Ако во човекот има душа, тогаш каде се наоѓа таа?

Joshua_Tree

Samo na minuvanje...
Член од
21 март 2010
Мислења
853
Поени од реакции
3.327
Нормално дека не можам, но на носот, мозокот и срцето, не им треба цртеж.
Ти можеш да ја почувствуваш мојата душа, нели, но не можеш да ја нацрташ..
...го кажа магичниот збор "да почуствуваш"
...а не да лоцираш :)
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
13.471
Поени од реакции
7.241
...го кажа магичниот збор "да почуствуваш"
...а не да лоцираш :)
Како пишав, распослана во срцето, мозокот и белите дробови.
Кога душата е тажна, срцето те притиска, не можеш да дишеш, не можеш да размислуваш......
 
Joshua_Tree

Samo na minuvanje...
Член од
21 март 2010
Мислења
853
Поени од реакции
3.327
Како пишав, распослана во срцето, мозокот и белите дробови.
Кога душата е тажна, срцето те притиска, не можеш да дишеш, не можеш да размислуваш......
...мора да ги лоцираш промените за да ги доживееш?
 
Член од
4 февруари 2012
Мислења
5.945
Поени од реакции
5.138
За жал денес повеќето луѓе немаат душа во себе.
 
Член од
8 мај 2022
Мислења
524
Поени од реакции
1.613
Погрешно поставено прашање.
За да биде нешто направено, треба да има делови,нели!?
Не, за нешто да постои мора да има некаква супстанца, инаку нема да постои. Која е супстанцата на душата?
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
10.020
Поени од реакции
9.580
Не, за нешто да постои мора да има некаква супстанца, инаку нема да постои. Која е супстанцата на душата?
Се мислам дали може вака:

Ако може „нештото да врши работа за одредено време“ со тоа има енергија, не мора да ја дефинираме од што супстанца е душата. Нештото што создава енергија и живот е секогаш „причинител непознат“.
Може да бараме каде е изворот на таа енергија и ќе го нарекуваме душа... може вака?

Не може да се каже „енергијата е направена од x нешто“... едноставно Е енергија, способност да врши работа.

И да, душата не постои, нема супстанца, нема основа за да постои - така? Или не знаеме која е супстанцата на душата и ќе бидеме агностици?
 
Види, мора да дефинираме од што е направена, "врши работа" не врши работа како објаснување. Физичкиот свет е каузално затворен, тоа значи дека за секоја последица во физичкиот свет постои физичка причина. Сите движења на човечкото тело, сите перцепции, сите мисли имаат физичка причина која може научно да биде лоцирана и објаснета. Каква работа врши тука душата?
 
Член од
8 мај 2022
Мислења
524
Поени од реакции
1.613
Вотче, не се мешај во работи за кои појма немаш. Не е тајна дека си пооприлично неписмен, ќе истресеш некоја глупост, ќе ти се смеат, па ќе ти се повреди нежното его. Ќути се, така делуваш кул и паметен. Сеуште се сеќавам колку се смеев кога напиша дека животните немаат свест.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
10.020
Поени од реакции
9.580
Види, мора да дефинираме од што е направена, "врши работа" не врши работа како објаснување. Физичкиот свет е каузално затворен, тоа значи дека за секоја последица во физичкиот свет остои физичка причина. Сите движења на човечкото тело, сите перцепции, сите мисли имаат физичка причина која може научно да биде лоцирана и објаснета. Каква работа врши тука душата?
Дефинирај ја што мораш, не ти велам дека не смееш да ја дефинираш. Ако духот бараш да го дефинираш преку физичкиот свет, пиши не постои душа и мирна Босна. Одиш во корпата наречена атеисти и завршена работа.

Реков каква работа врши душата, дава волја за живот или смрт. Што те турка низ животот? Стравот да умреш? Идејата дека имаш нешто што треба да направиш тука на Земјата?
Реков што дава душата: волја за живот или смрт. То е е „енергијата“ во животот што доаѓа од внатре.

Со ова велам дека душата Е во човекот. :) Сега точно каде, дали во срцето или анахата чакра, дали во малото прсте, дали се собира како грутка во стомакот - не знам. За секој можеби е различно...
 
Душата не може да дава бишто, затоа што не постои. Воља за живот ти дава самиот живот, самото постоење. Човекот постои многу пред да почне да размислува за него. Кога луѓето би имале можност да размислат за животот многу пред да почнат да постојат, многумина би избрале непостоење.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
10.020
Поени од реакции
9.580
Душата не може да дава бишто, затоа што не постои. Воља за живот ти дава самиот живот, самото постоење. Човекот постои многу пред да почне да размислува за него. Кога луѓето би имале можност да размислат за животот многу пред да почнат да постојат, многумина би избрале непостоење.
Така, по муабетот твој уште во старт знаев дека не постои душата. Многу нешта постојат што човекот и денес не е свесен за тоа постоење - не значи дека не постои бидејќи не може човекот да го дефинира нештото во моментот.
Многу е битен човекот за постоење на нештата нели во универзумот, та нели сме создадени по образот божји, саде ние сме такви низ цел универзум? :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom