Samurai Jack
Penspinner
- Член од
- 15 април 2012
- Мислења
- 3.667
- Поени од реакции
- 8.725
Наградата ја додели Меѓународниот аеродромски совет. Самите посетители дале највисоки оценки за квалитетот на услугите.
.
Александар Велики е најдобар во Европа. Скопскиот ја доби првата награда меѓу 275 аеродроми во категоријата помали од два милиона патници годишно кои ги анализирал Меѓународниот аеродромски совет. Самите посетители дале највисоки оценки за квалитетот на услугите.
„Одовде се сообраќа до 20 дестинации, а од мај отвораме линија и до Стокхолм. Со тие линии Скопје е поврзано со поголемиот дел од Европа, а преку Истанбул и со светот“ изјави главниот оперативен директор на „ТАВ аеродроми“, Мурат Орнекол.
Преку Александар Велики лани минале над 900 илјади патници од кои 200 илјади биле странски државјани.
„Лани имавме пораст од 8,7 проценти, а во февруари годинава во однос на истиот месец лани пораст од 14 проценти, што е над европскиот просек. Среќни сме што патниците се повеќе го избираат аеродромот „Александар Велики“ за полетување, слетување или трансфер“ изјави Миле Јанакиески, министер за транспорт и врски.
Во Македонија најмногу се лета со „Виз ер“, па со „Туркиш“ и „Аустриан ерлајнс“. Најатрактивни дестинации биле Цирих, Истанбул, Виена, Белград и Загреб.
Никола Крстиќ
Превземено од: www.alfa.mk