Акции (Аctions) во Photoshop

Точкест

I'm Awesome
Член од
25 јануари 2007
Мислења
7.641
Поени од реакции
456
Работејќи Фотошоп полека но сигурно доаѓам до премногу материјал (слики) на кои треба една иста или слична работа да направам. Знаев за аctions ама не ги користев, викав ќе идам пешки демек полека но сигурно до целта....ахам, ми се собраа 160 слики на кои требаше да направам red eye reduction/new layer change blending mode to Overlay apply Gaussian Blur 8.0/resize to 800x600/save as...Кога ги видов сликите и видов што треба да направам се фатив за глава, мислев дека ќе ми треба вечност.

Но се сетив дека Photoshop има actions и решив да направам акција и да видам како ќе изгледа тоа, и дали е практично ко што викаат многу други. Искрено ми го скрати времето за одприлика 90%, значи се состоеше од кликање на ЕДНО единствено копче.

Еве туторијал за тоа како се создава своја акција:)

Како прво и најосновно треба да имате осмислено што сакате да направите, односно за што најточно ќе ви служи акцијата, затоа што процесот на снимање нема undo. Значи доаѓа нешто ко мојата горе што си ја имав осмислено дека треба да ја направам.

Како второ, постои и снимање на акција која ќе биде експериментална. Значи седнувате отварате слика или бел лист и почнувате со работа (ставање слика/вадење/кроп/блур/еџ/брн/ово/оно) и на крајот тоа што ќе испадне ќе се вика апстрактна уметност доколку истата акција се примени на некоја друга фотографија.

И сега техничкиот дел:)

Доколку табот со Actions не ви е отворен го повикувате преку Window->Actions или со кратенката Alt+F9

Се појавува ново прозорче со play копче во кое има веќе дадени Default Actions кои можете да ги користите доколку ви се потребни.

За почеток на акцијата се клика Create new action во долниот дел од табот со што ќе се отвори ново прозорче во кое давате име на акцијата, место каде ќе се зачува акцијата, кратенка и боја со која ќе биде означена и притискате Record

Се појавува во табот одма и свети црвеното кругче кое уствари е recording. Е сега останува на тоа што треба да правите, секој потег што значи одбирање алатка ставање точка нов леер менување на блендинг на леер, текст се регистрира во акцијата. На крајот се прекинува снимањето со стискање на Stop квадратчето

Нормално затоа што ништо не е нели перфектно постојат и отстапувања на самата акција при вршење на својата функција. Но верувајте дека времето за работа значително ќе се намали, а ефектот ќе биде ист:)


Исто така постојат и веќе направени акции кои можете да ги симнете и да ги обработувате вашите фотографии со нив.
Но за нив и дел од тие што ги имам направено и симнато утре. Сега нетот ми е тапа и неможам да аплоудувам ништо
 
Член од
12 јули 2007
Мислења
140
Поени од реакции
6

Точкест

I'm Awesome
Член од
25 јануари 2007
Мислења
7.641
Поени од реакции
456
Rapidshare линкови се строго забранети.....
За квалитетни и бесплатни акции тука
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Супер помош се акциите,поготово за такви мали работи како рисајз
Е сега за покомплицираните работи нема многу да ви се најдат ама ипак...

Иначе мислам дека кога ќе стиснеш рекорд,дури и да згрешиш акција,можеш во Historygram да се вратиш пред неа,и таа нема да биде снимена
 

Точкест

I'm Awesome
Член од
25 јануари 2007
Мислења
7.641
Поени од реакции
456
Супер помош се акциите,поготово за такви мали работи како рисајз
Е сега за покомплицираните работи нема многу да ви се најдат ама ипак...

Иначе мислам дека кога ќе стиснеш рекорд,дури и да згрешиш акција,можеш во Historygram да се вратиш пред неа,и таа нема да биде снимена
нема да се врати туку ќе го направи истото и на сликата значи пример
Дупликат на леер/блендиг мењаш(се заебуваш)/хистори идеш на дупликатот/мењаш точен блендинг....
Тогаш акцијата ќе биде баш како што е напишана, се проверува со кликање на стрелката на акцијата што се користи во неа:)
 

Giso`Yo

The Real YoYo
Член од
29 јануари 2007
Мислења
119
Поени од реакции
0
Резолуција на слика и watermark

Како што стои во насловот...
Ме интересира како можам да ја намалам резолуцијата и евентуално да им дадам resize на слики во цел фолдер (а не една по една) и да ставам watermark на истиот тој цел фолдер ?
Благодарам ...
 

Точкест

I'm Awesome
Член од
25 јануари 2007
Мислења
7.641
Поени од реакции
456
Еве друже споени се темите ај сега да ти подобјаснам:)

Значи палиш фотошопот и одредуваш кои слики, те советувам сите слики да го ставиш во фотошоп и да одбереш Window->Arrange->Tile Vertically/Horizontally. Така сите слики ќе се смалат и ќе ги имаш сите делумно на работната површина, ти препорачувам да имаш уклучено Layers палета и Navigator (и двете се наоѓаат во Window табот:)
Одбираш една слика и на неа правиш акција(да не заборавиме да си го спремиш ватермаркот)
И прочитај го првиот пост на темава и ќе откриеш како се прави акција:) направи ја акцијата на копче и ќе имаш работа да кликаш само две копчиња (едното е за акцијата а другото е копчето од маусот со кое ќе стискаш Х на прозорчињата)
 
Член од
21 ноември 2005
Мислења
5.108
Поени од реакции
818
Јас не можам нешто да се снајдам :)
Упатствата ги сфатив, ама друго е проблемот.
Имам повеќе слики на коишто долу има една црна лента и на неа го пишува името на сајтот, е сеа сакам да ја исечам таа лента, да ја нема на сликите. Арно ама, кога одам на TRIM, само едно мало линииче од најдолу се трга, а лентата пак останува.

Претходно им правев рачно CROP со тоа што го кропирав делот над лентата ама станува збор за премногу слики и многу време зема за сите (сите се со различна резолуција, да беа со исти, ќе им направев акција CROP ама финтата е што не се). Па?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom