Александар Лукашенко и развојот на Белорусија!

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Прекрасно, си се наоѓате и се влажните на взаем.

Сега интернетот и телевизијата се виновни зошто комунизмот немал доволна популарност, типична одлика на умствено ограничени единки кои попрво би ги забраниле интернетот и телевизијата за никој да не може да им кажува колку се шупли во идеологијата и да си фураат едноумие.

Паушални муабети без никакви познавања, не ме мотивираат доволно за да наврзам дискусија.

Глупыј гость будет угоштать хозјаина
 
T

the Carpenter

Гостин

Ко прво, никаде во твоите муабети не видов аргументираност и докази. Од кај да знам јас дали си измислуваш или не.
Добро, знам дека си го преведил од некоја проамериканска страница, ама сепак ... треба да се знае, нели?
И сега, за волја на вистината ... и мали деца знаат дека перењето на мозок е присутно околу нас, зема поголем зафат од кога било. Телевизија, радио, интернет, блог, форум. Сето тоа има за цел да ги изобличува вистините и да го создаде светот подобро место за живеење ... на тие што ќе останат. Нели, „големиот брат“ знае што е најдобро за тебе! нели?
Си го читал Орвел? Изгледа не! Зошто, зошто не е македонец? Ај може ќе испадне дека и тој бил, прашај ги Тентов и Бошески, сигурно ископале нешто ...
Туку вака ми е муабетот.
Не ме чепкај за Белорусија. Воопшто. Никогаш за нашите земји јас не зборувам на памет. Струката тоа не ми го дозволува. Додека јас читав книги за Белорусија, вие читавте и ми преведувавте некои квази реални податоци од тетка википедија. Остајте ја географијата да се занимава со Белорусија, а вие историските неправди против ВМРО решавајте си ги со аргументираност, сталоженост и факти. Оти, гледам, против Лукашенко не ви оди.
Еве нешто што може да читнете. Слободна литература. Слободно, репродукција е на сето тоа што сум читал. Претворено во мало билтенче на белорускиот развиток.
Слободно ...

Откако Белорусија се осамостои, остана во економска зависност на Русија. Во 1995 година воспоставиле економска царинска унија со Русија, а со таа спогодба Русија ги задржа своите воени бази во Белорусија, во замена за нафта и земен гас.
Белорусија отпочна со приватизација во 2003 година. Беше предложена монетарна унија со Руската федерација, белоруската рубља која беше усвоена уште во 1995 година остана како единствено платежно средство..
Бруто домашниот производ на Белорусија изнесува 7000 долари по глава на жител и е во постојан пораст.
Стопанството најмногу се потпира на терцијалните, услужни дејности (прв показател за голем подем на една земја). а во реализација на националниот доход учествуваат с0 60 проценти. Додека пак, во индустријата и рударството се 36 проценти од вработените. Учеството на овој сектор во БДП е 32 проценти, а на земјоделието е 8. Во земјоделието работат околу 15 проценти од вработените

Белорусија во последно време се повеќе ги искористува своите плодни површини, кои зафаќаат неверојатни 50 проценти од нејзината површина. Најголем процент од тие плодни површини припаѓаат на нивите и пасиштата. Во време на СССР сето тоа било поделено на совхози и колхози, но сега се врши приватизација која започна од 1991 година. Порано, недостигот на храна бил надоместуван со трговска размена со Русија и Украина, но со подемот на земјоделието ретко кога недостига.
Белорусија форсира одгледување на : компир, јачмен, р'ж, шеќерна репа, и поготово пченица. Од 1999 година Белорусија се повеќе го развива сточарството, и денес важи како земја која има најразвиено сточарство.
Од рударството и енергетиката, белорусија може да се пофали само со тресет. белорусија тука е зависна од Русија. И да имаше капиталистички претседател нели, пак ќе купуваа скапа нафта од Русите :)
И во СССР, Белорусија беше најразвиена република. Денес, Белорусија сосема закрепна од распаѓањето на СССР и важи како високо развиена европска земја. Во Белорусија се произведуваат стоки за широка потрошувачка (радио и ТВ приемници, мебел, обувки, точаци, мотори); машини за земјоделството и тн. Развиени се: машинската, хемиската, текстилната индустрија.

Најголеми трговски партнери на белорусија се: Русија, Украина, Полска, Германија и Кина. Извезува стока во вредност од 16 милијарди долари, а увезува исто толку.

Бројот на активно население во 2006 година изнесувал 4,4 милиони жители, или тоа ти е околу 42 проценти од вкупното население.
Стапката на невработеност изнесува околу 1,8 проценти.
 
Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Ко прво, никаде во твоите муабети не видов аргументираност и докази. Од кај да знам јас дали си измислуваш или не.
Добро, знам дека си го преведил од некоја проамериканска страница, ама сепак ... треба да се знае, нели?
И сега, за волја на вистината ... и мали деца знаат дека перењето на мозок е присутно околу нас, зема поголем зафат од кога било. Телевизија, радио, интернет, блог, форум. Сето тоа има за цел да ги изобличува вистините и да го создаде светот подобро место за живеење ... на тие што ќе останат. Нели, „големиот брат“ знае што е најдобро за тебе! нели?
Си го читал Орвел? Изгледа не! Зошто, зошто не е македонец? Ај може ќе испадне дека и тој бил, прашај ги Тентов и Бошески, сигурно ископале нешто ...
Туку вака ми е муабетот.
Не ме чепкај за Белорусија. Воопшто. Никогаш за нашите земји јас не зборувам на памет. Струката тоа не ми го дозволува. Додека јас читав книги за Белорусија, вие читавте и ми преведувавте некои квази реални податоци од тетка википедија. Остајте ја географијата да се занимава со Белорусија, а вие историските неправди против ВМРО решавајте си ги со аргументираност, сталоженост и факти. Оти, гледам, против Лукашенко не ви оди.
Мене струката ми дозволува да проценувам дали говориш напамет бидејќи сум сведок на терен, а во контактите со белоруската имиграција и напорите за зачувување на она што остана од нивната традиција се во доменот на мојот професионален интерес.

“Книги за Белуросија“ звучи ептем веродостојно за некој лаик, не само што таквите книги се реткост туку и недостапни за набавка. (Барем за нас)
Белоруска литература скоро и да не постои, да не говориме пак напишана на белоруски јазик.

Еве нешто што може да читнете. Слободна литература. Слободно, репродукција е на сето тоа што сум читал. Претворено во мало билтенче на белорускиот развиток.
:tv:

Еве ти предизвик достави ни барем еден скен од страницата каде се спомнуваат податоците кои ти ги наведе и нормално корица од книгата.

Памфлетите од википедија користи ги за по дома или пробај да наврзеш дискусија кога ќе дораснеш со знаење.
 
T

the Carpenter

Гостин
Пиши ми, кога сакаш ќе го посетиме институтот на ПМФ - Географија. таму има огромна библиотека со книџиња. Напишана од луѓе кои биле „теренаши“ и преед тебе. И во време на Сталин и во време на Лукашенко.

Не реков дека книгите што ги читам се на Белоруски јазик. Ни самите Белоруси не знаат да читаат белоруски.

Како за твоја информација, ние, што сме на скапаните факултети во земјата кои сите вие ја носите во срце, но бегате како од ѓавол од неа, учиме по нешто. Има литература подготвена од еминентни професори, склопена за најразлични употреби, па и за безезна употреба, како оваа во дискусија со тебе, и опфаќа се и сешто. Секоја тематика е опфатена. Поготово за европските земји. Дораснати сме во знаење. Кога сакаш, по „знаења во географија“, по пари, може?
Ти реков, ако си заинтересиран, ќе одиме заедно на ПМФ, ќе ти покажам и корица, и содржина и на кого е посветена книгата (книгите).
Но, додека мислиш дека комунизмот е крив за се, па и за искривувањето на вистината, џабе ти е.

И да, продолжи да копаш по историски докази за македонската лоза и нејзиното постоење, како и негирањето на џукелството на македонците, најмешаниот народ на светот кој нема врска со ништо што живеело овде претходно.
Тоа го зборуваат многу капиталистички земји. Значи, вистина е нели?

И уште нешто, ќе заборавев.
Ништо, ама ништо не гледам во твојот коментар а да не е лаички или издржано. Веќе два коментари имаш овде, излишно пуштени што може да помислам дека воопшто не знаеш ништо за Белорусија, иако си на „терен“. Или, на работна акција.
Пиши нешто плус, па да видиме.
И да, корица да видам, од твоите.
Ако не, слики, интервјуа .... нели си на терен?

Ајде машко, чекам!
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.126
Поени од реакции
17.914

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Пиши ми, кога сакаш ќе го посетиме институтот на ПМФ - Географија. таму има огромна библиотека со книџиња. Напишана од луѓе кои биле „теренаши“ и преед тебе. И во време на Сталин и во време на Лукашенко.
Мислев дека книгата ја имаш пред себе кога ни ги цитираше податоците, изгледа сепак... сум се прешол.

И да, дојди и ти до Минск кога ќе имаш време, да пресметаме колку од зградите имаат топла вода.

Не реков дека книгите што ги читам се на Белоруски јазик. Ни самите Белоруси не знаат да читаат белоруски.
Тоа доволно говори за МИЗЕРИЈАТА во која се наоѓа нивното општество, а резултат токму на политичкото русофилство и комустичкиот поредок кој со СИЛА е одржуван во земјата.

Како за твоја информација, ние, што сме на скапаните факултети во земјата кои сите вие ја носите во срце, но бегате како од ѓавол од неа, учиме по нешто. Има литература подготвена од еминентни професори, склопена за најразлични употреби, па и за безезна употреба, како оваа во дискусија со тебе, и опфаќа се и сешто. Секоја тематика е опфатена. Поготово за европските земји. Дораснати сме во знаење. Кога сакаш, по „знаења во географија“, по пари, може?
Ти реков, ако си заинтересиран, ќе одиме заедно на ПМФ, ќе ти покажам и корица, и содржина и на кого е посветена книгата (книгите).
Но, додека мислиш дека комунизмот е крив за се, па и за искривувањето на вистината, џабе ти е.
“Срцке“ јас во Македонија го завршив 90% дел од институционалното образованието со кое си се стекнал, а ќе го делев мислењето со тебе доколку не ме одведеа други планови каде што сум сега и каде што на сопствени очи можам да сведочам на глупостите во кои верувате.

Изгледа останатиот свет треба да дојде одма на ПМФ-Географија во Скопје бидејќи така по скратен пат ќе го стекнат целото можно стручно знаење.
Доколку си нели амбициозен стручњак јас ќе ти средам научна виза за Белорусија па да напишеш и ти една книга и да пробаш да ја публикуваш и да видиме дали ќе добиеш рецензија од твоите професори со кои ќе се разидуваш во “теренските“ информации.

И да, продолжи да копаш по историски докази за македонската лоза и нејзиното постоење, како и негирањето на џукелството на македонците, најмешаниот народ на светот кој нема врска со ништо што живеело овде претходно.
Тоа го зборуваат многу капиталистички земји. Значи, вистина е нели?
Не знам зошто мислиш дека можеш да водиш инфантилна дискусија со префрлање на фронтот, поистоветувањето на одредени автори со земјата од која потекнуваат и споредување на капиталистичко-комунистички системи доволно говори за твоето научно отсуство.

И уште нешто, ќе заборавев.
Ништо, ама ништо не гледам во твојот коментар а да не е лаички или издржано. Веќе два коментари имаш овде, излишно пуштени што може да помислам дека воопшто не знаеш ништо за Белорусија, иако си на „терен“. Или, на работна акција.
Пиши нешто плус, па да видиме.
И да, корица да видам, од твоите.
Ако не, слики, интервјуа .... нели си на терен?

Ајде машко, чекам!
Не можеш да пробуваш да бидеш арбитер на моите аргументи се додека не ги приложиш книгите со кои се испрде на темава, меѓутоа твојот одговор беше да дојдам и да ме однесеш во библиотеката на ПМФ Географија и јас велам важи ќе одиме, а во меѓувреме ти испраќам и покана за посета на Белорусија која ќе ја евидентираме со видео, фотографии од прошетката во реалниот живот.

Имам и идеја.. бидејќи Белорусија е супер напредна земја од секој аспект, зошто не побараш научна виза (со конкретна намена) и се обидеш да дојдеш на посета.
Доколку успееш јас ќе ти обезбедам престој во Минск или Гродно.
 
T

the Carpenter

Гостин
Цело време пробуваш лично да се зафатиш со мене, а не на темата, ама нејсе. АКо така ти е поинтересно, не ти замерувам.
И бидејќи спомна топла вода, и слично.
Штом си во Белорусија, можам да ти верувам. На тоа, ќе направам мала аналогија. На сето тоа.
Бидејќи ти си таму, а јас овде, ќе реплицирам на муабетот со домашни извори, а на крај ќе биде завршен дел кој се уклопува со темата.
Може некој збор за нашата земја?
Македонија е земја во која 30 и повеќе проценти од населението е невработено. Просечната плата, според капиталистичките слободни умови е некаде околу 300 евра, инаку реално е околу 8 000. Тоа ме тера да речам дека и овде има комунисти на власт оти сеуште се прикриваат официјалните податоци.
Народот живее во мизерија. Здравството, образованието, индустријата се еквивалентни на истите во Бурунди. Топла вода нема, оти нема ни вода. Но сепак, Македонија е прогресивна земја која ја преброде кризата, ја напушти комунистичката идеологија, има успешна влада, и здрава иднина. Кај да е, ќе стапи со членство во ЕУ и НАТО. Ќе беше таму до сега, да не беше Грција.

Што е поразлично од Белорусија. Ете, на муабетот ... океј, знаеш, таму си, теренец. Добро знаеш и ваму како е.
Направи споредба на двете земји и ќе разгледаме. Кои се сличностите и разликите. Зошто на македонија и се признава развој, а на Белорусија не.
Да видиме дали Белорусија е помизерна од Македонија, или обратно. Зошто македонија (доколку е позабегана) да исполнува стандарди за ЕУ, а Белорусија е глупа земја и ние веруваме во податоците кои и ги сервираат глупите комунисти на чело со глупиот Лукашенко.
КГБ постои во Белорусија? ако да, супер! Во македонија постојат многу полоши инстанци.

Крај краева на муабетот.

Во темата требаше да зборуваме за развојот на Белорусија, кој ти во секоја прилика го негираш. Затоа, направив споредба со развојот на Македонија, кои сите вие го потврдувате. Иако во градови нема вода, камоли топла.
Повели, објасни, ако ти е полесно, префрлај и лично, нема врска.

П.С. Не префрлам фронт, тоа е само лесна аналогија, во што верувате, а во што не. Демек, во тоа што одговара :)
 
Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Кои се сличностите и разликите. Зошто на македонија и се признава развој, а на Белорусија не.
Водиш замислена дискусија, на темава никаде не беше истакнато дека Македонија е далеку поразвиена поради политичкиот систем денес, ниту дискусијата беше во споредбена насока.

На истиот начин на којшто ти ја опиша реалната ситуација во Македонија, различна од онаа на хартија или интернет така и јас ти ја опишав ситуацијата во Белорусија, на страна од комунистичката тендециознот во величењето на “напредокот“ на Белорусија.

Дали развојот на минатите системи може да се мери според бројот на замоци кои биле изградени од страна на робовското искористување на народот и потоа да се тврди дека на оние кои живееле надвор од замоците кои ги граделе им било исто така удобно како на тие внатре?

Доколку развојот на една земја се мери во искористувањето на ефтина работна сила и монополски државни субјекти тогаш и Кина е напредната земја, иако на работниците им следува само недела дена годишен одмор и бројот на самоубиства на работа постојано се зголемува.

Ти ги кажав недостатоците со кои се соочуваат Белорусите во моите претходни постови, доколку за тебе тие се прифатлива цена за таквиот поредок тогаш јас нема да те разубедувам.
 
T

the Carpenter

Гостин
Ако гледаш така, captialism feeds on cries of human suffering.
Пример, САД живее од профит. А профит е?
- Неплатен труд на работникот.
Секаде се пие крвта на тој што работи, независно дали е тоа комунистичко (квази) или капиталистичко општество. Да немаше пиење крв, немаше да има општествена пирамида. Секаде!

Без разлика на цената, напредок во Белорусија има. Мораш да се согласиш дека Белорусија, иако беше најразвиена земја на СССР заедно со прибалтичките покраини, од 1991 година наваму е во постојан подем. Не може да се каже дека оди наназад или стагнира. Напредок, каков таков, има!
Затоа, мојата бранша не опфаќа на кој начин земјата ги искористува човечките ресурси. Мое е да ги официјализирам наодите и да располагам со нив. Има други кои се борат за правата на работниците. Меѓу нив сум и јас, ама неофицијално.

Затоа, блиску сме до наоѓање на заеднички јазик на темата. Но, само ако потврдиш дека Белорусија, без разлика дали ќе го има Лукашенко највисоко на пиадесталот, или пак ќе има проамерикански претседател, ќе биде во слична, излезна ситуација.
Лукашенко не е толку лош колку што го претставуваат. Има многу полоши, проамерикански лидери во други републики кои ја пијат крвта на народот, кој патем, живее на пет скалила пониско од Белорусија (да не зборуваме за ... Зимбабве на пример).

Затоа, светската политика е да се оцрни Лукашенко, без разлика дали сега, или порано, или пак во иднина, правел прави или ќе прави добри и лоши потези. Лукашенко е претставен како последниот комунистички мохиканец. На големите сили им е „шубе“, ап тој мора да биде тргнат, по принцип на „чекање“ кое секогаш успева (Тито, Кастро, Јонг Ил, ...) а доготаш ќе се пласират податоци како белорусија е најзаостаната земја во тој регион, далеку зад една летонија, за кое и ти можеш да потврдиш дека не е така.
 
Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.126
Поени од реакции
2.764
Белорусија нема помала плата од Македонија,туку напротив ние имаме помала плата од нив.Трето,во Белорусија успеа да се одржи Социјализмот,во малку изменета варијанта,БЕЗ НИКАКВА ПОМОШ ОД ЗАПАДОТ,што значи социјализмот не е утопија.За нас Македонците поважно е да не подржува ВИСТИНСКИ Кина,отколку да не лажат со ветувања Јенките!
Што се однесува до Белорусија, Bratot можеби не ти се допаѓа тоа што Социјализмот во оваа земја преживеа,но ова е факт,а нели пред вистината и боговите молчат.
 
Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Карпентер,

Каков е тој виртуелен развој кога се уназадува квалитетот на животот?

Не знаеш за што зборуваш, како да читам Завод за Статистика кога вели дека “семејната кошничка“ потребна за дневно преживување на 4-члено семејство е 140,30 денари.

Не знам дали работиш и колкав стаж имаш, но ме интересира дали би работел за двојно поголема плата но двојно помал годишен одмор?
Чисто да видам кои ти се приоритетите.

Сите системи опстојуваат врз грбачењето на обичниот работник, сепак драстична е разликата меѓу примерот на Белорусија и земјите кои ги споменуваш, во сите сфери.

А напредокот на Белорусија е директно врзан со нејзиното делумно отварање кон Западот (генерално) кое беше изнуден акт од Лукашенко за да се одржи на Власт и неутрализирање на силната руска зависност.

Предноста на Белорусија во однос на Македонија ( и останатите бивши ЈУ земји) е што после распадот на СССР економските врски на големите индустриски капацитети во најголем дел опстојуваат до денес.

И да те прашам, знаеш ли каде одат Белорусите на одмор?
 
T

the Carpenter

Гостин
Повели, објасни каде и кога одат на одмор, па да разврземе дискусија и тука.
 
Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Најдобро се учи кога самостојно се истражува, ќе те почекам.
 
T

the Carpenter

Гостин
И добро е што напиша дека ми реплицираш мене, оти не се пронајдов во твојот одговор. А тука, ти зборуваш за напредок на Белорусија, но уназадување на квалитетот на животот. Што, во најмала рака е генерализација на белоруската нација.

Впрочем, признаваш дека има напредок, без разлика како Лукашенко пуспеал да го постгне, а во случајов, како што велиш, со опортунизам. Но, да бидиме реални, на тоа нема да му обратиме вниманиа „како и што“, туку може само да констатираме дека Лукашенко успеал.
Плус, спомна дека индустриските капацитети се одржани, што е голем ПЛУС за државата кога се прави рецензија на тоа што се дешава таму. Во никој случај не е минус.
Понатаму, бидејќи уредно ме праша, достоинствено ќе ти одговорам. Јас сум професор по географија, и со Господ напред, би се вработил за некое време. Здравје, за година и магистратура.
Ако работам, би сакал и одмор. Но, ако не можеш да земеш по себе, не земај, и не ми замерувај. Кога си родител, ако треба ќе работиш по две смени, и без одмор, само за да извлечеш некоја пара плус. Така да ... тешко е да се зборува на тоа прашање.

И уште нешто. Не знам како живеат белорусите ... искрено, ни сум бил таму, ниту ќе имам можност. Книгата никогаш не е се во животот. А доколку се потпрам на литератури, Белорусите не се полоши од Македонците, ниту од другите Балканци ... иако важи дека белорусите се запоставени заради црвената петокрака на чело на државата.

Патем, ако поентата ти е дека одат во капиталистички земји, пробај напиши. Ако сакаш да поентираш со „ не одат никаде, оти немаат одмор“, пак напиши, слободно, во интерес на дискусијата.
 
RTM

Член од
4 септември 2008
Мислења
826
Поени од реакции
200
Белорусија нема помала плата од Македонија,туку напротив ние имаме помала плата од нив. . . ..
. . . Во Белорусиjа минималната плата е 68 евро, а просечната плата е 267,61 евро.
Во Македониjа ако не греша просечната е 333 евро.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom