Албанија - место за одмор

Рунчев

Esi mi dobaaar
Член од
29 мај 2007
Мислења
1.262
Поени од реакции
190
Пишете слободно, веќе 2-3 год се канам да идам и некако се ми излегува нешто друго, ова година сум 99% таму. Значи не ми треба некое луксузно место, туку соба вц сопствено, и тераса, кујна не ми е потребна.

Sent from my ZTE Kis II Max using Tapatalk
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
9.964
Поени од реакции
14.714
Site tamu imaat kupatila, kujna so se site možni posatki, frižider.....

Odi kaj "kastelot" i pobaraj go Džovani i nema da imaš nikakov problem
 

Рунчев

Esi mi dobaaar
Член од
29 мај 2007
Мислења
1.262
Поени од реакции
190
Site tamu imaat kupatila, kujna so se site možni posatki, frižider.....

Odi kaj "kastelot" i pobaraj go Džovani i nema da imaš nikakov problem
Фала на инфото, погледнав низ пораките, и претходно си ми давал информации за Валона. Инаку дали си запознаен околку превоз за Албанија? Претпоставувам ти одиш со автомобил, но јас преферирам автобус, да ми е баш одмор седнувам и не мислам на ништо ни пат ни горива .... Јас побарав некој, видов од Тетово два албански превозници возат секој ден, или преку еден ден, па ве молам некој од Тетово да даде инфо дали се сигурни и од кога започнуваат со превоз кон јужниот дел на Албанија.
 
Ф

Флеш

Гостин
gjoko-mkd Пријателе,не само што ми помагаш за папагалчево шо го имам.Мора малку да те погњавам и за Албанија.Со стариот мој и негов пријател колега во план ни е да отидеме до Саранда на 10 дена.Пријателот на стариот имал нешо блиски роднини во Тирана наши и сака во спат да се види,преку 15 години не се видел.

Како е патот до Саранда од МКД(Скопје) преку Тирана или директно до Саранда од МКД, можда нема да се оди во Тирана ако одлучиме.Сакам двете нешта,како да се стигне,дали се добри патиштата.

Со лична кола ќе се оди, 4 души ќе бидеме.
Планираме во Август(почеток-средина) да појдеме и останеме едно 10 дена во Саранда.

Колку се апартманите за 4 души со кујна,Тв,интернет,купатило?По која цена и храна како е?Дајте и контакт ако имате или веб адреса Колку е горивото? Може со лична карта за Албанија.така...Грчк остров Корфу е близу Саранда,како превоз и премин?

Прв пат одам за Албанија и ти или било кој сака помогнете.Фала дечки.:):):)
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
9.964
Поени од реакции
14.714
Во Август е најскапо во Албанија, речиси двојно од Јуни-почеток на Јули. Имам еден пријател таму-Бранко, скопјанец кој работи по 7-8 месеци во Саранда, и издава апартмани на повеќе места. Иначе тој е сместен во хотел ``Чакала`` на самото пристаниште. Мана на Чакала е што нема кујни во собите ,туку се работи за класичен хотел за преспивање. Сум бил 10 дена во 2012, и убаво беше. Шеталиштето е под терасата.
За плажа е најдобро да одите надвор од Саранда ако сте со кола. Према Ксамил има многу убави плажи. Крф е на неколку км воздушна линија и секоја ден има линија до таму, но нешто муљаат со враќањето-мора да преспиеш, така нешто беше.

Патот до Тирана е преку ќафасан. Прво се спушташ по тие удолниците , па следи Елбасан. Поминуваш покрај градот и на излезот десно има нов автопат со тунел испод планината. Нов е тунелот и автопатот. За кратко време се стигнува до Тирана.

За назад можите да одите и преку Драч, пошто цело време ќе возите на автопат. Од Драч има нов автопат до Фиер.Го поминуваш Фиер и тука има две варијанти:
1. Да продолжиш према Валона и преку планината кај Дерми да се вози покрај морето,па Химара и на крај саранда. Преубави пејсажи, но напорен пат со многу кривини и угорници, но глетките се феноменални..
2.Да се оди лево по нов експресен пат за Тепелене и Ѓирокастро. После Ѓирокастро се врти десно ,се искачува една планина и се спушташ према саранда.

Вториот пат е побрз, но понеатрактивен.
Ако сакаш број од Бранко, кажи, има и своја ФБ страна и можиш така да комуницираш(Бранко Атанасов). Поздрави го од мене(Ѓоко од Кичево) и сигурно ќе ти потспушти на цената. Доста фер човек е



Ак имате желба можам да постирам слики и од патот и од Сранда-Ксамил
 
Член од
7 јули 2014
Мислења
346
Поени од реакции
165
Јас не ви препорачам да одите во Ксамил, да плажите се многу убави, ама како место е многу мртво, само за старци. Инаку автобуси имате од Тетово во 7 и 9 во сабајле и 10 на вечер до Тирана, има и за Валона сега на лето ама не знам во кое време.
 
Ф

Флеш

Гостин
Слободно прати на ПП за човеков,нема друг избор освен август да се оди,тогаш може слободни денови од работа.:D
 
Член од
29 декември 2014
Мислења
10
Поени од реакции
0
Дали во Албанија се оди без пасош, само со лична карта?
 
Член од
13 јануари 2009
Мислења
1.311
Поени од реакции
749
А меѓународна возачка треба ли ?
Јас лани бев немав ама сеа читам дека за секаде требало да се има.
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
9.964
Поени од реакции
14.714
Во принцип секаде треба меѓународна. Мене ми се има случено да ми биде меЏународната истечена и албанците да ми барат нова да вадам на граница. После долго убедување тие попуштија и пројдов без да вадам нова
 
Член од
14 мај 2016
Мислења
10
Поени од реакции
6
Дали во Албанија, поточно во Ксамил, може да плаќам со Debit MasterCard на Комерцијална банка на којашто ми стига плата?
 

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.304
Поени од реакции
7.282
Дали во Албанија, поточно во Ксамил, може да плаќам со Debit MasterCard на Комерцијална банка на којашто ми стига плата?
Тоа само банката може да ти одговори
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.130
Поени од реакции
4.823
Добро би било оваа плажа да се сочува и да се направи со план, може да биде и луксузна со големи хотели за тие со подлабок џеб ... ама веројатно ќе биде упропастено и тука, веќе се гледа тоа ... Албанија има уште многу неискористени плажи и подобро што досега не се искористени, пошто ќе личеа сите како Драч.
Инаку плажата на Спиље има должина од 7,5км и многу мал број на објекти покрај плажата, се наоѓа на околу 25км јужно од Драч.
И како што може да се види веќе почнале да постават веројатно дивоградби среде плажа, а плажата е доста широка 80-100м.



Исто така има околу 20км неискористена плажа западно од градот Фиер ... исто и тоа е широка плажа каде сеуште немаат започнато со урбанизирање. (нема ниеден хотел, го користат локалните жители)

https://www.youtube.com/watch?v=bJiikmRi6ag
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom