбира зашто.

Во вистинската глутница на кучиња, алфа кучето не мора на никого да одговара. Никој не му издава наредби, ниту пак му кажува што да прави. Останатите кучиња во глутницата ја почитуваат неговата положба. Ако некое друго куче е доволно глупаво да го предизвика алфата обидувајќи се да му ја одземе неговата коска или да го присвои неговото место за спиење, алфа кучето брзо ќе го врати на неговото место со остар поглед или р’жење. Ако тоа не функционира, алфа кучето своето водстсво ке го наметне со заби. Се` е тоа потполно природно, инстиктивно однесување – во кучешкиот свет. Во човечкото семејство, сепак, таквото однесување е неприфатливо и опасно.

На кучињата им требаат и сакаат водачи. Тие имаат инстиктивна потреба да се вклопат во глутница. Сакаат да бидат сигурни да знаат каде е нивното место и што од нив се очекува. Повеќето од нив не сакаат да бидат алфа – тие сакаат некој друг што ќе издава наредби и ќе донесува одлуки. Ако нивните луѓе не обезбедат такво водство, кучињата сами ке ја превземат таа улога. Ако сте му дозволиле на вашето куче да биде алфа, во негова сте милост или немилост, а како водач тој може да биде или добронамерен крал или тиранин!

Ако мислите дека вашето куче е алфа во вашето семејство, тој веројатно и е. Ако вашето куче почитува само еден или два члена од семејството и доминира над останатите, сеуште имате проблем. Местото на кучето мора да биде на самото дно на глутничкиот поредок на вашето семејество, никако не на врвот или некаде на средината.

За да го вратите оправданото место во вашето семејство како водач на глутницата, вашето куче мора да добие лекција, односно своето куче мора да го научите како да биде подредено, а не рамноправно. Вие ке му покажете што значи повторно да се биде куче. Мајката на вашето куче му покажала многу рано во животот дека таа е алфа и тој морал да ја почитува. Како кутре, добил сигурно место во глутницата на своето легло и благодарејќи на таа сигурност можел слободно да се сконцентрира на растење, учење, игра, љубов, на тоа дека тој е само куче.
Вашето куче навистина не сака одговорност која ја носи статусот на алфата, не сака да донесува одлуки и да ја брани својата положба на врвот. Тој сака водач кој ке го следи и обожува, како повторно би бил слободен да биде само куче.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom