Адвокатура

Silvio

Strength And Honor
Член од
21 јануари 2009
Мислења
311
Поени од реакции
166
Здраво
Бидејки темава е за адвокатурата јас да ви кажам за мојот моментален проблем.
Во оваа уписна сесија поднесов документи за упис во адвокати и изнајмив простор го уредив со опрема ги собрав сите документи кои ми ги побараа од комората и на крај ми викаат на телефон да си ги повлечам документите и да поработам кај адвокат како стручен соработник.
Јас имам 9 години работно искуство кај нотар од кои 4 години сум помошник/заменик нотар. Правосуден испит имам положено во 2013 година. Дали некој слушнал за таков а услов за да ти дадат лиценца.
Прв пат слушам за вакво поставување услови „од ракав“. Си има закон во кој се предвидени услови и ако некое лице ги исполнува условите, комората нема дискреционо право да одлучува дали лицето е спремно или треба да поработи уште некоја година како стручен соработник.
 
Член од
19 септември 2009
Мислења
5.081
Поени од реакции
4.932
Здраво
Бидејки темава е за адвокатурата јас да ви кажам за мојот моментален проблем.
Во оваа уписна сесија поднесов документи за упис во адвокати и изнајмив простор го уредив со опрема ги собрав сите документи кои ми ги побараа од комората и на крај ми викаат на телефон да си ги повлечам документите и да поработам кај адвокат како стручен соработник.
Јас имам 9 години работно искуство кај нотар од кои 4 години сум помошник/заменик нотар. Правосуден испит имам положено во 2013 година. Дали некој слушнал за таков а услов за да ти дадат лиценца.
Абе ова државали е, јас кога зимав лиценца измислија во рок од три дена да имам незнам каква канцеларија со чекални со квадратури и други пичке си материна, во ред некако се снајдов глава незнаев кај ми е, ајде ке одиме на адвокатски испит кој е се само не е испит, одиш пред претседателот и членовите на комора и си правиш најопуштен муабет ме праша кај си работел претходно му кажувам, аха ок не е еникаков проблем ако си работел кај таткоти... влегува колешка која што работела повеќе време кај Нотар, шиканирање ја малтертирал и со врски некако звонење на телефони и одобрија лиценца, имаше случаи каде што не им дадоа лиценца затоа што само работеле кај Нотарите претходно, имаш право на жалба пред Управен одбор или така некако што секако ке ти ја одбијат најверојатно, а потоа право на тужба пред Управен суд што незнам што може да се случи.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.714
Поени од реакции
15.586
Може не е за овој топик?, исправете ме ако треба да постирам во друг...
зошто адвокатите не даваат фискална а и не примаат картица ??
Дали воопшто адвокат враќа пари ако земал повеќе од што треба ?
.Друго, имам случка пред 6-7 години во друг град, каде адвокатот во мое одсаство ме саботираше и си правеше ујдурми со фирмата што ме тужеше... добро дојдов на рочиште, му го повлеков полномоштвото и ангажирав друг, па се досуди во моја корист. Е сега новиот адвокат ми кажува кога ќе земел преку извршител парите за судски трошоци, ќе треба дел да земел и тој што ме саботираше ( тој работеше со договор бесплатно, но на процент од добиено). Дали ако дојде до тоа ( ако се извршат трошоци од доверителот) имам право преку комора да барам обештетување за штетата од саботажата ?
( имам докази )
 
Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.238
Поени од реакции
19.396

Мора да ти дадат фискална,сеа се даночни обврзници и се обврзани да дадат фискална,за разлика од на времето кога плаќаа паушали на име надомест кон државата,сеа секој трошок мора да е пријавен во УЈП.
За секоја услуга и дејствие заверено со печат на адвокат(договор,тужба,жалба,барење за извршување итн+полномошно,трошковник)мора да има ти дадат доказ(фискална),затоа што потоа го плаќаат данокот на ДДВ,плус тие пари мора да ги внесат на жиро сметка како дневен промет.
Иначе ако ти зел повеќе од тоа што е предвидено по Адвокатска Тарифа слободно тужи си во посебна постапка,и пријави го во Адвокатска Комора.
Иначе за второто прашање,ако презел стариот адвокат дејствија за кои бил овластен пред да било откажано полномошното и му биле пресудени од судот со одлука-решение пресуда тогаш има право да си ги бара парите,без разлика дали потоа си му го откажал полномошното.
Доколку не презел официјално дејствие за кое му следуваат трошоци по адвокатска тарифа тогаш нема шо да бара.
Тоа што сте се договарале приватно(проценти ова она)нема врска,тој има право само на оние трошоци кои му се досудени од страна на овластен орган(суд,нотар,извршител)тоа е тоа.
 
Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058

Зошто да може да го пријави адвокатот во Комора ?
Ја како што иам сфатено, АТ е минимум под кој не може да се оди, а никој не вика дека ти не можеш да си договориш поголема награда за преземените дејствија.
Мислам дека во некои од актите што ги имам читано на страната на АКРМ стоеше баш тоа дека лиценца може да се изгуби ако наплаќа пониско од АТ.
 
Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.238
Поени од реакции
19.396
Зошто да може да го пријави адвокатот во Комора ?
Ја како што иам сфатено, АТ е минимум под кој не може да се оди, а никој не вика дека ти не можеш да си договориш поголема награда за преземените дејствија.
Мислам дека во некои од актите што ги имам читано на страната на АКРМ стоеше баш тоа дека лиценца може да се изгуби ако наплаќа пониско од АТ.
Не смее пониско да,ама пак ако се работи за некоја далеку повисоко наплатена сума од онаа вообичаената тогаш тоа е на штета на странката,и секако има право на некоја заштита,нормално ако свесно не се согласил да е ИЗБРИЧЕН :)(како што беше/е пракса ,работење на процент и слични договори,барем во оние предмети со "солени суми")
Како и да е,судот, е последен кој пресекува колку ќе биде процесната награда за адвокатот,а сите други трансакции,бонуси итн, помеѓу клиентот и адвокатот се "деловна тајна",на кој не му смета значи дека е задоволен.
 
Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Не смее пониско да,ама пак ако се работи за некоја далеку повисоко наплатена сума од онаа вообичаената тогаш тоа е на штета на странката,и секако има право на некоја заштита,нормално ако свесно не се согласил да е ИЗБРИЧЕН :)(како што беше/е пракса ,работење на процент и слични договори,барем во оние предмети со "солени суми")
Како и да е,судот, е последен кој пресекува колку ќе биде процесната награда за адвокатот,а сите други трансакции,бонуси итн, помеѓу клиентот и адвокатот се "деловна тајна",на кој не му смета значи дека е задоволен.
Тоа е више друго ако адвокатов делувал in bad faith.
Битно не е дека ќе му ја одземат лиценцата на адвокатот ако он одредил повисока цена од АТ за преземено дејствие, а странката се согласила на тоа.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.714
Поени од реакции
15.586
Иначе за второто прашање,ако презел стариот адвокат дејствија за кои бил овластен пред да било откажано полномошното и му биле пресудени од судот со одлука-решение пресуда тогаш има право да си ги бара парите,без разлика дали потоа си му го откажал полномошното.
Доколку не презел официјално дејствие за кое му следуваат трошоци по адвокатска тарифа тогаш нема шо да бара.
Тоа што сте се договарале приватно(проценти ова она)нема врска,тој има право само на оние трошоци кои му се досудени од страна на овластен орган(суд,нотар,извршител)тоа е тоа.
пред да му откажам полномоштво ме саботираше, јас не бев на тоа рочиште тој се сложил без никаков правен основ да си рачубаат вештаци на моја штета... кога добив покана за главно рочиште и јас, пред рочиште разговарав со судот и дознав што ми се работи зад грб и веднаш му откажав полномоштво па на главно рочиште дојдов со друг адвокат... судијата не само што им ја отфрли тужбата туку кажа дека јас имам право на камата за нивното доцнење... иако му беше одземено полномоштвото, тој отиде веднаш по главното рошиште и ја повлече мојата тужба ( што ја имаше поднесено мојот прв адвокат, братму пред да почине) ... доваѓа мојот нов адвокат и во архива гледа повлечена тужбата..
Работата е дека полномоштвото не е нешто ОНЛАЈН, туку хартиен документ и може да ја употреби адвокатот и по истекот на важноста...
 
Филозофка

Amelie Poulain
Член од
21 јануари 2009
Мислења
1.680
Поени од реакции
524
Читам на страницава на адвокатската комора, требало да се уплатат 10.000 евра, гаранција од оштетување спрема трети лица. Ај некој адвокат ако може да одговори? Дали за отворање адвокатура треба уплата од 10.000 евра? И кои други услови треба да се исполнат? Како самостојна дејност се води или потребно е отворање фирма. Дали адвокатот одговара со целиот свој имот???? Како во трговските друштва или до висина на влогот или воопшто...
 
Член од
2 март 2016
Мислења
479
Поени од реакции
467

Најдобро прашај во АКРМ таму ќе ти одговорат и објаснат детално, адвокатурата е сериозна професија преку форум не бива и не верувам дека некој на форумов е запознаен до толку за да даде правилна информација.
Ако веќе си се одлучил да се бавиш со адвокатура, треба трчање и тоа започнува од моментот кога ќе решиш да поднесеш барање за упис. Поздрав :)
 
Филозофка

Amelie Poulain
Член од
21 јануари 2009
Мислења
1.680
Поени од реакции
524
Најдобро прашинформациитаму ќе ти одговорат и објаснат детално, адвокатурата е сериозна професија преку форум не бива и не верувам дека некој на форумов е запознаен до толку за да даде правилна информација.
Ако веќе си се одлучил да се бавиш со адвокатура, треба трчање и тоа започнува од моментот кога ќе решиш да поднесеш барање за упис. Поздрав :)
Секако планирав да прашам, ама ете сакав на форумот да ми одговори некој колега, сеа не мора да вртам телефони да прашувам по институцииве.... али ако морам и тоа ќе го направам, ме интересираше чисто информативно, дали адвокатурата е под фирма, или како самостојна се води?
 
Член од
2 март 2016
Мислења
479
Поени од реакции
467
Секако планирав да прашам, ама ете сакав на форумот да ми одговори некој колега, сеа не мора да вртам телефони да прашувам по институцииве.... али ако морам и тоа ќе го направам, ме интересираше чисто информативно, дали адвокатурата е под фирма, или како самостојна се води?
Адвокатурата е самостојна, независна јавна служба која обезбедува правна помош.
Започнувањето, како адвокат или адвокатско друштво, започнува со упис во АКРМ и во ЦРМ во регистарот на други правни лица.
Уписот го врши АКРМ доколку се исполнети законските услови за стекнување на лиценца за адвокат, по претходно поднесено барање за упис во Именикот на адвокати при АКРМ, за подетално ќе треба да се информираш во АКРМ. :)
 
Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.238
Поени од реакции
19.396
Читам на страницава на адвокатската комора, требало да се уплатат 10.000 евра, гаранција од оштетување спрема трети лица. Ај некој адвокат ако може да одговори? Дали за отворање адвокатура треба уплата од 10.000 евра? И кои други услови треба да се исполнат? Како самостојна дејност се води или потребно е отворање фирма. Дали адвокатот одговара со целиот свој имот???? Како во трговските друштва или до висина на влогот или воопшто...
Никаде не стои дека е потребна уплата од 10.000 евра...
Во самиот образец на барањето за упис како самостоен адвокат што треба да го пополниш и доставиш до АКРМ заедно со сите потребни прилози е напишано дека треба да доставиш до Комората барање за осигурителна полиса за одговорност од штета кон трети лица кое си ги го поднела до било која осигурителна компанија.
Ова оди на годишно ниво, не само за првата година, значи секоја година се додека ја обавуваш адвокатската дејност мора да ја обновуваш полисата за осигурување од штета која би ја причинила на трети лица..
Ова е некаде околу 20 ина илјади денари на годишно ниво...
Исто така многу важна работа се и просторните услови кои треба да ги исполнува канцеларите каде ќе работиш, опишани се во барањето за упис.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom