Албанија - место за одмор

Член од
30 декември 2005
Мислења
1.190
Поени од реакции
5
МАЛЕЧКА ЗЕМЈА НА ДВЕ ГОЛЕМИ МОРИЊА

Новата Албанија ја победи старата

Албанија има крајбрежје од 460 километри, а на песочните плажи на Јадран и по карпестите сртови на Јон преку ноќ никнуваат патишта, хотели, станбени и деловни згради, но и цели пристаништа


Албанија е земја на спротивности, кои се забележуваат на секој чекор. Современиот автопат наеднаш се претвора во козја патека. Меѓу кулите-близначки и висококатницата на „Водафон“, кои доминираат во центарот на Тирана - бетонски бункер. Жителите на Албанија-муслимани, католици и православни заедно ги делат сјајот и бедата на реалноста, желбите за иднината, обидувајќи се да го заборават минатото. Албанија се движи, се менува брзо и тоа на подобро.

Старата Албанија, изолирана од светот, затворена самата во себе каква што ја паметиме, веќе ја нема. На неа потсетуваат бункерите, стотина километри лоши патишта и десетина сиви згради во центарот на Тирана, кои новиот градоначалник Еди Рама не успеа да ги оживее со нови разнобојни фасади. Во градот, кој е целосно раскопан, врвулица од автомобили. Низ земјата што до пред десетина години имаше само 600 автомобили, привилегија на избраните, сега се движат милиони „мерцедеси“ од сите типови. Од стари до најнови модели, штотуку излезени од автосалоните. Нема да биде претерано ако кажеме дека „мерцедес“ е национален автомобилски бренд во Албанија. Секаде низ градот прав и бучава што ги создаваат огромните градежни машини. Можеби затоа Тирана го „заслужи“ епитетот на најзагадената престолнина во Европа. Преку ноќ никнуваат висококатници, се пробиваат нови широки булевари. Се гради ударнички, буквално секаде. Несомнено дека и граѓаните и власта се обидуваат да надоместат се' што било пропуштено во изминатите 50 години. Нови хотели, деловни и станбени објекти. Над Тирана веќе се присутни Светскиот деловен центар, АМЦ односно „Космотел“ за Албанија, „Рајфајзен“, но и висококатницата на „Водафон“, на чиј врв е поставена ротирачка подвижна купола со современ ресторан, од кој може да се види цела Тирана.

Нови згради, стари патишта

На местото на бункерите, кои, како што ни раскажуваат самите Албанци, ги имало од неколку стотици илјади до милион, се градат современи градби. Фасадите на старите сиви згради што според урбанистичкиот план не биле предвидени за уривање, се премачкуваат во пастелни бои. Општ впечаток е дека во целиот тој инвестициски бум, најтешко се снаоѓа државната администрација, која „ужива“ се' уште во инертноста, една од привилегиите наследени од стариот систем. Можеби токму поради ова стекнато право таа одвај успева да фати чекор со новиот претприемачки дух на своите граѓани, собрани од сите страни на светот. Можеби токму затоа тие и не очекуваат иницијатива од државата. Повеќе од две третини, односно околу 80 проценти од сите инвестиции во земјата, се приватни.

Слично постапија и нашите домаќини од осигурителната компанија „Сигма“, кои го организираа ова патување, обидувајќи се да ја потсетат администрацијата дека промоцијата на туризмот е сепак нејзина обврска, а не должност на приватната иницијатива. Освен тоа, интересно е што во Албанија граѓаните не штрајкуваат пред Владата, барајќи социјална помош или нови вработувања. Тие работат по 12 часа на ден за 8 до 10 евра. Стапката на невработеност е меѓу 15 и 20 проценти, а минималната плата е 120 евра. Но, тоа не е репер за висината на платите, ниту за животниот стандард во земјата. Иако просечната плата е околу 150 евра, има и такви што месечно со легална работа заработуваат и по 3.000 евра. Земјата се гради со пари на Албанците што биле или се се' уште на гурбет во САД и во Европа. Без оглед на тоа како ги заработиле своите леки, франци, евра или долари, заедничко за сите нив е што заработените пари ги инвестираат во сопствената земја.

Патиштата во земјата се лошата страна во приказната за новата Албанија. Според една анегдота што со задоволство, но и со доза на самокритика ја раскажуваат Албанците, во нивната земја има повеќе дупки отколку патиштата. Но, и централната и локалната власт се обидуваат да ги поправат главните сообраќајници пред претстојната туристичка сезона. Паралелно се градат современи автопатишта и магистрали, за кои ЕБРД на Албанија и' одобри кредит од 185 милиони евра. Со тие пари земјата во наредните 5 години треба да ги осовремени сообраќајната, енергетската и телекомуникациската инфраструктура.


Плажи на две мориња

Она што никого нема да остави рамнодушен во оваа малечка земја на две големи мориња е крајбрежјето. Импресивната глетка на недопрената природа ја расипуваат градежниците, кои градат по целиот морски брег долг 460 километри.

Јадранскиот брег, на кој се наоѓа најголемиот дел од туристичките дестинации, изобилува со долги недопрени песочни плажи, заливи, мали острови, стари градови од античкиот и римскиот период, па се до византискиот и периодот кога на ова подрачје владееле Османлиите. Големите пристаништа, како што се Драч и Валона, но и малите гратчиња Химера, Орикум и Боршч, со уште неброено многу други, безимени мали места од по стотина жители, имаат прекрасни песочни плажи долги и по неколку километри. На брегот, едни покрај други, растат палми, лимони, маслинки, но и борови и други видови иглолисни дрвја. Причина за разновидната вегетација е благата медитеранска клима, која е карактеристична за целото албанско крајбрежје. Просечната температура во лето се движи помеѓу 24 и 30 Целзиусови степени.

Јонскиот брег се карактеризира со карпести плажи и со постудена морска вода.

Најголемиот туристички центар во Албанија, пристаништето Валона, лани беше прогласен за кралица на туризмот. Тоа е еден од најстарите градови во Албанија, во кој сега живеат околу 120.000 жители. Тие особено се гордеат со тоа што токму во овој град нивниот сограѓанин Исмаил Ќемали во 1912 година ја прогласил државноста на Албанија, непосредно по пропаѓањето на Отоманската Империја. Во негова чест во центарот на Валона е подигнат споменик. Валона е пристаниште во заливот Карабурун, а градската каса најголемиот дел од приходите, освен од туризмот, го прибира од рибарството, но и од прехранбената и текстилната индустрија. Во градот преовладува италијанското влијание, што не е чудно, зашто по Отранската врата, Италија е оддалечена само 72 километра, а речиси сите жители го зборуваат италијанскиот јазик. Во минатата година во градот престојувале 190.000 туристи, а годинава градските власти очекуваат 210.000 туристи, колку што е максималниот капацитет со кој располагаат хотелите и приватното сместување.


Саранда - бисер на албанскиот брег

На југ е и Саранда - бисер на албанското крајбрежје. Ако е Валона кралица, Саранда е најскапоцениот бисер на нејзината дијадема. Саранда е 285 километри јужно од Тирана и 124 километри на југ од Валона.

Во малото гратче со одвај 35.000 постојани жители и со дури 300 сончеви дена во годината, само лани престојувале околу 160.000 туристи. Саранда е подигната во 12 век, во мал залив на Јонско Море, оддалечен само десетина километри од грчкиот остров Крф. Од Саранда до Крф и обратно, во текот на сезоната, која почнува на 15 мај и трае до крајот на септември, на секој половина час се организираат прошетки со помали бродови. Но, за такво нешто на нашите граѓани ќе им треба грчка виза, која ќе мора претходно да ја обезбедат во Македонија, ако сакаат да го посетат грчкиот остров.

Градот го добил името по црквата „40-те маченици“ изградена во 14 век, во византискиот период. Нејзините остатоци можат да се видат непосредно над градот. Во Саранда доминираат жителите со православна вероисповед, кои добро го зборуваат грчкиот јазик. За време на италијанската окупација во Втората светска војна, името на градот по наредба на Мусолини било сменето во Порто Еда, по името на неговата ќерка Еда.

Она што за време на престојот во Саранда не смее да се пропушти секако се стариот град Бутринт, кој е на само седум километри од новиот град, и замокот над Саранда. Бутринт е антички град од 3 век пред нашата ера. Градот потоа бил доградуван и е добро зачуван. За само 50 леки или приближно половина евро можете да го разгледувате со часови, а на располагање се и локалните водичи. Во непосредна близина на Бутринт се најубавите плажи на југот на земјата.

Албанија ги има сите природни и социјални предуслови за туризмот да биде доходовна индустриска гранка, а не угостителска дејност.

Цените во хотелите во Валона и во Саранда се пристојни во споредба со она што го нудат. Иако повеќето не се се' уште стандардизирани со изедначени лиценци за целата држава, услугата и исхраната се одлични, а собите беспрекорно чисти. На пример спиење и појадок во двокреветна соба во хотел од А-категорија чини од 30 до 50 евра во зависност од местоположбата. Цените во приватното сместување се уште поприфатливи. Ноќевање чини од 5, 7 и 8 евра за човек. Конечната цена во приватна режија сепак најмногу зависи од времетраењето на престојот. Инаку цените на бензините се повисоки отколку во Македонија.


Малку по автопат, малку по козја патека

Од Скопје до Саранда има 510 километри, кои со автомобил, преку граничниот премин Ќафасан, се минуваат за 8 до 10 часа. Албанските визи чинат 10 евра на граничниот премин, а двојно помалку ако претходно се обезбедат во амбасадата во Скопје.

Првиот поголем град по минувањето на границата е Либражд, па Елбасан, а патот води преку Тирана, Драч, Фиори и Валона. Но, ова е полошата варијанта за да се стаса до Саранда, зашто патот преку Тирана е тежок за возење и е полн со дупки. Тоа е всушност стариот пат од Елбасан до Тирана, широк одвај 2,5 метри, кој води преку висок планински масив. Делницата е препорачлива за тие што сакаат авантури и убави планински пејзажи.

Но, ова и не е толку лошо во споредба со тоа што ги очекува возачите на релацијата стотина километри јужно, меѓу градовите Фиори и Валона. Од Тирана до Фиори се оди преку Драч, по најсовремен автопат со шест ленти., но на 80 километри пред Фиори и уште 40-ина километри по него, кон Валона, ве очекува напорна делница, која е целосно раскопана. Иако пределот низ кој се минува е рамничарски, поради огромната фреквенција на возила, трасата е целосно уништена и не дозволува возење побрзо од 40 километри на час. Но, локалните жители оваа делница ја минуваат за многу пократко време. Токму поради ова, се препорачува на патиштата во Албанија, нови или стари, да се отворат четири очи.

Глетката по патот изобилува со шуми, мали планински реки и питоми долини. Покрај патот има стотици убаво уредени и, што е најважно, чисти мали приватни хотели, ресторани, пицерии и таверни, во кои може да се направи пауза. Некои од нив се вистински хациенди, замоци. Така е се' до Валона. Од Вљора, како што ја нарекуваат Албанците, па се' до Саранда делницата се протега паралелно со морето, по високите планински сртови. Вистински рај за параглајдеристите. Од патот се гледа малиот остров Порто Палермо, каде што е и замокот што во 16 век го изградил турскиот војсководач Али Паша, кој живеел во Тепелане.


Се бара дел од брегот

Од Валона патот води преку високите планински сртови до југот на Албанија. Вегетацијата е ретка, но глетката е како од бајките. Од надморска височина од 1.200, а некаде и до 1.400 метри се гледа морето и само се наѕираат контурите на плажите и селата. Најголем дел од селата не се на крајбрежјето, бидејќи за време на комунистичкиот режим со декрет била забранета каква било изградба покрај морето. Затоа во градежниот бум што сега ја зафати Албанија сите се обидуваат да зафатат колку што е можно поголем дел од крајбрежјето.

И локалните жители сметат дека државата ќе мора да и стави некаков редна неконтролираната градба покрај брегот, зашто, како што тргнале локалните газди, за десетина години брегот ќе го претворат во бетонска оаза. Ова го сфатија локалните власти и веќе се донесени урбанистичките планови во поголемите градови.

Втората, многу подобра варијанта да се стигне до Саранда е веднаш по Елбасан да се оди на клучката за Рогожине, од каде што преку Тепелане и Ѓирокастро се влегува во Саранда. Сепак, и по оваа маршрута мора да се мине делницата преку Фиори, која, како што вети префектот на Валона, треба да биде завршена до крајот на годинава.

Третиот, но не и наједноставен начин да се стигне до Саранда е преку Грција, до Игуменица, а потоа на траект до Саранда. Патот е подолг, се минуваат две граници, но се заобиколуваат лошите патишта. Градоначалникот на Саранда вели дека локалната власт веќе подготвила проект и обезбедила пари за изградба на помал аеродром за чартер-летови во близина на градот. Со тоа до Саранда од Скопје ќе може да се стигне за помалку од еден час. Според градоначалникот, овој проект ќе биде реализиран за една-две години, зашто треба да се преадаптира и да се прошири постојниот воен аеродром што го користеле Италијанците, а потоа и Британците во Втората светска војна.

dnevnik.com.mk


p.s ke ima prodolzenie so sliki.
 

sagaqua

Successful and Creative
Член од
23 декември 2005
Мислења
2.218
Поени од реакции
31
vlatko напиша:
Визи треба за Албанија?
Треба. Се вадат на самиот граничен премин и чинат 10 евра за човек, независно од деновите за престој, а важат само за едно влегување и излегување во и од Албанија.
 

ВМРО

Loved By Few, Hated By Many, Respected By All
Член од
12 септември 2005
Мислења
1.863
Поени од реакции
25
Jas letovo planiram da odam za Albanija na more. Da sme zivi i zdravi do togas.
 
B

BushMan

Гостин
Значи сите напредуват само ние тапкаме во место, види ја Албанија што работи.

[Едитирано од FortunE: не мораше баш целиот текст да го цитираш, премногу ја развлекува страната. Подобро изгледа вака твојот пост:)]
 

еци^^^

Walking the line of nature's palm
Член од
9 декември 2005
Мислења
2.945
Поени од реакции
58
Iskreno mene da mi davaat milioni evra ne idam vo Albanija na odmor.Neznam za vas,ali ja nikogas u zivot nema da idam tamu,posebno ne na odmor..toa nema da bide odmor tuku celo vreme ke sum pod stress da ne nastane nekoja prestralka!Neznam zaso,ama tokmu takvo mislenje imam vo vrska so ovaa prasanje!
 
Член од
26 април 2006
Мислења
13.024
Поени од реакции
1.940
jas letoto odev za budva od albanija i lepota prava e mnogu e jako i bezbedno 100%
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.342
Да кажевте цените во Албанија по морињата како се?

Едит: Мразам места како Бугарија на пр. во соседството ни, каде можеш да одиш со кола, а да си дојдеш без неа. Напишете некој ако знаете нешто и за таквите работи- криминал, мафии, ова она,...
 

ragazza

Adorable
Член од
3 јуни 2005
Мислења
2.870
Поени од реакции
29
Se to vo red ima krasni plazi , novi aranzmani , ekluzivni hoteli i bagi cisto e , NO snemva struja , balkan usluga i se uste golem kriminalitet. Taka da ke pocekam uste nekoja godina dur se sredat :P
 

The`bItCh

AdJuStAbLe mAdNeSs
Член од
22 јануари 2005
Мислења
4.605
Поени од реакции
112
Јас летово .. поточно за 6 дена одам Албанија на два дена со продолжување на друго место. Тие што биле викаат дека е убаво, а тие што не биле кажуваат соништа. Мислам дека вреди да се види, затоа и ќе одам.:icon_lol:
 

pcjodamaster

:trololo:
Член од
20 мај 2006
Мислења
4.180
Поени од реакции
127
abe toa e ubava drzava bez razlika na nisto a ne se razvieni posto bile pod diktatura dolgo vreme ....................
 
Член од
29 јули 2005
Мислења
2.973
Поени од реакции
178
strumics напиша:
Да кажевте цените во Албанија по морињата како се?

Едит: Мразам места како Бугарија на пр. во соседството ни, каде можеш да одиш со кола, а да си дојдеш без неа. Напишете некој ако знаете нешто и за таквите работи- криминал, мафии, ова она,...
Не е само во Бугарија така бе.
Пред 7 години имав 7 години :icon_lol: и бев со моите на одмор усвари поише пријатели бевме во Грција.Татко ми тогаш имаше Lada Samara 1500 ама бандажи спортски темни стакла све ново тазе праена плус у багажникот имаше нов чамец оној на дување за во вода.И така една ноќ си спиеме ние и јас слушам палење на мотор (на кола) и си викам ништо.Се будам утредента ја нема колата кај све не бевме у полиција ова она и за враќање среќа што пријателите беа со нас со нив си одевме.Абе многу жал ме фати....дур пишувам:kez:
 
Член од
26 април 2006
Мислења
13.024
Поени од реакции
1.940
strumics напиша:
Да кажевте цените во Албанија по морињата како се?

Едит: Мразам места како Бугарија на пр. во соседството ни, каде можеш да одиш со кола, а да си дојдеш без неа. Напишете некој ако знаете нешто и за таквите работи- криминал, мафии, ова она,...
ja sum odel so godini vo bugarija nema nekoi rizici golemi na platen parkingn e super bezbedno
a za albanija deka e nerazxviena da mi sepne na use zs imaat najubavi patista so kaj nas moze da gi sanjame
koga ke pojdete ke videte
 

Топка

Генерал
Член од
21 април 2006
Мислења
1.220
Поени од реакции
2
eci^^^ напиша:
Iskreno mene da mi davaat milioni evra ne idam vo Albanija na odmor.Neznam za vas,ali ja nikogas u zivot nema da idam tamu,posebno ne na odmor..toa nema da bide odmor tuku celo vreme ke sum pod stress da ne nastane nekoja prestralka!Neznam zaso,ama tokmu takvo mislenje imam vo vrska so ovaa prasanje!
Ццц... Па Албанија е посигурна од Македонија.:star: Само да се истресе нешто...
 

Буковец

www.KETERING.com.mk
Член од
3 јули 2005
Мислења
996
Поени од реакции
15
Знам од луѓе што биле пред 2-3 години, викаат тоа што ќе го видиш на слики од агенцијата, така е...ама само во радиус од 100 метра околу хотелот, после тоа и луѓето од рецепција и други луѓе ти викаат не ти гарантираме за твојата безбедност (крадење, тепање итн.) Ова го зборувам во туѓо име, значи не сум бил, ама искрено и не мислам да одам.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom