- Член од
- 15 април 2009
- Мислења
- 130
- Поени од реакции
- 37
Роден како Едвард Александер Кроули, (12 октомври 1875 – 1 декември 1947), бил британски окултист, писател, планинар, поет, и јоги. Бил важен член на неколку окултни организации, вклучувајќи ги Златна зора, А∴А∴, и Ордо Темпли Ориентис (О.Т.О.), а денес е најпознат по неговите окултни текстови, посебно „Книга на законот“, главниот свет текст на Телема.
Стекнал лош глас за време на животот, и бил наречен "Најпорочен човек на светот".
Кроули исто така бил сликар, астролог, хедонист, бисексуалец, и добар шахист, потоа експериментатор со дрога, и критичар на општеството. Самиот за себе велел дека е масон.
* * * *
Во 1920 година, во малото сицилијанско место Чефалу, Кроули го основал манастирот на Телема. Името е позајмено од сатирата "Гаргантуа" на Рабле, каде "Манастирот на Телема" е опишан како еден вид анти-манастир во кој неговите жители живеат не според закони и правила, туку прават "што им е волја и задоволство". Оваа идеалистичка утопија била модел за комуната на Кроули, но исто така била еден вид школо за магија, Колеџ на Светиот Дух. Општата програма овде била во склад со курсевите на тајниот ред А∴А∴. Вклучувала секојдневно обожување на Сонцето, учење од книгите на Кроули, редовни јога и ритуални практики, како и одработување на секојдневните обврски. На Сицилија Алистер го постигнал највисокото ниво на просветлување.
Фашистичката влада на Мусолини го укинала манастирот и го избркала Кроули од земјата кон крајот на април 1923 година, па Кроули продолжува да скита по светот и да проповеда. И денес селаните од Сицилија тој период го нарекуваат "време на вештерки".
За него, магика е наука и уметност за предизвикување промени во согласност со волјата, а секој намерен акт е магиски акт. Оттаму, произлегуваат и поуките:
"Прави што ти е волја, и тоа нека биде цел Закон."
"Љубовта е закон, закон под волјата."
"Секој човек и секоја жена е ѕвезда."
Дали сте знаеле дека: Абракадабра или Абрахадабра е збор кој за првпат јавно се појавува во „Книга на Законот“, главниот свет текст на Телема. Нејзиниот автор, Алистер Кроули, го опишал зборот како „збор на новиот Еон, кој означува дека е завршена големата работа.“ Според тоа, Абракадабра е „магиска формула“ на новиот век.
На арамејски јазик овој збор грубо преведен значи: „Творам како што зборувам.“