Акциони фигури

Член од
15 јули 2007
Мислења
14.870
Поени од реакции
7.557
Не знам тоа дали спаѓа како фигура ама кога бев мал не знам точно колку години брат ми од Грција кога бевме во Лептокарија мислам му купија Action man полицаец и плус во кутијата имаше уште една фигурица лик кој се бори против Action man и тој лик имаше јака косица во боцки. Приказнава е дека ликов е изгорен па имаше завој на фацата и на рацете. На фацата му се гледаа само очите онака гадни ѓаолски исцрнети.

Паметам брат ми ги напна мојте да му го купат ова и истото лето ги напна за бова да му купат како од Baywatch.

После одморот често одевме по гости со кој се дружеа мајка ми и татко ми и ќерката нивна имаше барбики со куќа, коњ, и со триста тракатанци други па таму ги носевме овие па останаа таму. Е сега дали завршиле во канта или некаде се дадени не знам.

Од тогаш натаму немам нити јас нити брат ми некакви фигурици купено. Пораснав, сватив дека тоа како хоби е скапа работа и не вреди да се замарам, да купувам и трошам пари. Истото го сватив за стриповите, двд филмовите а тоа купував еден период додека бев средно школо.
 
Последно уредено:
Член од
4 септември 2013
Мислења
61
Поени од реакции
64
Во Академска Книга се претерано скапи. Јас од aliexpress порачувам, и за многу мала цена добиваш стварно добри фигури. Моментално само од оваа имам слика и беше околу 15 евра. 20160229_122248.jpg
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.228
Поени од реакции
78.823
me got Tarantino from Planet Terror:

(на сликава е лош аголов и не личи на него, али у живо фигуава си личи на него многу поише)
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.295
Поени од реакции
5.860
WP_20170110_00_15_33_Rich.jpg 6tag_100117-002504.jpg Одмна се пофалив со мојата Schleich колекција на кучиња и ветив слики ама дури сега еве праќам, сите се купени од Книготека Икона освен Бернандинецот тој не е Шлеих, кинески е ама фантастично изработен.
 
dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.893
Поени од реакции
84.262
Ај кога веќе има bump во темава.....акциони фигури..играчки за деца демек....квалитетни фигури што продаваат се по стотици долари накај илјадници....
Не знам тоа дали спаѓа како фигура ама кога бев мал не знам точно колку години брат ми од Грција кога бевме во Лептокарија мислам му купија Action man полицаец и плус во кутијата имаше уште една фигурица лик кој се бори против Action man и тој лик имаше јака косица во боцки. Приказнава е дека ликов е изгорен па имаше завој на фацата и на рацете. На фацата му се гледаа само очите онака гадни ѓаолски исцрнети.

Паметам брат ми ги напна мојте да му го купат ова и истото лето ги напна за бова да му купат како од Baywatch.

После одморот често одевме по гости со кој се дружеа мајка ми и татко ми и ќерката нивна имаше барбики со куќа, коњ, и со триста тракатанци други па таму ги носевме овие па останаа таму. Е сега дали завршиле во канта или некаде се дадени не знам.

Од тогаш натаму немам нити јас нити брат ми некакви фигурици купено. Пораснав, сватив дека тоа како хоби е скапа работа и не вреди да се замарам, да купувам и трошам пари. Истото го сватив за стриповите, двд филмовите а тоа купував еден период додека бев средно школо.
Леееј Action Man! Имав нешто од ова како мал ептен ми беа кул....и комплетно го заборавив ова да не беше постов.... штета што немале ни цртан ни ништо овие, баш ми беа бедес некои фигурчиња што ги имав :D[DOUBLEPOST=1484103256][/DOUBLEPOST]И уште нигде во државава не донесоа Funko Pops а?
 
Последно уредено:
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.870
Поени од реакции
7.557
Ај кога веќе има bump во темава.....акциони фигури..играчки за деца демек....квалитетни фигури што продаваат се по стотици долари накај илјадници....

Леееј Action Man! Имав нешто од ова како мал ептен ми беа кул....и комплетно го заборавив ова да не беше постов.... штета што немале ни цртан ни ништо овие, баш ми беа бедес некои фигурчиња што ги имав :)
Имаа сериски цртан филм
И еден малце помодерно обработен
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.295
Поени од реакции
5.860
WP_20170204_15_52_29_Pro.jpg WP_20170204_15_54_41_Pro.jpg WP_20170204_16_01_47_Pro.jpg WP_20170204_16_07_07_Pro.jpg
Друштво во стриповиве Хрватски од 2003 г. Ги здогледав рекламиве за фигурини и ме воодушевија на кое врвно ниво се изработени уште тогаш.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.870
Поени од реакции
7.557
На фејсбук пред некој ден ми излезе од стрип книжарата Бункер дека продаваат и акциони фигури. Видов имаат они од Game of Thrones Никогаш не сум бил во таа книжара бидејќи и не сум од Скопје али би сакал некогаш чисто онака да отидам кога би бил во Скопје и би имал време Обожавам џиџи миџи ствари како фигурици, интересни украси, стрипови, книги, списанија но сепак пак ќе пишам како и предходниот пат скапа работа е да се бавиш со тоа плус зараза е ако се навлечеш ќе ти треба доста простор дома за сите тие работи да ги чуваш на рафтови па после да им бришеш прашина.
 
Последно уредено:
Член од
27 септември 2016
Мислења
2
Поени од реакции
8

Бункер се супер, секој пат кога ке влезам таму ме вракја во детството, стрипови и фигури на сите страни, а и цените им се најдобри во споредба со каде и да било на друго место во Македонија колку што знам јас.[DOUBLEPOST=1498777772][/DOUBLEPOST]Најголем проблем е просторот.... 1.jpg 1.jpg 2.jpg 3.jpg 4.jpg
 
Последно уредено:

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.893
Поени од реакции
84.262
АИ уште нигде во државава не донесоа Funko Pops а?
Има во Бункер уште од лани. Ако го интересира некој што ја прати темава или рандом на Гугл ако ја најде темава...you're welcome :D
 
Kajgana Shop

На врв Bottom