Албанија ги избриша Македонците од формуларот за попис

oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
2.815
Поени од реакции
1.088
Албанија ги избриша Македонците од формуларот за попис

среда, 30.6.2010


Формуларот е сменет и сите малцинства се заведени под заедничко име „други“, со тоа што им е оставена можност да прецизираат на која етничка група припаѓаат. Малцинствата заеднички се организираат да реагираат

Македонците се избришани од графата за малцинства во формуларите за пописот во Албанија што ќе се спроведе следната година. Избришани се и Грците, Власите, Ромите и останатите малцинства, дознава „Нова Македонија“. Во графата 9, која е за лични податоци, сите се заведени под „други“.

Тоа е направено во втората верзија на формуларите што ја објави албанската Агенција за попис. Во првата верзија, поединечно беше наведено секое малцинство што живее кај западниот сосед. На неговите припад

ници им беше оставена можност да се изјаснат со заокружување на бројчето пред малцинството. Сега имаат опција да се изјаснат како „други“, со тоа што во продолжение можат да прецизираат на која етничка група припаѓаат или да ја користат варијантата „не се изјаснувам“.

Претставници на Македонците во Мала Преспа велат дека промената на формуларот е направена без објаснување од албанската влада, која ги игнорирала претходните консултации со малцинствата.

- Знаејќи дека ние сме признато малцинство во Албанија, во пописниот формулар требаше точно да се наведе Македонци и тоа да го заокружуваме. Ќе реагираме во име на македонското малцинство - изјави Едмонд Темелко, градоначалник на општината Пустец.

Дознаваме дека претставници на сите малцинства што живеат во Албанија се организираат заеднички да настапат со цел да и укажат на Владата да го смени формуларот. Реакцијата се очекува уште утре, на конференција што ја организираат тамошното Министерство за надворешни работи и Советот на Европа.

Извори од партиите на Македонците во Албанија велат дека содржината на формуларот е сменета под притисок на партии и поединци да нема етничка графа за националност.

- Очекуваме притисок од државата и од администрацијата. Непризнавањето на малцинствата е стара политика на Албанија. Без разлика на барањата од Европа, Албанија не е подготвена да покаже дека е мултиетничка држава. Напротив, ќе направи сé за да не се променат бројките за малцинствата што се официјално објавени - велат од партиите на Македонците.

Според сегашната статистика, само три отсто од населението во Албанија се припадници на малцинствата, наспроти 97 отсто Албанци.

Во Албанија има вкупно 46 села со македонско етничко население. Македонци има и во поголемите градови како Елбасан, Драч, Корча, Скадар, Валона и други. Нивните права се признати само во областа Мала Преспа. Македонците од областите Гора и Голо Брдо не се признати како малцинство.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=63010101594&id=9&setIzdanie=22021
 
Член од
7 мај 2005
Мислења
1.231
Поени од реакции
307
Браво за темата, сакав да постирам ама гледам си ме претекнал.

Бериша лажеше, лажеше, долага дека демек ќе имало фер попис, ама се гледа дека нема таква работа.

Кој знае какво местење ќе има тука.
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.183
Поени од реакции
4.822
А да им го направиме ние тоа што тие ни го прават нас, сите ќе се кренат на нозе.
Немаме едниство.
 

/gone/87

+++FOR CLEAN SKOPJE+++
Член од
30 март 2009
Мислења
1.769
Поени од реакции
119
А да им го направиме ние тоа што тие ни го прават нас, сите ќе се кренат на нозе.
Немаме едниство.
не само тоа ......туку првите критики ќе ги добивме од амбасадорите на "демократските" земји,од претставништвото на ЕУ,нејзината сестринска организација ОБСЕ,разни невладини огранизации,моменталната опозиција,медиумите ќе известуваа со наслов ВАКА ЛИ ВО ЕУ,.....да не зборам за рајата и партиите од таа заедница што се нема да измислат(поголем изолираност имаат дури и од Палестинците).................

така да само со ова се докажува ДВОЈНАТА ПОЛИТИКА НА ЕУ и ЗАПАДОТ...........но јбг кој е против ЕУ тој е недемократ,антиЕУ,фашист,националист итн-------- а со таква настроеност нема во ЕУ,зашто самата организација не трпи конкуренција
 
Член од
31 мај 2008
Мислења
803
Поени од реакции
32
Ако е вистина треба Министерството за надворешни работи на Р.Македонија преку амбасадорот во Тирана да испрати протестна нота до МНР-то на Албанија,колку што јас ги разбирам работите.Иначе,претпоставувам сите македонци ќе го осудат ваквиот чин,се разбира велам ако е вистина.Единственоста на македонскиот народ не е доволна,треба акција...
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.183
Поени од реакции
4.822
не само тоа ......туку првите критики ќе ги добивме од амбасадорите на "демократските" земји,од претставништвото на ЕУ,нејзината сестринска организација ОБСЕ,разни невладини огранизации,моменталната опозиција,медиумите ќе известуваа со наслов ВАКА ЛИ ВО ЕУ,.....да не зборам за рајата и партиите од таа заедница што се нема да измислат(поголем изолираност имаат дури и од Палестинците).................

така да само со ова се докажува ДВОЈНАТА ПОЛИТИКА НА ЕУ и ЗАПАДОТ...........но јбг кој е против ЕУ тој е недемократ,антиЕУ,фашист,националист итн-------- а со таква настроеност нема во ЕУ,зашто самата организација не трпи конкуренција
И тоа.
Па заради тоа и најмногу страдаме. Не имаат убаво поделено и си тераат како сакаат со нас.
 
S

smart ass

Гостин
Правено и претходно бо албанија Имате Албанци и т.н ДР%УГИ,Исто како и во Х=Грција дууурии 90% Грци остатокот Други.

Кои Само репресалии се вршат врз малцинствата во овие држави,пардон врз Етничките заедници:)
 

Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Треба ова, треба она.
Кога си на страната која владее треба само да владееш.
Албанците се на таа страна и ништо не треба.
Ние треба се друго да правиме.
 

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.174
Поени од реакции
4.133
Треба ова, треба она.
Кога си на страната која владее треба само да владееш.
Албанците се на таа страна и ништо не треба.
Ние треба се друго да правиме.
Баш така.Ако си ја имаш наредено со главниот немаш гајле.МК и Србија признаваат малцинства, им даваат најголеми права ,а за возврат добија војни,земање територии,Рамковни Договори,процентуална застапеност и сл. заебанции.Признавање малцинства секогаш носи проблеми и заебанции споменати во претходната реченица.Посебно малцинства на Балканот.
 
Д

Дамјан_Amstaff

Гостин
Море од Земјава да не отпишат. Па не дај боже ние да ги отпишеме во Македонија ќе не отепаат како кучиња , може со овој пост што туку си ја потпишав смртната казна...
 

theMac3donian

Мак3донецот
Член од
5 февруари 2007
Мислења
3.690
Поени од реакции
259
Џабе се буните кога веќе они се во НАТО, што значи се еден чекор пред нас, т.е. едно скалило над нас и сега ќе се прават курајбери.

Европа.
 

nako

No1
Член од
22 јануари 2006
Мислења
918
Поени од реакции
35
Постои едно зборче кое се вика реципроцитет, мислам дека треба да се применува спрема сите соседи дури и оне кои играат двоена политика.
Плус редно време е формирање на невладина организација која ќе се занимава со правата на Македонците во соседството ( а бога ми и во земјата ).
 
Член од
17 јули 2006
Мислења
3.114
Поени од реакции
22
не ми е јасно како европа сето ова го гледа и ништо не реагира.дали еоа доказ дека се применуваат двојни стандарди и не се почитува мегјународното право. срамно за европа .
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.321
Поени од реакции
5.435
А да им го направиме ние тоа што тие ни го прават нас, сите ќе се кренат на нозе.
Немаме едниство.
Нека се кренат и тие , да ги видиме на некој собир колку се , од кого се плашат ? Имаше слободни избори во Албанија , колку гласови добија македонските партии ?

4000 македонци има во Албанија , што значи , македонци во Албанија има 0.12% . Зошто бугарите во Македонија не се внесени во посебна графа , туку ги имаат пикнато кај другите , иако бугари во македонија има повише него што има македонци во Албанија (процентуално 0.13% = 0.12%).
 

Kajgana Shop

На врв Bottom