- Член од
- 2 февруари 2006
- Мислења
- 1.500
- Поени од реакции
- 160
Има ли на форумов членови во некој Аероклуб во Македонија? Ако има нека пишат каква е ситуацијава таму, со што авиони располаѓаат, летаат или не итн. Еве јас можам да пишам за Аероклубот во Скопје. За тие што незнаат канцеларријата се наоѓа спроти средното ЈБТ. Таму има канцеларија, училница за чацови, училница за моделарската секција и барче. Иначе клубот лета на спортскиот Аеродром Стенковец, кој се наоѓа на неколку километри од Скопје, после Визбегово. Клубот располаѓа со две двоседни едрилици Blanik L-23 (едниот сега е донесен од Битолскиот Аероклуб), две едноседни едрилици Vuk-T, Utva 75 за влечење на едрилиците и нормално учење за моторно летање. Другата утва моментално е расклопена за сервис и дали ќе иде за Куманово или ќе седи тука незнам да ви кажам. Истотака има и Antonov An-2 кој ако не се лажам е еден од најколемите авиони со еден мотор (не сум сигурен за ова) и служи за флање на падобранци од него. Има и едно Utra-Light авионче Typhoon TL-32. Ај следнiot пат кога ќе идам на аеродром, ако не ја заборавам камерата ќе ги сликам авионите, а сега за сега ќе ставам слики само да се има онака претстава како изгледаат.
Blanik L-23
кокпитoт
Vuk-T
Utva 75
Аntonov An-2
Typhoon TL-32
Blanik L-23
кокпитoт
Vuk-T
Utva 75
Аntonov An-2
Typhoon TL-32