Алиментација

Член од
1 мај 2021
Мислења
14
Поени од реакции
7
Backstory... Моите се разведени од дамна, и со татко ми немам контакт исто долго време. На документот од развод убаво си пишува дека таткото е задолжен да плати по 3000 денари секој месец, но јас од тоа немам видено ништо.. Разговарав со моите за истово, добив само: "Сега си полнолетен, ти си знаеш."
За ова имам неколку прашања..
Може воопшто да поднесам тужба? 15+ години не се исплатени.
Дали може да ме заебат и да добијам тужба назад за X причина? Дека нели, Македонија е.
Се на се, колку би било потребно да се плати од моја страна за адвокати итн...
Поздрав и пријатна вечер! :)
 
Член од
4 јануари 2008
Мислења
2.341
Поени од реакции
4.951
Наравоучение - Мажите се ебани во секоја смисла на постоење и егзистенција.
 
Не па кога сум размислил за парите, одлука е да се вложат во студирањето.
 
Член од
4 јануари 2008
Мислења
2.341
Поени од реакции
4.951
Не па кога сум размислил за парите, одлука е да се вложат во студирањето.
Зошто не си одржувал контакт со татко ти?
Не напаѓам само прашувам. Самиот тој се дистаницирал од вас или си имал притисок и насилно си бил одтргнат да не се гледаш со него?
 
Член од
1 мај 2021
Мислења
14
Поени од реакции
7
Зошто не си одржувал контакт со татко ти?
Не напаѓам само прашувам. Самиот тој се дистаницирал од вас или си имал притисок и насилно си бил одтргнат да не се гледаш со него?
Јас од секогаш сум пробувал да одржам контакт, но тој упорно го гасеше телефонот кога "требаше да се видиме" и кога ја носев ваквата случка во муабет (со гасењето на телефон, избегнување), вината беше пренесена на мене НЕКАКО по негов памет.. Мајка ми пробувала да се договорат кога сум бил мал да отворат книшка за штедење, стварно не знам како се викаат - ништо од тоа. Од толку што сум пробувал да одржам контакт дошло и до раководители да разговараат со него секако, кога уште бев во училиште..
Не напаѓам само прашувам.
Немај гајле, не те разбрав погрешно. :)
 
J

joli1

Гостин
Имам скоро па идентична случка, кај мене се у прашање неколку илјади евра неплатена алиментација.

Тужевме, го добивме, префрли се од имот на туѓо име и работа на црно па практички е невозможно да му се земат парите.

На крај доби дури и пресуда за у затвор и тоа неколку пати, ама ете, поради некои познанства што ги има по судовите сеуште не лежи нити веројатно ќе лежи затвор бидејќи му ги кријат пресудите.

Не знам што би ти препорачал искрено, според мене најдобро е да пробаш да го контактираш и да разговараш со него на оваа тема, а во случај да одбие да ти плаќа тогаш да го тужиш, иако ниту тоа во оваа држава не е гаранција дека ќе ги добиеш парите што ти следуваат.

Зошто не си одржувал контакт со татко ти?
Не напаѓам само прашувам. Самиот тој се дистаницирал од вас или си имал притисок и насилно си бил одтргнат да не се гледаш со него?
Има разни татковци. Некои дури и не заслужуваат да ги нарекуваш татко.

btw, не капирам што е смешно у врска со постов на дечково што му имате ставено хаха emoji, искрено никому не би му посакал образованието или егзистенцијата да му зависи од пари кои што му следуваат, а истите не може да ги добие.
 
Член од
4 јануари 2008
Мислења
2.341
Поени од реакции
4.951
btw, не капирам што е смешно у врска со постов на дечково што му имате ставено хаха emoji, искрено никому не би му посакал образованието или егзистенцијата да му зависи од пари кои што му следуваат, а истите не може да ги добие.
Смешно во смисла што OP инцијална помисла е дека татка си сака да го гледа како финансиска цицка за искористување. Не си го видел 15год а очекуваш да измолзиш добра сума на пари за X ствари.
Настрана што ете таткото бил ѓубре.

90% од случаевите татковците се тие кои се искористени фрлени и заборавени. Познавам еден се разведе имајќи две мали деца (reasons unknown). Децата и жена му се преселија во друг град. Овај кога беа помлади ги гледаше еднаш-двапати месечно за викенди. Целосна финансиска подршка, школување, сакам Плејстешн, сакам бицикла, сакам екскурзија, сакам моторче, сакам 60.000ден. лаптоп.
За децата беше тоа, Free Pass за материјални задоволства. Ако не ми купуваш - Не ме сакаш - PERIOD!
Мајката целосно ослободена од финансиска грижа за своите деца.
По некое време пораснаа, инсинурани од мајкава почнаа и да не се гледаат. Сега двете децава се полнолетни во рани 20ти години. Вработени, самостојни.
Мислам дека немаат контакт со татко им добри 3-4 години. Избришан од FB и све остало. Одвреме на време ќе види нивна слика по социјални мрежи преку остала фамилија, ќе чуе како детето му се верило....
 
Член од
3 март 2020
Мислења
2.413
Поени од реакции
5.063
На документот од развод убаво си пишува дека таткото е задолжен да плати по 3000 денари секој месец, но јас од тоа немам видено ништо
Требало мајка ти да тужи со време и да си бара судска правда, сега после толку години, не знам дали можеш ти лично да добиеш. Алиментација се пари што треба мајката да ги добие за да го издржува детето
 
Член од
7 декември 2019
Мислења
4.633
Поени од реакции
8.205
Backstory... Моите се разведени од дамна, и со татко ми немам контакт исто долго време. На документот од развод убаво си пишува дека таткото е задолжен да плати по 3000 денари секој месец, но јас од тоа немам видено ништо.. Разговарав со моите за истово, добив само: "Сега си полнолетен, ти си знаеш."
За ова имам неколку прашања..
Може воопшто да поднесам тужба? 15+ години не се исплатени.
Дали може да ме заебат и да добијам тужба назад за X причина? Дека нели, Македонија е.
Се на се, колку би било потребно да се плати од моја страна за адвокати итн...
Поздрав и пријатна вечер! :)
Во основа е односот меѓу тебе и татко ти!
Стави на вага што ќе добиеш со тужбата, материјално и морално, версус што ќе изгубиш!
После остај некое време да одлежи одлуката и види дали вреди тоа. Ако те оставил така сам да пливаш низ животот, остај го и ти него сам да се носи со неговата одлука.
Никакви пари, судови и судски решенија нема да ти ја надокнадат татковската грижа.
Ова што го заговараш е освета, вреди ли? Имај на ум дека и твоето идно потомство ќе ја знае историјата, ќе треба да ја објаснуваш одлуката не еднаш и не во најдобро време.
 
D

Deleted member 12196

На кого гласи решението за исплата на алиментација? Дали на детето (т.е. на тебе) или на мајката? Мислам дека не ќе имаш правна основа за тужба (претпоставувам дека алиментацијата треба да се исплаќа на мајката), но сепак разговарај со некој искусен (и чесен) адвокат.
 
Член од
1 мај 2021
Мислења
14
Поени од реакции
7
Смешно во смисла што OP инцијална помисла е дека татка си сака да го гледа како финансиска цицка за искористување. Не си го видел 15год а очекуваш да измолзиш добра сума на пари за X ствари.
Ова го разговарав преку PM со член на форумов. Правда на друг начин (за мене) нема, со оглед на тоа што кога паднал муабет со ликот како "не сме се гледале" , вината била префрлена на мене, јас сум бил "ѓубре" and other unfolded events. Можеби во овој случај стварно би испаднал ѓубре, и сам признавам. Но, како што младиве од кај нас си мислат "ејј какво колиште ке земам за ____ пари" или друго, јас барем сум одлучил на нешто што стварно имам потреба, наведено погоре..
Требало мајка ти да тужи со време и да си бара судска правда, сега после толку години, не знам дали можеш ти лично да добиеш. Алиментација се пари што треба мајката да ги добие за да го издржува детето
Мајка мислеше дека ќе се подобри односот со тек на време, затоа всушност стоеше назад. А сега кога зборевме, само ми кажа дека сум сам и дека јас си знам.
Во основа е односот меѓу тебе и татко ти!
Стави на вага што ќе добиеш со тужбата, материјално и морално, версус што ќе изгубиш!
После остај некое време да одлежи одлуката и види дали вреди тоа. Ако те оставил така сам да пливаш низ животот, остај го и ти него сам да се носи со неговата одлука.
Никакви пари, судови и судски решенија нема да ти ја надокнадат татковската грижа.
Ова што го заговараш е освета, вреди ли? Имај на ум дека и твоето идно потомство ќе ја знае историјата, ќе треба да ја објаснуваш одлуката не еднаш и не во најдобро време.
Ова е тоа што ми дава идеа убаво да размислам, преубаво напишано. Немам што да губам освен џабе дадени пари по адвокат, суд, итн.. Дека нели, може и да НЕ тргне како што треба. За таа татковска грижа, никогаш не сум ја имал - и нема да ја имам.
На кого гласи решението за исплата на алиментација? Дали на детето (т.е. на тебе) или на мајката? Мислам дека не ќе имаш правна основа за тужба (претпоставувам дека алиментацијата треба да се исплаќа на мајката), но сепак разговарај со некој искусен (и чесен) адвокат.
Од документот: Малолетното дете ___ , се доверува на чување, воспитание, и делумно издржување на предлагачката ____ , а предлагачот _____ СЕ ЗАДОЛЖУВА да плаќа издржување и тоа од периодот ____ до ____ вкупно 12000 денари (кои се платени, всушност единствен дел од сето ова кој бил платен дека нели, мораш) да го исплати во рок од 15 дена по приемот на пресудата, а сметано од _____ , па во иднина да плаќа по 3000 денари месечно, да го врши однапред , од 1 до 5 ден од месецот, па во иднина, се додека е во сила оваа одлука.
----
Инаку, ви благодарам за сите ваши мислења. Пријатна вечер! ;)
Автоматски споено мислење:

Смешно во смисла што OP инцијална помисла е дека татка си сака да го гледа како финансиска цицка за искористување. Не си го видел 15год а очекуваш да измолзиш добра сума на пари за X ствари.
Настрана што ете таткото бил ѓубре.

90% од случаевите татковците се тие кои се искористени фрлени и заборавени. Познавам еден се разведе имајќи две мали деца (reasons unknown). Децата и жена му се преселија во друг град. Овај кога беа помлади ги гледаше еднаш-двапати месечно за викенди. Целосна финансиска подршка, школување, сакам Плејстешн, сакам бицикла, сакам екскурзија, сакам моторче, сакам 60.000ден. лаптоп.
За децата беше тоа, Free Pass за материјални задоволства. Ако не ми купуваш - Не ме сакаш - PERIOD!
Мајката целосно ослободена од финансиска грижа за своите деца.
По некое време пораснаа, инсинурани од мајкава почнаа и да не се гледаат. Сега двете децава се полнолетни во рани 20ти години. Вработени, самостојни.
Мислам дека немаат контакт со татко им добри 3-4 години. Избришан од FB и све остало. Одвреме на време ќе види нивна слика по социјални мрежи преку остала фамилија, ќе чуе како детето му се верило....
Ситуацијата кај мене е, бројот, IG, и FB ми се блокирани, од кај него. Неможе моето да се спореди со нешто каде што стварно бил некој гледан и финансиран. Тој се разведе со мајка ми, и веднаш отиде со друга жена. Кај мене ни гледање, ни денар.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom