Алистер Кроули

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
15 април 2009
Мислења
130
Поени од реакции
37


Роден како Едвард Александер Кроули, (
12 октомври 1875 – 1 декември 1947), бил британски окултист, писател, планинар, поет, и јоги. Бил важен член на неколку окултни организации, вклучувајќи ги Златна зора, А∴А∴, и Ордо Темпли Ориентис (О.Т.О.), а денес е најпознат по неговите окултни текстови, посебно „Книга на законот“, главниот свет текст на Телема.
Стекнал лош глас за време на животот, и бил наречен "Најпорочен човек на светот".

Кроули исто така бил сликар, астролог, хедонист, бисексуалец, и добар шахист, потоа експериментатор со дрога, и критичар на општеството. Самиот за себе велел дека е масон.

* * * *



Во 1920 година, во малото сицилијанско место Чефалу, Кроули го основал манастирот на Телема. Името е позајмено од сатирата "Гаргантуа" на Рабле, каде "Манастирот на Телема" е опишан како еден вид анти-манастир во кој неговите жители живеат не според закони и правила, туку прават "што им е волја и задоволство". Оваа идеалистичка утопија била модел за комуната на Кроули, но исто така била еден вид школо за магија, Колеџ на Светиот Дух. Општата програма овде била во склад со курсевите на тајниот ред А∴А∴. Вклучувала секојдневно обожување на Сонцето, учење од книгите на Кроули, редовни јога и ритуални практики, како и одработување на секојдневните обврски. На Сицилија Алистер го постигнал највисокото ниво на просветлување.
Фашистичката влада на Мусолини го укинала манастирот и го избркала Кроули од земјата кон крајот на април 1923 година, па Кроули продолжува да скита по светот и да проповеда. И денес селаните од Сицилија тој период го нарекуваат "време на вештерки".

* * * *



За него, магика е наука и уметност за предизвикување промени во согласност со волјата, а секој намерен акт е магиски акт. Оттаму, произлегуваат и поуките:

"Прави што ти е волја, и тоа нека биде цел Закон."
"Љубовта е закон, закон под волјата."
"Секој човек и секоја жена е ѕвезда."


Дали сте знаеле дека: Абракадабра или Абрахадабра е збор кој за првпат јавно се појавува во „Книга на Законот“, главниот свет текст на Телема. Нејзиниот автор, Алистер Кроули, го опишал зборот како „збор на новиот Еон, кој означува дека е завршена големата работа.“ Според тоа, Абракадабра е „магиска формула“ на новиот век.



На арамејски јазик овој збор грубо преведен значи: „Творам како што зборувам.“


 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
А бе имав слушнато за типов ама не знаев дека бил толку забеган :toe:.
 

faraon

БОГ
Член од
31 јануари 2007
Мислења
18.371
Поени од реакции
21.915
Искрено прв пат слушам за човекот...:toe:
 
Член од
15 април 2009
Мислења
130
Поени од реакции
37
Книги што ги има на македонски во нашите книжарници:


  • Магика Без Солзи -Алистер Кроули
  • Атлантида -Алистер Кроули
  • Осум лекции за Јога -Алистер Кроули
  • Законот е за Сите -Алистер Кроули
  • Преку Понорот -Алистер Кроули
  • Книга на Законот -примена од Алистер Кроули
  • Мали Есеи за Вистината -Алистер Кроули
Кроули во својот живот како магичар и окултист е тоа што се објави јавно. Успеа да ја спаси магиката да не потоне од и во догмата и ја спаси од луѓето... Ги објави Ритуалите, ги објави Тарот картите или Книгата на Тот( Симболичка репрезентација на Универзумот), ги прочисти старите симболи и со тоа продолжи со засилена струја да се создава новото време...
Мислам дека Кроули се водеше со онаа негова мисла "Човештвото пред Се"... Кој е низок, ќе остане низок и подмолен, Дај им се и ќе им го видиш умот... Проста, но делотворна метода...
Според него тајните се за никаквеците...за да се криат зад своите симболи... Но Кроули го реши тоа, го обвинија прво дека е предавник, па му дадоа заклетви за да најпосле стане O.H.O.-Outer Head of the Order на О.Т.О.(Надворешен Водач на Редот) и да го признаат како Водач...
По традиција О.Т.О. влече свои спиритуални корени од основањето на Редот на Витези Темплари во 1108. Поисториски негови најблиски претходници (според Алистер Кроули) се Розенкројцерски Редови од 18 век. Иницијалните конференции кои, всушност, доведоа до формирање на О.Т.О. како модерна организација беа одржани во 1895 во Европа. Овие конференции доведоа до издавање на журналот The Oriflamme, што подоцна ќе стане официјален журнал на О.Т.О. во 1902. Конституциите на О.Т.О. беа отпечатени во 1906, а неговиот Manifesto беше првпат издаден во САД во 1919.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
По традиција О.Т.О. влече свои спиритуални корени од основањето на Редот на Витези Темплари во 1108.
Гнасна лага кај масоните па и овај шарлатанов им ја присвојува историјата.
Какви спиритуални корени бре леле ќе рипнам од банкина на асфалт.
Витезите темплари биле калуѓери на католичката црква, и не правеле никакви окултни обреди, се збогати Ден Браун и другите како него пишувајќи глупости за нив :toe:.
 
Член од
15 април 2009
Мислења
130
Поени од реакции
37
Alister Krouli vo najmala raka }e bide zapameten kako najgolem okulten genij na 20 vek. Vo Knigata na Zakonot e imenuvan kako Prorok na Noviot Eon. Toj e enormno produktiven kako pisatel, negovite sopstveni dela pretstavuvaat najdobar vodi~ do negoviot kontroverzen karakter. Negovite biografi ne uspeaja da ja dolovat negovata su{tina, duri i vo slu~ajot koga ne bea premnogu neprijatelski nastroeni. Kroulievoto vlijanie vrz moderniot okultizam e neprocenlivo, toa prodira vo sekoja Zapadna okultna {kola. Ovaa kolekcija na dokumenti, koja e mal del od negoviot kni`even opus, mu dava duri i na noviot ~itatel osobena impresija za Krouli.
O.T.O. praktikuva joga, meditacija, ceremonijalna Magika, kabala, divinacija i srodni disciplini od Zapadnata tradicija na Misterii. centralen glaven {tab, dolgo vreme centriran vo Berkli, Kalifornija
Stepenite na Redot, koi se opi{ani vo nekolku dokumenti od Redot vklu~eni vo ova izdanie, se izveduvaat na ceremonijalen na~in. Strukturata na Stepenite korespondira so Hindu sistemot na ^akri koj e prika`an na pove}e mesta vo ova izdanie. Taka serijata stepeni od ^ovek na Zemjata celosno go aktivira spiritualnoto telo na Iniciraniot.
Pokraj ritualite od Stepenite, brojni tela na Redot regularno ja izveduvaat Gnosti~kata Misa na O.T.O. , koja isto taka e prisutna . Zna~eweto na Misata vo ramkite na O.T.O. najdobro e ilustrirana vo Ispovedite na Krouli, kade {to toj go narekuva ovoj ritual; "centralna ceremonija na negovata (od Redot) javna i privatna proslava."
Prvata pi{ana literatura za Tradicijata na Gralot se pojavi re~isi istovremeno so osnovaweto na Redot na Templarite. Templarskiot fenomen sigurno gi inspirira podocne`nite avtori kako Wolfram von Eschenbach, ~ij Parsifal napi{an kon krajot na 13 vek, go otkriva simbolizmot na lamenot od O.T.O. Prvata publikacija na Parzival vo pe~atena forma vo 1477 blisku korespondira so voveduvaweto na Tarotot vo Evropa. Tarotot vklu~uva, me|u bogatite ni{ki od svojata tapiserija, sovr{en slikovit prikaz na simbolite od Gralot. Interesno e {to Sv.Bernard i negoviot Cisterikanski Red se prifateni od Pauline Matarasso vo Potraga po Svetiot Gral kako izvor na mona{ki napatstvija koi mu se dadeni na prislu`nicite na Gralot. Belite ode`di na monasite, nivnata dosledna izolacija kako pustinici i doblestite koi mu gi predavaat na Vitezite se ~ista Cisterikanska doktrina.
 

KeleS

insolitus res
Член од
22 јануари 2008
Мислења
734
Поени од реакции
57
Виножито заборави дека и „ Дневникот на Уживателот на Дроги “ е достапна на македонски ... Иначе ке ве остам да навлезите во темата па ке коментирам ... Али досега веке видов неколку тврдења тука кои ми пречат како цело .
 

Manga

Golem alat
Член од
21 април 2006
Мислења
7.656
Поени од реакции
4.713
[FONT=Verdana, Arial, Helvetica, sans-serif]Crowley умре опкружен со само неколку пријатели и посветени ученици кои го поддржуваа. Тој експериментираше со опиум, лауданум, хашиш и со неколку други дроги, но хероинот му беше препишан од неговиот доктор како единствен тогаш познат лек за проблемите со астмата која долго време го измачуваше. Неговите погледи за дрогите и методот за лекување на луѓето од навиката е опишан во неговата новела Дневникот на Уживателот на Дрога, која делумно е автобиографија на Кроулиевата употреба на дроги како и на некои од неговите ученици.
Crowley го истроши своето богатство после публикацијата на The Equinox, и доста години живееше помаган од неговите пријатели и ученици. Она малку што му остана го изгуби во судењето со Nina Hammnett во 1936, обидувајќи да ја одбрани својата чест и да ја убеди јавноста дека тој не е "најзлобниот човек на светот". На таа репутација денес можеме да се смееме, но му нанесе голема штета на многу негови проекти во тогашно време. Колку и да е фасцинантен животот на Crowley, исто толку е трагичен што еден од најважните луѓе во овој век (навистина тој инспирира цела генерација на уметници, рок музичари, филм мејкери и писатели) никогаш нема да го види продолжувањето на неговото дело. Генерациите кои следеа не го заборавија стариот пророк и неговото Дело е продолжено сега со повеќе следбеници од колку што имал Crowley во негово време. Неговата цел за воспоставување на Новиот Еон успева. Секој ден нови луѓе се привлечени од списите и филозофијата на Кроули и во текот на следните неколку генерации, никој веројатно нема да рече дека не слушнал за Aleister Crowley.
[/FONT]
Aleister Crowley е можеби еден од најнеобичните личности за кој сум читал ... тврдел дека има контакт со други цивилизации , дека бил во друга димензија ... инспирацја за многу научници ,меѓу кој Џек Парсонс ..кој за Aleister рекол дека му бил идол и ментор ...
Тој за себе тврдел дека е Антихристот .. имал огромни познавања во црната магија , алхемијата , окултизмот , бил медиум ... и оцновач на познатата група ОТО од калифорнија .која за цел имала да ги искористи влијанието на мрачните сили и познавањето од окултизмот ..
Има многу да се пишува за овој човек ... ја имам неговата биографија .. ама ја немам целосно прочитана ...во секој случај ..интересна личност за дискутирање.
 
Член од
15 април 2009
Мислења
130
Поени од реакции
37
www.geocities.com/trinu_camp/thelema/alister.html


[FONT=Verdana, Arial, Helvetica, sans-serif]Crowley умре опкружен со само неколку пријатели и посветени ученици кои го поддржуваа. Тој експериментираше со опиум, лауданум, хашиш и со неколку други дроги, но хероинот му беше препишан од неговиот доктор како единствен тогаш познат лек за проблемите со астмата која долго време го измачуваше. Неговите погледи за дрогите и методот за лекување на луѓето од навиката е опишан во неговата новела Дневникот на Уживателот на Дрога, која делумно е автобиографија на Кроулиевата употреба на дроги како и на некои од неговите ученици.
Crowley го истроши своето богатство после публикацијата на The Equinox, и доста години живееше помаган од неговите пријатели и ученици. Она малку што му остана го изгуби во судењето со Nina Hammnett во 1936, обидувајќи да ја одбрани својата чест и да ја убеди јавноста дека тој не е "најзлобниот човек на светот". На таа репутација денес можеме да се смееме, но му нанесе голема штета на многу негови проекти во тогашно време. Колку и да е фасцинантен животот на Crowley, исто толку е трагичен што еден од најважните луѓе во овој век (навистина тој инспирира цела генерација на уметници, рок музичари, филм мејкери и писатели) никогаш нема да го види продолжувањето на неговото дело. Генерациите кои следеа не го заборавија стариот пророк и неговото Дело е продолжено сега со повеќе следбеници од колку што имал Crowley во негово време. Неговата цел за воспоставување на Новиот Еон успева. Секој ден нови луѓе се привлечени од списите и филозофијата на Кроули и во текот на следните неколку генерации, никој веројатно нема да рече дека не слушнал за Aleister Crowley.
[/FONT]
 

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566

За него, магика е наука и уметност за предизвикување промени во согласност со волјата, а секој намерен акт е магиски акт. Оттаму, произлегуваат и поуките:
"Прави што ти е волја, и тоа нека биде цел Закон."
"Љубовта е закон, закон под волјата."
"Секој човек и секоја жена е ѕвезда."
Би била благодарна ако некој ми ги протумачи поконкретно овие постулати, односно ако ми одговори на прашањата:

-Ако љубовта е закон под вољата, тоа значи дека се наоѓа под, односно е помалку вредна/важна од Законот на личната воља? Значи, има ли таква градација во случајов?

-Дали она прави што ти е воља, значи дека, се буквално се, што правам е сосема во ред и потпаѓа под Законот, мојот закон?

-Ако секој е ѕвезда, дали јас имам одговорност само кон својата ѕвезда, или и за кон ѕвездите на другите?
Дали се што правам и сметам дека ја засилува мојата ѕвезда е оправдано само по себе, и не е важно дали со тоа се загрозува некоја туѓа ѕвезда?
 
Член од
15 април 2009
Мислења
130
Поени од реакции
37
"Прави што ти е волја, и тоа нека биде цел Закон." Јас мислам дека волјата овде не се толкува како волја во категоричка смисла на зборот туку се мисли на бесконечната интелегенција -господ, значи според мое мислење Прави што ти е налага господ и тоа нека биде цела вистина или закон- следи го патот
"Љубовта е закон, закон под волјата." овде пак мое мислење е дека ако ја нема целината ја нема ни љубовта значи ако универзалната енергија е број еден а по неа е љубовта која се подредува на таа интелегенција или бескрајна целина во која постоиме
"Секој човек и секоја жена е ѕвезда." Е сега знаеме каде светат звездите а секој човек и жена треба таму да светнат и да бидат чисти ,свесни и поврзани со едното во секој миг од овој краткометражен филм наречен живот.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: ada

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Цитативе од Алистер ти се или рандом, како каковбил одговор?
 
Член од
24 ноември 2008
Мислења
1.035
Поени од реакции
44
"Прави што ти е волја, и тоа нека биде цел Закон." Јас мислам дека волјата овде не се толкува како волја во категоричка смисла на зборот туку се мисли на бесконечната интелегенција -господ, значи според мое мислење Прави што ти е налага господ и тоа нека биде цела вистина или закон- следи го патот
"Љубовта е закон, закон под волјата." овде пак мое мислење е дека ако ја нема целината ја нема ни љубовта значи ако универзалната енергија е број еден а по неа е љубовта која се подредува на таа интелегенција или бескрајна целина во која постоиме
"Секој човек и секоја жена е ѕвезда." Е сега знаеме каде светат звездите а секој човек и жена треба таму да светнат и да бидат чисти ,свесни и поврзани со едното во секој миг од овој краткометражен филм наречен живот.
Мислиш ама немислиш абе ти абер немаш море каков господ какви бакрачи,ако некој пише прави по воља,значи по сопствена воља нигде јас не прочитав прави по божја воља глуп :tapp:
 
R

RAYTHEON23

Гостин
"Прави што ти е волја, и тоа нека биде цел Закон." Јас мислам дека волјата овде не се толкува како волја во категоричка смисла на зборот туку се мисли на бесконечната интелегенција -господ, значи според мое мислење Прави што ти е налага господ и тоа нека биде цела вистина или закон- следи го патот
"Љубовта е закон, закон под волјата." овде пак мое мислење е дека ако ја нема целината ја нема ни љубовта значи ако универзалната енергија е број еден а по неа е љубовта која се подредува на таа интелегенција или бескрајна целина во која постоиме
"Секој човек и секоја жена е ѕвезда." Е сега знаеме каде светат звездите а секој човек и жена треба таму да светнат и да бидат чисти ,свесни и поврзани со едното во секој миг од овој краткометражен филм наречен живот.
сега еднаш краткотраен филм еднаш пази бескрајна целина:tapp::tapp: која е таа универзална енергија???

Гнасна лага кај масоните па и овај шарлатанов им ја присвојува историјата.
Какви спиритуални корени бре леле ќе рипнам од банкина на асфалт.
Витезите темплари биле калуѓери на католичката црква, и не правеле никакви окултни обреди, се збогати Ден Браун и другите како него пишувајќи глупости за нив :toe:.
БРАВО!!!!!

иако не напрај малку хендикепирани нас атеистите:pos2::pos2:

ама ова го разбрав:vozbud:
 
C

Cool Hand Luke

Гостин
"Прави што ти е волја, и тоа нека биде цел Закон." Јас мислам дека волјата овде не се толкува како волја во категоричка смисла на зборот туку се мисли на бесконечната интелегенција -господ, значи според мое мислење Прави што ти е налага господ и тоа нека биде цела вистина или закон- следи го патот
"Љубовта е закон, закон под волјата." овде пак мое мислење е дека ако ја нема целината ја нема ни љубовта значи ако универзалната енергија е број еден а по неа е љубовта која се подредува на таа интелегенција или бескрајна целина во која постоиме
"Секој човек и секоја жена е ѕвезда." Е сега знаеме каде светат звездите а секој човек и жена треба таму да светнат и да бидат чисти ,свесни и поврзани со едното во секој миг од овој краткометражен филм наречен живот.
Тоа е многу убав личен превод Виножито, секој човек да ги остварува своите желби имајќи свест за Бога, само се плашам дека за Кроули работите биле многу субјективни :) барем од она што сум читал за него, бил еден вид сатанист, а нив им се важни најегоистичките и најживотинските желби... но којзнае. На крајот на краиштата и он бил само човек, тешко исфрустриран од „обичниот’’ живот, но човек.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom