[acko]®, не ја уништувај темата. Човекот прашува нешто сосема друго, не отворил тема дали цигарите се штетни и скапи.
ВМРО, незнам која е точната царинска стапка и акциза која се плаќа при увоз на алкохол и цигари. Не постои пречка за увоз, но има еден друг огромен проблем. Доколку се одлучиш за увоз на алкохолни пијалоци не важи ова, но доколку се одлучиш за увоз на цигари ќе ти прават сопки на секој чекор. На пример, кога Ронхил влезе на македонскиот пазар, Гемак (единствената фирма која ја врши дистрибуцијата на цигари на Тутунски комбинат Скопје - Родео, Бос, Вест, Филтер 57, Класик...) на сите трговци (и на ланците супермаркети дури) кои во нивните продажни објекти продаваа Ронхил, им се закануваа дека ќе престанат да им ги носат нивните цигари. Под овој притисок, ретко кој дуќан се осмелуваше да ги продава, или ги продаваше скришно, од фиока и не ги изложуваа (што автоматски влијае на успехот на самата продажба). Да не ги спомнувам другите уцени, притисоци и прљави игри.
А кога сме кај алкохолот, не верувам дека би се соочил со вакви игри, но конкуренцијата е премногу голема. Биди свесен дека твој пијалак (пиво на пример) несмееш да позиционираш во туѓи фрижидери, а фрижидери за сите продажни објекти се огромна инвестиција, која тешко дека самиот извозник би се одлучил да ти помогне во неа.