Административна такса?

slobbo

LoneRyder
Член од
16 ноември 2008
Мислења
1.686
Поени од реакции
583
Денес проверував постапката за запишување на семестар на факултет и оп нешто ново, наместо како до сега таксена марка треба да се достави уплатница пп-50 со уплатени 50денари административна такса. За законов со кој се укинуваат таксените марки имав слушнато одамна ама дека почнал да се применуа и како треба да функционира ништо не сум чул.
Прогуглав и никаде ништо не најдов за новиот законот за административни такси (што е малку чудно зошто гугл знае се) ми го дава стариот. Ме интересира дали некој може подетално да ми објасни или да ми даде некој линк за тоа како треба да функционира ова плаќањево, зошто ништо не ми е јасно процедурата наместо да е олеснета стана уште потешка и посложена...
колку што се сеќавам имаше и некоја опција преку смс да се плаќаат овие такси ё(нит знам број нит ништо)
е имам и уште една недоумица дали банките/поштите ќе земаат провизија на овие уплати зс ако земаат провизија стварно ќе биде криминал пример: јас за упис на семестар треба да поднесам 3 уплатници со по 50 денари + за 6 предмети уште по толку се собираат 8 и доколку е провизијата 15 денари (мислам дека толку беше најмалата провизија) мене ми испага дополнителен трошок од 120 денари ( не дека сега глумам лудило за за тие пари туку зо-то да ги богатам банките :)) а освен тоа помножеено со бројот на студенти цифрата станува троа поголема (ќе да е со над 7 цифри )
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Ни у МВР веќе нема таксени марки, нигде, средував обврски пред десетина дена, цел ден останав таму, тоа е, решиле да не крадат :)
 

slobbo

LoneRyder
Член од
16 ноември 2008
Мислења
1.686
Поени од реакции
583
Ма остај што не крадат не крадат како и да е ама и многу време треба дур да ги потполниш тие уплатници па ракописот не ти чинел па има гужва на шалтер па незнам на кафе отишол тој што е на шалтер па ова па она и оп времето отиде , а за парите да не зборам :Р
 

Воин без Коњ

краток и јасен
Член од
18 септември 2010
Мислења
850
Поени од реакции
1.213
Стварно време одзема.. додека ја пополниш, додека ја уплатиш... а и не само време и повеќе пари зимаат вака, околу 20 ден повеќе на секој марка-уплатница.
 
Член од
26 април 2006
Мислења
13.024
Поени од реакции
1.940
Едвај најдов за овој семесар во една забутана поштичка, кој ќе се мрцвари со уплатници и за тоа. Значи се да заебат.
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
Уплатницата одзема и време и повеќе пари.
Еве бараат колку маркици толку уплатници. И ако треба да залепам 5 маркици, значи 5 посебни уплатници. За секоја уплатница просек е 20 денари провизија, значи плус 100 денари.

Но не треба да се заборави дека таксените марки се крадеа. Од стари документи, од документи кои се за уништување некои ги вадеа и препродава, значи иста маркица можеше да отиде 3-4 пати во продажба.

Досега се крадепше државата, а сега државата и банките ќе не крадат нас :)
 

Брокер

Broker of the Year
Член од
25 јули 2009
Мислења
1.227
Поени од реакции
257
Целта им е истите таксени марки да не се користат на повеќе уплатници, затоа што кога ќе ја залепеш и им ја дадеш на шалтерите тие понатаму можат да ја извадат и да им ја дадат на некој... и така во круг се додека не се искини... е сега нема така сега ќе мора за 50 денари да се чака на шалтер или пак имаме e-banking во сите банки зошто да чекаме и да даваме провизија.
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
Добра пара некој ќе заработи и тоа уште од старт.
Еве на УКИМ мислам дека се 30 000 студенти кои ќе уплатат по минимум 3 уплатници. Ако просек е 20 денари провизија следува
30 000 х 3 х 20 = 1 800 000 денари.
Ова е минимумот од УКИМ, ами за се останато.
Ќе се прави голем обрт на пари годишно само од провизија.
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
8.948
Поени од реакции
5.505
Целта им е истите таксени марки да не се користат на повеќе уплатници, затоа што кога ќе ја залепеш и им ја дадеш на шалтерите тие понатаму можат да ја извадат и да им ја дадат на некој... и така во круг се додека не се искини... е сега нема така сега ќе мора за 50 денари да се чака на шалтер или пак имаме e-banking во сите банки зошто да чекаме и да даваме провизија.
Па и преку e-banking се плаќа некоја провизија, плус кој ќе ти поверува дека си платил кога ќе однесеш домашно испечатени пп50, да не се лажеме, сепак сме во Македонија :)
Најдобро ќе биде за административните такси да напраат како за комуналиите да не се плаќа провизија.
 

Песимист

Добро информиран оптимист
Член од
11 ноември 2008
Мислења
1.676
Поени од реакции
181
Јас сеа пијам кафе и ке идам да уплатам.Имам 8 уплатници наместо 8 таксени марки ....8*20 (провизија) = 160 денари. Плус имама уште 4 уплатници за заверки,уписи тоа е 4*20 = 80 денари .....160+80=240 денари провизија.Не се нормални жими све.......И да па и губат уплатници бе(демек)....На мој колега од 1 семестар му изгубиле 2 уплатници од документите и го тераа па да плака и тврдат дека не ги однесел.Па како ке се упише уште првио пат ако не ги е однесел.ЛОПОВИ
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
714
Добра пара некој ќе заработи и тоа уште од старт.
Еве на УКИМ мислам дека се 30 000 студенти кои ќе уплатат по минимум 3 уплатници. Ако просек е 20 денари провизија следува
30 000 х 3 х 20 = 1 800 000 денари.
Ова е минимумот од УКИМ, ами за се останато.
Ќе се прави голем обрт на пари годишно само од провизија.
и јааааа... добра математика еј... хахаха
 
Р

~~РубинРед~~

Гостин
Само се чудат како да земат повеке пари.Во животот немав толку земено уплатници.
Само донесуваат некој закон,штета,мене марките ми беа посимпатични xD.
А и додека ја пополниш ке се здобиеш со ужасно чуство во тебе,да гледаш да немаш згрешено некаде...
Глупости во боја.
Eдно 14 уплатници морав да купам:tapp:
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
А уште некоја глупост ако може за пополнување чисто онака формулари ми се пополнуваа....
 

statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.615
Башка сеа гужви насекаде у пизду матер...налет, од секогаш сум мразел такви грду уплаќања/пополнувања/чекања на шалтери, а сеа само ги зголемија.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Добра пара некој ќе заработи и тоа уште од старт.
Еве на УКИМ мислам дека се 30 000 студенти кои ќе уплатат по минимум 3 уплатници. Ако просек е 20 денари провизија следува
30 000 х 3 х 20 = 1 800 000 денари.
Ова е минимумот од УКИМ, ами за се останато.
Ќе се прави голем обрт на пари годишно само од провизија.

Да и запишете факултет кампања.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom