Александар

Член од
15 јули 2007
Мислења
14.779
Поени од реакции
7.517


АЛЕКСАНДАР


Работен наслов на серијата е „Александар“, а моментно е во пред-продукција и комплетирање на финансиската конструкција во една наша национална телевизија. Сценарист и режисер на серијата е Јани Бојаџи, дипломец на Академијата за театарска и филмска уметност во Софија и студент на големиот Кшиштоф Зануси.

Првата пилот епизода е снимена пред 4 години и оттогаш чека на конечна реализација. Дејството се одвива овде и сега. а во центарот на вниманието е борбата меѓу десницата и левицата околу откривањето на локацијата на гробот на Александар Велики. Оние првите прават се за да дојдат до моштите на големиот војсководец, а оние вторите прават се за да го спречат таквиот потфат. Во приказната се испреплетени човечки судбини на луѓе кои морале одамна да ја напуштат Македонија од политички причини, на оние кои во транзицијата изгубиле се освен голата егзистенција, на современите богати олигарси и нивниот расипнички животен стил, животот на младите во совремното македонско општество, односите меѓу родители и децата итн.
-------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
„Булки крај шините“, „Волшебното самарче“, „Трст виа Скопје“, „Белото циганче“, „Случки од животот“ и низа други македонски серии на кои со најголемо задоволство се сеќавам и за кои мислев дека ќе бидат одлична основа за понатамошен развој на современи македонски серии беа засенети на почетокот на 2009 година со стапувањето на сцена на турските серии. Истите тие серии го презедоа приматот на „домашни“, македонски производи, затоа што беа синхронизирани, а нивното дејство и ликовите им беа блиски на нашата публика. Да, имаше два обида да се популариза македонската продукција, но нема ни да ги спомнувам, затоа што неславно завршија.

И, конечно, во ерата на турските и индиски серии и репризите на некогашните филмски хитови, можам да ви кажам дека на повидок е една нова, вистинска македонска серија, за која сум апсолутно сигурен дека ќе предизвика огромно внимание и ќе стане вистински хит.

Приказната во себе содржи многу реални ситуации од нашето секојдневие, а едно е сигурно: сценариото е навистина свежо и современо! Бојаџи е длабоко внесен во режисерската фантазија, а производ на тоа се брзи и динамични кадри.

извор

 
Член од
21 октомври 2009
Мислења
1.528
Поени од реакции
2.368
мислам дека ако уште негде или на нешто прочитам нешто античко од типот на александар, филип, букефал дека ќе повратам. Добро бе луѓе, толку ли станавме не креативни како нација? На режисерите, уметниците и архитектите им е испијан умот од субвенциите на владата? Ова не се поднесува веќе. Каде и да се свртам гледам или слушам нешто античко, грчко, туѓо. Глупо е.
Серијава и да добие триста награди нема да ја гледам. Од инает и од гадење. :sick: :sick:
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.232
Битка меѓу левицата и десницата за тоа дали да се најде гробот на Александар. Ај нека се фатат за раце и нека се борат во Либија меѓу себе, најубаво. Глупости.
 
Член од
4 јули 2009
Мислења
4.795
Поени од реакции
3.492
Толку сакам да бидам позитивен,оптимистичен кога ќе видам почеток на македонски серии што се случува еднаш на 4-5 години ама едноставно не бива.Ова бе луѓе се гледа уште од сега дека ќе биде дебакл.
Прво толку одвратно стана ова со антиквизацијата на секој чекор што убаво рече еден член погоре ми се повраќа,креативноста на нула
Второ актериве во нашава чудесна земја последниве години повеќе се по штабови и митинзи отколку на малите или големите екрани,почнувајќи од Дејан и Јелена па се до новопечениот Тони Михајловски
Трето ова што го видов е толку аматерски,монотоно направен како со факинг блекбери да е снимано,а режисерот да некој бруцош на драмски влезен преку вујко му.
Четрврто дајте бре луѓе направете некоја модерна серија,некоја со приказна и добро креирани ликови која ќе биде интригантна и ќе тера да ја гледаш бар двапати за вториот пат видиш нешто што не си го приметил првиот.Заебете тоа народните патетични приказни со крш глумци од Зевзекманија.Земете пример од севернион сосед и Ќе се вратат штрковите бар или па снимајте како ненормални па од тој квантитет ќе излезе некој квалитет т.е. турскиот начин,иако кај нив во второто не сум го видел.
Петто никако чисто литературен јазик во серија,одвратно е.
 

Македонец

мразам патетика во натпис
Член од
12 февруари 2007
Мислења
3.928
Поени од реакции
3.812
Не ми е проблем темата, ама кога видов дека нема живост, тмурни сцени недоволно осветлени, глума ко зад грб пиштол да им држат...си ибало мамата.
 
Член од
12 јануари 2014
Мислења
1.464
Поени од реакции
1.892
За оваа сиротиња ли јас плаќам радиодифузна? Ах, мамицата да ви ја ебам.

Па коа ќе видам дека Јани Бојаџи ја прави. Ох мори мајко, шо не го издркал татко му на камен.
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
26.498
Поени од реакции
80.567
Кога ќе ја видам оваа Жугиќ, толку ме фаќа серка од нејзе абе чудо едно. Многу одвратна жена, политички полтрон, па уште кога ќе и го слушнам гласот на сериине како стенка, абе крај...
Оваа серија сигурно ќе се дава на МТВ, колку во неповрат е отидена нашава филмска продукција еј. Денес гледав "Јуначко колено"... каква серија еј, снимана далечната 1983 со плејада актеришта. И не само оваа серија, туку и "Курирот на Гоце", старите "Тврдокорни", па идеме со "Салон Хармони" ," Погрешно Време" итн да не набројувам.

Јелена Жугиќ бре.... ПУ
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.348
Поени од реакции
24.998
Се избришав. Темава е во Серии.
 

Божино

4815162342
Член од
27 јуни 2007
Мислења
8.581
Поени од реакции
13.214
„Тато и кажа на банката дека ја сакал.“ И фацата на крај човече! Каков финиш на трејлерот кој едноставно те остава во исчекување на пилотот. :facepalm:
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Среќен сум што конечно излегува нешто што е наше. Се надевам дека ќе ја емитуваат на Сител, Канал 5......... доста е со турскине сериишта:)
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.779
Поени од реакции
7.517
Кога ќе ја видам оваа Жугиќ, толку ме фаќа серка од нејзе абе чудо едно. Многу одвратна жена, политички полтрон, па уште кога ќе и го слушнам гласот на сериине како стенка, абе крај...
Оваа серија сигурно ќе се дава на МТВ, колку во неповрат е отидена нашава филмска продукција еј. Денес гледав "Јуначко колено"... каква серија еј, снимана далечната 1983 со плејада актеришта. И не само оваа серија, туку и "Курирот на Гоце", старите "Тврдокорни", па идеме со "Салон Хармони" ," Погрешно Време" итн да не набројувам.

Јелена Жугиќ бре.... ПУ
Во Салон Хармони глуми и Жугиќ :D
 

Prime

Оптимус
Член од
4 јули 2010
Мислења
6.004
Поени од реакции
7.705
И пак со минато ќе си ги мериме, ќе докажуваме нешто на некого. Пропаганда бедна и после ќе ми речел некој чинела МРТ. Заостанати сме во то пусто минато, се што некогаш створиле од продукција наша е на база на минатото. Еднаш треба да се свати дека во друго време се живее.

По 20-30 години во шеснаесетата сезона на Македонски народи приказни кои не знам по кој критериум некој ги нарекува образовни а тие се всушност бедни ќе се обработува тема за како се делел народот во двете коперации во селото едната вмровска другата сдсмовска.

Дајте бе нешто креативно да видам на овие мизерни фреквенции, направете нешто за деца барем, образовно, задачи решавајте им, граматика учете ги, физика, хемија. Барам нешто во што се искористоло барем малку мозок.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom