Адвокатски маркички

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.343
Доволно е само полномошно за да адвокатот застапува (адвокатско полномошно), никакви договори...
Туку, маркичките...
Денес бев слободен и малце подетално го читнав тоа законот. Не дека ми одзема нешто време :), ама сепак решив да го простудирам.
Само можам да ја реафирмирам мојата констатација од мојот прв пост тука.
Премногу општо и навистина тешко применливо. Смрт (фигуративно де!) за оние повеќето адвокати кои кубурат и си ја чекаат шансата.
А Саше спомна дека во Охрид има 90 адвокати.
Охрид не е толку поголем од Струмица... а има барем 20 адвокати повеќе.
Убаво рече некој, адвокатурата е слободна професија. Не е како нотар, извршител... ограничено и вносно за нотарите и извршителите. Адвокатурата е нешто како последна шанса, ова го кажувам не како потценување, туку како реалност. Имав мерак да станам адвокат, но не станав. Можеби во иднина.
Виновникот за тоа треба да го бараме во системот.
Но тоа е друга тема, тука нема да замарам со тоа.
 
Член од
21 ноември 2012
Мислења
162
Поени од реакции
33
А дали сме за или против ограничување на бројот на адвокати?

Нели ова со маркиците претставува еден вид ограничување на бројот на адвокати?
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.343
А дали сме за или против ограничување на бројот на адвокати?

Нели ова со маркиците претставува еден вид ограничување на бројот на адвокати?
Јас го гледам како индиректно ограничување.
Заради тоа што маркицата ОДНАПРЕД треба да биде платена.
Ако ми прочита претходните постови, ќе ти стане јасно што зборувам.
Инаку, јас лично, сум против ограничувањето на бројот на адвокати, како што е случај со нотарите или извршителите.
 
Член од
21 ноември 2012
Мислења
162
Поени од реакции
33
Не факам ниедна страна, но на ова вака размислувам.

Прво, со маркиците фактички ќе се принудат странките да си плаќаат за адвокатските услуги - знаеме сите каков проблем има со неплаќањето.

Второ, закон на џунглата - посилниот ќе преживее, кој не прави пари од адвокатурата нека си оди.

Само размислувам гласно, не дека се согласувам или не се согласувам.
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
2.960
Поени од реакции
3.665
Не би се сложил со Ireal дека извршувањето е со симболичен процент. Напротив одкако извршувањето е во приватни раце истото е монгу поефикасно и процентот на реално завршени предмети е некаде помеѓу 60 и 70% додека во судовите процентот на реално завршени предмети беше под 35% и предметите едноставно стоеја по рафтовите. Причините за неефикасноста на судовите лежеа пред се во немотивираноста, неекиприарноста, законската мжност за одолговлекување на постапката, натрупаноста со инкасантски предмети како резултат на распад на системот и.т.н........ Апсолутна, 100% наплата е невозможна и нереална. Секогаш ке има должници од кои нема начин да се наплати. Некогаш тоа ке биде резултат на сиромаштијата на должникот, некогаш на некои мерки кои диолжникот ги превзел пред да дојде во позиција да врз него се извршува, некогаш на некои други околности.... Се на се резултатите од законот за извршување се позитивни и веќе полека полека се воспоставува финансиска дисциплина односно тој што еднаш поминал преку рацете на извршителот веке не чека работата да дојде до извршител и навреме си плаќа.
Од судовите, нотарите ја превзедоа ,,неспорната,, работа и со тоа се убрзаа постапките кои во принцип се неспорни. Оставината доколку е неспорна кај нотарот се завршува веднаш и тоа во време кое му одговара на странките. Доколку е спорна оди назад во судот. Исто е и со платните налози. 90 % од платните налози кои ги издаваше судот беа неспорни и сега нив во друга форма ги работат нотарите и доколку се појави спор пак предметот се препраќа до судот. Со овие работи во голем дел судовите се растеретија од баластот на папирологијата и кај нив останаа оние предмети кои навистина се спорни и во кои треба судење. Се направија промени и во обвинителството и во кривичната постапка.
Остана за средување адвокатурата. И навистина во адвокатурата постојат работи кои треба да се регулираат и устројат но најпрво треба да се направат работите кои ке ја подигнат адвокатурата на едно повисоко и достоинствено ниво. Промените треба да бидат во правец да секој кој работи адвокатура осети благодет од работата а потоа соодветно на благодетот да си плати и данок. На пример убаво би било и би требало да навистина се направи една сериозна борба против надриписарството. Добро би било да се пропише дека секој договор треба да биде составен од адвокат... и слични мерки кои ке ја живнат професијата а секако од тоа бенефит ке имаат и граѓаните посебно во поглед на правната сигурност.....
 
Член од
4 март 2011
Мислења
699
Поени од реакции
704
Уставниот суд оспори две одредби од Законот за адвокатските маркички

  • Објавено: пред 1 час
  • Прочитано: 391
  • Печати
Сподели со твоите пријатели!
Од поднесените 12 иницијативи од адвокати - поединци и од Адвокатската комора, за оспорување на Законот за адвокатски маркички, на денешната седница Уставниот суд решил да земе во предвид само две од нив и да поведе постапка за два члена.
Законот за адвокатски маркичи, кој стапи на сила со почетокот на годинава, ги крена на нозе адвокатите - поединци низ земјава, коине се согласуваа со неговите одредби и бараа да се укине. Адвокатската маркичка претставува инструмент за плаќање на персоналниот данок на доход за оние приходи кои адвокатите - поединци ги остваруваат во готово и со донесениот закон, адвокатите издавањето, печатењето и транспортот на овие маркички требаше да го плаќаат од свој џеб.
Но Уставниот суд ја оспорил одредбата која предвидува трошоците да одат на сметка на адвокатите - поединци, со образложение дека маркичката е средство за плаќање данок и како такво трошокот за нејзино печатење не може да биде на товар на даночниот обврзник.
Уставниот суд ги ставил под сомнение и одредбите 1, 2 и 3 од членот 7 на Законот, со кои се задолжува адвокатот маркичката да ја приложи кон секоја исправа и поднесок и со кои се сметаат за неуредни и неприфатливи оние поднесоци кои не ја содржат. Според Уставниот суд, обврската за секоја исправа или поднесок да се приложи адвокатска маркичка ја доведува под прашање ефикасноста и економичноста на постапката, како и начелото за судење во разумен рок, па затоа оценил дека одредбата е спорна и во таа насока ќе поведе постапка.
Извршувањето по овие одредби се стопира од страна на судот сè додека не се произнесе конечно за нив и додека не одлучи дали ќе останат сепак во законот или ќе бидат елиминирани.
По однос на иницијативата за оспорување на уставноста на целиот закон, судот одлучил да не поведе постапка.
На денешната седница Уставниот суд расправал и за еден член од Законот за кривична постапка, со кој се предвидува на обвинетиот да не му се суди без негово присуство. Граѓанин поднел иницијатива да се оспори оваа одредба со што ќе биде овозможено на обвинетиот да му се суди без тој да присуствува на судењето, но судот ја одбил иницијативата со оглед на тоа што во законот е предвидено судењето да се одвива без присуство на обвинетиот кога тој е недостапен.

http://www.plusinfo.mk/vest/81296/Ustavniot-sud-ospori-dve-odredbi-od-Zakonot-za-advokatskite-markichki

Уставните судии думаат за адвокатската маркичка

Уставниот суд на денешната седница поведе постапка за два члена од оспорените 12 од Законот за адвокатските маркички.​
Судиите се сомневаат во потребата адвокатите да плаќаат маркичка за секоја поднесена исправа или поднесок.

Во меѓувреме, додека да донесе конечна одлука, судот воведе времена мерка за примената на овие два членови што значи дека нема да се применуваат додека уставните судии не пресечат што понатаму.

Уставните судии одлучуваа по иницијатива на повеќе адвокати за уставноста на Законот за адвокатски маркички чија примена стартуваше на 1 јануари годинава.

Оттогаш, маркичките се и главен проблем за адвокатите, а беа и главна причина за промена на стариот управен одбор на Адвокатската комора што се случи викендов. Адвокатите се децидни дека Законот е противуставен и штетен. /Е.И.

http://kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&egId=13&eventId=107057
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.797
Поени од реакции
15.710
http://ohridnews.com/index.php?mod=1&kat=5&id=56439

se somnevam deka sekogaš će se izdavaat fiskalni smetki.... osobeno kaj krivičnite postapki kade advokatite rabotat i drugi vrsti uslugi, a posebno takvi koj ne se predvideni vo opisot na rabota...
B.T.W.,, isto taka potrebno e zakonski da se preciziraat isklučocite koga advokatite imaat pravo na sudski trošoci po presuda i kakvi dokumenti treba da priložat
 
Член од
24 мај 2013
Мислења
14
Поени од реакции
6
Ne e sekogas zadolzitelno izdavanje na fiskalna smetka osven kaj advokatskite drustva, kaj advokatite poedinci mozi se da se vrvi niz transakciona smetka i se ke si se regulira, znaci ima izbor kaj advokatot poedinec dali ke raboti so fiskalen aparat ili ako zema gotovina ke mora da ima i fiskalen aparat kade sto ke izdade fiskalna smetka...a za site trosoci dopolnitelni ke si cuvas dokaz fiskalna ili drug dokument da ti e osnov da si gi baras i da si gi naplatis.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom