Адам Бен Езра

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618

Виротуозниот контрабасист (и мултиинструменталист) Адам Бен Езра е роден на 18 декември 1982 година во израелскиот град Тел Авив, каде што живее до ден денешен. Овој млад човек не само што има несекојдневен талент и не само што поседува неверојатна харизма , туку успева да создаде и музика која најдрско продира во најскриените делови на човечката душа.

Всушност неговата тајна не е само во брилијантниот талент. Не е нити само во имагинацијата и креативноста кои несомнено ги поседува. Својата инспирација ја црпи од религиозната музика и хармонијата која дише од секој нејзин агол. Неговата музика се движи од џез, народна до класика , која сервирана со доза на хумор на неговите концерти, не е никогаш тривијална, нити досадна, туку инсталира интимна и сензулна атмосфера, што во тебе, што околу тебе.


Некои го сметаат за стерилен музичар кој досаѓа, кој се вади само на непосредноста која ја нуди со спотовите, ам сеа... Право им е.

Сепак, неговата повеќеслојна музика (велат ако го слушате со затворени очи, ќе се заколнете дека слушате повеќе музичари) врши директна егзекуција на брчки, одлично апсорбира прашина додека постоиш пред компјутер (на работа) не знаејќи што со себе, растеретува од текстурите на тишината...



Слободно чујте го. Нема да боли :)









 
Последно уредено:

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Од Тајзи братучедот? :eek:

 

Kajgana Shop

На врв Bottom