Аквариумски риби (општи дискусии)

Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.730
Поени од реакции
33.423
kazete kako da presmetam kolku litri mi e akvariumot . pratete link pozz
Добро, а не можеш ли барем нешто да прогуглаш? Ај, еве ти и ова:

ДОЛЖИНА * ШИРИНА * ВИСИНА / 1000 = X ЛИТРИ

или во центиметри кубни:

ДОЛЖИНА * ШИРИНА * ВИСИНА = X ЦЕНТИМЕТРИ КУБНИ
 
Член од
27 ноември 2013
Мислења
44
Поени од реакции
1
Добро, а не можеш ли барем нешто да прогуглаш? Ај, еве ти и ова:

ДОЛЖИНА * ШИРИНА * ВИСИНА / 1000 = X ЛИТРИ

или во центиметри кубни:

ДОЛЖИНА * ШИРИНА * ВИСИНА = X ЦЕНТИМЕТРИ КУБНИ
Dolzina 42cm sirina 24cm visina 25cm presmetaj ako mozes ma da vodata si ima posebna masa ..
--- надополнето: 20 јануари 2014 во 01:50 ---
Димезиите може да му бидат различни, вообичаено највеќе аквариуми се со димензии 2/1/1 но тоа не е правило. На пример аквариум со димензии 80х40х30см има волумен од 96l. аквариум од 60х50х35см. на пример има волумен од 105l. Цените не ги знам, прашај во продавниците или види по огласи може евтино да најдеш.
KOlku litri mi e akvariumot ako dimenziite mi se dolzina 42cm sirina 24 visina 25 poz fala mn :)
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.332
Поени од реакции
27.886
Dolzina 42cm sirina 24cm visina 25cm presmetaj ako mozes ma da vodata si ima posebna masa ..
--- надополнето: 20 јануари 2014 во 01:50 ---

KOlku litri mi e akvariumot ako dimenziite mi se dolzina 42cm sirina 24 visina 25 poz fala mn :)
Цели 25 литри и 200 мл. Слабо математиката а ?
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.730
Поени од реакции
33.423
Dolzina 42cm sirina 24cm visina 25cm presmetaj ako mozes ma da vodata si ima posebna masa ..
--- надополнето: 20 јануари 2014 во 01:50 ---
KOlku litri mi e akvariumot ako dimenziite mi se dolzina 42cm sirina 24 visina 25 poz fala mn :)
Искрено, по сите овие твои прашања и препрашувања, иако веќе сме ти одговориле, се прашувам дали навистина ти треба помош или само не тролаш. Ќе почекам уште малку, ако е она второто - дефинитивно одиш на ignore-листа.

Sorry за офтопик. ;)
 
Marchelo93

Дипломиран Џаболебар
Член од
10 јули 2011
Мислења
1.931
Поени од реакции
1.997
Ја приметив златната рипка како лежи на грб,од памет ме извади,таман дојдов до аквариумот и оддеднаш се сврти и почна нормално да си плива.Ја чувам 6 месеца веќе,немам филтер пошо е една а аквариумот е прилично голем,и мењам вода на 6-7 дена,предтходно отстоена неколку дена како што ми кажаа во пет-шопот.Некој совет да ја средиме работава,жал ќе ми биде ептен ако цркне,многу шизнато рипче е.
 
city park boy

Red Legend Sınce
Член од
30 март 2007
Мислења
2.338
Поени од реакции
22
Ве молам за помош!!
Формирав аквариум еве веќе 2 недели,и еве секој ден си додавам по некое рипче..
Неонки, Тетри еден чистач и неколку гупи ми се, се на се 15тина рипчиња, сите здрави живи фала богу.
Проблемот е што додека светлото е угасено рипките ми се по живи се движат низ аквариум, пливаат и сите тие работи, а кога ќе ја запалам неонката сите се кријат и ко укочени стојат, само две тетри ми пливаат.. светлосната неонка ми е слаба 15кв и незнам во што е проблемот..
 
Аирлија нека е, нека ти се живи и здрави, големи да растат. Само те молам пиши повеќе за аквариумот: колкава е големината (димензии), каква филтрација има, дали имаш растенија и какви, од кој тип е неонката (daylight или grolux) и каква спектар на светлина дава (пиши ги ознаките кои ги има на неонката). По ова, ќе се обидам да ти одговорам - вака не можам.
 
city park boy

Red Legend Sınce
Член од
30 март 2007
Мислења
2.338
Поени од реакции
22
Аирлија нека е, нека ти се живи и здрави, големи да растат. Само те молам пиши повеќе за аквариумот: колкава е големината (димензии), каква филтрација има, дали имаш растенија и какви, од кој тип е неонката (daylight или grolux) и каква спектар на светлина дава (пиши ги ознаките кои ги има на неонката). По ова, ќе се обидам да ти одговорам - вака не можам.
Фала ти многу :D инаку големината на аквариумот е 30л, со внатрешна филтер пумпа 300л/ч растенија сеуште немам, само пластични украсни треви што ги продаваат во пет шоп а неонката ми е 15 в онаква што се става на фасонка.. инаку бела светлина дава, други ознаки на неа 6400К 50/60HZ.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.730
Поени од реакции
33.423
Фала ти многу :D инаку големината на аквариумот е 30л, со внатрешна филтер пумпа 300л/ч растенија сеуште немам, само пластични украсни треви што ги продаваат во пет шоп а неонката ми е 15 в онаква што се става на фасонка.. инаку бела светлина дава, други ознаки на неа 6400К 50/60HZ.
Кога го пушташ филтерот да работи? Преку цел ден, или?
 
city park boy

Red Legend Sınce
Член од
30 март 2007
Мислења
2.338
Поени од реакции
22
Кога го пушташ филтерот да работи? Преку цел ден, или?
24/7 си работи филтерот, воопшто не го гасам, и додека е изгасена неонката рибите изгледаат среќно, само што ќе ја влучам се кријат, позади пумпа, по карпи и.т.н.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.730
Поени од реакции
33.423
24/7 си работи филтерот, воопшто не го гасам, и додека е изгасена неонката рибите изгледаат среќно, само што ќе ја влучам се кријат, позади пумпа, по карпи и.т.н.
Вака:
Прво: филтерот ти е многу јак за толку мал аквариум. Правилото е (како што веќе имам спомнато тука) филтерот да ја филтрира целата вода од аквариумот 3 пати во еден час. Занчи, тебе ти треба 3X30л = 90л/час. Твојот филтер од 300 л/час само предизвикува непотребни турбуленции и не им дава на рибите слободно да пливаат. Не велам дека ова има врска со тоа што се кријат кога ќе го пуштиш светлото, но сепак - не е лошо да пробуваш да го намалиш периодот кога филтерот ќе ти биде вклучен. Мој предлог е - затоа што филтерот ти е 3 пати појак од тоа што ти е потребно, доволно е да ти биде вклучен 8 часа на ден (24/3 = 8). Така барем останатите 16 часа од денот рибите ќе ти бидат заштитени од непотребните турбуленции во водата.

Второ: И ова нема врска со твојот проблем, но морам да го спомнам, како совет: акваристичко правило е една рипка на два литри вода, па така - во 30 литарски аквариум не ставај повеќе од 15 рипки. Сеедно што во аква шоповите ќе ти кажат дека нема врска, и дека малите рипки можат да се чуваат по една рипка на еден литар вода.

Трето: И јас имам таков community (општествен) аквариум, со различни видови на рипки во него. Мој предлог е со тетрите и живоротките (гупи) да си купиш и неколку разбори. Многу убави рипки се, одат секогаш во јато, мирни се, издржливи и се одлична дополна за таквиот вид на аквариуми, иако не се ни тетри, ни живоротки и иако не се од истите биотопи со тетрите и живоротките. Мене многу голем мерак ми прават. Ако некогаш правам промена на рипките во аквариумот, дефинитивно ќе ставам само разбори и кардинал тетри - според мене, најубавите мали рипки што постојат.

Четврто: осветлувањето ти е ОК - 0,5 WPL (вати на лиитар), што е средно осветлување, и сосема доволно за аквариум без растенија. Да не е проблем спектарот на бои кој светилката го емитува, или температурата? Температурата на неонката е изразена во Келвини, бојата на светлината. Иако човечкото око реагира само на ограничен спектар на светлосни бранови, тоа одлично ги разликува и многу малите разлики. Тие мали разлики ги викаме бои. Најкратка бранова должина имаат виолетовото и синото светло, а најдолга црвеното. Твојата светилка зрачи светлина со температура од 6400К, а дневната сончева светлина на пладне преку неонка е 6000 - 6500К. Сончевата светлина во утринските часови и попладне преку неонка е околу 5000 - 5500К и зрачи светлина со жолтеникаво-црвенкаста боја. Затоа, јас би ти препорачал да си земеш неонка со температура од 5000 до 5500К, да не им е твојата многу јака на рибите?

Исто така е важен и CRI индексот, односно спектарот на бои кој го спомнав погоре. Да не објаснувам многу што-како: во акваристиката се користат неонки со CRI индекс 8 или уште подобро 9. Обичните неонки кои ги продаваат по продавници обично имаат CRI од 6 или 7. Колку е помал CRI индексот, толку неонката е послаба (емитува спектар на светлина кој не е природен) но и поевтина. Колку е CRI индексот поголем, толку неонката е подобра (поприродна светлина) и поскапа. Произведувачите на акваристичка опрема ретко прават правилни неонки со полн спектар, нудат разни неонки и комбинации за да се добие имитација на полниот спектар. Тоа не значи дека не можеш да побараш во специјализирани продавници за осветлување неонки со ознака CRI преку 8, кои се користат за други потреби и кои се доста поефтини од акваристичките, а имаат исти или подобри карактеристики.

Како да дознаеш кој е CRI индексот? Секоја неонка има ознака од три бројки: XYY, каде X е CRI индексот, а YY се првите две бројки од температурата на неонката изразена во келвини. Пример: неонка со ознака 764 (каква што претпоставувам дека е твојата) има CRI индекс 7 (што е слабо) и температура од 6400K. Тебе ти треба неонка со ознака 850 - 855 (со CRI индекс = 8, и температура од 5000 до 5500К), или уште подобро 950 - 955, но таа е поскапа, и се сомневам дека можеш лесно да ја најдеш.

Ако имаш нешто нејасно, слободно прашај. Се надевам дека овие совети ќе ти помогнат и ќе го отстраниш проблемот.

P.S. Побарај по аква-шоповите специјални неонки кои се користат за акваристика - за максимум 500 денари можеш да си најдеш солидна замена за твоето осветлување со флуоросцентна неонка специјално направена за аквариум. Јас користам таква, од некој кинески производител, Degenbao - флуоросцентна, црвена, и воопшто не е скапа. Така нема да се замараш ни со CRI индекси, ни со бои, ни со температури. Ако сакаш поскапо и подобро решение, барај по продавници.
 
Член од
11 февруари 2009
Мислења
77
Поени од реакции
2
Здраво, Ве молам може ли некој да ми каже дали постои некоја опасност бидејќи сакам да купам "топка" со неколку рипчиња, а дома имам веќе две мачки?
 
Член од
16 февруари 2007
Мислења
42
Поени од реакции
1
Дечки дај кажете некој квалитетен канистер за аквариум од 200л. планирам да го направам вака некако http://www.youtube.com/watch?v=Bqam04Z5rd0 па ем интересира и кај мозам да најдам од оваа земјава/ песоков за растенија.. и исто така кај можам да ги најдам растенијава .. и ако има некој поискусен со CO2 да ми кази каков систем да направам :)
--- надополнето: 1 февруари 2014 во 15:09 ---
Здраво, Ве молам може ли некој да ми каже дали постои некоја опасност бидејќи сакам да купам "топка" со неколку рипчиња, а дома имам веќе две мачки?

Во „топка“ неможиш да чуваш неколку рипчиња.. за неколку рипчиња ти треба пумпа за вода, греач, пумпа за воздух. Во топка единствено можиш да чуваш Бета Борец... или Карас и тоа само 1 греотка се да ставаш по 2-3 во току мал простор. а за мачињата незнам ... рачунај сигурно ќе му е интересна топката а уште поинтересни рипчињата ;)
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.730
Поени од реакции
33.423
Здраво, Ве молам може ли некој да ми каже дали постои некоја опасност бидејќи сакам да купам "топка" со неколку рипчиња, а дома имам веќе две мачки?
Нема опасност. И јас додека чував караси во кугла имав ептен-хиперактивен мачор дома и само ги набљудуваше, ама никогаш не се обиде да ги проголта.
--- надополнето: 1 февруари 2014 во 15:48 ---
Дечки дај кажете некој квалитетен канистер за аквариум од 200л. планирам да го направам вака некако http://www.youtube.com/watch?v=Bqam04Z5rd0 па ем интересира и кај мозам да најдам од оваа земјава/ песоков за растенија.. и исто така кај можам да ги најдам растенијава .. и ако има некој поискусен со CO2 да ми кази каков систем да направам :)
За канистер не можам да ти помогнам, прашај на mkreef форумот, сигурно има некој кој продава. Јас никогаш сум немал канистер.
Песокот е аквариумска подлога од вулкански камења измешани со минерали што овозможуваат побрз раст на растенијата. Го има во сите добро снабдени аква шопови, ама скапичок е. Не се сеќавам точно, ама мислам дека во Амазон беше најевтин - околу 1000 денари за кесичка од 5 кг.
Можеш да си ставиш некаква речна песок што сам ќе си ја собереш од некоја незагадена планинска рекичка. Само прво убаво измиј ја со многу млазови на топла и ладна вода наизменично. Ако можеш, дури и пожелно е да ја свариш во вода, или пак да ја третираш со хиперманган, за да ги уништиш бакериите и другите штетни микроорганизми кои би можеле да ти го уништат задоволството одпосле. Има некои кои ставаат хумус за цвеќиња под подлогата од песок, ама мене ме советуваа да не ставам, зошто излегувале одпосле некакви црви и други штетни организми кои буквално го преплавувале аквариумот. Инаку, ако се одлучиш за хумус за цвеќиња под песокот, мораш многу да внимаваш:

1. Хумусот мораш прво да го испечеш во рерна за да ги уништиш штетните микроорганизми.
2. Мораш да го обогатиш со минерали. Најчесто ја прават следнава постапка за обогатување:
-миење на хумусот со вода
-сушење на сонце
-миење со вода
-сушење на сонце...
и така колку повеќе ја повторуваш постапката, толку хумусот бил пообогатен со минерали. Само не заборавај пред да го ставиш во аквариум да го испечеш во рерна.
3. Над слојот со хумус, пред да го ставиш песокот врз него, се става мрежа (како онаа за комарци која ја ставаат во врати и прозорци), со цел да не се измеша земјата со водата и да стане цела вода каллива.

Јас сепак би ти препорачал да не ставаш хумус под подлогата од песок. Кај мене растенијата растат ко луди, а немам хумус одоздола. Јас од растенија имам Валиснерија (кај нас ја викаат житарка), Хигрофила коримбоса (кај нас позната како Лимонка) - и од нив би можел да ти продадам, ако сакаш. Во аква шоповите можеш да купиш од нив по 100 денари коренче, јас ќе ти ги дадам за 50. Имам уште Микросорум птеропус (Јава ферн), Криптокорона криспатула (Амазонка) и уште една Криптокорона вилиси. Имам и Ротала и Сагитарија - ама ништо од ова не ми е за продавање, немам доволно коренчиња.

Инаку, тревата во аквариумот во видеото е Елеохарис мини (Eleocharis sp. 'mini') малечката напред и Хемиантус (Hemianthus micranthemoides) - високата позади. Тие две се многу тешки за чување. Ти треба добар супстрат, добро осветлување, систем за додавање CO2 во водата... И тешко дека можеш да ги најдеш кај нас - скапи се, и обично ги нема во аквашоповите.

Доста полесна, а слична на Елеохарис тревата е Сагитарија (лат.Sagittaria Subulata), можеш да ја купиш по аквашоповите. Таа е лесна за чување, не ти треба којзнае каква подлога, ни CO2 систем. Доволно е само солидно осветлување и чести промени на водата.

Ако ти треба уште нешто, било што, прашај.
 
Член од
27 ноември 2013
Мислења
44
Поени од реакции
1
Dali e vo red ednas mesecno akvariumot da se isprazni, iscisti ,izmie pesokot ubavo i site dekoraciii i da se stavi cista otstoena voda i malce od starata sekako za bakteriite :) ?? Pozz
(zosto ako ne go napraam toa ednas mesecno mn mi se prlja pesokot.. i da stavam cista voda pak se zamatuva i pozoltuva) me interesira dali e vo red toa so go pravam so celosnoto mienje :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom