Ако Бог постои атеистите ке го јадат немиен!

D

Deleted member 12196

Гостин
1. Другар, не се мешам у историски факти, пошто не ми се јасни а ниту сум запознаен нешто многу многу. Да збориме дека ваземљаци дошле и ги направиле пирамидите, лесно е. Ама теориски поткрепено или пак некаков факт, нема. А знаеш кој е друг факт? Дека сме едини у цела галаксија. Не е верно, ама факт е. До каде што можеме да видиме и слушнеме, нема друг живот - сами сме.

2. Биг Бенг. Тоа е само термин кој се користи.. За нешто што е милијарди години у минатото. Си слушнал за еволуција? Еве ќе бидам најкраток што можам па ќе дојдам до тој момент за да ми ја разбереш поетнтата.
На одредени животни, им требале неколку илјади години да еволуираат во перфектен организам за да преживеат во условите во кој живеат. Екстремни или нормални. Од едноклеточни микроорганизми, до повеќеклеточни, перфектно изградени суштества.
  • Рибите низ годините имале еден тип на очи навикнат за такви услови, подводни, додека нивните комшии почнувале да еволуираат, да видат дека има нешто над водата и да излегуваат на сонце, па сватиле дека има копно, за подоцна целосно да го населат и ден денес таму да живеат (влечуги).
  • На љиљаците им се најразавиени сетилата за ориентација (ехолокација) за да детектираат плен или предмети, додека одредени групи на љиљаци имаат поразвиени сетила за мирис и слух.
  • Глувците имаат ненормално добар внатрешен систем, бидејќи живеат во најзагадени места (а и можат и нуклеарно зрачење да преживеат a и многу видови на отрови).
  • Животни кои живеат во поларни средини, имаат бела боја на кожа за полесна адаптација при лов на плен.
  • Бактерија која пред 20 години сме ја уништувале со пеницилин, денес од 500 можни антибиотици ни еден не функционира.
  • Растенијата кои што се „вртат“ накај сончевата светлина за поголема енерија.
  • И уште милион други факти...
    И да, ова е еволуција бидејќи првите единки ги немале овие предности - изумирале и постепено еволуирале да ги добијат сите овие работи
    (Прочитај повеќе тука: https://sci.waikato.ac.nz/evolution/AnimalEvolution.shtml )
Ова ти се вика еволуција. Значи еволуираме и се адаптираме на промените, се со една цел - да преживееме. Сме почнале од едноставни, едноклеточни организми, па се до најразвиеното суштество, хомо сапиенс - човек. Ова е процес. Процес кој трае со години (не 20 години, туку илјадници години). Горе, над нас, се случуваат x10 работи за кои добар дел не сме свесни т.е ги дознаваме многу покасно (светлосни години покасно). Метеори удираат од едно у друго тело, комети распарчуваат други тела и дел од тоа „удрено“ парче, го носат на друго место со поголема гравитација. Во случај да тоа парче што ќе биде однесено на друга планета, однесе било каков „жив свет“ или елементи кои ќе овозможат почеток, и се погодат условите за опстанок, почнува живот. Теориски гледано, ние сме единствената планета со таков живот. Покрај другите, ги имаме 2та најбитни елементи: вода и воздух.

Пред милијарди години, се случила таа експлозија поради X причини (тоа е теоријата, толку знаеме, и според тоа што можат да го презентираат, имаат добри аргументи). Се раѓаат планети, се појавува вода, се појавуваат првите форми на живот. Изгуглуј, ќе видиш фосилизирани микроорганизми, стари преку 3 милијарди години. За толку години, многу работи се случуваат.

И поентата ми е дека пореално ми е да верувам во нешто што можам да го разберам (колку-толку), бидејќи е сепак нешто „живо“, опипливо, можеш да го видиш, го има насекаде - Еволуција, него ли во адам и ева (а сам си ги побиваш фактите, викаш не веруваш во историја ама читаш за адам и ева и тоа ти е ок).

А наука не е чиста глупост, глупост е да ги учиш дека каснал некој јаболко и се отрул а господ ги казнил. Тоа е убаво за вера во нешто, да го држиш на „прав пат“ човекот.. А наука се докажува и експементира. Е сеа неможеме да тестираме со астрофизики и остали работи али можеби еден ден, ќе имаат и детални факти и одговори за ова.

пс: Биди упорен у наредни 15 години, сам да се увериш у нешто: Земи 50 машки и 50 женски зелени европски гуштери (Lacerta Viridis - слика) , вкрстувај ги само најголемите, најсилните и најборбените. Така, 15 години. Добиваш 20 пати по голем, по агресивен и по доминантен вид (кој останува истиот вид) но еволутивно многу по стабилен. А да можеш едно 500 години.. викаат дека ќе дојдеш до вид близок до диносаурус :) (овој: https://en.wikipedia.org/wiki/Compsognathus)

Ако ме прашаш зошто не го пробаат ова како експеримент, е дека веќе имаат некакви теории (факти) дека е така, и нема поента да се губат пари во тоа истражување, кога има многу побитни.
Едно мало прашање околу еволуцијата:
Како настанале птиците? Од гуштери кои предните нозе ги замениле со крилја?
Голема нелогичност има во оваа теорија. Природата е немилосрдна, нема место за послабите. За да добијат гуштерите крилја наместо нозе потребни се многу години. Јас ќе речам милиони, не илјадници. Што ќе им се на тие гуштери недоразвиени крилја наместо предни нозе? Тие се инфериорнии во однос на оние со предни нозе и како такви осудени се на пропаст.

Дарвиновата теорија има многу дупки. Многу фалсификувани докази за преодни форми кои всушност досега не се пронајдени.
 
Член од
28 август 2009
Мислења
1.529
Поени од реакции
3.171
Дарвиновата теорија има многу дупки. Многу фалсификувани докази за преодни форми кои всушност досега не се пронајдени.
Птиците, според досегашни истражувања, имаат прифатено дека се еволутивни следбеници (подгрупа) на одредени диносауруси. Ги имаш и на Википедиа, ќе видиш сличности (има доста фосили).
Screenshot_1.jpg


За Дарвин, има нелогичности во некои работи, не викам не. И мене ми се некои работи дискутабилни, но ми е многу по прифатлива таа теорија од сите други. Сепак Екологија студирав, доста не учеа за еволуција па некако ми го рашири видикот. Али ќе има одговори, млади сме уште. Пред 300 години немавме струја, пред 100 години умиравме од настинки, пред 50 години немавме ТВ у боја.. За многу краток период, направивме многу. И пак ќе кажам, пре би верувал во ова, него ли во приказни без ни еден ебан факт за тоа време, пред наши ери и остали глупости.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom