Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги - генерална дискусија

Јефто

@JeftoMKD | Јефто™
Член од
30 октомври 2011
Мислења
2.729
Поени од реакции
1.306
Темава ја отворам со информацијата дека АААВМУ доби ново лого:

Логото е избрано на јавен анонимен конкурс, којшто Агенцијата го објави за избор на идејно решение за заштитен знак.
Новиот визуелен симбол, претставува надградба на логото на поранешниот Совет за радиодифузија. Преку еден модернизиран концепт, тоа е адаптирано на потребите и начинот на работење на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, како регулаторно тело за издавачите на медиуми, давателите на аудиовизуелните медиумски услуги по барање и операторите на јавни електронски комуникациски мрежи.
Извор
Исто така, ја отворам и за во иднина да не трупаме мислења кај секој оператор посебно за активности кои АААВМУ ги има превземено.

Што мислите за новото лого? Патем, наградата беше 30.000 денари.

Да не биде само така, празен почетокот, еве ги надлежностите, директорот и членовите во АААВМУ:
Надлежности на Агенцијата
Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги е самостојно и независно непрофитно регулаторно тело со статус на правно лице со јавни овластувања.

Согласно со член 6 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Агенцијата ги има следниве надлежности:
- се грижи за обезбедување на јавност во работата на радиодифузерите;
- се грижи за заштита и развој на плурализмот на аудио и аудиовизуелните медиумски услуги, охрабрува и подржува постоење на разновидни, независни и самостојни аудио и аудиовизуелни медиумски услуги;
- презема мерки во согласност со овој закон во случаите кога е извршена повреда на одредбите на овој закон или на прописите донесени врз основа на него и условите и обврските од дозволите ;
- се грижи за обезбедување заштита на малолетните лица;
- ги донесува актите кои произлегуваат од овој закон;
- се грижи за заштита на интересите на граѓаните во областа на аудио аудиовизуелните медиумски услуги;
- утврдува постоење на недозволена медиумска концентрација;
- одлучува за доделба, одземање или продолжување на дозволите за телевизиско или радио емитување;
- презема мерки за времено ограничување на пренос и прием на аудио и аудиовизуелни медиумски услуги од други држави на територијата на Република Македонија согласно членот 45 од овој закон;
- донесува листа на настани од големо значење за јавноста на Република Македонија;
- поттикнува медиумска писменост;
- врши надзор согласно членовите 28, 29 и 30 од овој закон;
- ги води регистрите утврдени со овој закон;
- спроведува истражувања и анализи во врска со одделни прашања од областа на аудио и аудиовизуелни медиумски услуги,
- врши мерење на гледаност или слушност на програмите, односно програмските сервиси на радиодифузерите од Република Македонија;
- го пропишува начинот на мерење на гледаност или слушност на програмите, односно програмските сервиси на радиодифузерите од Република Македонија и
- врши и други работи утврдени со Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
Директор на Агенцијата е д-р Зоран Трајчевски, поранешниот претседател на поранешното СРД.
Агенцијата има и совет, во кој има 7 членови. Списокот на членови може да го видите тука!
 
Последно уредено:

Македонец

мразам патетика во натпис
Член од
12 февруари 2007
Мислења
3.928
Поени од реакции
3.812
Како прво ако логово ги коштало 30.000ден тогаш јас се префрлам на пеинт, кој ги ебе и Adobe Illustrator,Photoshop,Corel и сл.

А за вебсајтот секоја чест....тој можам да замислам колку го имаат платено, башка што сликите на фронт шо им се вртат со текст им се jpg со најлош можен квалитет,ама сепак и тоа е уметност.
 
Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Направија проект „компјутер за секое дете“, а они јадни уште мислат дека Пеинт е врвот во дизајнирање...
Прво новиот грб, а сеа и ова...
 
Јефто

@JeftoMKD | Јефто™
Член од
30 октомври 2011
Мислења
2.729
Поени од реакции
1.306
Ај сега да пишам и за тоа околу укинувањето на преводите.
Самата АВМУ прво вика дека не смее, после вика дека смее, освен македонски и рамковен, да се има и други преводи (српски, хрватски, бугарски, арапски итн итн).
Сега што е проблемот,

Иначе еве го целото видео од 24Вести: http://24vesti.mk/gragjanite-ostanaa-bez-izbor-za-prevod-na-stranskite-televizii

Па дури и да стои дека мора да се има само мкд и рамковен, сметам дека треба да се изврши корекција, која ќе дозволи во дигиталните пакети да се има превод и на други јазици, додека пак во аналогните само на мкд. или рамковен, како што се практикуваше до пред неколку дена (барем како што знам јас).
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.483
Поени од реакции
11.538

Велат дека мора да има превод на македонски или на рамковнистички јазик, наместо да велат дека мора да има превод и на македонски и на рамковнистички јазик. Значи може да има превод на рамковнистички јазик и тоа е во ред, а ТВ каналот може слободно да се емитува без превод на македонски јазик, доколку веќе има превод на рамковнистички јазик.

Буквално ја форсираат употребата на втор јазик на превод кој не е службен на целата територија на Република Македонија и сосема апсурдно е форсирање на втор јазик на превод во општини каде што има само македонско население, или мешано население меѓу кое нема ниту 1 (ЕДЕН) Албанец, и истовремено дискриминирање на единствениот службен јазик на целата територија на Република Македонија.

Во нормална држава, вакво форсирање на втор јазик на превод, кој не е службен јазик на целата територија на државата, би паднало на Уставен Суд, но за жал, Република Македонија не е нормална држава, а Уставниот Суд во Република Македонија од поодамна постои само формално, со цел редовно да се прогласува за ненадлежен за секакви уставно-правни спорови или со цел да пресуди во корист на идиотизмите кои ги воведува актуелната влада на Република Македонија.

За волја на вистината, National Geographic и FOX Life ги има со македонски превод, а тоа што некои - односно не сите - кабелски и дигитални оператори не вовеле превод на македонски јазик, тоа е нивни пропуст.

Додека јас користев MaxTV од Ти-Хоум, имаше македонски превод на National Geographic, но само на поновите епизоди од содржините кои се емитуваа, но немаше на постарите епизоди. Кога нема македонски превод на постарите епизоди, најкомотно го менувам преводот од македонски на српски.

Ситуацијата беше иста и на FOX Life и на FOX Crime кој се емитуваше тогаш, но сепак имаше македонски превод на повеќето содржини, а за тие кои немаше македонски превод, веднаш го менував преводот од македонски на српски.

Вака АААВМУ се прави како да го форсира македонскиот превод кај кабелските и дигиталните оператори, но во пракса дозволува избор помеѓу македонски и рамковнистички превод, што не е легално и не е праведно, со оглед на фактот дека мнозинството корисници на услугите на кабелските и дигиталните оператори се Македонци и доколку нема македонски превод, попрво би прифатиле српски или хрватски превод, наместо некој сосема трет неразбирлив превод на јазик кој не припаѓа на групата на словенски јазици.

Ова е чиста дискриминација и како што веќе спомнав, кога Република Македонија би била нормална и функционална држава со нормален и функционален Уставен Суд, ваквата дискриминација би паднала на Уставен Суд досега, но за жал, не живееме во таков филм, туку живееме во една тотално посурова и поужасна реалност.
 
Член од
8 март 2012
Мислења
343
Поени од реакции
448
Не знам само зошто 24 вести спомнува дека биле исклучени најгледаните странски телевизии Fox life и National Geographic кога Телекабел во својата понуда одамна не ги дава овие телевизии а 24 вести и Телекабел колку што знам се со ист газда:mad:
 
Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Не знам само зошто 24 вести спомнува дека биле исклучени најгледаните странски телевизии Fox life и National Geographic кога Телекабел во својата понуда одамна не ги дава овие телевизии а 24 вести и Телекабел колку што знам се со ист газда:mad:
Можеби затоа што во Македонија не постои само Телекабел, а 24вести како телевизија се должни објективно да информираат, а не да ги интерпретираат информациите во корист на одредени физички лица, правни лица, организации, партии...
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.483
Поени од реакции
11.538
Можеби затоа што во Македонија не постои само Телекабел, а 24вести како телевизија се должни објективно да информираат, а не да ги интерпретираат информациите во корист на одредени физички лица, правни лица, организации, партии...
И фала му на Бога, засега одлично си ја вршат работата, а несомнено тоа е главната причина зошто Близо и ОНЕ ги избегнуваат и не ги емитуваат на своите кабелски и дигитални мрежи.
 
Член од
3 ноември 2012
Мислења
43
Поени од реакции
4
Извор:http://www.avmu.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=1967:-24-27122014&catid=144:2014-&Itemid=473&lang=mk Неко да објасни што точно е оваа,дали нов мултиплекс на ОНЕ и со тоа нов простор за канали или нешто друго???
8.Нацрт - План за намена и распределба на капацитети на дигитален терестријален мултиплекс на оператор на јавна електронска комуникациска мрежа кој има обврска за емитување на програмските сервиси на радиодифузерите.
извор:
 
Види, можно е да се додели на One за да понуди нови регионални или национални ТВ канали, или уште подобро национални HD канали.
Но може и да се понуди и на BoomTV (што не верувам баш) за да си понуди други канали.
Поверојатно е дека првото ќе биде, за нови македонски канали или пак постојните регионални што одат само преку кабелски, но не и терестријално.
 
Член од
29 септември 2013
Мислења
606
Поени од реакции
491
Зошто “Агенцијава“ не ги исклучи и Спорт Клуб каналите. И таму има македонски реклами!
 
Apple

It's good to be good
Член од
11 октомври 2009
Мислења
3.019
Поени од реакции
1.278
Зошто “Агенцијава“ не ги исклучи и Спорт Клуб каналите. И таму има македонски реклами!
Нема да има каде владините да гледаат Ѓока кога игра тенис и слично :)
 
Јефто

@JeftoMKD | Јефто™
Член од
30 октомври 2011
Мислења
2.729
Поени од реакции
1.306
Интересно нешто на утрешната седница на АААВМУ:

Предлог-Одлука за доделување дозвола за телевизиско емитување преку јавна електронска комуникациска мрежа што не користи ограничен ресурс,на државно ниво на ТРД ТВ АРТ Артан ДООЕЛ Тетово.
Дали тоа ние добиваме нова национална телевизија? Но истата најверојатно нема да биде терестријална национална, туку само преку сателит/кабел. Истата програмата ја емитува на алб. и турски јазик.
Исто така, дали и оваа телевизија влезе во пакетот реформаторски канали, како тие неколку регионални канали? И уште нешто, некое инфо за нов МРТ канал да не има некој(а)?

Извори: АВМУ Предавател
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.483
Поени од реакции
11.538
Интересно нешто на утрешната седница на АААВМУ:

Дали тоа ние добиваме нова национална телевизија? Но истата најверојатно нема да биде терестријална национална, туку само преку сателит/кабел. Истата програмата ја емитува на алб. и турски јазик.
Исто така, дали и оваа телевизија влезе во пакетот реформаторски канали, како тие неколку регионални канали? И уште нешто, некое инфо за нов МРТ канал да не има некој(а)?

Извори: АВМУ Предавател
И дали оваа нова национална телевизија која ќе емитува програма преку кабелските и дигиталните оператори, ќе биде емитувана преку кабелската мрежа на Близо, а притоа и понатаму Близо нема да ја емитува телевизија 24 Вести ?

И доколку одговорот на прашањето е ДА:

Дали треба да ги треснеме Близо од земја за да им стане јасно дека ни е дојдено преку глава од нивниот третман кон нас како будали ?
 
Јефто

@JeftoMKD | Јефто™
Член од
30 октомври 2011
Мислења
2.729
Поени од реакции
1.306
И дали оваа нова национална телевизија која ќе емитува програма преку кабелските и дигиталните оператори, ќе биде емитувана преку кабелската мрежа на Близо, а притоа и понатаму Близо нема да ја емитува телевизија 24 Вести ?

И доколку одговорот на прашањето е ДА:

Дали треба да ги треснеме Близо од земја за да им стане јасно дека ни е дојдено преку глава од нивниот третман кон нас како будали ?
Абе, во темата за близу еден член пиша дека ја додале 24Вести, кај мене сеуште ја нема. Патем, не се грижи, рамковна е, таквите и предвреме ги ставаат, тешко е нешто македонско или квалитетно да стават, зарем не ги научи до сега :D
 
Kajgana Shop

На врв Bottom