Албанија - место за одмор

Член од
26 септември 2007
Мислења
1.994
Поени од реакции
1.890
Се мислам со мало дете на кај да одам, некако далеку ми е до Ксамил да возам, па ги гледам овие места Орикум и Радхиме. Ме интересира каква е водата кога ќе влезеш внатре длабоко/плитко, плажите се со песок/камења некои основни информации дали е добро за со мало дете. Ако може некој да сподели инфо би му бил благодарен.
Орикум e место за со мали деца, плажата е можда со камења, ама морето е долу со песок, и на 50 метри не е толку длабоко...Бојо ресорт е местото кај што одев на плажа, а мислам дека од другата страна на улицата има и апартмани...
Бојо респорт Booking
Валона е на 15 км од таму, а градчето (селото) Орикум, е мирно место...
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
9.952
Поени од реакции
14.703
Се мислам со мало дете на кај да одам, некако далеку ми е до Ксамил да возам, па ги гледам овие места Орикум и Радхиме. Ме интересира каква е водата кога ќе влезеш внатре длабоко/плитко, плажите се со песок/камења некои основни информации дали е добро за со мало дете. Ако може некој да сподели инфо би му бил благодарен.
Моето дете додекла беше мало одев во Валона на ,,плаж публик,, или градска плажа. Плажата не е во градот, туку 2-3 км на излез према Орикум, каде се воглавном хотелите и апартманите.

Тука плажата е со ситна песок како во Паралија, Улцињ....и околу 100 м е само плитко. Тамам за дете

Во Орикум плажите се со ситен чакал, и нормално тука е водата почиста, но на 5-6 м веќе фаќа над 1.5 м длабочина

Оваа улица во Валона ја викаат ,,македонската улица,, бидејќи на времето многу македонци тука се сместуваа. Ридал хотелот е идеален за со мало дете, бидејќи од задна страна на апартманите на приземје има детски љуљашки, мали базенчиња...милина да го оставиш детето додека се суредуваш во собата

јас планирам тука некаде да одам околу 25-ти месецов(после 9 години повторно во Валона), ако не крени бројот на заразени..нормално

40.435242, 19.497858
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
9.952
Поени од реакции
14.703
Pravam muabet za dolg period......od 2007 pa navamu....

Togas bea sveži sećavanjata od 2001-va
 

GavolRulz

hippopotomonstrosesquipedaliophobia
Член од
23 март 2008
Мислења
12.609
Поени од реакции
11.152
Јас се вратив вчера, бев 6 вечери во Саранда и 2 вечери во Драч.
Према условите и кризата со корона, добро е. На сите отворени граници не би се вратил пак таму.

Саранда се се дешава на една улица и сите коли низ таму се движат, значи додека да излезеш од градот ќе ти се ебе семето.
Плажите и морето не се ништо посебно во градот, па затоа ние одевме вон Саранда пред Ксамил (Мирор бич и уште во тој дел) и во Ксамил, таму има најдобри плажи, најдобри лежалки, најчисто и најмирно море. Навечер низ Саранда една улица за шетање и тоа е тоа, нема ништо посебно. Бев сместен во хотел на самата плажа, со тоа и посолена цена од ноќевање, меѓутоа не вреди за парите.
Плус, не се ни осеќаш дека си во Албанија, не се луѓето како нашите косовари гадни, плус и друг говор имаат.

Драч водата крш, никаква, малиот прст не си го бркнав, не па нешто друго. Строго на базент. Поголем град, поинтересно навечер.

П.С патот до Саранда е многу лош, значи буквално те изморува и психички и физички. Од Струмица до таму 600 км, а се патува 9+ саати. СМРТ.
 
Последно уредено:
Член од
12 март 2009
Мислења
19.797
Поени од реакции
15.713
Не игра улога многу Бајрам во Албанија со оглед дека многу многу исламот таму не е раширен и имаш доста Албанци католици.

А иначе милион пати подобро да си таму сега него во Охрид и Струга со оглед која гужва е кај нас и лимитираните плажи.Милион плажи имаш во Албанија каде што жива душа нема.Пред две години бев во Спиле село со излез на плажа крај на јули и на 8км распространета плажа место колку сакаш живо пиле немаше.Во Охрид и Струга немаш игла кај да ставиш.
е па сега, на 15.-8 е најголемиот католички празник, Богородица, во Драч се збира невиден Буљук
 
Член од
5 март 2018
Мислења
15.127
Поени од реакции
16.621
Брат ми сакаа да одат Охрид овие дена ама бидејќи Охрид е натрупан деновиве смештај не можеа да најдат како шо им одговараше, со деца мали се плус, една недела бараа смештај испод 50 евра од ноќевање немаше, со појадок нормално, ај тоа, туку смештајот кој го нудеа Охриѓани, за нигде, една соба да нема кај да се свртиш шо се вика, во последен момент одлучија да одат Албанија, Валона, прв пат одат и се многу пријатно изненадени, еве ви неколку сликчиња од апартман
Апартманот се наоѓа во мирно местенце, има приватна плажа и се што ти треба наоколу.
30 евра ноќевање за двособен нов апартман покрај море, чисто и комфортно.
Ќе земам бројче ако оди некој натака нема да згреши тука да се смести. received_782990485846775.jpeg received_692929254624719.jpeg received_1194648714230152.jpeg received_315661912891207.jpeg received_660827884521345.jpeg
 
Член од
7 јануари 2015
Мислења
907
Поени од реакции
588
Брат ми сакаа да одат Охрид овие дена ама бидејќи Охрид е натрупан деновиве смештај не можеа да најдат како шо им одговараше, со деца мали се плус, една недела бараа смештај испод 50 евра од ноќевање немаше, со појадок нормално, ај тоа, туку смештајот кој го нудеа Охриѓани, за нигде, една соба да нема кај да се свртиш шо се вика, во последен момент одлучија да одат Албанија, Валона, прв пат одат и се многу пријатно изненадени, еве ви неколку сликчиња од апартман
Апартманот се наоѓа во мирно местенце, има приватна плажа и се што ти треба наоколу.
30 евра ноќевање за двособен нов апартман покрај море, чисто и комфортно.
Ќе земам бројче ако оди некој натака нема да згреши тука да се смести.Прегледај го приврзокот 261660Прегледај го приврзокот 261661Прегледај го приврзокот 261662Прегледај го приврзокот 261663Прегледај го приврзокот 261664
Сите апартмани во албанија се нови и премногу чисти. Современо се опремени. Каде и да одиш исто е. Свака им част за тоа

Sent from my YAL-L21 using Tapatalk
 
Член од
5 март 2018
Мислења
15.127
Поени од реакции
16.621
Сите апартмани во албанија се нови и премногу чисти. Современо се опремени. Каде и да одиш исто е. Свака им част за тоа

Sent from my YAL-L21 using Tapatalk
Да, гледав лани баш на букинг се е ново.
Па повеќето се нови изградби затоа.
Исто така и комфортни, нема таму една соба со начукани кревети.
30 евра за ноќевање со две спални, дневна, кујна, тераса плус тоа во близина на плажа тоа не го наоѓаш нигде.
Комотно 5 души можи да се сместат внатре.
А не онаму како шо издаваат по една соба, да не можиш да се преслечиш.
 

TrendS

Work Smart, Not Hard
Член од
14 декември 2018
Мислења
4.405
Поени од реакции
29.797
Додека каур патува низ Албанија може и нешто вакво да го снајде.....ова беше лани.
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
9.952
Поени од реакции
14.703
Додека каур патува низ Албанија може и нешто вакво да го снајде.....ова беше лани.
веќе е пишано за ова....лично половина влада со се премиерот им се извинија, а другата ден ресторанот го срамнија со болдужер

албанците знаат дека живеат од туризмот...ценат од каде се заработува лебот
 
Член од
5 март 2018
Мислења
15.127
Поени од реакции
16.621
Додека каур патува низ Албанија може и нешто вакво да го снајде.....ова беше лани.
Ова можи сегде да те најди така ако гледаш, за Грчка ако почниме да отвораме теми како имаат поминато наши туристи ќе не можиме да допишиме.
Автоматски споено мислење:

Плус настанот се случи поради расправија со газдата, овие порачале храна која касно ја добиле и станале си заминале, овој несаламниот тргнал да се пресметува со нив.
Нема врска ова со каури маури.
Никој каур во Албанија не е понижуван заради националноста, нешто шо не можи да се кажи и за јужните соседи па секоја година им оставате еден кош пари таму.
И јас имам лошо искуство во Грција, сакав да изнајмам кола кога ме праша човекот од каде сум оти по акцентот му сум личела на Романка му реков од Македонија, пепел ме напрај, ми вика оди нагоре на 50 метри имаш карта, таму не постои Македонија, Македонија е Грција, нема рента, ме избрка како пес надвор, ниту јас пак останав покусо, му изнареков се и сешто и си заминав.
Тоа не значи дека ако некоја будала изигравал националист дека сите се такво срање, сега јас треба да ја пречкртам Грција од мапата за туризам ?
 
Последно уредено:
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.167
Поени од реакции
17.964
Дерми мислам дека е многу посредено од останатите туристички места, нема гужви, водата и плажите се топ, чистота на ниво итн.
Ми го фалат многу луѓе кои биле таму
И јас гледав Дерми, само цените изгледаат поскапи од други места во Албанија.

Некој бил да кажи искуства ?
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
9.952
Поени од реакции
14.703
И јас гледав Дерми, само цените изгледаат поскапи од други места во Албанија.

Некој бил да кажи искуства ?
Во дерми сум многу пати....но на еден ден, бидејќи цените за сместување на вилите покрај плажа се во шпицот на сезоната над 50-60 евра, посебно на тие во близина на претседателската палата на Енвер Хоџа

Родителите на мој другар одат таму секоја година...плаќаат по околу 60 евра но можат тоа да си го дозволат(такси ги носи...такси ги враќа од таму-150 евра по правец)

посимпатична верзија ми беше новата населба што се градеше десно од дерми..со вили и автокамп...

SAM_1904.jpg SAM_1906.JPG SAM_1908.JPG
 

Kajgana Shop

На врв Bottom