Акции на СЈО (Генерална дискусија)

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Немаш врска џабе се правиш интелектуалец, штом нешто криминално браниш и не бараш никаков доказ за тоа, а за се друго бараш докази да ти се покажат значи немаш врска што пишуваш.
Па вика не навредувал :pos: што плачеш бе, признај си дека навредуваш и ти.
Само како одговор. Инаку не. Каде има? Ако има.. најдлабоко се извинувам. Ама, обратно е...
Не бранам. Ете, пак пишуваш нешто за што цело време велам, да се почитува законот. А законот ги „гони“ незаконските дејства.
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Друже толку многу патиш по внимание? константно лупаш такви глупости што човек невозможно е да не те цитира, па кога ќе добиеш соодветен одговор на твојата глупост, таква каква што заслужуваш се чуствуваш навреден. Неможи тоа така друже. Сам предизвикуваш такви реакции.

Има овде многу со спротивни мислења, ставови што сакаат да дискутираат на нормален начин, неможи само ти и зебар да сте стално црни овци, и постојано вие да сте тие кој се осеќат навредено од иљадници членови.

Инаку СЈО, побарало и трет пат продолжување на притворот за крадоначалникот на Битола.
И тебе ќе ти порачам.... Твојот уличарски стил на разговор, каде некој „лупа“ и слично... користи го кај оние кои ти дозволуваат. Извини, не сакам да навредувам, но твоите пишувања се целосно “навивачки“ кон одредена партиска (или не знам каква) опција. Пак искрено ти кажувам дека твоето ниво на дискусија е далеку под моето. И како познавање на нештата, и како искуство, и како имање на информации... Лесно е да замеш и да плукаш, викаш... ама тоа не е форум и дискусија. Погледни како за се што пишувам се повикувам на она што е правило, закон... Ако имаш нешто контра тоа, тоа не се прави со „уличарски“ настап со „глуп“ и слично, без аргументирано да дадеш контра мислење. Го нема тоа. Лесно е некого на збор да праќаш в затвор, ама не оди тоа така, тоа оди преку судски пат, со докази кои се релевантни...
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.120
Поени од реакции
8.909
Имајки го во предвид погореспоменатото јас на наредните избори ке гласам за ВМРО (барем изградија нешто).
Само во Македонија може да се бара од опозицијата да гради објекти и патишта, ако можеш да ми кажеш како може тоа да се случи
 

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.004
Ви отвори паторот вентил (сјо) малку од малку колку да не банкнотирате и одма копирате програма дека ќе направите тоа што веќе е направено,се спремате и двојазичност во цела Македонија да воведете а ако победите премиер албанец да назначите а па со тех.министерчиња правите истата гршка,вработувате партиски дудлачи што одамна ја направи паторт.

Не ве пере ни сто сјо да креирате а и на паторот кога ќе престанат кредитите крајот му е тука некаде.

Колку сеири ќе има кога администрацијата ќе почне да се брка и да штрајкува
 
B

Bafra

Гостин
Колку сеири ќе има кога администрацијата ќе почне да се брка и да штрајкува
Абе Фринге ни во Германија не се освести. Сеири ќе има, ама прво приватниот сектор ќе го крка, за да се нахранат 200.000 паразити.

Најдобар пример ти е СЈО и ЈО. Со формирањето на СЈО дефакто сите признаа дека ЈО не си ја работи работата. Никој од ЈО ниту отпуштија ниту плата му намалија, туку дополнителни милиони евра од државата се трошат за СЈО.
:bravobe:
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.709
Поени од реакции
15.579
не е проблем до СЈО, треба да постои, дури не со ограничен рок..Проблемот е друг, многу големи плати начукаа, а на неспособни кадри, тие треба да се сменат и да се постават способни и неутрални кадри кој е работат на суштинските работи... освен тоа најголема глупост е базирање на некој разговори наместо да се почне од крупните капитали, неоданочувањата и потекло на имотот, барем 25 години назад... како што се направи во други држави, барем како прокламираа и барем делумно расчистија..

 
Член од
5 ноември 2012
Мислења
2.526
Поени од реакции
5.706
Џорџе, бе. Џорџе....
И покрај навредите што плуштат, јас лично, (верувам и повеќето членови на форумот) не верувам дека си глуп. Ама ти упорно со секој пост се трудиш да не демантираш.
Лично верувам дека, или си крајно наивен со ограничена перцепција кон реален живот или тежок партиски полтрон.

Не е проблемот лично до тебе. Ама жално е што твојата системска ректална пенетрација кон вашиот вожд станува , како да речам, “начин на живот“ на новомакедонецот.

Упорно инсистирање на “согласно устовот и законите“ во време кога и самиот признаваш дека има криминали. И свесен си дека тие што се на власт 10 години ништо не прават да го санкционираат. И дека не сакаат ни да го спречат. Ако не ти е јасно ЗОШТО, пак проблемот е кај тебе.
Браниш нешто неодбранливо, со што самиот си го доведуваш во прашање личниот интегритет.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
Џорџе иначе ми се чини дека е еден член од друг поранешен форум, не ми текнува шо никнејм беше таму, истиот стил на пишување, демек интелигентно со аругменти, а всушност еден куп глупости и суптилни навреди и симптоматично и овој и тој таму пишуваа во точно одредено време,само на политички теми, некаде од 8 сабајле до кај 4 поручек, погодете зошто баш тоа време ;)
 

VoniVaraS

Искусен :)
Член од
20 април 2009
Мислења
543
Поени од реакции
328
На Јутуб беше поставена нелегална снимка од Заев и Груевски каде разговараат за една од точките во обвинението за Пуч
Така да нелегална снимка има и СЈО може да го води случајот

ова не го знаеше???
Легална снимка - нелегално објавена
Нелегални снимки - легално (задоцнето, откако не послужиле за целта) објавени.
Има разлика.

Снимката на јутуб од Заев и Груевски е ЛЕГАЛНА. Снимена по налог на ЈО бидејки Заев по тужба од Груевски е ставен на ПИМ (посебни истражни мерки).

Заев цитат: "Директно 3 пати го прашав (Груевски) дали сум под ПИМ тој не ми одговори, снимката докажува дека сум бил".

Излегувањето на снимката во јавност (на јутуб) е НЕЛЕГАЛНО и некој од обвинителите во ЈО треба да одговара за тоа. СЈО кога веќе го зема случајот ако го тера до крај ќе треба и тој проблем да го реши односно да го јаде некој од обвинителите. Истиот случај е и со снимките од Љубе што се излегоа во јавност а сеуште никој не е обвинет за злоупотреба на службена должност, инкриминација на докази и сл.
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Mister No... шо убо звучи, па уште на англиски, многу е јако да е на англиски, ме чуди зошто никој не става „ник“ на албански јазик? Колку културно суптилно, сакаш меко да кажеш некому глуп. Не си, ама се правиш. А во што е „глупоќата“? Извини, ама никој не даде издржан аргумент против она што го пишувам. Контрирањето е на аматерска основа: „се договориле партиите“, „крадат па мора и да си одат“... ОК, ама не е доволно да кажеш нешто, треба и да го докажеш. Инаку, „џабе веземе“.

Ако снимката со Груевски и Заев е легална (нелегално само објавена), тогаш г-ѓа Катица Јанева нема ингеренции во тој случај. И кој би бил контрааргументот на ова? Дека „четирите лидери на партии се договориле...“? Институциите работат според правила, а не според договор.

А зошто најчесто пишувам од 8 до 16 часот? Затоа што тогаш ми е вклучен лаптопот и работам на него. Да, работам. Ако пишувам не значи дека не работам. Попладне поради други обврски ми е потешко да го вклучам и да сум до него. Еве, да им објаснам на луѓето кои ме следат мене, а не пишувањето.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.267
Легална снимка - нелегално објавена
Нелегални снимки - легално (задоцнето, откако не послужиле за целта) објавени.
Има разлика.

Снимката на јутуб од Заев и Груевски е ЛЕГАЛНА. Снимена по налог на ЈО бидејки Заев по тужба од Груевски е ставен на ПИМ (посебни истражни мерки).

Заев цитат: "Директно 3 пати го прашав (Груевски) дали сум под ПИМ тој не ми одговори, снимката докажува дека сум бил".

Излегувањето на снимката во јавност (на јутуб) е НЕЛЕГАЛНО и некој од обвинителите во ЈО треба да одговара за тоа. СЈО кога веќе го зема случајот ако го тера до крај ќе треба и тој проблем да го реши односно да го јаде некој од обвинителите. Истиот случај е и со снимките од Љубе што се излегоа во јавност а сеуште никој не е обвинет за злоупотреба на службена должност, инкриминација на докази и сл.
Mислам дека обвинител(ство) нема право да налага снимање на некого. Само Суд може тоа да го одобри.
 
Член од
5 ноември 2012
Мислења
2.526
Поени од реакции
5.706
Mister No... шо убо звучи, па уште на англиски, многу е јако да е на англиски, ме чуди зошто никој не става „ник“ на албански јазик? Колку културно суптилно, сакаш меко да кажеш некому глуп. Не си, ама се правиш. А во што е „глупоќата“?.....
А зошто најчесто пишувам од 8 до 16 часот? Затоа што тогаш ми е вклучен лаптопот и работам на него. ..
Јас не кажувам дека си глуп. Ти го потенцирав тоа. Тоа што ( ако веќе не си наивен) си тежок полтрон не значи дека си глуп. Имаше еден член на форумот, не ми текнува како му беше никот, се изгуби од форумов пред некое време, постираше претежно на политика, за кој јас тврдам дека, без разлика што беше партиски полтрон, беше страшно интелигентно дете. И истовремено страшно арогантно и иритирачко.

Сакам да кажам дека браниш неодбранливо и се бламираш.
Инаку, никот е евоцирање спомени од едно убаво време и баш во времето кога се зачленував на форумот истиот стрип го читав на син ми. Да ми бил омилениот стрип на албански, може и никот ке бил, кој знае...

Нејсе, темата е за СЈО и многу упорно пробуваат да ти објаснат зашто го гледаат СЈО како светла точка што може да стави крај на оваа деградација на опшеството во буквално сите сфери. И да го запре тој слободен пад во кој се наоѓаме.
И покрај неоспорниот раст на вас, новомакедонците, мене сепак ме радува постоењето на одреден квантум на луѓе кои сепак размислуваат со своја глава. Подршката на СЈО, во бројка што дури ни вашиот вожд ја нема, го потврдува тоа.

ПС. Твоето пишување само од 08-16 асоцира на друго нешто, ама ај.....
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Mister No... неколку пати пишував, а сега овој пост ќе го посветам на „наивноста“. Јас не сум наивен кога апелирам да се придржуваме на законот и процедурата, постапката, правилата... Еве зошто:
Ако е законот за формирање на СЈО неуставен, тогаш и работата на СЈО ќе е незаконска, т.е. работата ќе е на диво, како да работиш на „црно“.. тоа нема да ти се земе како стаж и да ти влијае на пензијата. Ако цел живот работиш на „црно“, нема ни пензија да земеш по тој основ. Тогаш ќе се појават сомнежи и негодувања дека нелегитимна институција и се ќе биде (со право) под сомнеж. А можеби и повеќе од тоа.
Плус, се објавуваа бомбите... И тоа е недозволиво, дури мислам и незаконски... и никому ништо. Ама, ако сега тоа не се санкционира (според закон), тогаш и во иднина не би требало да се санкционира, па ќе се поттикнуваат некои да го прават тоа... и секако, да нема последици. Ако некои луѓе се осудуваат судски за уцена со „компромитирачки“ снимки за бизнисмени, девојки... а сега нема казна за тоа, тогаш која е правдата на веќе осудените, а и некои што во иднина би правеле такви дела...
Итн, итн... за сите несанкционирања на прекршување на закони... се отвора „пандорината кутија“ за во иднина луѓето да ги бараат истите права како и за оние на кои ништо не им се случило, за слични дела...
Затоа мора да се држиме до законите. Инаку... се ќе отиде во неврат, како синџир, како виулица, до недоглед...
Ако законот за СЈО не е уставен, има за тоа решение. Ќе се промени да биде согласно уставот.

А секој што направил прекршување на законот треба да си сноси и соодветна казна. Но, тоа не може да е на улица, ниту во амбасада, ниту како договор.. Не, само со процедура која законот ја покрива. Инаку, пак ќе се вратиме на она што претходно го напишав. Тешко е тоа, но нема друг начин. Секој може да каже за некого дека украл, присвоил... и јас се сомневам во сите политичари, функционери... и сегашни, и претходни, и идни... Но, ако не се докаже во судска постапка, џабе е...

Затоа, размисли дали е тоа наивност или е стабилно размислување кои носи сигурност во иднина. Една анархија носи друга...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom