Албанија - место за одмор

Член од
8 јануари 2012
Мислења
9.961
Поени од реакции
14.714
Pazi...ima i turi koi te vrakaat duri sledniot den.....i mora da baraš smeštaj
Pazete ubavo na datumite na.poagjanje.i vrakanje
 
The Wild Boy

љепотан
Член од
26 декември 2017
Мислења
1.549
Поени од реакции
931
Албанија не е лоша дестинација. Во споредба со Грција и Бугарија, Албанија е доста евтина.
Прва пат ние бевме во Ксамил, мислам 2015 беше, така нешто и не беше лошо. Имаше едно мало островче, а и плажите ме фасцинираа.
Е, сега имаше некои кои што не беа мазни како во Грција, али сепак не се нешто лоши.
Водата релативно чиста. Луѓето не беа лоши, иако ние од Македонија дојдени, сепак таму луѓето не прават разлика кој си што си, што е добро.
Град како град не е лош, али чудно ми е кога ќе им ги видам тоа зградите со железа за бетон (или што и да е тоа), така едно што грдо изгледаат, а друго што изгледаат ко недоградени (недовршени), и без кров. Али сепак од една страна тоа е паметно, пошто утре задутре ако сакаш да дигнеш некој објект на спрат ќе биде полесно.
Незнам кој кажа погоре, ама вистина е дека Албанците доста напредуваат, во споредба со претходно ако збориме, а и долго време биле под диктатура.
Ние тогаш кога бевме не бевме преку Македонија туку преку Грција пошто ајде као патот лош, многу кривини, а Грчка автопат и пичиш.
Град како град е океј, има и продавници, ресторани, имаше едно за пици или бургери во сред центар полно беше со луѓе.
Имаше таму исто така, малце подоле за 5 километри или така нешто надвор од Ksamil, после Saranda една убава плажа али таму персоналот се однесуваше многу лошо. Тие што отишле да се одморат (нели по жешкото да не дремат на плажа), е на нив персоналот им ги зимаше крпите, и се друго што ќе најдеа и, им ги собираа.

Има одено и Durrës, не е лошо, ама таму фатив вирус, почнав да повраќам ово оно, па идам у аптека да прашам што имаат ко изгубени ништо не знаат, ни Англиски.
Се шетавме и во Valona, за 15 денари автобуска карта до стариот град, многу евтино не кошташе а и кондуктерот знаеше Англиски. Град како град Valona не беше лош.

Последно што имам одено во Албанија беше, Pogradec поточно Tushemisht, одма до граница.
На татко ми му текна нешто као ден - два, некој негов пријател му го фалел тоа место али не ни фрли ич мерак. Од Албанската страна не се замараат толку многу за Охридското Езеро.
Престој најдовме, English мало сутра, ама тој човекот кај што најдовме смештај на времето живеел во Струга, или Ресен (незнам точно како кажа, али нема везе), па вака така се разбравме.
Храната таму беше meh, а водата ладна. Не беше нешто кристална чиста како у Охрид, а и времето башка не беше погодено.

Сума Сумарум, Албанија не е лоша дестинација. Се има доста развиено, а и се развива доста. Сега мислам дека може и преку Македонија да се оди без проблем, гледам и автопати почнале да гратат/имаат завршено.
Во споредба со Грција, едини минус се плажите и Морето, пошто од Грција овде на Балканот подобро барем јас немам видено, ама за цени Албанија е Win Win.
По маркети, ресторани, плажи, транспорт е доста поевтино од Грција. И за смештај исто така.
7.5/10
 
Член од
17 јануари 2011
Мислења
614
Поени од реакции
410
Преку кој пат е најдобро преку Грција?
Скрос до Игуменица и на тој премин горе, или покрај Јанина на тој премин? Screenshot_20190726-170720.jpg
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.577
Поени од реакции
34.762
... без пари да ми нудат (а имав понуди) не би одела, да мој одмор го ризикувам во држава кој не се знае кој јаде кој пие, за пусти 100, 200, 300 евра поевтино? цела година да се работа и тие неколку дена да штедам на храна, хотел, пат, па да одберам дестинација Албанија? па поарно дома ќе си седам најголема заштеда ќе си имам!
... не знаеш што може да „те начека“ навечер, ниту на пат, само колку странски туристи преку ноќ исчезнале и никому ништо, па на одмор не се оди да се седи затворен во кругот на хотело? и што ако е убав, еФтин хотело кога надвор од него не си безбеден?
мислам ејјј биди шизик, ама без ризик! иди на одмор како џек, а не со страв!

1564156309058.png

...ќе иделе во Албанија на одмор, за 100 евра ... а ваму дома ќе потроши толку пари за еден ден за глупости! :facepalm:
 
Член од
5 март 2018
Мислења
15.139
Поени од реакции
16.651
Јас немам слушнато досега никој да исчезнал Албанија ама и да имало тоа можи да ти се случи секаде низ светот, еве чист пример на роднина моја во Грција преку балкун му влегоја арамии и ги опљачкаа дури овие спиеја и абер немаа шо се дешава. Така ако гледаш поарно седи си дома, не дека и тука е којзнае колку човек безбеден.
И зошто упорно се спомнуваат цените како главен фактор за изборот на Албанија, јас ете сакам да одам затоа што никогаш не сум била и парите што ми се за одмор ќе ги потрошам истите дали Грчка или Албанија не ми менва. Грција е далеку понапредна земја во туризмот од Албанија ама зависи кај престојуваш, мене лично краците не ми се ништо посебно, обични селца каде нема многу што да се види, плажата и водата да, Охрид ми е 1000 пати поубаво од Халкидики на пример.
Кога сме кај сликата од погоре Дубаи на секој чекор има вакви забулени, дали тоа значи дека и Дубаи не чини ? :)
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
9.961
Поени од реакции
14.714
... без пари да ми нудат (а имав понуди) не би одела, да мој одмор го ризикувам во држава кој не се знае кој јаде кој пие, за пусти 100, 200, 300 евра поевтино? цела година да се работа и тие неколку дена да штедам на храна, хотел, пат, па да одберам дестинација Албанија? па поарно дома ќе си седам најголема заштеда ќе си имам!
... не знаеш што може да „те начека“ навечер, ниту на пат, само колку странски туристи преку ноќ исчезнале и никому ништо, па на одмор не се оди да се седи затворен во кругот на хотело? и што ако е убав, еФтин хотело кога надвор од него не си безбеден?
мислам ејјј биди шизик, ама без ризик! иди на одмор како џек, а не со страв!

...ќе иделе во Албанија на одмор, за 100 евра ... а ваму дома ќе потроши толку пари за еден ден за глупости! :facepalm:
Бијонсе....незнам дали си била во Албанија....но ако не си била...немој да имаш предрасуди.

на пример мене во грција ме ограбија и тоа на спиење...спиевме со отворена врата и некој си влегол внатре, ја зел ташната од сопругата и надвор на раат си пребарувал низ торба(среќа ни зел само бижутерија и 20 евра0

Додека во Албанија скоро секогаш не ја заклучувам колата и прозорите ги држам отворени. Еднаш во 2008 година ја заборавив ,,педеринката,, со се пасоши и пари на тераса...и нормално си најдов другата ден на истото место

народот таму е со сосема друг менталитет него албанците кај нас и во косово. Мене ми се многу пријатни луѓе и се осеќам многу слободно тамо.
Воглавном патувам ноќе и ич не се осеќам нелагодно.
Ми се случувале интересни случки таму....и само сум фасциониран од љубезноста

Се сеќавам во 2007 година во Валона, колата ми беше паркирана покрај тротоар...и некој ми паркирал скап Мерцедес зад мене. Никако неможев да ја извадам колата.....а детето ми беше мало и време му беше за спиење(околу полноќ)

Од еден кафиќ кога видоа дека сум во тесно....излегоа 20-30 луѓе, ми ја кренаа колата на раце и ми ја оставија на улица. не стасав ни фала да им кажам ...одма си заминаа
кај нас да падниш на улица....никој вода не ти дава...а не кола да ти креваат на раце. Посебно ако си во невоља...сите ти помагаат

а Албанија има ,,интересен,, начин на заштита на туристите-ако некој го фатат да им прави нешто лошо на туристите....не го судат, туку го носат во полиција и му таков ќотек што го збудалуваат. И така го пуштаат дома...претепан и збудален да шири страв меѓу луѓето

за такви работи кај нив......убедувач е ,,дрвениот господин,,
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
17.745
Поени од реакции
9.557
... без пари да ми нудат (а имав понуди) не би одела, да мој одмор го ризикувам во држава кој не се знае кој јаде кој пие, за пусти 100, 200, 300 евра поевтино? цела година да се работа и тие неколку дена да штедам на храна, хотел, пат, па да одберам дестинација Албанија? па поарно дома ќе си седам најголема заштеда ќе си имам!
... не знаеш што може да „те начека“ навечер, ниту на пат, само колку странски туристи преку ноќ исчезнале и никому ништо, па на одмор не се оди да се седи затворен во кругот на хотело? и што ако е убав, еФтин хотело кога надвор од него не си безбеден?
мислам ејјј биди шизик, ама без ризик! иди на одмор како џек, а не со страв!

Прегледај го приврзокот 213360

...ќе иделе во Албанија на одмор, за 100 евра ... а ваму дома ќе потроши толку пари за еден ден за глупости! :facepalm:

Очигледно е дека не си била никогаш во Албанија:)

Јас сум била многу пати и уздуж и попреку како што велат.
Има прекрасни места, убави плажи, евтино е, безбедно е, луѓето се супер...најубава риба имам јадено на "плаво око"(отвори на нет за него и прочитај).....е сега треба внимание во кој ресторан јадеш оти со хигиената се малку заникаде.
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
9.961
Поени од реакции
14.714
на времето кога започнуваше нашиот туризам во Албанија.....албанците се чудеа како на будали кога ,,нашиве,, албанци им бара по рестораните јадење што нема допир со свинско месо.....:tapp:
 
Член од
29 јуни 2017
Мислења
1.944
Поени од реакции
9.918
... без пари да ми нудат (а имав понуди) не би одела, да мој одмор го ризикувам во држава кој не се знае кој јаде кој пие, за пусти 100, 200, 300 евра поевтино? цела година да се работа и тие неколку дена да штедам на храна, хотел, пат, па да одберам дестинација Албанија? па поарно дома ќе си седам најголема заштеда ќе си имам!
... не знаеш што може да „те начека“ навечер, ниту на пат, само колку странски туристи преку ноќ исчезнале и никому ништо, па на одмор не се оди да се седи затворен во кругот на хотело? и што ако е убав, еФтин хотело кога надвор од него не си безбеден?
мислам ејјј биди шизик, ама без ризик! иди на одмор како џек, а не со страв!

Прегледај го приврзокот 213360

...ќе иделе во Албанија на одмор, за 100 евра ... а ваму дома ќе потроши толку пари за еден ден за глупости! :facepalm:
Арно што си имаш мислење свое, но 5 години наназад одам во Албанија, воглавно регионот Саранда.
Ова ти што го имаш напишано дел се случува во Бугарија а другиот дел во Грција и овие работи НИКОГАШ не се случиле во регионов каде што сум одел.

Колку и да ти е чудно Албанците во Албанија немаат апсолутно никаква допирна точка со "нашиве" тука или пак Косоварите. :)
 
Член од
5 март 2018
Мислења
15.139
Поени од реакции
16.651
Интересно е што пиша дека не ни била во Албанија, значи предрасудите и се базирани од рекла казала муабети, барем така јас сватив
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Види ја бе какви слики ставила....

Ваквите како неа мислат дека во Тетово и Гостивар се уште се живее во 2001ва, а и дека во Грција малтретираат на граница и на паркинг ви ги уништуваат колите.

Химара и Дерми се добри.

Sent from my Mi A1 using Tapatalk
 
Arwen Undómiel

don't quit the chase
Член од
28 јануари 2016
Мислења
209
Поени од реакции
429
Се вратив пред 2 дена од Ксамил, бев прв пат, со никакви посебни очекувања, ниту позитивни, ниту негативни, онака whatever и морам да признаам, ептен позитивно се изненадив.

Патот преку Грција беше топ, не го ни осетив. Во Ксамил ептен ефтино поминав, храната и поготово пијачките по рестораните се ефтини и вкусни, има пицерии, палачинкари, морска храна, маркети, менувачници на секој чекор. Има добри 10-ина плажички за посетување, малце се кнап со луѓе, ама не е страшно. Водата е топ, чиста, повеќето места се со бел (фејк ми се чини) песок и поради тоа има тиркизни заливи. Има кафулиња и трафики на и околу плажите.
Единствено што не ми се допадна се лежалките и улиците. Лежалките каде се прескапи (ретко 700-800 леќи, најчесто 1000), па уште и прљави, исфлекани, некои подискинати. Улиците се катастрофа, нема еден сообраќаен знак, шибаат со коли. Се' друго, топ. Малку подетално:

Цените за лежалките, маркетите и рестораните константно се менуваат. Најниски се во јуни, највисоки во август. Цените во маркетите се за некои 20-30 % повисоки од Македонија, со исклучок на одредени производи кои се исти, а ретко да најдеш нешто поефтино. Во секој случај, не вреди да носиш храна од Мкд.

Цените во рестораните се доста ефтини. Морската храна им се движи од 500 до 1500+ леќи, зависи што би јадел. Пиците им се горе-доле од 400 до 900 леќи. Гиро 200, отворено (огромно) 400. Хамбургер 200, тост 150. Паланчики 200-400, вафи 400-600. Сладолед топче 100. Нивни пива, кафиња и сокови во ресторан околу 150, максимум 200.
Би ги препорачала Hello Creperie за палачинки и вафли, ептен се вкусни и не се скапи. FastFood KOKO за гиро, поготово отвореното. Momento Pizza за пица, ептен добра е таа со ракчиња. Bar Restorant Palma за морска (језда според муабетот со други луѓе, никаде нема да згрешиш, сите ги фалат), 500 леќи голема локална риба, 700 октопод, 900 големи ракчиња, 750 мешавина од мали ракчиња, лигњи и мали октоподчиња, пола литро локално винце 300. Сите порции им се за двајца.

Од плажи, најмногу идев на Bella Vista од 2 причини: прво, вилата ми беше веднаш над плажата, второ, плажата е баш океј.

20190724_165435.jpg

Tиркизно заливче е Бела виста, лево од ридчево е Лори, а следна е некоја приватна со камења. На ридчето што е лево до мостчето има free zone за поставување свои лежалки, пешкири и чадори што баш топ ми дојде со оглед на грдите лежалки.

20190725_191420.jpg

Зајдисонцињата ми беа омилени.

Ksamil 56.jpg DSCF0575.JPG DSCF0779.JPG

Од Бела Виста пешачејќи по плажата ќе стигнете до едно кафуле Africana, веднаш до нивните лежалки има free zone за поставување свои работи, но искрено не ја препорачувам, плажата е со камења и грда црвена земја, водата е со камења како да си во Пештани. Но, веднаш после ова кафуле, следни уште една мала преубава тиркизна плажа со сите бел песок.

Понатаму ако продолжиш со пешачење ќе стигнеш до Бора Бора, која не ја препорачувам иако им е најпопуларна. Всушност затоа и не ја препорачувам. Тиркизното заливче како и секаде е премногу мало за гужвата која се создава. Плажата е ектремно пренатрупана. И тука има free zone, но пре пренатрупана е и во вода и надвор од вода.

Се што треба да направите е да продолжите на слредната плажа, според мене најубавата. Мислам дека се вика Saranda, веднаш над плажата се наоѓа ресторанот Tre Ishujt.

20190723_135632.jpg

Плажата во споредба со другите е поширока и подолга, има и доста голема free zone (десно на фотографијата). Водата е најчиста, најпроѕирна, тиркизна со мек песок. Има неколку мостчиња, па може да се препливува, лево и десно од фотографијата има уште многу плажа. Може да се преплива до поголемото островче, ако сте љубители на карпести предели, посетете го.

DSCF0526.JPG

А може и да се изнајмат педалнки (како и секаде), цените им се околу 700-1000 (зависи каде) леќи од саат. Помеѓу плажата и островчето има огромни "душеци" за скокање во вода, мислам дека беше евро за да го користиш. Има повеќе ресторани, над плажата има и продавнички. Од Бела Виста по пат оддалечена е 850 метри (според google maps), буквално се стига за 10 минути пеш.

20190723_134304.jpg 20190723_134958.jpg

Десно од плажава има уште повеќе ресторани и хотели и навечер препорачувам тука да си шетнете. Си рокаат нешто нивно, нешто популарно латино рнб, тоа им се нивните "дискотеки". Убаво е за шетање, во најмала рака.

Искрено, местово не е Бали, ама многу убаво се изненадив. Не очекував дека толку ќе ми се допадне. Башка не е скапо. Вреди да се посети за промена.

Ksamil 29.jpg DSCF0799.JPG DSCF0807.JPG
 
Последно уредено:
Член од
12 декември 2010
Мислења
9.900
Поени од реакции
10.525
се убаво си пишал ама ова цениве у леќи страшно иритира, за оние што немаат престава колку е курсот у евра/денари па не се добива никаква слика дали е ефтино или скапо
1е - 121.26. леќи
90% од македонците идат зашо е багатела да не се лажеме ама еве си има благ пораст на цени што за некоја год ке се израмнат со грците
8е за никакви лежалки е премногу, се надевам таа е цена за сет лежалки со чадор а не оделно

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Лежалките да, ама кога ќе се напиеш пиво Грција за 2 евра на плажа да ми шепниш :)
Исто и храната освен гирото во ресторан да седните да вечерате двајца испод 50 евра нема да поминиш, има разлика во цените и тоа дупло, а за наш стандард не е малку, пиша погоре Бијонс како му е чудно зс 300 евра помалку шо ќр потрошеле ја одбирале Албанија, епа 300 евра за просечен Македонец пари се.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom