Јас сум моментално во Тирана ресорт во Радиме, после Валона 15 км. Го најдов на букинг. Апартманов е чист простран уреден со сите неопходни работи.Во склоп на ресортот има и базен што се доплаќа. Цените се прифатливи по плажи и ресторани. Еврото го менуваат 122-122.5 до 123 по менувачници а го прифаќаат секаде по 120 освен каде што има фискална сметка па имаш цена и во леки и во евра. Плажи наоколу колку сакаш, што уредени што диви. Морево е чисто и топло. Барови и ресторани колку сакаш средени и полусредени. Лежалки на плажа од 300 леки па нагоре, пиво од 150 па нагоре. Храната во ресторани им е ефтина и не се споредува со грција дали е пица или морско или месо.
Во валона навечер да не се лаже некој да отиде со кола,општ хаос и безумие. Сообраќајот исто како кај нас дивјаци од сите страни со чесни исклучоци. Маски и дистанца равенка со три непознати. Ама...
Сума сумарум ако ставиш на кантар платено/добиено се исплати освен ако не патиш од комплекси.