Ако во човекот има душа, тогаш каде се наоѓа таа?

Член од
8 мај 2022
Мислења
524
Поени од реакции
1.613
Така, по муабетот твој уште во старт знаев дека не постои душата. Многу нешта постојат што човекот и денес не е свесен за тоа постоење - не значи дека не постои бидејќи не може човекот да го дефинира нештото во моментот.
Многу е битен човекот за постоење на нештата нели во универзумот, та нели сме создадени по образот божји, саде ние сме такви низ цел универзум? :)
Не сме создадени по ничиј образ, бидејќи и Бог не постои.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
10.020
Поени од реакции
9.580

Да се прашувавме јас и ти или било кој философ - ќе беше таква реалноста за сите.
Но бидејќи философијата само се прашува, но не дава конечни одговори, исто како и религијата - ете не во истиот кош.. треба да прифатиме до каде ни се можностите како човек и човештво во однос на универзумот, видливо и невидливо.

Можеме да бараме само каде е душата, дали е мал дел од целото поделено со волја за соединување или е посебен дел кој што не е свесен за целото...
И дали душата е околу телото во телото итн итн... дали има делови (во многу стари учења има делови душата кои се поклопуваат со познатите Ид, его, несвесно итн итн ).
Но бидејќи едното е старо учење кое оди во непознатото, метафизиката, религија дури е нерелано и лажно, но денешното бидејќи е наука, е веродостојно...

Различни се само симболите, треба човек да го има клучот да знае што со што е поврзано и во каква спрега, да не кажам пропорција.
 
Мислам дека за доброто на човештвото е колку што може побргу да заборавиме на поими од типот душа и Бог. Ако не, и ако веќе мора да постои некоја религија, јас би измислил многу подобра од постоечките, кои буквално ја навредуваат интелигенцијата на луѓето.
 
Член од
9 декември 2014
Мислења
637
Поени од реакции
1.340
Душата не може да дава бишто, затоа што не постои. Воља за живот ти дава самиот живот, самото постоење. Човекот постои многу пред да почне да размислува за него. Кога луѓето би имале можност да размислат за животот многу пред да почнат да постојат, многумина би избрале непостоење.
Sto e zivot? Ako gi imame site "delovi" na DNK ili RNK, dali mozeme da stvorime ziv virus? Eve, neka bide virus, da ne bide komplicirano.
Dali rastenijata se zivi?
Dali rastenijata se svesni? Dali imunskiot sistem ima svest?
Sto e svest?
 
Член од
8 мај 2022
Мислења
524
Поени од реакции
1.613
Sto e zivot? Ako gi imame site "delovi" na DNK ili RNK, dali mozeme da stvorime ziv virus? Eve, neka bide virus, da ne bide komplicirano.
Dali rastenijata se zivi?
Dali rastenijata se svesni? Dali imunskiot sistem ima svest?
Sto e svest?
Свеста е релативно тешко да се дефинира, најблиску што би можело да се каже дека имањето квалии, односно имањето свесни искуства е доволно да се нарече дека некој ентитет има свест. Значи ништо комплицирано од стилот на самосвест, туку чисти имање квалии. Некаде надолу на филогенетичкото дрво постои рез, кои ентитети имаат свест кои немаат, инаку би заглавиле во панпсихизам.

Животот има релативно едноставна биолошка дефиниција, нема тука простор за некои мистификации.

Life is defined as any system capable of performing functions such as eating, metabolizing, excreting, breathing, moving, growing, reproducing, and responding to external stimuli.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
10.020
Поени од реакции
9.580
Sto e zivot? Ako gi imame site "delovi" na DNK ili RNK, dali mozeme da stvorime ziv virus? Eve, neka bide virus, da ne bide komplicirano.
Dali rastenijata se zivi?
Dali rastenijata se svesni? Dali imunskiot sistem ima svest?
Sto e svest?
Што има животот на Земјата со душата ако ја има во телото? Што има душата со вируси?
Дали свесноста за нештата одредува дали тие постојат или не во универзална смисла? Во врска со темава, свесни за душата и каде таа се наоѓа, ако се наоѓа некаде кај човекот?

Ако јас или ти не сме свесни за нешто што постои, и не можеме да бидеме свесни од некои причини, другиот што е свесен за постоењето и се обидува да станеме и ние свесни, во грешка е тој што е свесен и се обидува да стане и друг свесен за нештата или ние, што не можеме да бидеме свесни заради X причини?
 
Тоа не е логички начин на расудуавње, а уште помалку е научен. Не можеш да постулираш постоење на некој ентитет, па потоа нашето незнаење за него да го претставиш како доказ за негово постоење. Тоа е скроз испревртена логика која води во бесмислици. А Ниче има на едно место напишано, нашата желба за постоење на некој ентитет не доволен доказ за неговото постоење.
 
Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
12.087
Поени од реакции
24.344
Види, мора да дефинираме од што е направена, "врши работа" не врши работа како објаснување. Физичкиот свет е каузално затворен, тоа значи дека за секоја последица во физичкиот свет постои физичка причина. Сите движења на човечкото тело, сите перцепции, сите мисли имаат физичка причина која може научно да биде лоцирана и објаснета. Каква работа врши тука душата?
Bescelno e da baras dusa vo fizicki svet.
 
Член од
8 мај 2022
Мислења
524
Поени од реакции
1.613
Bescelno e da baras dusa vo fizicki svet.
Па не ја барам јас, вие ја барате. Физичкиот свет, како што напишав погоре е каузално затворен. Во него нема место за нешто такво како душа. Од аспект на однесувањето на човекот, душата е непотребно комплицирање на нештата. Сите активности кои ги прави еден човек во неговиот живот можат физички да се објаснат. А Окамовит брич вели дека објаснувањата не треба да се комплицираат.
 
Последно уредено:

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
12.087
Поени од реакции
24.344
Па не ја барам, вие ја барате. Физичкиот свет, како што напишав погоре е каузално затворен. Во него нема место за нешто такво како душа. Од аспект на однесувањето на човекот, душата е непотребно комплицирање на нештата. А Окамовит брич вели дека објаснувањата не треба да се комплицираат.
Mnogu raboti ne mozat da se objasnat vo fizickiot svet, no postojat.
Slicno kako ova prasanje, kako bi dokazal deka ljubobta postoi?
Ili ne postoi?
Sto e dokaz na ljubovta? Seks?
Sto togas za ljubovta kon tvoeto mileniche?
Ljubovta kon prijatelite?
Ako ljubovta se bazira na fizickoto, koja e poentata evolutivno jas da imam endorfini koga galam kuche?

Tie se prasanja od metafizicki karakter.
Ili moze da barame odgovor vo tradicionalni tradicii.
Ete na primer vo japonija se veruvalo deka dushata e vo zadnikot :coffee:
 
Како мислиш не постои објаснување за љубовта во физичкиот свет? Па тоа е муабет од оние љубовните романчиња. Љубовта е емоција, а причините за емоциите релативо лесно можат физички да се лоцираат во мозокот на човекот.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
10.020
Поени од реакции
9.580
Тоа не е логички начин на расудуавње, а уште помалку е научен. Не можеш да постулираш постоење на некој ентитет, па потоа нашето незанење за него да го претставиш како доказ за негово постоење. Тоа е скроз испревртена логика која води во бесмислици. А Ниче има на едно место напишано, нашата желба за постоење на некој ентитет не доволен доказ за неговото постоење.
Затоа екстазата доаѓа кога логиката умира. :love:

Логиката е плод на разумот, евреите го нарекуваат руах и е голема препрека за спознавање на реалноста. Затоа сите учења што постојат од памтивек и кои имаат пракса се обидуваат таа логика која се темели на искуство и ти што велиш во овој материјален свет подлежи на каузалноста да биде умртвена - и тоа е можно, но треба пракса. Тогаш нема логика, нема расудување во онаа смисла како сега, кога размислуваме во кој логички редослед да ги напишеме нашите размисли најдобро за да ги разбере другиот :)
И од друга страна, исто така кај евреите, руах или разумот е дел од формативниот свет, онаму каде што се градат формите, идеите... твојата логика која е големо мерило дали нештата се правилни или не кај човекот. Се што го надминува човештвото, не може да му се најде логичка разврска, само сопственото искуство е мерило, другото е философски расправи и ништо повеќе...

Но, сепак, мислам дека логиката зависи од искуството и свесноста за нештата во нашиот универзум до каде се протега. Мал универзум не дава многу свесност за нештата ниту пак логиката за мноштвото ќе е на завидно ниво. А ние, упорно се обидуваме да бидеме ограничени и да не прифаќаме многу нешта кои ни немаат логика во даден момент.

Не може нечие незнаење да е доказ за било што, може да е поттик за истражување и искуство, но тоа пак зависи од човекот и неговото минато... инкарнирана душа си бара она што и фали низ вечноста, колку и да изгледа малку постигнато за 70+ години на Земјата, сепак е постигнување... ти веднаш виде како може да се злоупотребува незнаењето. Тоа го правеа во стариот еон и религиите од тој период, сега е ново време :)

Јас реков: ние сме во грешка ако не сме способни и постојано бараме докази од другите, или другите се виновни бидејќи немаат во моментот прикладен доказ што ќе ни ја задоволи „нашата логика“?
Ја разбирам потребата од докази, сето тоа е од старите религии кои неумесно напнаа со идејата дека е „доволно да веруваш, не мора искуство, знаење, надминување“...

Зошто ние веднаш одбиваме дека нема душа или богови кога ќе дојдеме во допир со тие идеи? Чекаме друг да ни докаже дека има, тој што вели дека има богови или душа и таа се наоѓа насекаде во телото? Не сакаме од наши причини и искуство да не постојат богови и душа? Интелектуално ќе бараме доказ за постоење на „ентитети“?

Не постои начин после Руах или разумот да се дадат логични објаснувања за другите да најдат она што некој го има постигнато, затоа се користат хиероглифи, параболи и симболи за да може да се прескокне разумот.... разумот е за земски нешта, каде логиката владее, не за духовни каде разумот само ја расипува светлината заради врските со Земјата и искуството меѓу четирите елементи ... доволно е да се проучат малку источните учења и ќе се дојде лесно до тој заклучот.
 
Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
12.087
Поени од реакции
24.344
Како мислиш не постои објаснување за љубовта во физичкиот свет? Па тоа е муабет од оние љубовните романчиња. Љубовта е емоција, а причините за емоциите релативо лесно можат физички да се лоцираат во мозокот на човекот.
Da, ok, stom locirana vo mozokot, koja e pricinata da imam endorfini koga galam macka primer?
Evolutivno, nema smisla.
No e prisutno.
 
Без навреда, но постот може да се резимира блажени се сиромашните по дух бидејќи нивно е царството небесно, или колку поглуп, толку подобро. Логиката е единствениот алат кој никогаш во историјата не потфрлил. Секогаш кога човештвото се потпирало на логиката, одело напред. Секогаш кога ќе почнеле да се молат некому и да измислуваат екстази, се уназадувале.
Автоматски споено мислење:

Da, ok, stom locirana vo mozokot, koja e pricinata da imam endorfini koga galam macka primer?
Evolutivno, nema smisla.
No e prisutno.
Ако запнам, би можел дури и да му најдам еволутивна смисла, но нема потреба за тоа. Како е тој пример доказ за постоењето на душата, не разбирам?
 
Член од
9 декември 2014
Мислења
637
Поени од реакции
1.340
Што има животот на Земјата со душата ако ја има во телото? Што има душата со вируси?
Дали свесноста за нештата одредува дали тие постојат или не во универзална смисла? Во врска со темава, свесни за душата и каде таа се наоѓа, ако се наоѓа некаде кај човекот?

Ако јас или ти не сме свесни за нешто што постои, и не можеме да бидеме свесни од некои причини, другиот што е свесен за постоењето и се обидува да станеме и ние свесни, во грешка е тој што е свесен и се обидува да стане и друг свесен за нештата или ние, што не можеме да бидеме свесни заради X причини?
Zboruvam od agnosticka perspektiva, ete nemame dokaz za dusa pa ke ja stavime vo nesto za koe sto nemame znaenje niti dokaz za postoenje. Zivata materija od najprostite formi do mnogu kompliciranite formi se odnesuva svesno,po nekoj patokaz, po nekoj dizajn. Isto i nezivata. Se e energija.
Nema nisto misticno vo Adenin/Timin/Citozin/Gvanin vrskite, isto kako sto nema nisto posebno vo H2O. Hemiski vrski ne znacat "zivot".
Svesta vo ovoj univerzum, sistem ili kako i da go narecam e univerzalna komponenta, ne singularna.
Ne sum bas pri vreme da prodebatiram kako treba,pisuvam nabrzaka....
 
Kajgana Shop

На врв Bottom