Аеродромот Александар Велики најдобар во Европа

Член од
9 септември 2008
Мислења
769
Поени од реакции
322
Што има врска изборите? Еве ти ја официјалната страна http://www.aci.aero/News/Releases/Most-Recent/2013/03/11/ACI-Announces-Recipients-of-2012-Airport-Service-Quality-Awards и самиот можеш да погледнеш дека веста е од 11-ти Март 2013...
Епа ???? каква врска има ако веста е од 11-ти Март ? така само се потврдува тоа што го кажав
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.931
Поени од реакции
12.523
Си бил воопшто на новиот аеродром? Не дека е најсовременото здание во Европа, ама сега авионите застануваат директно на "тунелчето" (не знам како се вика точно:oops: ) и не се оди по писта туку влегуваш право на пасошка контрола, а багажот се зема во сосема пристојна просторија, лентата за багаж е нова и веднаш излегуваат куферите.
Во однос на тоа што кажаа за фрлањето на куферите, секаде така ги фрлаат, на сите аеродроми без исклучок. Затоа не се купува скап куфер за патување со авион. Најдобро од кинеските, и онака ќе се распадне во рок од три секунди.
Јас имав добро искуство со вработените, но тоа не значи дека се секогаш добри, обично знаат да бидат безобразни и прости. Обично не ги фалам многу "иновациите" во Македонија, ама аеродромот е навистина добар. Во споредба со претходниот е савршенство без мане.
На римскиот на еден колега пола гаќи и маици му висеа од куферот:) среќа од тие некористените :pos:
Ова најмногу ми пречи мене, во ред млад сум ама не сум дете повеќе. Неможе да ми се обрати со име и ти. Не барам многу честови како екселенција или господине ама барем со ВИЕ нека ми се обрати. Ретко кој полицаец низ државата тоа го практикува.
Игорче, напротив кон мене беа сосем коректни и дури ми помогнаа...зависи можда следниот пат ќе налетам на некој со 2 леви, дајбоже да не. Во Виена секој што имаше вода за пиење во шишенце мораше да го фрли, макар и 2 капки. Или па Цирих каде ако макар си јал спанаќ одма ставаат пластична ракавица. Или Хитроу или Копенхаген каде македонците не третираа као да сме лопови. Само нас не застанаа во Копенхаген. Ептен нелагодно.
Ја пример сега бев незадоволен од услугата на аеродромското инфо во Виена, го мрзеше да збори (и тој и оној црнцеот за карти за брзиот воз од 12 евра) ама тоа е, пак велам зависи на кого човек ќе налета, не значи дека виенскиот не го бива. Зависи на кого ќе налеташ.
Продавници нема многу, нормално ваљда оти нема меѓународни летови и е крајна дестинација. Кога би го споредил со некој од помалите аеродроми (во еден шведски град на пример), сосем е ок. Чисто, тивко, со ознаки и јасно разделени гејтови.
 

Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.674
Поени од реакции
22.519
Во право си Lurtz зависит како ќе налеташ. Ија реков дека доста е подобрено ама има сеуште некој кој зафркаваат иако не су имал досега многу проблеми. А за тоа дека Македонците ги третираат лошо, тоа да. Но тоа е што имале лоши искуства со Македонски државјани па по дифолт сите се сомнителни. Су патувал некојпат и со автобус ама во денешно време треба да си мазохист, што им прават по границиве е страшно но што да прават ко ги фаќаат шоферите редовно со дрога и слично. Иначе има моментално и проблем со азилот затоа Македонците се строго третирани кај и да одат.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.931
Поени од реакции
12.523
Само не ја видов бистата на Александар. Ја тргнале или ја поспан сабајлечки?
 
F

FARANG

Гостин
:pos: :pos:

За сите шо ќе се залетате по насловот, читајте ја првата реченица, вака испаѓа нашиов подобар од Хитроу, Шарл де Гол и кои и да се.
Хитоу е дупка која речиси секоја година на глобално ниво од страна на патниците го прогласуваат за еден од најлошите. Некогаш се чека со саати да поминеш пасошко. Не ме сваќај решно јасни ми се цифрите ама на светско ниво посебно со аеродромите на блискиот исток и азија Хитроу е одвратен.
 

gade

Augustus
Член од
12 април 2008
Мислења
4.851
Поени од реакции
5.178
Хитоу е дупка која речиси секоја година на глобално ниво од страна на патниците го прогласуваат за еден од најлошите. Некогаш се чека со саати да поминеш пасошко. Не ме сваќај решно јасни ми се цифрите ама на светско ниво посебно со аеродромите на блискиот исток и азија Хитроу е одвратен.
Најомразен аеродром во УК е Хитроу. :D
Станстед е ОК, исто и Лутон и Соутенд.
Најдобар што сум го видел е Шипхол - Амстердам, таму дури има и пасошка контрола сам да си направиш, го скенираш пасошот и поминуваш.
 
Член од
13 февруари 2008
Мислења
231
Поени од реакции
160
Да, после прочитана прва реченица има смисла насловот. Али како и да е. Одлично работат дечките таму, заслужено.
 
F

FARANG

Гостин
Најомразен аеродром во УК е Хитроу. :D
Станстед е ОК, исто и Лутон и Соутенд.
Најдобар што сум го видел е Шипхол - Амстердам, таму дури има и пасошка контрола сам да си направиш, го скенираш пасошот и поминуваш.
Ќути Хитроу е мизерија. Лондон Сити е далеку најдобар, брз и одма си во град. Канари Ворф ти е одма тука, можеш и такси по реката да си фатиш да не се заебаваш со гужви.

Шипхол ми е и мене омилен во Европа. Пасошка со биометрски скан на пасошот во азија и австралија веќе постои 10тина години. Шипхол ми се свиѓа дека е брз се е просто и автоматско и возот им е права работа не ова на Хитроу дур да искочиш и се снајдеш па да стигнеш до град прошло пола ден ебате. На саутенд не сум слетал.

Нашево аеродромче ме изненади. Доста добро е, барем брзина на чекирање и контролите. Другите работи треба да се средат бар јас кога летав само што го отворија па имаше многу од продавниците просториите кој сеуште не беа пуштени во функција.
 

Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.977
Поени од реакции
11.847
Во се сме најдобри, ама во мизерија ни нема конкуренција.
 
Член од
31 март 2008
Мислења
2.599
Поени од реакции
1.931
Најомразен аеродром во УК е Хитроу. :D
Станстед е ОК, исто и Лутон и Соутенд.
Најдобар што сум го видел е Шипхол - Амстердам, таму дури има и пасошка контрола сам да си направиш, го скенираш пасошот и поминуваш.
хитроу е стар аеродром, не може да е функционален ко станстед и лутон, плус огромен е, стока иде од цел свет.

нашиот аеродром за изглед е добар, нов, дури и тоалетна имаше во вецето и беше чисто. само персоналот не е баш на ниво ко шо треба да биде.

најсмрдлив и најнечист ми беше истамбулскиот аеродром. корне на некој недефиниран неубав смрдеж.
 
Член од
8 јуни 2007
Мислења
6.102
Поени од реакции
12.199
Бар една работа да имаше кај што не сме најдобри, и ќе имав некои кошмарчиња. Вака, спијам спокојно, а не ми се спие.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom