Александар Белов

rossoner stefan

Модератор
Член од
5 декември 2007
Мислења
1.770
Поени од реакции
192
Абе луѓе мутав бил.Тоа не е страшно....ке го земе некоја продукциска куќа и некој добар менаџер за три месеци цица маца има да го напраат, најпаметно суштество.Трагично ке беше да немаше глас и не знаеше да пее.Вака ич не берете гајле.
Инаку ми се допага, и беше мој фаворит од самиот старт.Има во него некоја посебна харизма....на сцена се однесува одлично...не е некој труп за играње се движи солидно...одлично комуницира со публиката и пред се ми се допага неговата скромност и секако неговиот вокал.Со среќа Алекс.
 

rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
Значи беше типов во куќата и доби подршка од цела Македонија и се гласаше постојано за него.

И сега конечно ќе почне вистински да ја гради кариерата и одма го осудуваме а уште ни една песна официјално нема. И ние одма не е информиран, глуп, не знае да игра, не знае да се однесува, не знае ова, она ...

Само за споредба Тоше кога дојде на нашата сцена со Усни на усни, Твојте бакнежи на мојте бели кошули и други песни беше едно усрамено малецко момче. Па и во текот на целата кариера немаше поима од играње. А и гласот го извежба максимално колкава неверојатна разлика има од првите негови песни до последните. Секој почеток е тежок само треба упорност. Тоше успеа да не освои сите (иако за жал го свативме тоа откако го изгубивме).

Е сега глупа е споредбата со Тоше зашто тој е еден и единствен.
Само не треба да ги ругаме новите таленти, оние кои што имаат добар глас. А однесувањето на сцена, интервјуата, играњето се се учи со тек на време. Никој паметен не се роди.
Доволно е само да оставиме да се покаже.
 

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Потполно се согласувам со россонерка... На луѓе кои имаат талент треба да им се пружи поддршка и треба да им се даде шанса...Мислам дека Белов ќе стигне далеку...
 

rossoner stefan

Модератор
Член од
5 декември 2007
Мислења
1.770
Поени од реакции
192
Значи беше типов во куќата и доби подршка од цела Македонија и се гласаше постојано за него.

И сега конечно ќе почне вистински да ја гради кариерата и одма го осудуваме а уште ни една песна официјално нема. И ние одма не е информиран, глуп, не знае да игра, не знае да се однесува, не знае ова, она ...

Само за споредба Тоше кога дојде на нашата сцена со Усни на усни, Твојте бакнежи на мојте бели кошули и други песни беше едно усрамено малецко момче. Па и во текот на целата кариера немаше поима од играње. А и гласот го извежба максимално колкава неверојатна разлика има од првите негови песни до последните. Секој почеток е тежок само треба упорност. Тоше успеа да не освои сите (иако за жал го свативме тоа откако го изгубивме).

Е сега глупа е споредбата со Тоше зашто тој е еден и единствен.
Само не треба да ги ругаме новите таленти, оние кои што имаат добар глас. А однесувањето на сцена, интервјуата, играњето се се учи со тек на време. Никој паметен не се роди.
Доволно е само да оставиме да се покаже.


Кико апсолутно си во право.Ама знаеш на форумов имаме голем број '' стручњаци'' кои се разбираат во се и сешто поминале многу години напорна работа и трнлив пат па сега се способни да коменатираат и пљукаат за се:tapp:
До кога вака?!
 

Boomerang

Немој CTRL+W.
Член од
18 јуни 2006
Мислења
3.709
Поени од реакции
809
Добар е, ќе го бидне. Има неверојатно добар глас, за понашање не е којзнае што, и за зборење, ама добар менаџер ќе сврши работа :)
 

BliND

Raptus regaliter...
Член од
16 јануари 2006
Мислења
3.963
Поени од реакции
361
Никогаш не сум гледал О.Т.
Се надевам дека нема да се одлучи за најлесниот начин да изгради кариера - ЏејЏеј ...
Ако отиде кај Јован Јованов си ебал и кариера и се , вака барем има потенцијални шанси да стане ѕвезда :) ..
 

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Никогаш не гледал О.Т.
Се надевам дека нема да се одлучи за најлесниот начин да изгради кариера - ЏејЏеј ...
Ако отиде кај Јован Јованов си ебал и кариера и се , вака барем има потенцијални шанси да стане ѕвезда :) ..
Ај сеа без клетви молам:pos2:Белов мислам дека ќе работи со Огнен или некои од тие реномираните, ако воопшто остане тука у Мкд...Можеби ќе ни го дрпне некој од страна
 
Член од
19 јуни 2007
Мислења
3.422
Поени од реакции
116
Каква музичка кариера очекувате да има Алекс во Македонија?
Па мислам дека ќе биде доста популарен и се надевам дека ќе пее поп или поп-рок и нема да тргне по стапките на Геј-Геј и Ељвир.
Кој ке го представува (менаџер) ?
Па кој било, само не План Б, Авалон или Иван Мирчевски/Митриќевски (или како и да се презиваше оној од МТВ).
Дали има Алекс потенцијал да стигне до светска слава?
Балканска сигурно ќе има, а ако поднаучи уште подобро да збори англиски ќе се здобие и со светска слава.
 

DonJas

Married and Happy
Член од
22 јуни 2008
Мислења
2.651
Поени од реакции
586
де бре па и вие.. полека оставете го да дише малку... после 100 дена затвор и после одеднаш генг ап.. ке се среди за некој ден.. и ке биде нумеро уно во македонија... пре него би го слушал него џеј џеј или фрчак мада фака....
 
Член од
27 јуни 2008
Мислења
1.543
Поени од реакции
42
Ја очекувам да направат нешто од Александар,детето има потенцијал,многу добро пее и иако е малку т'п - фаворит ми беше.Балканска кариера ќе направи,за светска да видиш да не веруваш.
 

ZACKY VENGEANCE

chuck SUCKScorey ROCKS
Член од
25 ноември 2008
Мислења
226
Поени од реакции
16
:pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2:
добро пее ама да бидеме искрени и не толку добро за да има светска слава,може само на балканов ама ќе видиме што ќе биде.
 

burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
Ако на овој начин се појавуваат ѕвезди тешко на нас.
И дај ве молам не трескајте зелени светска слава :pos2:

Балканско шоу, кај што се само балканци....која светска слава овој уште Македонски не знае да зборува.
 

Zemzela

носител на титулата ултимативен клабер
Член од
19 јули 2006
Мислења
5.045
Поени од реакции
151
Дечкото веќе сите го дознаа така да иако не победи не верувам дека барем кај нас некој не слушнал за него...сепак мислам дека ќе продолжи да пее овде кај нас,за подалеку незнам...само се надевам ќе пее некои нормални песни со подобро текстови од оние веќе шаблонските Џеј-Џеј и дружината братско стебло :tapp:
 

vlatko_95

Чоек
Член од
26 септември 2008
Мислења
260
Поени од реакции
66
Баш е добар а бај д веј на 10 Јанури 2009(Сабота) ке има концерт во "Колосеум" во Скопје има концерт па ај да му идеме хаха.
 
Член од
18 декември 2008
Мислења
310
Поени од реакции
108
И да не знае ке научи, а и не му треба многу македонски...
кај нас нема ни еден добар менаџер кој може талентирано дете да го вивне кон ѕвездите. Да не беше Лиљана Петровиќ, толку и Тоше ке видеше балканска кариера.
А да биде ѕвезда во Македонија-се сомневам. Ке биде исто како Данијел(морав да споменам) кој го сака-го сака многу, а кој не го сака...(ноу комент)
Детето уште и нема песна, а веќе коментари летаат... не давате детето да се докаже дали вреди или не

А само не ми е јасно зошто ги нејкете Џеј Џеј и Елвир?
Ако сте толку експерти, дајте вие извадете хит песна, победете ги на дело, бидете им конкурентни, а не само на збор да ги вреѓате, и такви биле, онакви биле... Ама така е, секогаш нашето не вреди, туѓото е подобро...:tapp::tapp:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom