Албанија ќе финансира проекти на македонското малцинство

  • Креатор на темата Мартин`
  • Време на започнување
М

Мартин`

Гостин
Целта ќе биде заштита на етничкиот, јазичниот, културниот и верскиот идентитет на малцинствата во Албанија

Албанската влада формира посебен сектор за малцинства, кој ќе ги финансира печатењето на единствениот весник на македонски јазик што излегува во Албанија „Преспа“, македонскиот фолклорен фестивал во Мала Преспа и печатењето книги на автори-Македонци што живеат во оваа држава. Ваквиот сектор е формиран во рамките на албанското министерство за туризам, култура, млади и спорт како дел од обврските што ги презеде Албанија како услов за зачленување во ЕУ.

Претставници на овој сектор, предводени од Бардул Лондо, советник во Министерството, во општината Пустец имале средба со делегација на Македонците во Албанија, предводени од градоначалникот на општината Едмонд Темелко. На средбата претставниците на новоформираниот сектор ги претставиле приоритетите во нивната работа. Планирано е овој сектор финансиски да поддржи специфични проекти чија цел е промоција на културниот идентитет на малцинствата во земјата.

Темелко, откако информирал за положбата на Македонците во Албанија, побарал од секторот да води грижа за сите Македонци, бидејќи, како што напоменал тие не живеат само во општината Пустец, туку и во Гора, Голо Брдо, Девол, како и во поголемите албански градови. Целта на секторот ќе биде заштита на етничкиот, јазичниот, културниот и верскиот идентитет на малцинствата во Албанија. Според Темелко, ваквиот сектор е значаен затоа што дава надеж за Македонците во Албанија.

- Ние сме лојални граѓани, плаќаме даноци и првпат ќе можеме да се јавиме како корисници на средства од буџетот што го полниме за да можеме да ги заштитиме нашиот национален и културен идентитет - вели Темелко за „Нова Македонија“.
 

Eisenhorn

Lord Inquisitor
Член од
6 мај 2009
Мислења
4.051
Поени од реакции
9.252
Шуќур. Добар чекор на Абанија, секоја чест.
 

Polar Bear

Absolute Predator
Член од
22 април 2010
Мислења
51
Поени од реакции
2
Beware of Greeks bearing gifts

Важи за сите...
:nenene:
 

hotmail

GiO
Член од
1 февруари 2008
Мислења
1.333
Поени од реакции
426
Шуќур. Добар чекор на Абанија, секоја чест.
Ma кој добар чекор, нашите "малцинствa" тука ги уживаат сите права сега нашите новинари свршија на едни проекти, ураа за албанија хаха.
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.587
Јас секој позитивен чекор го поздравувам и поддржувам, па така и овој.

Темелко пред некое време беше ослободен од обвинението -- ако се сеќавате, Албанските власти сакаа да го укинат Македонскиот јазик во Голо брдо. Ова е добар развој на настаните, но да видиме дали и надвор од Пустец Македонците ќе ги уживаат сите права.

Темелко вели дека не има многу во Албанија и битно е Албанија да овозможи слободен попис идната година како што Бериша вети. Дури и да е “полу-слободен’’ така да се изразиме, важно е да можеме да се ијасниме како Македонци и во другите делови на Албанија.
 

Кралот Марко

Не прилепчанецот, ами Јас
Член од
6 ноември 2008
Мислења
3.969
Поени од реакции
278
Мојот скептицизам ќе го охрабрувам со оптимизам, тогаш кога ќе видам уште поконкретни нешта од страна на албанската влада. До тогаш на Македонците во Албанија им посакувам упорност во сите чекори што ќе ги превземаат кон подобрување на својата положба.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom