Александар Вучиќ - најголемиот диктатор на Балканот по падот на комунизмот?

Partizanen banditen

Психијатриски случај
Член од
24 август 2016
Мислења
5.827
Поени од реакции
17.457
Човекот за кој се врзани многу скандали за време на неговото владеење, лапсуси, поделба на народот, корупција, непотизам, контрола на медиумите, т. е. напад на оние медиуми кои не известуваат во негова полза и пресметки со неистомислениците, патетиките дека работи 24 часа дневно, дека ретко јаде и спие се со цел за доброто на неговиот народ, мешање во најразлични сфери во животот и желба за контролирање на се и сешто во државата. Често од страна на противниците е представен како егоманијак, лажго, лудак, психопат, тактичар, луциден итн. Исто така за него е карактеристично што прави контра работи како неговите опозициони противници, се со цел да го збуни народот. На пример за време на претседателската кампања, неговиот противник Саша Јанковиќ издаде апел со подршка од 100 луѓе во председателската кампања. Вучиќ за неколку дена издаде ист апел со јавни личности кои бројат околу 650 потписника.

Јавните личности кои го подржуваат во голем дел се уценети поради своите бизниси, а некои се богато наградени. Исто така неговото владеење го карактеризира и лесното контролирање на сите навивачки групи, а највеќе на двете водечки навивачки групи - Гробари и Делије, на кои им дава различни добро платени работи со цел полесно да ги контролира и да не се свртат против него. Неситомислениците често знае да ги навредува со погрдни зборови, а за некои има изјавено и дека се наркомани, дека управуваат со нарко пазарот во Србија (се има извинувано за ова), дека се убијци, соработници на странски окупатори итн.

Неговата надворешна власт ја карактеризира двојна игра или така наречено "седење на две столчиња", т. е. соработка и со Истокот и со Западот. Иако доведенна власт од страна на западните земји, тој во неколку наврати ја критикува ЕУ и отворено кокетира со Русија и Кина. Во регионот најголем сојузник му е Милорад Додик, бивш председател на Република Српска и сегашен член на председателството на БиХ и Мило Ѓукановиќ, вечниот црногорски владател. Добри односи има и со Еди Рама, албанскиот премиер, како и со косовските политичари Хашим Тачи и Рамуш Харадинај.

За крај, неговото владеење најмногу го опишуваат неговите чести конференции за новинари и гостување и гостување на телевизии кои се под негова контрола, како и поставување на прашања кои тој ги бира, бранењето на сите негови соработници и покрај скандалите, како и инволвирањето на неговите родители и деца поради добивање изборни поени. (за време на председателската кампања). Доколку повеќе сакате да се информирате за ликот и делото на Александар Вучиќ, ви предлагам да го погледате ремек-дело документарецот за неговиот политички живот "Владалац" кој е направен од Славиша Лекиќ како автор. Интересно и на овој докуметарец е направен контра документарец во кој се воспева ликот и делото на Александар Вучиќ, а го носи насловот "Прогон".
 

Partizanen banditen

Психијатриски случај
Член од
24 август 2016
Мислења
5.827
Поени од реакции
17.457
Вучиќ за оние што не знаат е гвујо надграден и проширен.

Sent from my Redmi
Сакав и тоа да го пишам. Има една разлика, Грујо не фрлаше пари во клуб кој го сака најмногу, али се сложувам дека грујо е некоја можна најлајт лајт верзија на Алексанар Вучиќ.
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
9.333
Поени од реакции
19.027
Грујо е смешки за овој, реално ликот е скроз отиден веќе.Дури мислам дека и ова со синот и вирусот го измислил за политички поени, ама сепак не можеме да бидеме сигурни.

Е сега и таму најголемиот дел од народот е свесен дека нема подобар од опозицијата па затоа и сеуште е на власт а најголемиот дел кои го гласа се подржувачите на Милошевиќ, кои пак исто се и подржувачите на Тито, и после толку време не сфатија дека на Балканот му се потребни вистински институции кои ќе го направат подобар животот овде а не диктатори од типот на сите наведени.

Мое мислење е дека ќе заврши како Груевски, јас мислам и дека ја завршил својата задача со своето владеење така да кај и да е подржувачите од западот ќе го остават сам, па ќе им ја донесат и на Србите "демократијата и слободата" по кој знае кој пат, како што ни ја донесоа и нас пред неколку години.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Врвот беше жена му на Јоксимовиќ кога му се изнасмеа во фаца зошто мртов ладен рече најдовме уште пари :pos:

ај овој што има некоја откачена жичка во главата си има, мене ме фасцинираат луѓе кои воспеваат и гласаат вакви карикатури
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
9.333
Поени од реакции
19.027
Кој тоа вика дека Вучиќ е диктатор ? Сигурно во србија има шарени корисни идиоти како што вели Орбан


Sent from my iPhone 8 Plus using Tapatalk
Тоа што се случува сега во Србија и тоа како е диктатура, а тоа дека има шарени има, како шо кажав кај да е пак ќе ги огрее слободата и демократијата како што не огреа и нас.
 

Partizanen banditen

Психијатриски случај
Член од
24 август 2016
Мислења
5.827
Поени од реакции
17.457
Врвот беше жена му на Јоксимовиќ кога му се изнасмеа во фаца зошто мртов ладен рече најдовме уште пари :pos:

ај овој што има некоја откачена жичка во главата си има, мене ме фасцинираат луѓе кои воспеваат и гласаат вакви карикатури
Истото бепе и со респираторите кога премиерката не сакаше да го каже бројот демек било државна тајна, па идиотов го кажа бројот и уште кажа дека набавил респиратори по црн пат.

А го гласаат и воспеваат луѓето како кај нас кои гледаа сител, мтв, канал 5.
Автоматски споено мислење:

И да заборавив да ја споменам најфасцинантната и најдебилната работа на вучиќ воедно - освојувањето на неговата Српска листа на Косово со 97% гласа во српскиот дел, за кои во денешно време било каде е тешко да се претпостави дека ке се добијат.
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
9.333
Поени од реакции
19.027
Овој на Заев вода може да му носи, да шитнеше име на држава, идентитет и се остало, сега ќе му правеа годишни помени.
Јас мислам дека Вучиќ го уништи тој вистински патриотизам и оној инат со кој знаат да се фалат они.Можеби грешам нека ме поправи некој кој се движи по Србија ама мислам дека примарната цел за и која бил донесен на власт била баш таа.
 

Partizanen banditen

Психијатриски случај
Член од
24 август 2016
Мислења
5.827
Поени од реакции
17.457
Овој на Заев вода може да му носи, да шитнеше име на држава, идентитет и се остало, сега ќе му правеа годишни помени.
Ги пратам сценаријата со Косово и мислам дека единствени што ке му се спортиват се црквата и можеби правата опозиција (не онаа која тој ја финансира и и дава простор во неговите медиуми). Така да се тоа околу признавањето е ист проблем како нашето име.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.864
Диктатор не знам дали е, сепак победува на избори, дека е демократски автократ по моделот на некои други помоќни негови колеги е неспорно, со тоа што од сите овој делува најкомично оти претерано се труди, претерано глуми, пренападен, премногу присутен во секој сегмент на нивното општество, нема ниедна одлика на нормалност неговото однесување, не само како политичар, туку како човек.

А да не заборавиме од каде доаѓа, Шешељов потрчко, со нивната идеологија од 90-тите, кога се од Гевгелија до Карловац беше српска земја, министер во владата на Милошевиќ, само овие две работи се доволни за да се види неговиот демократски капацитет, со неговите коалициски партнери Социјалисти- демек реформираната партија на Милошевиќ.
 

Partizanen banditen

Психијатриски случај
Член од
24 август 2016
Мислења
5.827
Поени од реакции
17.457
Јас мислам дека Вучиќ го уништи тој вистински патриотизам и оној инат со кој знаат да се фалат они.Можеби грешам нека ме поправи некој кој се движи по Србија ама мислам дека примарната цел за и која бил донесен на власт била баш таа.
Баш затоа е донесен во 2012 година на власт. Е сега тактизира и бара решение додека не најде, негова среќа се деси корона, па сега и не е толку битно Косово, инаку до крајот на годината Гренел ке го решеше прашањево, само не се знаеше со каков исход, т. е. придобивки за Србија.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom