Аероклубови во Македонија

Член од
2 февруари 2006
Мислења
1.500
Поени од реакции
160
Има ли на форумов членови во некој Аероклуб во Македонија? Ако има нека пишат каква е ситуацијава таму, со што авиони располаѓаат, летаат или не итн. Еве јас можам да пишам за Аероклубот во Скопје. За тие што незнаат канцеларријата се наоѓа спроти средното ЈБТ. Таму има канцеларија, училница за чацови, училница за моделарската секција и барче. Иначе клубот лета на спортскиот Аеродром Стенковец, кој се наоѓа на неколку километри од Скопје, после Визбегово. Клубот располаѓа со две двоседни едрилици Blanik L-23 (едниот сега е донесен од Битолскиот Аероклуб), две едноседни едрилици Vuk-T, Utva 75 за влечење на едрилиците и нормално учење за моторно летање. Другата утва моментално е расклопена за сервис и дали ќе иде за Куманово или ќе седи тука незнам да ви кажам. Истотака има и Antonov An-2 кој ако не се лажам е еден од најколемите авиони со еден мотор (не сум сигурен за ова) и служи за флање на падобранци од него. Има и едно Utra-Light авионче Typhoon TL-32. Ај следнiot пат кога ќе идам на аеродром, ако не ја заборавам камерата ќе ги сликам авионите, а сега за сега ќе ставам слики само да се има онака претстава како изгледаат.

Blanik L-23







кокпитoт





Vuk-T





Utva 75







Аntonov An-2











Typhoon TL-32




 

A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
4.545
Поени од реакции
7.251
Супер. Можеш ли да ни кажеш како оди школовањето, пример од степени, како се постигнува одреден степен, што е потребно, тестирања, финансии и слично.
 
Член од
2 февруари 2006
Мислења
1.500
Поени од реакции
160
Епа сега зависи за што те интересира. Јас можам конкретно за едриличарство да ти кажам одма, а за другите треба да се распрашам што како иде. Знам дека прво се прават групи да речеме 3-4 ученици и се иде на теорија, после полагаш тестови (боза) и леташ со едрилица. Имаш 1 информативен лет и 60 старта. Ова е почетен курс, а не до дозвола, за дозволе мислам дека ти требаат 30 саати самостален лет и да полагаш тестови во дирекција па после ќе добиеш дозвола. Е сега цената не сум сигурен ама мислам дека беше околу 100.000ден или 1600е ама не ме фаќај за збор. Нормално ова за наши стандарди за некого многу е, ама ако ги гледаш цениве низ светот е многу ефтино. Знам имавем еден Американец од KFOR кој се чудеше колку е ефтино и колку било поскапо во USA.

Еве што има пишано еден Англичанец што беше на стенковец за Англиско списание за авијација





 
Член од
21 февруари 2005
Мислења
179
Поени од реакции
10
abe voa sekoj vtor avion na slikive e od vtora svetska vojna
 

Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
Само антонов е постар другиве се релативно понови и горе доле според денешни стандарди, за аматерско летање се одлични.
 
Член од
2 февруари 2006
Мислења
1.500
Поени од реакции
160
Christian напиша:
abe voa sekoj vtor avion na slikive e od vtora svetska vojna
Вака сега авионите што се постари (поготово анот) постари се, ако сакаш понови куписи и летај си. Па знаеш ли ти колку е една нова едрилица, а за авион да не збориме? Бланикот е прилично нов (ако не се лажам донесен е тука некаде меѓу 94-96 и има околу 1000 саати што не е многу. Иначе оваа едрилица е една од најдобрите за учење, а сепак и доста добра за едрење. Ако не веруваш еве види и во америка се користи за тренирање http://www.nwi.net/~blanikam/ba/prod01.htm ,а е произведена од Чешката компанија LET и сеупте се пориведува. За другите незнам ни приближно да ти кажам од кога се, но еве онака вуковите се правени во СФРЈ некаде 1980 год, Утвата меѓу 1980-1990, а за анот се произведува пд 1950год така да е доста стар. Овој нашиов појма немам од кога е. Еве ти нешто научи за него, како на пример фактот дека е најголемиот двокрилен едномоторец некогаш произведен
http://en.wikipedia.org/wiki/Antonov_An-2 A TL-32 почнал да се произведува од 1991 па до 1996 мислам. Така да освен анот другите и не се толку стари, а ако сакаш поново иди во странсво па кога ќе опнеш 100e за саат со авион ќе се чешаш
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.343
Во Струмица има ентузијасти кои летаат на параглајдери и такви летала. Не се организирани во клуб, туку онака. Аеро клуб нема.
 
Член од
24 ноември 2005
Мислења
3.233
Поени од реакции
391
Безмоторното летање не е голем проблем. Ако нема доволно едрилици, тогаш полесно се доаѓа до параглајдер или делтаплан. Уствари, одамна не сум ни видел ни слушнал дека се лета со делтаплан во МК, знае ли некој нешто повеќе за ова?
 
Член од
9 јули 2017
Мислења
380
Поени од реакции
80
К „ШТИП“-Штип е спортски клуб, кој има за цел да ги
здружува граѓаните и да им овозможува преку обуки,
курсеви, семинари и натреварувачки дисциплини да
се запознаат со воздухопловните спортови во
Р.Македонија и пошироко. Иако е на волонтерска
основа и целото финансирање на клубот се базира на
работата на членовите и плаќањето на членарина , забележан е голем ентузијазам со цел да се
задржи оваа воздухопловна организација на нозе. Во моментот воздухопловната школа нема
приходи од државните институции, кои за жал заборавија на ваквите организации кои имаа голем
придонес во минатото. До 1998 година во воздухопловната школа имаше 6 вработени кои беа под
капата на Министерство за образование и се грижеа да од редовите на воздухопловната школа
излезат мнозина квалитетни воздухопловни кадри кои понатаму ќе служат за потребите на АРМ, МВР
и авионските компании во државата. Преку 85 годишна традиција, професионален однос и
современи воздухоплови. Единствен начин да се запознаете со тајните на летањето е во летачката
школа на аеро клубот која врши обука на пилоти на авион, пилоти на едрилица, како и обука на
 

Kajgana Shop

На врв Bottom