Александар Вучиќ - најголемиот диктатор на Балканот по падот на комунизмот?

Член од
6 август 2015
Мислења
465
Поени од реакции
780
Вучич = Груевски. Комплетно се исти (copy - paste).

Тоа што ние го проживеавме (преживеавме) пред пар години, Србите сега го проаѓаат.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.455
Поени од реакции
18.456
Секогаш ова кога ке го слушнам поставувам прашање што би правел ти да си на негово место? Ке спуштиш гаќи , нема да се браниш, ке им испорачаш се што ке посакаат... војната беше неизбежна и со нато и со усташиве и со муџахединиве, доби Република Српска, Резолуција 1244, изгуби краина и сараево, нанесе тешки губитоци на нато алијанса кои што планираа војната да тра 3-4 дена.
Автоматски споено мислење:


Исто прашање и за тебе како за тенеке
Јас да бев на негово место немаше да ја растурам СФРЈ.

Ако веќе сум приморан да се борам, тогаш ќе се погрижам да не влезам во ситуација како Германија во втора светска војна. Милошевиќ одеше на се или ништо, исто како и Хитлер, така да, како што реков на крај излезе добро за другите држави што произлегоа од СФРЈ.

Од оваа преспектива, Милошевиќ му нанесе непоправлива штета на српството и Србија.
 

The Wild Boy

љепотан
Член од
26 декември 2017
Мислења
1.572
Поени од реакции
939
Остајте го човекот, гледате автопатишта гради таму, државата се унапредува (" ")

Инаку, оти не сум многу у политика, според вас кој премиер онака е достоен да ја води Србија? Има ли народот верба во некој по - асален од Вучич?
 
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.832
Поени од реакции
2.926
Ама една работа заборавивте . Тоа Грујо што направи грешки околу ,,бомбите” што беше навистина монтирана и сечена е тоа кај Вучиќ нема да пројде тој лично ќе сними разговор по оригинален разговор и кога ќе излезат нивните ,,бомби” и ќе се спореди


Sent from my iPad using Tapatalk
 
Член од
6 август 2015
Мислења
465
Поени од реакции
780
Јас да бев на негово место немаше да ја растурам СФРЈ.

Ако веќе сум приморан да се борам, тогаш ќе се погрижам да не влезам во ситуација како Германија во втора светска војна. Милошевиќ одеше на се или ништо, исто како и Хитлер, така да, како што реков на крај излезе добро за другите држави што произлегоа од СФРЈ.
Не сум баш сигурен дека Милошевиќ ја растури СФРЈ...
Ама една работа заборавивте . Тоа Грујо што направи грешки околу ,,бомбите” што беше навистина монтирана и сечена е тоа кај Вучиќ нема да пројде тој лично ќе сними разговор по оригинален разговор и кога ќе излезат нивните ,,бомби” и ќе се спореди


Sent from my iPad using Tapatalk
Како мислиш "навистина монтирани и сечени" ?
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.455
Поени од реакции
18.456
Не сум баш сигурен дека Милошевиќ ја растури СФРЈ...
:) Извини колку години имаш?

Инаку да останеа србите во Хрватска и да немаше војна, сега ќе беа во секоја Влада таму и ќе си ја контролира како сакаат.
 
Член од
6 август 2015
Мислења
465
Поени од реакции
780
:) Извини колку години имаш?

Инаку да останеа србите во Хрватска и да немаше војна, сега ќе беа во секоја Влада таму и ќе си ја контролира како сакаат.
Србите немаше да останат во Хрватска затоа што им се направи етничко чистење. Исто етничко чистење ко што имаше врз Хрвати, Босанци итн итн.

Милошевиќ не ја растури СФРЈ, туку беше еден од актерите што ја растурија и продукт на растечкиот национализам у 80тите. На другата страна дојдоа Алија и Фрањо (двајца дисиденти што беа опресирани од режимот во минатото).

Инаку за години... Еве да речеме дека сум роден во СРМ (Социјалистичка Република Македонија).
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.666
Вучиќ се вбројува во групата политичари карактеристични за балканските, источноевропските, па и за дел од централноевропските простори, односно држави. Имаме тука една доста опасна, но ефективна комбинација на заостатоци од комунистички тип на агитпроп, лишен од комидеологија, која е заменета со пропагирање демократски и сл. вредности, за кои ама баш на никој не му е гајле и никој не ги почитува. Притоа, пак е заведен монопол на власта, која се' или речиси се' контролира, но се создава привид на плурализам, на демократија. Има опозиција која е кастрирана, медиумска (авто)цензура, и неколку разумни луѓе кои се глас во пустина, но добро е што ги има, за да се запази тој момент на слобода на говор, говор кој никој не го слуша. И клерофашистичката СПЦ е под контрола, а тоа е веќе достигнување (имаше неколку спц скандали претходно, а се верува дека власта чува уште неколку, за секој случај). Ама штом има опозиција, избори, штом лидерот носи чај, тоа мора да е демократија. Вучиќ ќе падне кога ќе престане да биде корисен, а сосем веројатно ќе биде заменет од некој полн со енергија и желба да надмине се' што овој направил претходно.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.455
Поени од реакции
18.456
Србите немаше да останат во Хрватска затоа што им се направи етничко чистење. Исто етничко чистење ко што имаше врз Хрвати, Босанци итн итн.

Милошевиќ не ја растури СФРЈ, туку беше еден од актерите што ја растурија и продукт на растечкиот национализам у 80тите. На другата страна дојдоа Алија и Фрањо (двајца дисиденти што беа опресирани од режимот во минатото).

Инаку за години... Еве да речеме дека сум роден во СРМ (Социјалистичка Република Македонија).
Кога почна да се растура Југославија јас имав 19 години, и главен актер за растурање на државата беше Милошевиќ. Сите други националисти од другите републики, беа само со споредни улоги.

И како ќе беа етнички исчистени Србите од Хрватска ако немаше војна?
 
Член од
6 август 2015
Мислења
465
Поени од реакции
780
Кога почна да се растура Југославија јас имав 19 години, и главен актер за растурање на државата беше Милошевиќ. Сите други националисти од другите републики, беа само со споредни улоги.

И како ќе беа етнички исчистени србите од Хрватска ако немаше војна?
Па не е можно да немаше војна :) кога имаш тројца лудаци како главешини на трите држави.

Исто додатен проблем. Србите не сакаа да живеат у иста држава со Хрватите (Србите виновни) и Хрватите ги избришаа Србите од конститутивен народ (Хрватите виновни).

Така да како и да ја свртиш работата, исходот е катастрофа...

Edit. инаку да ако ги ставиме на кантар работите Милошевиќ е "најголем виновник" за срањата што се исподешаваа. Ама според мене, распадот беше 99.9% неминовен.
 
Последно уредено:
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.832
Поени од реакции
2.926
Не сум баш сигурен дека Милошевиќ ја растури СФРЈ...

Како мислиш "навистина монтирани и сечени" ?
Па нормално кога никој не забележа и наседнавме на тоа дури и Зоќи јавно го признаа тоа дека е сечен и монтиран.

Ај да не објаснувам еве еден од многуте примери


Sent from my iPhone 8 Plus using Tapatalk
 
Последно уредено:
Член од
6 август 2015
Мислења
465
Поени од реакции
780
Па нормално кога никој не забележа и наседнавме на тоа дури и Зоќи јавно го признаа тоа дека е сечен и монтиран.


Ај да не објаснувам еве еден од многуте примери


Sent from my iPhone 8 Plus using Tapatalk
Омилен дел:
носење на власт на „одмaзољубивиот паљачо” склон кон криминал и лажење, кој ќе прифати смена на се, само за да стане главен и да демонстрира сила и терор, а притоа да го триплира своето богатсво.
Тоа е тоа независно истражувачко новинарство на кое му верувам !!!!
 
Ф

Флеш

Гостин
Тито + Пари(кредити) = Сложна Југославија

Ауфидерзен Тито (1980) + Нема Паре = БУМ ПАТРИОТИЗМА


Словенците,најпичкарски народ зошо собраа доста пари од штедните книшки на Југословени и до ден денес невратени ....Први опа магла од федерација ....

Србите,најкрвнички народ зошо немаат свое јас до ден денеска да признаат дека се виновни за војна со три држави: Словенија,Хрватска и Босна .... Србите ко Грците,преголемо его .... Памет солат а гомна се направи ја ....Настрана освен Косово,зошто Шпанците се племе диво,го помина и Македонија ....

Босанците ми се најмили и најсакан народ .... Најлошо поминаа со геноцид и гадни логори .... Босанците беа жртвено јагне што Србите и Хрватите беа куртони во кој е мерење пенис изразено ....


Југославија ќе беше подобро место како Шведска,зошто сега Шведска сега е хардкор ванаби Југослав држава со монархија .... Југославија ќе беше подобра,ако аристократи не беа Хрватска и Србија и Словенија,зошо Тито имаше словенска жичка и слабо срце за Бечки коњушари .... Тоа тие беа Кралство СХС(аристократија-сина крв) , селаните беа Босанците,Македонците,Црногорце,Албанце .... Ние бевме обичен народ,кратко ....

ЗАТОА МИ СЕ ГАДИ ЈУГОСЛАВИЈА,БЕШЕ СИСТЕМ НА ЕДНИ НАРОДИ,БЕШЕ СИСТЕМ ДА СЕ КУПИ ВРЕМЕ ДА НЕ ИЗБИЕ НАЦИОНАЛИЗМОТ ЗА КОЈ ТРАЕШЕ КРАТКИ 50 ГОДИНИ СО НАЈКРВАВА ВОЈНА ПОСЛЕ ВВ2 ....


Во Југославија бевме малцинство, а не ебеше мнозинството...Во Македонија сме мнозинство, а не ебе малцинството...
 

Partizanen banditen

Психијатриски случај
Член од
24 август 2016
Мислења
5.861
Поени од реакции
17.631
Остајте го човекот, гледате автопатишта гради таму, државата се унапредува (" ")

Инаку, оти не сум многу у политика, според вас кој премиер онака е достоен да ја води Србија? Има ли народот верба во некој по - асален од Вучич?
Гради делница од 5 км па претставува дека е тоа некаква голема инвестиција. За да испере пари кај Грделица свлечиштето го уништи ѕидот и потоа мораше да го доградиш, те молам немој како геро.

Било кој затоа што вакво пљачкосување, криминал и репресии немало никогаш во историјата поновата историја на Србија. Да не зборувам за неговото однесување.
Автоматски споено мислење:

Тито + Пари(кредити) = Сложна Југославија

Ауфидерзен Тито (1980) + Нема Паре = БУМ ПАТРИОТИЗМА


Словенците,најпичкарски народ зошо собраа доста пари од штедните книшки на Југословени и до ден денес невратени ....Први опа магла од федерација ....

Србите,најкрвнички народ зошо немаат свое јас до ден денеска да признаат дека се виновни за војна со три држави: Словенија,Хрватска и Босна .... Србите ко Грците,преголемо его .... Памет солат а гомна се направи ја ....Настрана освен Косово,зошто Шпанците се племе диво,го помина и Македонија ....

Босанците ми се најмили и најсакан народ .... Најлошо поминаа со геноцид и гадни логори .... Босанците беа жртвено јагне што Србите и Хрватите беа куртони во кој е мерење пенис изразено ....


Југославија ќе беше подобро место како Шведска,зошто сега Шведска сега е хардкор ванаби Југослав држава со монархија .... Југославија ќе беше подобра,ако аристократи не беа Хрватска и Србија и Словенија,зошо Тито имаше словенска жичка и слабо срце за Бечки коњушари .... Тоа тие беа Кралство СХС(аристократија-сина крв) , селаните беа Босанците,Македонците,Црногорце,Албанце .... Ние бевме обичен народ,кратко ....

ЗАТОА МИ СЕ ГАДИ ЈУГОСЛАВИЈА,БЕШЕ СИСТЕМ НА ЕДНИ НАРОДИ,БЕШЕ СИСТЕМ ДА СЕ КУПИ ВРЕМЕ ДА НЕ ИЗБИЕ НАЦИОНАЛИЗМОТ ЗА КОЈ ТРАЕШЕ КРАТКИ 50 ГОДИНИ СО НАЈКРВАВА ВОЈНА ПОСЛЕ ВВ2 ....


Во Југославија бевме малцинство, а не ебеше мнозинството...Во Македонија сме мнозинство, а не ебе малцинството...
За волја на вистината македонскиот народ доби идентитет во таа Југославија, додуша додека не го стегнаа Тито и не беше толку уништуван како за време на бугарската окупација и кралството СХС/Југославија.
 
Последно уредено:
Член од
10 септември 2016
Мислења
9.333
Поени од реакции
19.028
Интересно како членовите кои ја подржуваа претходната влада се јавија на темата да го бранат Вучиќ.



Инаку убаво што сте го спомнале Борис Малагурски, искрено за ликот имам голем респект, најверодостоен новинар е во Србија и е човек кој многу убаво и реално ја објаснува секоја ситуација.Иако можеби е руски "човек" затоа што работел во Спутник но не би да навлегувам во тоа.Последниот дел од тежина на ланецот е страшно колку е реален и би требало секој да го погледне без разлика на нација и религија и политичко размислување.Испраќа многу силна порака не само за Србија туку и за цел регион.



Како што кажав сите треба да се стремиме кон создавање на подобри институции а не да бараме некој нов пастир, од типот на Грујо и Вучиќ, во спротивно после секој таков диктатор ќе ни бидат инсталирани влади како онаа што им ја инсталирале на Србите после 5.8.2000 и како што ни ја инсталираа на нас пред 3 години, не можам да кажам колку и како наштетила таквата влада кај Србите ама за кај нас осетив и видов, сето она го бранеа со крв нашите го изгубивме само поради оваа влада, силување на државата и претварање во зомби.
Не знам навистин како ќе се одвиваат работите во овој регион, се вртине во круг 30 години и никако да се освестиме, можеби новите генерации ќе донесат некоја промена, еве во Србија имаше таква случка кога деца од 18 години протестираа и бараа да се пушти нивниот школски другар, по што после неколку масовни протести и успеаа во намерата.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom