Адвокатски маркички

Член од
4 март 2011
Мислења
564
Поени од реакции
409
Од 1 јануари 2013 година, адвокатите кои остваруваат приходи во готово должни се кон секоја исправа или поднесок да приложат адвокатски маркички.
Адвокатската маркичка е инструмент за аконтативно плаќање на персоналниот данок на доход за оние приходи кои адвокатите ги остваруваат во готово во случаите кога наградата за дадената правна помош гласи на минималните износи утврдени со Тарифата за награда и надоместок на трошоците за работа на адвокатите објавена во „Службен весник на РМ“.
При плаќање на наградата над минималните износи утврдени со тарифата, зголемување на наградата како и при плаќање на трошоците согласно со тарифата, адвокатите се должни да состават писмен договор со корисникот на правната помош врз основа на кој плаќањето е задолжително да се врши преку носител на платен промет. Адвокатот е должен писмениот договор да го приложи како прилог кон секоја исправа или поднесок на кој не е ставена адвокатска маркичка, доколку плаќањето на наградата е над минималните износи предвидени со тарифата, односно каде што плаќањето се врши преку носител на платен промет.
Исправата или поднесокот составен од адвокат кој не содржи адвокатска маркичка, содржи адвокатска маркичка во помал износ од оној што е определен со тарифата или не содржи писмен договор во прилог, се сметаат за неуредни и треба да бидат отфрлени од страна на примателот.
Неупотребените адвокатски маркички адвокатот може да ги искористи во наредните даночни периоди.
Глоба во износ од 4000 до 5000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на адвокатот поединец за сторен прекршок, односно ако не состави писмен договор со корисникот на правната помош врз основа на кој плаќањето е задолжително да се врши преку носител на платен промет. За овој прекршок на адвокатот ќе му се изрече и прекршочна санкција забрана за вршење на дејност во траење од 15 дена.
Глоба во износ од 2.500 до 4.000 евра во денарска противвредност за сторен прекршок ќе му се изрече на адвокатот поединец, ако:
  • не приложи адвокатска маркичка на исправа или поднесок;
  • не приложи писмен договор во прилог;
  • не води евиденција за употребени адвокатски маркички; и
  • не ги врати сите неупотребени адвокатски маркички во рок од 15 дена, во случај на престанок на дејноста.
За овие прекршоците на адвокатот ќе му се изрече и прекршочна санкција забрана за вршење на дејност во траење од 10 дена.
Бидејќи се работи за нова работа, која за прв пат би се применувала во РМ, а е недоволно јасна ниту за адвокатите, ниту пак за УЈП, а и самиот Закон за адвокатските маркички воопшто не е јасен, овде би можеле да размениме искуства и ставови кои би помогнале во работата на адвокатите
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
1.925
Поени од реакции
1.994
Проблемот е во тоа што работата е така поставена да тргнува од претпоставка дека адвокатот си ја наплатил услугата согласно АТ па треба да залепи маркичка на писменото и со тоа си го плати данокот а фактичката состојба е сосема спротивна односно 90 % од адвокатите услугите си ги наплаќаат одкако ке заврши работата, кога ке се наплати од тужениот или должникот па според тоа со маркиците адвокатот ке треба да си го плати данокот однапред па често ке се случува на крајот да излезе данокот да биде платен на нешто што адвокатот никогаш нема да го прими, односно секогаш ке има побарувања кои не ке можат да се наплатат..... За примена мора да се применува.. нема друго чаре, јасни се позициите на судот а според тоа и на сите други (извршители, нотари...).... Лично сметам дека ова ке ги погоди адвокатите кои имаат помалку работа и примања а посебно од помалите градови.... додека ова сосем и одговара на адвокатските друштва и на поетаблираните адвокати кои не подлежат на оваа промена бидејќи тие се ДДВ обврзници а кога си ДДВ обврзник имаш повеке простор за да изведеш некои ,,тактички маневри,,. Ми се чини дека оваа идеа произлезе од адвокатската комора а сите знаеме кои моќни друштва и адвокати раководат со истата па аналогно на тоа знаеме и во чии прилог ке оди ова а на чија штета...
 
Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.792
Поени од реакции
3.309
Искрено кажано, премногу општо... неприменливо.
Толку.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
11.660
Поени од реакции
5.494

advokatite na obete strani naplakaat; avans sigurno.... no ima druga rabota, jas se somnevam deka i sudot često ne naplaća, n.pr. firma so blokirana smetka, bez imot... blokirani se a podnele žalba... nivniot advokat.. izgubile.... tužitelot ima za zemanje, ama nemože da izvrši... e sega sudot od kogo naplatil sudski taksi, od advokatot ??
 
Како што кажа lazar31 90% од адвокатите работат бесплатно со надеж дека самите ќе си ги наплатат трошоците од противникот ПО завршувањето на спорот. Во помалите градови овој процент е сигурно 100%. Сега би требало авансно да го плаќаат данокот на добивката која можеби никогаш нема да успеат да ја наплатат или ќе ја наплатат после неколку години. Плус со адвокатските маркички адвокатите доаѓаат во една апсурдна ситуација да платат данок и кога работат бесплатно (pro bono), а има ситуации кога адвокатите мора да работат бесплатно (на пример кога странките ќе се повикаат на сиромашко право, адвокатот не смее да одбие застапување поради неплаќање). Има уште еден куп недоследности и недоречености во врска со адвокатските маркички, неусагласеност со другите законски прописи, а според мене и овој закон е и противен на Уставот на РМ поради тоа што ги става во нееднаква положба адвокатите поединци (за кои што и се однесува овој закон) и адвокатите кои работат во адвокатски друштва (за нив овој закон не важи). Што значи, дека тие не се должни аконтативно да плаќаат персонален данок на доход. Тоа значи дека тие би биле над Уставот и законот. А според член 33 од Уставот на Република Македонија, секој е должен да плаќа данок и други јавни давачки и да учествува во намирувањето на јавните расходи на начин утврден со закон. Но, во случајот, очигледно не е така.
 
Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.792
Поени од реакции
3.309
Јас ќе тргнам од друг аспект.
Во Струмица има околу 70 адвокати отприлика. Колку што знам сите се адвокати поедници.
Од тие 70, 10 прават озбилна пара.
Уште 15-20 вадат убава пара, ај да кажеме една ептен солидна плата месечно.
Останатите се надеваат :) Живуркаат.
Адвокатската маркичка би ги убила оние од последната категорија. Првите две сметам дека без проблем би ја издржиле.
Е, сега, УЈП адвокатските друштва ги третира како фирма, а адвокатите поединци како самостојни вршители на дејност, што при оданочувањето и тоа како прави разлика, како што некој погоре кажа.
Иста професија (дејност) различен начин на оданочување... по мене, мора да биде исто, без разлика на формата во која таа дејност се остварува.
Туку, слушнав дека е веќе оспорено пред Уставен?
 
Член од
12 март 2009
Мислења
11.660
Поени од реакции
5.494
neznam, dosega teško se navogal advokat ,za paari...kakvi bespari, ne ni razgovara bespari... me odbivale i početnici... Mislam deka ima golemo matenje...najdobro e da se plaća avans preku uplatnica, a ne kako sega na raka, vo keš, tipično bitpazarski, da ne kažam pološ zbor. Pa dovađa apsurd, sudot presuduva sudski trošoci na stranka, fizičko lice ili firma a se javuva advokatot... Mora da se zabrani davanje keš, za bilo što. Ili fiskalna ili preku uplatnica na smetka.
 
Група адвокати од Охрид преку адвокатската заедница од Охрид потпиша иницијатива за поведување на постапка за оценување на уставноста на Законот за адвокатските маркички при крајот на месец Декември, слушам веќе постојат и најави за штрајк на адвокатите (од Охрид и Струга, но сеуште ништо нема конкретно). Вечерва прочитав дека веќе адвокатските заедници од Кавадарци и Неготино донеле одлука за стапување во штрајк од вторник:

http://sky.mk/index.php/republika/6490-advokatski-shtrajk-vo-kavadarci-i-negotino
--- надополнето: 6 јануари 2013 во 21:49 ---
neznam, dosega teško se navogal advokat ,za paari...kakvi bespari, ne ni razgovara bespari... me odbivale i početnici... Mislam deka ima golemo matenje...najdobro e da se plaća avans preku uplatnica, a ne kako sega na raka, vo keš, tipično bitpazarski, da ne kažam pološ zbor. Pa dovađa apsurd, sudot presuduva sudski trošoci na stranka, fizičko lice ili firma a se javuva advokatot... Mora da se zabrani davanje keš, za bilo što. Ili fiskalna ili preku uplatnica na smetka.
И до сега можеше на адвокат да му уплаќаш на жиро сметка, не постои никаква пречка за тоа. И секако доколку му плаќаш на адвокатот на рака, адвокатот е должен за тоа да ти издаде сметкопотврда со негов потпис и печат или пак каса прими. А верувам дека со мал исклучок на некои поголеми адвокатски куќи од Скопје низ цела Македонија адвокатите мака мачат со наплатата. Кај нашиот народ најнормално е мислењето дека на доктор и кај нотар мора веднаш да се плати, а адвокатот може да почека, ќе му се плати на следното рочиште (или пак на следното).
 
Член од
12 март 2009
Мислења
11.660
Поени од реакции
5.494
nema vrska...Notar dava i fiskalna, advokat ne dava nikakov dokument... može samo da napiše nešto na livče, kakov štembil ... so decenii beše bašibozluk, red beše da se stavo kraj.. Se priznava deka Advokatot ne zemal ništo pari ako napravil Dogovor so klientot so koj e regulirano deka će go zastapuva bez pari a po toa gi naplaća site sudski trošoci (osven sudskite taksi koj gi plaća klientot i si ima uplatnici)
 
Advokatite ne se obvrzani na fiskalizacija pa spored toa nemaat obvrska da izdavaat fiskalni smetki, zatoa komentarot voopsto ne ti drzi mesto. A za sto mislis ti deka rabotat advakatite, ako ne za trosocite? Em ne im plakjas po dejstvie em ti smeta sto na kraj ke si gi naplatat trosocite na koi spored zakon imaat pravo. Pa plakjaj mu na advokatot za sekoj podnesok i za sekoe izleguvanje na sud - zastapuvanje pa na kraj zemi gi ti trosocite, ne moze da go naplatis ti trudot na nekoj drug
 
како не плакаш, па пред да направи било што му плаќаш...
.. само ако имаш договор дека адвокатот не бара надомест , тоа е обично кога адвокатот застапува повеќе идентични случаи, н.пр. како што пишуваш тужби кон ЕВН, тогаш само ги плаќаш судските такси (ти се враќаат ако добиеш).. ама и се друго на тугиот адвокат ако изгубиш..
..б.т.в., толку заговараш тужење на ЕВН, зошто тоа адвокатите не го вршат без земање однапред пари за трошоци, ако е толку сигурно ??
.. нели по ЕУ регулатива за една иста работа ако еден добие сите останати добиваат ??
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
1.925
Поени од реакции
1.994
Ако сакаш да ја измолзиш кравата прво треба да ја нахраниш. Во народот постои мислење дека адвокатите имаат баснословна заработка. Вистината е сосема друга. Имено како што беше кажано и погоре, едно 50% од адвокатите кубурат и едвам вадат за трошоците а работат само од надеж дека ке биде подобро дека утре може и нивниот загар ке фати зајак, 40% вадат една плата, кога повеке кога помалку а само 10% вистински заработуваат а чат пат некој од нив може да се пофали дека добро се офајдил од професијата. Адвокатската професија е тешка и кој не го јадел адвокатскиот леб не знае колку е тој мачно заработен. Адвокатурата е едниствена професија која е апсолутно отворена и незаштитена, секој може да стане адвокат и конкуренцијата во истата никогаш не била толку голема и остра. Во ова време на безработица а без никаква контрола на бројот на студентите кои се штанцаат по факултетиве 95% од дипломираните потоа од немајкаде отвараат адвокатура и имаме ситуација во градови во кои реално едвам би кубуреле десетина адвокати да има 50. Друга е состојбата со нотарите и извршителите чии број е ограничен и може да се каже да истите се монополи па и заработката е монополска и не е проблем да се платат даноците посебно од причина што данокот се плаќа на наплатените пари а не на идните неизвесни пари. Со маркиците ке бидат погодени најслабите а во крајна линија и граѓаните бидејќи адвокатот сигурно сега нема да сака да залепи маркица ако истата не му ја плати муштеријата посебно не за случаии во кои исходот е неизвесен. По мене најпрво треба да се овозможат некои поволности за адвокатите, да се заштитат како професија а со тоа да се овозможи и реална заработувачка која после нормално ке се оданочи.
 
Не би сакал да звучи навредливо, но очигледно е дека немаш поим како функционира наплатата на адвокатите. И секако дека на адвокатот му следи награда за СЕКОЈА ТУЖБА (и секој друг писмен поднесок) која ја има поднесено до судот без разлика дали станува збор за „идентични случаи“ (секоја тужба е посебна, тужителите се различни, само тужениот е ист). Отвори ја Адвокатската тарифа, прочитај и информирај се малку пред да пишуваш нешто што ти е непознато.
За какво заговарање ти зборуваш? Дали воопшто знаеш што значи зборот „заговор“? Јас само ги информирам форумџиите за правата кои со закон им следат, па кој сака може да си ги оствари своите права пред судот, па уште и да профитира.
И која ти е таа „ЕУ регулатива“? Сигурно мислиш на судкста пракса која треба да се почитува, но и во тој случај кога „сите добиваат“ на адвокатите им следат нивните трошоци, без разлика дали „сите добиваат или сите губат“. А колку ти се твоите информации погрешни зборува и фактот што токму во конкретниов случај што го споменуваме со ЕВН викаш дека треба да платиш „друго на тугиот адвокат ако изгубиш“ без да знаеш дека во овие предмети (како впрочем и во другите) ЕВН не ангажираат адвокати, туку тие сами се застапуваат (преку нивната правна служба), така да ако изгубиш (а за тоа да се случи нема теорија), тогаш нив не им следат трошоци (да ти објаснам-не ти следат трошоци ако сам се застапуваш).
--- надополнето: 8 јануари 2013 во 01:12 ---

Токму така, ова е еден од подобрите постови, а секако и еден од најреланите, во целиот подфорум право.
Конкретно во Охрид, град кој живее само 2-3 месеци во годината исклучиво од туризмот, без никакво производтсво и стопанство, има 7 нотари, 6-7 извршители, а преку 90 адвокати (и уште 100-тина надриписари кои нелегално се бават со „адвокатура“).
 
Знам дека трошоци следуват само на правно лице, но има во предметите и други трошоци, за тужба, жалба, за пресуда...вештачења. Што се однесува до ЕВН, веројатно имаат некоја математика, инаку по првата изгубен предмет би ги вратиле тие 5мкд на сите места каде ги земале.
Но самиот паѓаш во контрадикција, не одговараш конкретно, колку што знам адвокатот може да работи на вересија само ако има договор, во кој ќе биде тоа нагласено.
Како и да е, голем број на адвокати и полни судови, а практично не функционирање на Медиација, не се добар знак за Правна држава. Патем и извршувањето е со симболичен %, тие што неплаќаа порано не плаќаат ни сега со извршители, вчера зборевме околу проблематиката со Законот за Домување, Управители и неплаќање на заеднички трошоци.
Б.Т.В, кај фирмите е уште полошо. Зборуваа за некоја си црна листа, ама мислам ништо од тоа. Патем, во новиот закон во Хрватска неисплаќањето плата е кривично дело. (колку ќе функционира не знам, но кај нас нема таква работа ни на хартија)
 
Адвокат поединец не е правно лице, туку вршител на дејност. Правно лице е адвокатското друштво. Трошоци му следат исклучиво на адвокат (поединец или адвокатско друштво), а не на фирма (правно лице) кое самостојно се застапува. А математиката на ЕВН е токму спротивна од твојата математика. Постојат повеќе од 600.000 броила во РМ, па ако на секоја сметка враќа ЕВН по 6 денари ќе треба да врати, грубо кажано 60.000 евра месечно + камати за 5 години. На ЕВН повеќе им се исплаќа да чекаат да ги тужат отколку самите доброволно се да платат, бидејќи не сите корисници ги чуваат сметките стари по 5 години, ниту пак сите знаат дека може да тужат или пак не се одлучуваат да тужат.
Во врска со другото твое тврдење, не знам како поконкретно да ти објаснам дека адвокатите во најголем број случаи работат бесплатно, т.е. работат за трошоците кои самите ќе си ги наплатат доколку го добијат спорот. И не, не треба да постои посебен договор за тоа. Тоа е личен избор и ризик на секој адвокат.Се надевам дека ова ти е доволно конкретно.
А тоа дека има голем број на адвокати не значи ништо лошо за правна држава, туку напротив, адвокатите се единствените репрезенти на граѓаните пред судовите во заштитата и остварувањето на нивните права. Огромниот број на адвокати е резултат на огромната невработеност, на немањето на стопанство и производтсво, па поради тоа и на невработеноста на правниците, кои спас гледаат во самовработување - а за тоа најлесно им е да отворат адвокатска канцеларија, бидејќи само кај адвокатите не постои пречка во однос на тоа колку адвокати може да има во подрачјето на еден основен суд или како што е со ограничувањето на бројот на нотари и извршители во една општина.
 
На врв Bottom