Ако вика оџата, ќе вика и попот

Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Ако вика оџата, ќе вика и попот
Битолчани велат не се против верата, но бараат црковните служби да се вршат во објектите и да не се пренесуваат преку звучници, со што им го нарушуваат сонот рано наутро. На ова одговара преспанско-пелагонискиот владика г. Петар, кој вели дека во Битола дури се слуша оџата на разглас, ќе се слуша и попот
Од црквата "Св.Богородица" во Битола преку звучници се пренесуваат службите, а од Исак џамија преку разглас молитвата на оџата. Граѓаните се жалат на бучава. "Во Битола дури се слуша оџата, ќе се слуша и литургијата", вака преспанско-пелагонискиот владика г. Петар одговори на реакциите на група граѓани до "Вест" дека богослужбите од црквата "Св. Богородица" се емитуваат преку звучници и жителите од околните објекти ги оставаат без сон. Во писмото што битолчани го доставија до нашата редакција пишува дека два месеца, секој ден напладне, преку звучници се емитува црковната служба, како и во недела наутро.
"Црквата е во близина на строгиот центар на градот, и започна да ја емитува целата служба преку огромни звучници. Веќе два месеца немаме никаков мир. Како не можат да разберат дека има луѓе што работат навечер, во смени, дека држењето служба преку разглас им го скусува правото на сон. Зошто мора од 7-8 часот докај 10-11 во недела и за празници сите ние да бидеме будни без сон. Никој не е против верата туку бараме да ја вршат службата во црква, а не да ја пуштаат преку звучници", пишува во реакцијата на група битолчани.

Владиката Петар, во телефонски разговор ни потврди дека надвор од црквата се слуша неделната литургија и напладне тропарот на свети Нектариј. На критиките одговори дека кога ќе се запре пеењето од џамиите тогаш ќе престане и преносот на службите надвор од црквите.
"Десетина години го слушаме оџата како пее од минарето, и тоа никому не му пречи, а сега им пречи тоа што на македонски јазик се слушаат нашите служби надвор од црквата. Дури не се преземат мерки пеењето на оџата да не се пренесува преку разглас, дотогаш богослужбите ќе се слушаат и од други цркви", изјави владиката.
Сличен е примерот во другиот дел на Битола, пак, каде што е сместена реставрираната Исак џамија. Тамошните жители се жалат дека преку звучници неколкупати дневно, со голема гласност се пренесува пеењето на оџата од минарето.
Од Македонското здружение на млади правници велат дека бучава предизвикана од верски објект не е предвидена во Законот за заштита од бучава. Согласно законот, бучавата предизвикана од други самостојни звучни извори треба да биде во рамки на гранични вредности. Од Здружението посочуваат дека надлежен орган за контрола е Министерството за животна средина и просторно планирање.
(Ж.З.)
http://www.vest.mk/default.asp?ItemID=FA0EF0072F10D84AA105E5D734F139AF
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.267

Владиката е дудук кој не ги знае другите вери а сака да ги коментира, типично незнаење, прво кај исламот од минаре се повикува на молитва, не се пренесува служба нивна или молење, така да треба владиката да забрани биење на камбаните па да бара исламот да укини повикување од минариња.
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Нека повикува оџата на молитва колку го држи гласот а не приклучен на илјадници вати кои од година до година се сЕ погласни. Градењето на огромни џамии и прегласното повикување на молитви не е ништо друго туку покажување на мускули и притисок врз другите религии. Јас сум за тоа секаде каде што има Џамии црквите исто така да се приклучат на појачала и молитвите секојдневно да се пренесуваат преку озвучување. Можеби тогаш на одговорните ќе им текне дека бучавата треба да се регулира.
 
Член од
11 март 2015
Мислења
1.117
Поени од реакции
982
Еден гром да мавне, да снема и попови и оџи и се „религиозно“.
Добара девојка си ти, само што си за Јунајтед тоа не ти чини! Би те гласал на сите избори со овој став :cuc::kruna:
:smirce::smirce::smirce:[DOUBLEPOST=1448895408][/DOUBLEPOST]
Еден гром да мавне, да снема и попови и оџи и се „религиозно“.
Еве и јавно да ти се извинам за грешката што ја направив...Ќе го корегирам коментарот![DOUBLEPOST=1448895472][/DOUBLEPOST]Инаку јас би ги ставил на freestyle дуел,да видиме кој боље рими ке извади!
 
wot

њ
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.502
Поени од реакции
33.647
Merenje kurovi. Ami drugive?
Ako ne da si odbereme I nie edno zastitno lice, pevac ili pevaljka, najiritirackoto po moznost, i da pustame na zvucnici.
U 6 odzata, u 7 popot, u 8 za najubav den, recimo, Slatkar kako dtka i pee za kucki. Izmiksirano so teski instrumentalki.
 
Член од
13 февруари 2007
Мислења
5.097
Поени од реакции
5.767
Наредно, после надвикувањето на оџите и поповите, ќе следува и надвикување на вемеро и есдеес со звучници, па да видиме кој може најгласно да изеде говна. И на крај Рики ќе рокне турбо до даска, ја метал, па да видиме кој може најгласна музика да пушти по дома.
 
SuBZerO

Бигус Дикус
Член од
26 јануари 2007
Мислења
3.859
Поени од реакции
4.791
Posle Dunavka uste ova ni trebase!

Macedonia got talent..Show(u) ...Competition edition!
 
Член од
23 октомври 2015
Мислења
128
Поени од реакции
72
Кај мене на цел глас се слуша само Pink Floyd, ништо друго.[DOUBLEPOST=1448898919][/DOUBLEPOST]Бај д веј зајакот не лежи во децибелите т.е. во јачината на звукот тку во високотонците. Далеку поефективна мерка е на бас да им ги префрлиш звучниците, едвај на едно метро дали ќе се слуша, ама на кој да му текне...[DOUBLEPOST=1448899289][/DOUBLEPOST]
Надвикување на оџата и попот.

Тоа е она што ни е потребно. :oeoeoe:

ГоспоТ да чува и да брани од религиозни идиоти, најголемиот срам на човештвото.
Не не ова е одлична прилика некој на среде надвикуванје да земи Заратустра да им го чита на разглас :pos: Само претходно не знам каде нихилистите би требало да се регистрираат за да биде тоа званично. Замисли ситуација нихилисти званично пријавуаат разглас.
 
Последно уредено:

Ѓорче 1932

тој сум...
Член од
17 февруари 2009
Мислења
13.564
Поени од реакции
11.576
искрено во право е да ти ебам оџите, секој ден ги слушам од Бит пазар на пауза, а работам во строг центар. На десет иљади вати звучници да не се дерат бе.
 
Член од
6 февруари 2010
Мислења
881
Поени од реакции
923
Merenje kurovi. Ami drugive?
Ako ne da si odbereme I nie edno zastitno lice, pevac ili pevaljka, najiritirackoto po moznost, i da pustame na zvucnici.
U 6 odzata, u 7 popot, u 8 za najubav den, recimo, Slatkar kako dtka i pee za kucki. Izmiksirano so teski instrumentalki.
@Kiko vrsnik masina

Sent from my SM-N9005 using Tapatalk
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
Член од
23 октомври 2011
Мислења
887
Поени од реакции
2.207
Јас не сум за ни за оџата ни за попот да викаат. Ако им наложува верата да викаат, нека го прават тоа автохтоно како што е напишано во светите книги, без појачало и озвучување.

Нека се качи оџата на минаре и колку го држи гласот нека повикува на молитва. Примерот нека го следи дедо Петар и нека држи литургија на цел глас, колку го држат гласните жици.

Јас сум за тоа како е за една религија, така да биде за сите.Се останато се двојни стандарди и лицемерие. Ако на џамиите им се дозволува да биде озвучени со појачала од илјадници волти, тогаш истото треба да им се дозволи на останатите свети објекти како цркви и синагоги.

Не може пред пеењето на оџата сите да ќутат и да виткаат кичма за мир у куќа, соживотот , толеранција ... бла бла ... а за озвучувањето на црквите сите да рипаат како хиени.

Додека се џамиите толерирани за бучавата, треба да бидат и црквите толерирани кои рака на срце звучат како Бетовен споредено со некоја рандом диво изградена вехабистичка џамија во Зајас, Арачиново или Октиси.

Како што оџата има право да вика, така има право и попот да вика. Не е фер на едното премолчано да му се даде тоа право, а другиот да се критикува и замолчува. Можеби не се согласувам ни јас црквите да бидат озвучени, ама немаме право да ги обезвучуваме црквите додека тоа истото не го сториме со џамите. Ова е секуларна држава, мора да има ист стандард за сите, и државата не смее да привилегира ниедна религија. Или двете ги третираме исто, или ниедна.
 
Последно уредено:
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.042
Поени од реакции
6.651
drzavata trebase mnogu porano da go resi problemov,pri vrsenje na religiozni obredi verskite lica da nemaat pravo da go narusuvaat javniot red i mir so nadvikuvanje, povikot od minare neka bide licno od covek kacen so priroden milozvucen glas,a ova im e kako parodija na zvezde granda show pa ne znae covek dali da place dali da se smee na nivnoto deluvanje,od druga strana hristijanskite verski sluzbenici iritirani od prethodnite pocnuvaat praksa i tie javno nadvor od verskite objekti da praktikuvaat izvrsuvanje obredi na zvucnici podeseni na visok ton...............

e to e SE do drzavata nitu do prvite nitu do vtorite.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom