Алергии

Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Јас колку што имам приметено, кога сум малце настинат и користам Фликсоназе ми се затнува нос. Иначе прашај го твојот матичен дали можеш да користиш Риноко.
Кои капки ги користиш за одзатнување?
Оперил

Лоратадин и летизен немаш користено за алергијава? Пробај со морска вода мене ми има помогнато за одзатнување. Можеш и инхалации да правиш. Мислам дека не може да ти наштети на состојбава на никаков начин. Ако грешам медицинариве нека ме поправат.
Имам и за алергија таблети.
Правам и инхалација и со топла бања ми се одзатнува носот, ама после спрејот пак истото.
 
@Fluffy_bunny

Зајко кокорајко
Член од
24 декември 2020
Мислења
1.629
Поени од реакции
2.071
Имам и за алергија таблети.
Правам и инхалација и со топла бања ми се одзатнува носот, ама после спрејот пак истото.

Прво што ми паѓа на ум е да ги правиш работиве со обратен редослед. Првин ставај спреј, а потоа инхалации и топла бања.
 
Член од
23 јануари 2024
Мислења
3
Поени од реакции
1
Здраво дечки, Бог знае како стигнав до темава и гледам одамна немало дискусија ама морам да ве прашам нешто. Моево девојче (2,5 годишно) веќе 7 месеци секојдневно се бори со бурна уртикарија што излегува кога ќе стане од спиење и се повлекува по некој час. Испитавме што ни дадоа насоки , пример алергии интолеранции, витамини, паразити и сл, ништо не излезе. Од исхрана се сме пробале да исклучиме повремено, не помогна ништо. Пред некој ден излезе позитивен рез на Хеликобактер во фецес, па ме интересира дали е можна поврзаност и кај кој доктор да барам чаре?
Автоматски споено мислење:

Имав уртикарија и добро сум запознаен со скоро се околу неа. Повторно ќе те поправам, сусамот, јајцата и семињата се работи кои никако не смеат да се конзумираат во тек на уртикарија. И да, и јас тоа веќе го кажав, патолошки состојби во дигестивниот систем, а и општо во целиот организам се повеќе причина за уртикарија, отколку некоја храна како алерген.
Дали успешно ја реши? Give me hope
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.404
Поени од реакции
34.398
...инфекција со ХБПилори се случува во желудникот и сите симптоми од нејзино присуство е поврзано со дигестивниот тракт (исклучително кај некои деца може појава на анемија од недостаток на железо), но не со алергии и бурна реакција на кожата и тоа последователно 7 месеци и како после еден час само од себе исчезнува и тоа само кога станува од спиење?
...опиши како и каде спие и каде иде кога се буди и во кој дел од тоа станување се јавува бурна алергиска уртикарија? можно некои алишта, ќебе или нешто друго во домот и' создава ваква утринска уртикарија и тоа само еден час, со лекови се повлекува или како? имате милениче дома нешто?
 
Последно уредено:
Член од
12 март 2009
Мислења
19.719
Поени од реакции
15.594
пред 2 години направив приватно и ИГЕ тест на крвта во јануари, беше 350, ОРЛ специалистотт ми изнапиша ДУЗИНА лекови и спрејови, освен Риноко се приватни...
сега во декември ме фати вирусна настинка, пак напраив ИГЕ, сега е 958 ( нормално е до 296)
матичната мисли дека вирусот праи алергии и бара по оздравувањето, по некој период да го повторам ИГЕ... Но тој се праи колку знам во сред зима, кога нема полен, а друго зошто ПАК да го плаќам ПРИВАТНО 600мкд ??? ако е 3х повеќе од Максимум ???
Патем, од Лабораторијата ми кажаа дека најново, вирусите го дигале многу ИГЕ, имале случај и со 1300 ???
Ако е така, можеби треба некој друг тест, специфичен за за Вирусни Алергии ????
 
Член од
23 јануари 2024
Мислења
3
Поени од реакции
1
...инфекција со ХБПилори се случува во желудникот и сите симптоми од нејзино присуство е поврзано со дигестивниот тракт (исклучително кај некои деца може појава на анемија од недостаток на железо), но не со алергии и бурна реакција на кожата и тоа последователно 7 месеци и како после еден час само од себе исчезнува и тоа само кога станува од спиење?
...опиши како и каде спие и каде иде кога се буди и во кој дел од тоа станување се јавува бурна алергиска уртикарија? можно некои алишта, ќебе или нешто друго во домот и' создава ваква утринска уртикарија и тоа само еден час, со лекови се повлекува или како? имате милениче дома нешто?
Душекот е нов,исто и креветот, живееме во зграда стара 3 години, мувла барав никаде нема, по сугестија од доктор ставивме заштитна постелнина за грини и сл, не помогна ни малку. Редовно се чисти во собата од прашина, книги тргнати, предмети сведени на минимум. Имаме и прочистувач редовно менуваме филтер. Инаку додека спие нема ништо, кога ќе се разбуди после 10/15 минути почнува да кашла да се чеша и излегуваат на површина, во еден наврат имаше дури и на дланките и табаните буквално секаде, очите и отекуваат, како големи пликови изгледа. Во тоа време не сака ништо ни да јаде ни вода да пие, после 1 саат се повлекува и нема буквално ништо, без сируп без било што. Ама тој саат е пиштење вриштење и нервоза. Истото се случува и кога спие на друго место или на одмор кога бевме сега даваме рупафин, видно е намалено, ама кога прекинуваме пак се враќа
 
...дали, да речеме се случува тоа од присутна топлина, дали телесна, околна топлина, грејно тело кога девојчето се буди и да биде испотено и се создава хистамински одговор против антигените во таа пот и трае како велиш еден час додека не се стабилизира таа „топлина“ ќе ја нема потта и хистаминот ќе се стабилизира и предизвиканата уртикаријата сама ќе се повлече?
 
Mozno e, ima radijator vo sobata. Vecer ke go isklucam blagodaram
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.404
Поени од реакции
34.398
Mozno e, ima radijator vo sobata. Vecer ke go isklucam blagodaram
...следи еден период дали за тоа е причината „топлина“ и доаѓа до такво потење кај детето и резултат алергична реакција која се појавува и исчезнува за еден час!
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.719
Поени од реакции
15.594
Оперил

Имам и за алергија таблети.
Правам и инхалација и со топла бања ми се одзатнува носот, ама после спрејот пак истото.
пробај со спреј

или уште подобро со овој долу, го има во Грција и Блгарија, малку поскап од горниот
 
Kajgana Shop

На врв Bottom