Прво таква снимка нема шанси овде да излезе од икс причини.Oстави го Заев, неважен е во муабетов. Јас за тебе сега зборувам. Велиш дека живееш во Австралија. Еве, јас ти верувам, за разлика од некои други членови овде. Кажи ми што би се случило во Австралија ако во јавност се појави снимка каде што министерот за транспорт и врска на Австралија (како и да се вика тоа министерство таму) и шефот на тајната полиција на Австралија разговараат за плановите на првиот да влезе во избирачките вреќи со тон како да разговатаат за одење на кафе?
Еве, за да не се мачиш, јас ќе ти кажам. Би се случила една од овие две работи. Или би демантирале дека снимката е автентична и би ги побарале сите можни вештачења, или веднаш би дале оставки, и целата влада би паднала, и најверојатно не би дошла на власт едно десетина години. Ето тоа Кано би се случило во држава која цивилизацискиот период го започнала како колонија населена со затвореници. Јас Кано, сум културен, образуван човек, од држава која сметам дека има далеку поголемо цивизациско наследство од Австралија. Зошто бе Кано јас да не можам да живеам во држава каде што оставката е правен и морален императив за било кој фукнционер вмешан во вакви дела?
И со кое право ти тука браниш такви ликови, против какви би псуел и би барал затвор во Австралија? Зошто сме бе Кано ние да сме подолу од Австралијанците? Какви се тоа двојни стандарди?
Ако излезе нешто такво (па и помало) нормално би си дал оставка. Владата нема да падне, ама ок, еве сфаќам што ми зборуваш и се слагам тоа треба да си биде стандардна практика. За жал во МКД не е, ниту во двата табора. Ко што овој треба да поднесе оставка и не треба да е дел од политика понатака истото треба да важи и за аболираниот. Ова се правила кој тие таму ги диктираат и по кој за жал народот игра. Јас не ги бранам најди еден пост каде бранам некој од ДПМНЕ. Напротив јас ги напаѓам и двете страни, тоа што ти имаш чуство дека ако некој е против СДСМ е со ДПМНЕ е друга работа, колку и да ти е чудно и смешно ова јас сум сериозен кога викам дека ниту гласам ниту ми е гајле кој ќе победи, јас само сакам да се заврши сагата. Реално имам и овде пишано АКО морам да бирам од двете опции би ги одбрал ДПМНЕ зашто сметам дека се поспособни од СДСМ и дека полесно може да изградат мост со дијаспората која ја гледам како единствен спас за државата (јасно ми е дека многу од вас ова не го мислите/гледате ама си е мое мислење).
Окулу МКД и АУС, нема врска цивилизациското наследство него политичката култура. Тука има демократија многу подолго и сосема друг тип на луѓе ја водат државата. Кај нас во двата табора има курони што се изгубени во политика и си играат како сакаат со народот. Зошто неможеш да живееш во држава каква што посакуваш хм, тоа е добро прашање. Најверојатно затоа што политичкиот систем што го создадовме (значи тука ја вбројувам нашата генерација и тие малку пред нас 40-50 год денес) е тотално промашен. Кај нас уствари постои тоа на ти го дај ми го, ВМРО/СДСМ партија каде што глумат лудило пред камери и го закрвуваат народот. Ако сакаш да живееш во таква држава треба ѓубрето да се очисти од двата табора.
Не бранам ликови, најди еден пост каде бранам лик.
Него кога сме веќе кај прашањата ајде сега ти одговори ми дали Заев треба да одговара за неговите дела? Дали треба опозицијата да има аболициран водач? Дали становите кој си ги изнајмува Шекеринска сама на себе и притоа затајува данок се ОК? Дали Катица работи селективно? Дали Верушевски треба да е пуштен на слобода? Дали син му на Верушевски треба е процесиран од СЈО? Ако веќе сакаш да живееш во асална држава и овие работи ваљда веруваш дека треба да се решат.[DOUBLEPOST=1466962189][/DOUBLEPOST]
е арно де, што треба јас да одговорам за начинот на регистрација? Зошто тоа не го направиле досега оние кои се на власт, тоа нив треба да ги прашаш, не мене.
значи самиот дојде до заклучок дека ЕИС е лош, најмалку 10% нерешени случаи. Зашто законодавната и извршна власт не реагирале да се расчисти списокот досега, повторно ќе треба нив да ги прашаш.
повторно треба да ги прашаш оние во чии раце беа сите институции.
Ако за тебе црното е бело, во ред. Инаку не, тие не се расчистени. Да ти повторам, според нашите закони во ИЕ во Македонија гласаат оние со постојано место на живеење во Македонија, оние надвор гласаат во трите ИЕ. Теренската проверка требаше да биде еден минипопис, а пописот е прекинат.
Мислиш ЕИС, попис и евиденција на граѓани по разни основи е можи да, можеби не. Нема или се ваму или се таму, такви дискусии за претендент за држава, се наивни, несериозни и опасни. Башка што за дијаспората веќе стопати е кажано.
јас немам увид во ЕИС по националност ниту знам дали се води по националност. Просто е, ИЕС не е прочистен, постојат и злоупотреби
ахм, ама збориме за лица кои над 10 години ги нема во ниедна база, за лица кои најмалку 1 година ги нема во истите бази и лица кои не се најдени на терен. Не знам зашто вакви нерелевантни примери даваш.
ако за тебе е свирипичино, за мене тоа е Македонија. И Љубојно и Дупени и Центар и Кичево...тие луѓе таму се знаат напамет, а ако тебе ти пречи што некој од тоа свирипичино изјавил дека трипати е зголемен бројот на жители од реалниот со непознати лица, тоа е веќе друга работа.
Активна регистрација понудија. СДСМ одби.
ЕИС е лош затоа што ДИК (СДСМ) не го ажурира.
Нема јас што да ги прашувам, ВМРО пондуи СДСМ одби. тоа е се што се гледа.
Расчистени се, јасно е кажано дека тие ги нема односно се надвор. Значи 170 000 од Полог се надвор и се нудело некое решение со ѕвездички и глупости. Теренската провека за поголем дел е направена иначе еве пак ништо тоа нема да реши, од сега до избори може пак да има измени и така до безкрај.
Мислам дека секој што внатрешно емигрирал требал да си се пријави во ДИК. Ако тоа не е направено вината барај ја таму. Знаеме под чија капа е ДИК. СЈО сеуште не почнала постапка за директорот така?
Не се прави луд, се знае во полог што се по националност. Од што постојано се правите луди нема попис ниту држава каква што треба. 10 години ДИК можеше да го ажурира списокот, не ја префрлај топката. Не заборавај и кој одолговлечуваше за да се пробијат роковите.
Зашто некој што живее во странство сосема лесно може да го нема на датабазите. Примерот е сосема релевантен.
Така е. Тој изјави за опозиционен медиум тоа. Притоа во воведот се спомнуваат Австралии, Канади САД... СЈО нека си прати екипа таму и нека се занимава со тоа. Малку се зафатени, ти реков до 2225 може ќе стигнат, сега политички одработуваат за Заев. Кажи ќе чекаме до тогаш за избори? Да знаеме ако не бар да не ги малтретираме странците да им кажеме нека искинат тоа препораките, треба СЈО да го почекаме да заврши прво со истрагите па ако имаме време ваљда ќе има и избори
Последно уредено: