Пред 10 години оваа тема е отворена, Албанија не стана енергетска супер сила, се зборуваше за атомска централа но ништо од тоа, меѓутоа се изградија неколку хидроелектрани од тогаш.
Хидроцентралите кај реката Фан, во северна Албанија, вкупно 5 хидроцентрали со инсталирана моќност од 109 MW , од кои најголемата изградена со инсталирана моќност од 74,6 MW. Турска инвестиција, вредност 210 милиони евра.
Хидроцентралата на Бања кај Грамш, испитувањата и припремите траеја од 2009-2013, а самата изградба од 2013-2016 година кога почна со производство на струја. Инвестиција на норвешката компанија Статкрафт. Водениот волум е 400 милиони м3. Инсталирана моќност 72 MW. Инвестиција тешка 289 милиони евра. Компанијата изгради целосно нов пат со неколку моста покрај езерото, бидејќи стариот пат беше зафатен од водите.
https://www.youtube.com/watch?v=eddEgsRrmEQ
Хидроцентралата Ашта 1 и 2 во близина на Скадар, пуштено во употреба во 2012 година, изградено за 30 месеци, вредност преку 200 милиони евра, австриска инвестиција ,инсталирана моќност 48,2 MW.
https://www.youtube.com/watch?v=E3AX34pRuWY
Изградени се еден куп хидроцентрали, мислам дека овие се најголемите завршени.
Во тек :
Хидроцентрала Моглица, во близина на Хец Бања, норвешка инвестиција Статкрафт, инсталирана моќност 184 MW, ќе биде тоа 4-та најголема хидроцентрала во Албанија, ѕидот на браната ќе има висина од 160 метри и по видот на материјалот кој е употребен наводно е меѓу највисоките во свет, работите се завршени, веќе се полни со вода.
https://www.youtube.com/watch?v=tto8ScjsQVM
Снимка од пред една година
https://www.youtube.com/watch?v=LOJhKD0J-p4&t=181s
Хидроцентрала Каливач во северна Албанија, турско-албанска инвестиција, инсталирана моќност 111 MW, вредност 125 милиони евра, се очекува да заврши во 2021 г.
Инаку во Албанија 100% од електричната енергија се произведува преку хидроцентрали. Се планира инвестиција во сончева енергија, близу Валона инвестиција од 70 милиони евра за инсталирана моќност од 50 MW, како и над водите на езерото Вау и Дејес за моќност под 20 MW.